Демиркаписко Дрен: село во Општина Демир Капија, Македонија

Дрен — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Дрен
Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Сретселото

Дрен во рамките на Македонија
Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Дрен
Местоположба на Дрен во Македонија
Дрен на карта
Координати 41°22′00″N 22°15′00″E / 41.36667° СГШ; 22.25000° ИГД / 41.36667; 22.25000
Регион Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Демир Капија
Население 33 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18011
Надм. вис. 278 м
Слава Илинден
Дрен на општинската карта
Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Дрен во рамките на општината
Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Дрен на Ризницата

Географија и местоположба

Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Пат низ селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десната страна на реката Бошавица. Селото е ридско, на надморска височина од 270 метри, а од градот Неготино е оддалечено 27 километри. Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 7 километри. До селото води асфалтен пат.

Дрен се наоѓа на ниска тераса во долината Раковец. Во самото се наоѓаат чешмите Ѓуровец, Марковец, Студена Глава, Змијарница, Коларница, Светелник и Стародренска Чешма.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Огради, Оризарски Гробишта, Оризарски Лозја, Почивало, Капиниште, Кокачеви Ниви, Вчек, Локвите, Брајови Ниви, Колниш, Кошково Гумно, Усов Гроб, Паруш-Брег, Калуѓер, Липова Падина, Илимов Рид, Големи Лаз, Голи Рид, Думково Бачило и Краставец.

Селото има збиен тип со издолжен облик, поделено на Горно и Долно Маало, а помеѓу нив се наоѓа сретселото.

Дрен се одликува со традиционална градителска архитектура.

Историја

Селото најпрвин се наоѓало на друго место наречено Стар Дрен, од каде мештаните се иселиле кон крајот на XVIII век поради арамии. По напуштањето на Стар Дрен едно време се криеле во „дупки“ кај Балија, а на почетокот на XIX век се симнале во долината и го основале селото Дрен како чифлиг. На местото на некогашното село се наоѓаат остатоци на куќи, чешма, црква и гробишта. Во близина се наоѓа и месноста Калуѓер, каде се наоѓал порано манастир.

Селото било христијанско и од чифлички тип од неговото основање.

Стопанство

Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поранешна продавница во селото

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.406,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 159,5 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 42 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во минатото во селото работела продавница.

Селаните главно се занимавале со земјоделство и сточарство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948255—    
1953309+21.2%
1961308−0.3%
1971260−15.6%
1981223−14.2%
ГодинаНас.±%
1991144−35.4%
1994151+4.9%
200294−37.7%
202133−64.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Дрен живееле 90 жители, сите Македонци христијани. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дрен имало 120 Македонци, сите под егзархијата.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото е мало и во 1961 година броело 308 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 151 жител, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Дрен имало 94 жители, од кои 90 Македонци и 4 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 120 255 309 308 260 223 144 151 94 33

Родови

Дрен е христијанско македонско село.

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Струговци (1 к.) и Ризовци (1 к.).
  • Доселеници: Кумовци (1 к.), доселени се од селото Копришница; Стамковци (1 к.), доселени се од селото Миравци во Гевгелиско; Тошовци (1 к.), доселени се од селото Стрмашево; Габровчани (1 к.), доселени се од селото Јанков Чифлик, а таму се доселиле од селото Габрово; Стојанчевци (1 к.), доселени се од селото Драчевица; Римишовци (1 к.), доселени се од селото Бохула, а таму од Арнаутлук; Башковци (1 к.), доселени се од селото Драчевица; Трајковци (1 к.), доселени се од селото Копришница; Лукаровци (2 к.), доселени се од селото Драчевица; Ѓорговци (1 к.), доселени се од селото Серменин во Гевгелиско; Пиперковци (2 к.), доселени се од селото Радња, таму се доселиле од селото Бохула, а во Бохула се дојдени од Арнаутлук; Клисурци-Поповци (1 к.), доселени се од селото Драчевица, а во Драчевица се доселиле од селото Клисура; Ризовци-Мантевци (1 к.), доселени се од селото Горни Дисан; Теговци (1 к.), доселени се од селото Стрмашево; Чакревци (3 к.), доселени се во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Брдаровци (1 к.), доселени се од селото Петрово во Гевгелиско. А таму се доселиле од селото Страгово и Велковци (1 к.), доселени се од селото Радња, а таму од селото Полчиште во Мариово.

Општествени установи

Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Дрен било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Дрен, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1245 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна продавница. Во рамки на избирачкото место е опфатено и селото Копришница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи. На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.

Културни и природни знаменитости

Демиркаписко Дрен: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Споменици
  • Споменик во чест на НОБ
    Езера
    Реки

Редовни настани

    Слави

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Демиркаписко Дрен Географија и местоположбаДемиркаписко Дрен ИсторијаДемиркаписко Дрен СтопанствоДемиркаписко Дрен НаселениеДемиркаписко Дрен Општествени установиДемиркаписко Дрен Самоуправа и политикаДемиркаписко Дрен Културни и природни знаменитостиДемиркаписко Дрен Редовни настаниДемиркаписко Дрен ГалеријаДемиркаписко Дрен НаводиДемиркаписко Дрен ПоврзаноДемиркаписко Дрен Надворешни врскиДемиркаписко ДренДемир КапијаОпштина Демир Капија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Натриум хидроксидСписок на држави по населениеКлеопатраКога тргнав ЦветоМитКатерина ТаневаДесет Божји заповедиВиенаСтарогрчка митологијаЦрни и жолтиРогачЕлектрична струјаБуринецЦрно семе (роман)ДрогаМакедонски парламентарни избори (2014)Општина СтругаЖелезно времеХормонПридавки во македонскиот јазикШвајцарија‘Рбетен столбЛарингитисХепатитЛила СтојановскаМјузиклКиселинаСојуз на Ромите од МакедонијаВоздушен коридорХристијан МицкоскиДолна БелицаЗанаетСлезинаКамен мост (Скопје)Македонски претседателски избори (2024)МејозаБарешаниКумановоСписок на македонски филмовиПрекршување (физика)ФеникијаЏастин БиберМозокЛимфомРелигијаЕгипетДенес над МакедонијаСписок на држави и територии во ЕвропаОпштина ШтипЕрман ШабанАлан Маркес ЛоуреироПрилепДрамска уметностОпштина СарајМахидевранХемороид27 мартМакедонија во Првата светска војнаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаАквилејаМустафа IЗевсГрб на МакедонијаДванаесет АпостолиКорабЗлосторство и казнаНародна Република КинаЧовекИстанбулЗемји членки на Европската УнијаСјогренов синдромОпштина Ново СелоПустина (роман)Анална фисураЈан Амос КоменскиСрцеСтара Грција🡆 More