Задгранично Претставништво

Задграничното претставништво или Претставничко тело (од 1905 година) е институција на Македонската револуционерна организација во Софија.

ЗП е создадено на Солунскиот конгрес од 1896 година и како надворешно претставништво на Организацијата егзистирало до 1908 година.

Задачи

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Задгранично Претставништво 

Негова задача е да одржува контакти со Врховниот комитет и со бугарското општество без да се меша во нивните внатрешни работи, и од нив како и од македонската емиграција да се побара морална и материјална поддршка за македонското националноослободително дело.

Една од главните задачи на ЗП е да застане на патот на надворешните посегања и да се зачува независноста на организацијата .

Дополнително на оваа дејност задграничните претставници биле задолжени да одржуваат врски и со дипломатските странските претставници во Бугарија и да ги информираат за ситуацијата во Македонија и Одринско. Исто така, ЗП било задолжено да организира канали за пренесување на оружје, чети и разни други материјали кои биле потребни за кревање на едно востание.

1896-1902

За први задгранични претставници биле назначени Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Во Бугарија тие стапиле во добри односи со Врховниот македонски комитет на Борис Сарафов, но влегуваат во судир со новото раководство ВМОК, Стојан Михајловски и Иван Цончев.

Во 1898/1899 Гоце Делчев го создава и четничкот институт и редовно испраќа бугарски воени офицери како војводи во внатрешноста на Македонија. Во 1901 година Димитар Стефанов и Туше Делииванов биле избрани за нови задгранични претставници на организацијата во Софија.

1902-1904

Христо Татарчев и Христо Матов по излегувањето од затвор се назначени за задгранични претставници, и тие го создале Благотворителното братство за помош на настраданите во Македонија и Одринско, со што Задграничното претставништво започнува да дејствува легално во јавноста.

По одлуката за кревање на Илинденското востание, ЗП започнува со препраќање на оружје, координација на револуционерните окрузи и со подготовка на бугарската јавност со востанието.

По задушувањето на востанието Христо Татарчев и Христо Матов учествуваат во прифаќањето на бегалци од Македонија и испраќаат еден мемоар до дипломатските претставници во Бугарија.

1905-1907

Мандатот на Татарчев и Матов како задгранични претставници истекувал на 1 јануари 1905 година по што тие се повлекле од оваа служба.

На Рилскиот конгрес биле избрани Ѓорче Петров, Димитар Стефанов и Петар Поп Арсов за членови на Задграничното претставништво, кое со Уставот на ВМОРО било преименувано во Претставничко тело.

На Советодавната седница на 23 декември 1906 година во Софија, 23 делегати за задгранични претставници ги избрале Борис Сарафов, Иван Гарванов и Христо Матов. на ВМОРО

Меѓутоа во текот на 1907 година Тодор Паница ги ликвидира Сарафов и Гарванов, и затоа Христо Матов за секретар при задграничното претставништво го поставува Тодор Александров.

Раскол

Задгранично Претставништво 
Потврда на задграничните претставници за поставување на Петар Јуруков за војвода во Македонија

Внатрешните поделби и групирањата во спротивни струи во 1907 година на Реформисти (предводена од Јане Сандански) и Конзервативци (предводена од Христо Матов), се заостриле до тој степен што дошло до меѓусебни вооружени престрелки, и на тој начин до дефинитивен раскол на организацијата во 1908 година.

По Младотурската револуција и воспоставувањето на парламентарното уредување (1908) Организацијата престанала да постои. Двете струи формирале политички партии: Народна федеративна партија (Сандански и Димитар Влахов) и Бугарски конституциони клубови .

Со Ќустендилскиот конгрес од 1908 година биле поставени основите на идната ВМРО (Автономистичка), а Задграничното претставништво ќе биде дел од структурите на оваа организација сè до 1928 година.

Извори

Галерија

Tags:

Задгранично Претставништво ЗадачиЗадгранично Претставништво 1896-1902Задгранично Претставништво 1902-1904Задгранично Претставништво 1905-1907Задгранично Претставништво РасколЗадгранично Претставништво ИзвориЗадгранично Претставништво ГалеријаЗадгранично Претставништво19051908Македонска револуционерна организацијаСолунски конгрес од 1896 годинаСофија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Камен мост (Скопје)ГрцијаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаМинистер за здравство на МакедонијаЗаушкиОслободителна Народна АрмијаМаксим ДимитриевскиПрсти на рацетеСвети Кирил и МетодијЉубе БошкоскиМакедонијаУстав на МакедонијаМетодистичка цркваСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаЧир на желудникотИмер СелманиШар ПланинаЦветнициЕндометриозаЕдиница за брза интервенција „Лавови“Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ТрговијаЉубомир ФрчкоскиМакедонски претседателски избори, 2009Црква „Св. Јован Канео“ - ОхридАутизамЈордан Хаџи Константинов-ЏинотКонстантин МиладиновМаврово20000 милји под моретоПиреј (роман)Стадион Рајко МитиќНиколиќГ’зим ОстрениНикола КљусевБорис ТрајковскиСеверномакедонско наречјеСвети ГеоргиСуперхеројЈордан Поп Јорданов - ОрцетоСкопјеТристан и ИзолдаВелигденРоберт ПетковскиДождДемократска партија (Македонија)Изборна единица 6Теута АрифиОдбојкаАрачиновоАцо ШоповНикола ТодоровВоен конфликт во Македонија (2001)Општина ЖелиноДајреФатаморганаГлавна страницаАнархизамПретседател на Собранието на МакедонијаТом СоерДневникот на Ана ФранкБиљал КасамиАнтоан де Сент ЕгзипериПрекршување (физика)Божествена комедијаПолитички спектарДунавЛеукемијаАндреј ПетровОпштина КончеИзбори во МакедонијаАлександар III МакедонскиНадреден знакВилма ТрајковскаДен на сесловенските просветителиОпштина КарбинциМакедонски парламентарни избори, 1994Јосип Броз-ТитоСојуз на комунистите на Македонија🡆 More