Димче Мирчев

Димче Ѓошев Мирчев (Велес, 13 ноември 1913 — Кавадарци, 7 април 1944) — македонски комунист, учесник во НОВ и организатор на НОВ во Велес.

Прогласен е за Народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.

Димче Мирчев
Димче Мирчев
Роден 13 ноември 1913
Велес
Починал 7 април 1944
Кавадарци

Животопис

Димче Мирчев е роден во Велес, на 13 ноември 1913 година. По завршување на основното училиште, бил пратен да учи занает.

Станал член на СКОЈ во 1933 и на КПЈ во 1935 година. Во периодот од 1936 до 1941 година организирал повеќе штрајкови во Македонија и во Србија. Во 1940 година, бил приморан да се врати од Белград во Велес, каде веднаш бил избран во Месниот комитет на КПЈ. Повеќепати бил затворан.

Учество во НОВ

Во 1941 година активно се вклучил во подготовките за вооруженото востание. Бил член на Воениот комитет при Месниот комитет на КПЈ за Велес, организатор за формирањето на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ во април 1942, и заменик-командант на Одредот од септември истата година.

По разбивањето на Одредот во 1943 година, преминал во илегалност, а од февруари 1944 година заминал на работа во Кавадарци, како секретар на Обласниот комитет на КПМ за Кавадарци. Во Кавадарци заедно со Киро Крстев подготвувале поголема група да замине во партизани. При една блокада во градот, двајцата борци наишле на бугарска полиција. Започнало пукање, а двајцата борци се нашле опколени во една куќа, на периферијата на градот. Поради тоа што одлучиле да не се предадат, пружале отпор на непријателите седум часа додека имале муниција, а потоа извршиле самоубиство.

Во негова чест и во чест на Киро Атанасовски е испеана песната „Димче и Киро Налбатот“.

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Tags:

Димче Мирчев ЖивотописДимче Мирчев Учество во НОВДимче Мирчев НаводиДимче Мирчев ГалеријаДимче Мирчев Надворешни врскиДимче Мирчев13 ноември1913194419492 август7 априлВелесКавадарциНОВНароден херој на Југославија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Демографија на МакедонијаПрилепЈавна сопственостПрво заседание на АСНОМЛибанМалдивиИгор ЏамбазовБигорски манастирОпштина ЧаирРак на усна празнинаИзборна единица 3Марија МагдаленаПроливБрзина на светлинатаНационална арена „Тоше Проески“ТрескавецНов заветМасакр во СребреницаПротестантствоМала РечицаБогБелградОпштина ПласницаКокино (наоѓалиште)Јуда ИскариотСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСтојан АндовПравославиеСписок на градови во МакедонијаНаполеон БонапартАдем Гајтани3 мајСвети ГеоргиРак (болест)Мавровско ЕзероИсламМнозинско гласањеЛибијаВасилиј IIОпштина Македонски БродЃурѓовденВелики четвртокСкорпија (хороскопски знак)ЖелатинИталијаСкратеници во македонскиот јазикГлаголЕндометриозаТетовирање (филм)Антихипертензивен лекШахРепублика КосовоАрбен ТаравариКипарСолунска ГлаваЅвезда од КутлешРобинзон КрусоСлуз-цедење во грлотоЗаздравување на ранаЧинови на полицијата во МакедонијаВлада на Димитар КовачевскиПневмонијаХамлетЦетиризинИлче СтојановскиБели крвни зрнцаАлергиски дерматозиКочаниЗа наша МакедонијаДесет Божји заповедиКиро ГлигоровАмброзија (растение)Куќа на РобевциМакедонски КонцептВевчаниФК Вардар🡆 More