Еутрофикација

Еутрофикацијата (ретко се среќава и под името еутрофизација или еутрофија; грч.

При овој т.н. „воден цвет“ обилно се развиваат некои прилагодени видови на алги и за многупати ја зголемуваат својата биомаса (над 5.000g/м3), како резултат на што водата се обојува.

Еутрофикација
Зелената боја на естуарот на реката Потомак се должи на еутрофикацијата со модрозелени алги (цијанобактерии).

При еутрофикација настапуваат неколку заемно сврзани неблагопријатни ефекти во екосистемот. Силниот развиток на алгите од површината води до промена на светлинските услови за алгите од дното и тие угинуваат, образувајќи токсични материи. Причина за изумирањето како на алгите, така и на рибите и другите водни жители е и намаленото количество на кислород во водата. Се влошува и квалитетот на водата - таа повеќе не е погодна за пиење. Исто така, со таложењето на изумрениот биолошки материјал на дното и зголемувањето на наносот, водниот басен постепено се претвора во мочуриште, а потоа во копнен екосистем. Затоа овој процес е познат и како „стареење на езерата“.

Еутрофикацијата може да биде природна или предизвикана од човечката дејност.

  • Природната еутрофикација протекува многу бавно и зависи од географската положба на водниот басен, честотата и количеството на врнежите, од карактерот на водособирниот басен.
  • Антропогената еутрофикација протекува брзо, во рамките од неколку до десетина години. Од значење за зголемувањето на биогените елементи во водните басени е испуштањето на хемиски материи од фабриките, користењето на синтетички детергенти и употребата на вештачки земјоделски ѓубрива со фосфорна и азотна основа. Утврдено е дека околу 10-25% од азотот и 1-5% од фосфорот во вештачките ѓубрива се одмиваат од почвата и доспеваат до водните басени.

Во водните басени на Македонија, водниот цвет најчесто се должи на некои видови на модрозелени алги. Силно еутрофизирано (хипереутрофно) езеро е Дојранското Езеро, додека во Преспанското се забележува засилена еутрофикација поради силниот антропоген притисок и непреземањето мерки за заштита.

Наводи

Tags:

АзотАлгиБиомасаГрч.ЕкосистемФосфор

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Глаголи во македонскиот јазик1535 во наукатаСписок на државни знамињаРусијаМакедонциКамилаРастенијаАкутен бронхитисПере ТошевАкумулаторИлузијаСимболи на МакедонијаРоманПерунЗборник на МиладиновциГане ТодоровскиСвети Климент ОхридскиСлуз-цедење во грлотоМавзолеј во ХаликарнасЗаповеден начин во македонскиот јазикПетар ПанОвен (хороскопски знак)АголБаза (хемија)ЕгипетИлинденско востаниеЃорче ПетровОперативен системПингвинМакедонски претседателски избори (2019)Главна страницаАлшарПрекршување (физика)ЕнергијаПроцентНикола ГруевскиПериоден систем на елементитеШехзаде Мустафа (син на Сулејман I)Ѓорѓи СугаревБели мугриАнте ПоповскиСашка ДимитровскаСедум смртни гревовиДанте АлигиериБлаже КонескиАлкохолизамЕфто ПупиновскиКамилиКиро ГлигоровХипертензијаБајрамПролетЦар Едип (драма од Софокле)Тодор АнгелевскиРЕК „Битола“Еп за ГилгамешМатеја МатевскиПочваПроста реченицаБлаговештениеКумановоПретседател на МакедонијаСвети КирилБроеви во македонскиот јазикХоландијаЈане СанданскиТартифМедена земјаРак (болест)Витамин Б6РоманијаНано РужинМузеј на македонската борбаДишењеРисто СамарџиевНаша ераДевица (хороскопски знак)Свети Кирил и МетодијМагаре🡆 More