Загорани: село во Општина Прилеп

Загорани — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.

Загорани
Загорани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Загорани од пругата Прилеп - Битола

Загорани во рамките на Македонија
Загорани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Загорани
Местоположба на Загорани во Македонија
Загорани на карта
Координати 41°15′48″N 21°26′3″E / 41.26333° СГШ; 21.43417° ИГД / 41.26333; 21.43417
Регион Прилепско Поле
Општина Загорани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Прилеп
Население 102 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 20039
Загорани на општинската карта
Загорани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Загорани во рамките на општината
Загорани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Загорани на Ризницата

Географија и местоположба

Селото Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, во областа Пелагонија, оддалечено 17 километри југозападно од градот Прилеп, во близина на делницата Битола-Скопје. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населби се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др. Куќите се групирани во три маала: Горно, Црквенско и Долно.

Историја

Подрчајето на Загорани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Тумба на височинка недалеку од селото.

Не се знае точно кога е формирано денешното село Загорани. За најстар род во селото се сметаат Мицковци кои се делат на: Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци. За време на турското ропство половина од атарот со најдобра земја била чифлишка. Сопственици биле: Мустафа-бег од Битола, Ариф Афуз, Чатал и Имер Манче од Прилеп, Јашар и Салија од Трновци. Другата половина од земјата припаѓала на жителите. По 1912 година жителите ја откупиле чифликсајбиската земја, а некои ја добиле со аграрната реформа.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948445—    
1953480+7.9%
1961546+13.7%
1971455−16.7%
1981394−13.4%
ГодинаНас.±%
1991269−31.7%
1994190−29.4%
2002108−43.2%
2021102−5.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Загорани живееле 200 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Загорани имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Загорани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот од 2002 година селото Загорани брои 108 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 102 жители, од кои 100 Македонци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 144 445 480 546 455 394 269 190 108 102

Родови

Загорани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Родови во Загорани се:

  • Староседелци: Мицковци (24 куќи) се делат на Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци. старото презиме им е Славковци по најстариот познат предок. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 65 г. во 1951 година) Тасе-Стојан-Васил-Мицко-Славко.
  • Доселеници: Јанчевци (6 куќи) потеклото им е од селото Тополчани, а некое време живееле и во Канатларци и Веселчани, во Тополчани им се род Коруновци и Трпковци; Ризовци (6 куќи) доселени се од Тополчани; Филиповци (5 куќи) потекнуваат од домазет кој дошол однекаде, и влегол во родот Мицковци; Брсјаковци (2 куќи) доселени се од некое село во Железник; Бозовци (6 куќи) доселени се од Боротино, пред тоа живееле и на други места; Јанкуловци (2 куќи) доселени се во 1903 година од селото Врбјани, таму се викале Божиновци, и имаат роднини доселени од Кореница; Ѕвездаковци (2 куќи) доселени се однекаде; Ѓоковци (5 куќи) доселени се однекаде за време турско.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1502 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Манастири
  • Загорански манастир („Св. Никола“)
    Археолошки наоѓалишта
  • Кај Чешмата — монета хеленистичко време
  • Попоица — населба од доцноантичко време
  • Тумба — населба од неолитско време
  • Црква Латинска — осамени наоди од римско време и средновековна црква

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Пилковци, Кадинци и Дамевци иселени се во Пашино Рувци. Ѕвездаковци иселени се во Кореница. Лозановци иселени се во Бучин. Мицковци иселени се во Кадино Село. Џанговци и Брсјаковци иселени се во Боротино.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Загорани Географија и местоположбаЗагорани ИсторијаЗагорани СтопанствоЗагорани НаселениеЗагорани Општествени установиЗагорани Самоуправа и политикаЗагорани Културни и природни знаменитостиЗагорани Редовни настаниЗагорани ЛичностиЗагорани Култура и спортЗагорани ИселеништвоЗагорани НаводиЗагорани Надворешни врскиЗагораниОпштина ПрилепПелагонијаПрилеп

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВевчаниКоличникАквилејаЕгипетРимска уметностХепатитТашмаруништаКлеткаЗнаме на МакедонијаПингвинАлкалоид (претпријатие)Црвени крвни зрнцаАпозиција во македонскиот јазикГеографска картаДаниел ДефоСписок на македонски филмовиКалиштаПиту ГулиЕрман ШабанФолклорОпштина Демир ХисарМакедонски парламентарни избори, 2014Катица ЌулавковаПридавкаЛионел МесиРисто СтефановскиСписок на главни градови во светотГитараОпштина БитолаКошаркаСписок на реки во МакедонијаТрстБитолаПипи Долгиот ЧорапЃорѓи АбаџиевКуранОрхан (книга)ТетанусТокиоГрцијаЕрнест ХемингвејЕкосистемБременостПролетЛист (ботаника)Хрватски месециСписок на главни градови во ЕвропаВртоглавицаМакедонски хумористични народни приказни (книга)ПаралелограмБиполарно растројствоСилаМаричка биткаПрекршување (физика)Христијан МицкоскиМакедонија во Првата светска војнаФилмЖолчкаНикола ТеслаАвантурите на ПинокиоЛокални избори во Македонија (2013)Кинетичка енергијаГригор ПрличевГорјан ПетревскиНедоразбирање (драма)Општина БеровоЅвезда од КутлешЧовечки папиломен вирусЛила СтојановскаАВНОЈСтале ПоповНезависносложени реченици во македонскиот јазикЈустинијан ISARS-CoV-2Македонско востаниеРепублика КосовоФизика🡆 More