Долно Трогерци: село во Општина Карбинци

Долно Трогерци — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Долно Трогерци
Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Влезот во селото

Долно Трогерци во рамките на Македонија
Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Долно Трогерци
Местоположба на Долно Трогерци во Македонија
Долно Трогерци на карта
Координати 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306
Регион Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Источен
Општина Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Карбинци
Население 2 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30013
Надм. вис. 400 м
Слава Спасовден
Долно Трогерци на општинската карта
Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Долно Трогерци во рамките на општината
Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Долно Трогерци на Ризницата

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на патот Штип-Кочани. Селото е рамничарско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.

Селото е сместено на крајните југозападни падини на Осоговските Планини, додека на југ се протега широката долина на реката Брегалница.

До селото водат асфалтни патишта од Долни Балван, како и од штипското село Врсаково.

Историја

Во XIX век, Долно Трогерци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 533,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 123,3 хектари, додека шумско земјиште нема.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948332—    
1953277−16.6%
1961232−16.2%
197189−61.6%
198123−74.2%
ГодинаНас.±%
199111−52.2%
19946−45.5%
20024−33.3%
20212−50.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 186 жители, сите Македонци. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 232 жители, а во 1994 година само шест жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Трогерци живееле 4 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 186 184 332 277 232 89 23 11 6 4 2


Самоуправа и политика

Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Сретселото со селската чешма и спомениците

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Три Чешми, во која покрај селото Долно Трогерци, се наоѓале и селата Батање, Врсаково, Доброшани, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци, Три Чешми и Чардаклија. Селото било дел од некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долни Балван. Во избирачкото место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 283 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Долно Трогерци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Вознесение Христово“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Манастири
    Споменици
  • Спомен-плоча за загинатите младинци во НОБ
  • Спомен-плоча за борецот Панче Рагушков
  • Споменик за загинатите во Илинденското востание

Редовни настани

    Слави

Личности

    Родени во или по потекло од Долно Трогерци
  • Зафир Шаклев (1873-?) — просветен деец

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Долно Трогерци Географија и местоположбаДолно Трогерци ИсторијаДолно Трогерци СтопанствоДолно Трогерци НаселениеДолно Трогерци Самоуправа и политикаДолно Трогерци Културни и природни знаменитостиДолно Трогерци Редовни настаниДолно Трогерци ЛичностиДолно Трогерци ГалеријаДолно Трогерци НаводиДолно Трогерци ПоврзаноДолно Трогерци Надворешни врскиДолно ТрогерциОпштина КарбинциШтип

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Александар III МакедонскиХипотензијаКокичеСипанициФеникијаДемир ХисарЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПравопис и правоговор на македонскиот јазикДен на независноста на МакедонијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикТрескавецМакедонски парламентарни избори, 2011Македонски хумористични народни приказни (книга)Прво заседание на АСНОМОдбојкаДолна БелицаКорабАвантурите на ПинокиоБактерииСписок на хемиски елементиЕрусалимХерпесСписок на држави во светотДесет Божји заповедиЦрна смртКопа АмерикаМухамедОхридПингвинТуберкулозаСтарецот и моретоДевојката со бисерна обетка (филм)Македонски парламентарни избори (2011)КипарТокиоБлаже КонескиМавровоОпштина КичевоСтале ПоповОпштина РесенМорфологија на македонскиот јазикВтора светска војнаДемографија на МакедонијаСтар ЕгипетСрцева слабостГлавна страницаСостојба на материјатаОпштина КумановоЗемји членки на Европската УнијаКавказЛимфоцитШенка КолозоваКамера опскураОпштина ВиницаСтар векЛидија ДимковскаМојсејБескрајна приказнаДаниел ДефоЛимфен јазолДиво месо (драма)Игор ЏамбазовОпштина СтуденичаниГалилео ГалилејГоце ДелчевСтруен ударИсус ХристосМали ВлајИталијаНационален парк ГаличицаОпштина КавадарциЕнергијаСаат-кула (Битола)ВојскаАртроза🡆 More