Ќустендилски Конгрес

Ќустендилскиот конгрес е конгрес на конзервативното крило во Македонската револуционерна организација, кој се одржал од 5 до 15 март 1908 година.

Конгресот претендирал дека е општ конгрес на Организацијата, но на него не присуствувал ниту еден претставник на реформското крило. Со овој конгрес дефинитивно дошло до крај на Македонската револуционерна организација, а двете крила тргнале секоја по свој пат. Од реформското крило ќе произлезе Народната федеративна партија, а конзервативното крило по конгресот ќе се трансформира во нова организација ВМРО (Автономистичка).

Ќустендилски Конгрес
Резолуцијата на конгресот.

Причини за одржување на конгресот

На Рилскиот конгрес одржан во 1905 година настанала јасна поларизација на двете струи што постоеле во Организацијата. За да се направи обид да се избегне расцепот се постигнал компромис да се одржи втор конгрес исто така во Рилскиот манастир. Тој сепак не се одржал.

Конзервативното крило барало револуционерното движење да дејствува во сообразност со бугарската држава и да се финансира со парите од бугарскиот буџет, реформското крило под никакви услови не сакало да го прифати тоа. На тој начин меѓу двете крила на револуционерното движење настанала безмилосна војна.

Во интерес да ја заштити независноста и интегритетот на револуционерното движење, кон крајот на ноември 1907 година биле ликвидирани Борис Сарафов и Иван Гарванов, како носители на сите заговори против Организацијата. Дошло и до формално санкционирање на расцепот.

Заседание

Во првите денови на март 1908 во селото Жабокрт, конзервативното крило го одржало својот таканаречен Ќустендилски конгрес, на кој е извршена ревизија на одлуките од Рилскиот конгрес.

Делегати

На конгресот не биле поканети и не присуствувале делегати - претставници на реформското крило на организацијата. На конгресот се собрале следните делегати:

Работа

Избор на тела

За претседател на конгресот е избран Христо Матов, за потпредседател Петар Ацев, а за секретари Петко Пенчев и Добри Даскалов.

Прашања

Биле разгледани состојбите во Ораганизацијата, работата на Централниот комитет и Задграничното претставништво, четничкиот институт, примена на терористички акции во градовите, самофинансирање и спонзорство од Бугарија.

Односот на Организацијата кон Бугарија, Бугарската егазрхија, странските пропагнади, младотурците и реформите во Османлиското Царство .

Најсериозна расправа се водела околу убиствата на Михаил Даев, Иван Гарванов и Борис Сарафов извршени од Тодор Паница, по наредба на Јане Сандански.

Решенија

Конгресот го осудил Јане Сандански за непочитување на членовите 189, 190, 193 и 205 од Уставот на ВМОРО, односно за неправомерно извршување на убиства.

Јане Сандански, Тодор Паница, Чудомир Кантарџиев, Александар Бујнов и Георги Скрижовски биле осудени на смрт .

Според конгресот Организацијата требала да одржува контакти со Бугарија, да зема финансиски средства од бугарската влада, меѓутоа таа не треба со ништо конкретно да се обврзува и ангажира кон Бугарија.

Бил избран нов Централен комитет во кој влегле Павел Христов, Ефрем Чучков и Петко Пенчев. Како дополнителни членови биле избрани Стојан Икономов, Петар Ацев и Аргир Манасиев. За задгранични претставници биле избрани Христо Матов, Михаил Дорев и Апостол Греџов, а за дополнителни членови доктор Христо Татарчев, Пејо Јаворов и Христо Силјанов.

За официјален орган би избран весникот „Илинден“.

Серчани и конгресот

Серскиот револуционерен комитет во првата половина на мај 1908 год. со Второ отворено писмо информирал дека расцепот на Организацијата е извршен со бугарски пари и за бугарска сметка: „мислејќи дека со парите на бугарската држава ќе можат да го завладеат светот... предавниците отидоа многу далеку, импровизирајќи некаков општ конгрес на Организацијата.“

Со други зборови, не бил признат овој конгрес, бил доведен во прашање неговиот легитимитет, а неговите решенија не биле прифатени.

Серчани обвиниле дека:

За нас не е важно дали тој се одржал во бугарско министерство за надворешни работи, или како куриозитет конгресмените отишле до Ќустендилската граница. Судбината на Револуционерната организација... се решава цинично од некакви платени бугарски чиновници и случајни патриоти, а другите подлежат на проклетство и на беспоштедни прогони .

Значење

Поделбата која се чувствувала по Илинденското востание и која сè повеќе се продлабочувала со овој конгрес доаѓа до својот крај. Двете крила не можеле да се усогласаат и започнале вооружени престрелки за предимство во Организацијата. Македонската револуционерна организација престанала да постои.

Извори

Литература

  • Спомени - Ѓорче Петров
  • Спомени – д-р Христо Татарчев
  • Историја на македонскиот народ том издание на ИНИМ Скопје,2003 г.
  • Историја на македонскиот народ книга втора ,издание на ИНИМ,1969 г. Скопје
  • Историја на македонскиот народ издание 1988 година, Скопје

Надворешни врски

Tags:

Ќустендилски Конгрес Причини за одржување на конгресотЌустендилски Конгрес ЗаседаниеЌустендилски Конгрес Серчани и конгресотЌустендилски Конгрес ЗначењеЌустендилски Конгрес ИзвориЌустендилски Конгрес ЛитератураЌустендилски Конгрес Надворешни врскиЌустендилски Конгрес15 март19085 мартВМРО (Автономистичка)Македонска револуционерна организацијаНародна федеративна партијаРадикална-реформска струјаУмерно - конзервативна струја (МРО)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СрбијаБеровоАлександар КирацовскиАвантурите на Том СоерЦиститАдам и ЕваДемократска партија на Турците на МакедонијаДУИНова социјалдемократска партијаРак на грлоГолеми и мали (роман)ВодаПеколот (Божествена комедија)Втора влада на Зоран ЗаевАнета МицевскаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаХемостазаВештачка интелигенцијаСедум светски чуда на античкиот светХороскопски знациПростатаДимитар КовачевскиДијабетична кетоацидозаГрцијаПиреј (роман)Мајка ТерезаАрбен ЏафериБитка во АрачиновоДемократијаЈаглерод моноксидЛокални избори во Македонија (2013)Тумор на мозокКиро ГлигоровГлавна страницаХијатална килаМакедонска алијансаЕлектролит‘Рбетен столбЗагрозен видБорислав КрмовБорис ТрајковскиХерпесСлавко ЈаневскиМакедонска крвава свадбаОпштина ЦентарХоландијаКалендарМинистерство за животна средина и просторно планирањеБеровско ЕзероСписок на држави по населениеАвстријаСписок на македонски филмовиРак на дојкаФудбалМРП вакцинаХектарЖолто МореПартија за целосна еманципација на РомитеИсламски календарОВКМакедонски претседателски избори, 2014ЕнциклопедијаМакедонски парламентарни избори, 2014Страшо ПинџурИшијасДржавна изборна комисијаСардинијаПарите се отепувачкаЛазарова саботаЦирозаЛазар КолишевскиОвчи сипанициПремиер на МакедонијаПневмонијаНепалДраги КостовскиБРИКСБиблија🡆 More