Двострани Животни: сите животни кои имаат двострана симетрија

Триплобласти Lankester, 1873

Двострани животни
Период: Едиакариум–Денес
Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија
Разновидност на двостраните животни
Научна класификација
Царство: Animalia
Потцарство: Eumetazoa
Нерангирано: ParaHoxozoa
Нерангирано: Bilateria
Колена
  • Proarticulata †
  • Xenacoelomorpha
  • Бубрежни:
    • Суперколено Второусни
    • Protostomia (нерангиран)
      • Суперколено Ecdysozoa
        • Cycloneuralia (нерангиран)
          • Scalidophora (нерангиран)
            • Kinorhyncha
            • Loricifera
            • Priapulida
          • Nematoida (нерангиран)
        • Panarthropoda (нерангиран)
      • Spiralia (нерангиран)
Синоними

Двострани животни (науч. Bilateria) или триплобластиживотински организми со билатерална (двострана) симетричност на телото. Тие имаат глава (преден дел од телото) и опашка (заден дел од телото), како и грб (дорзален дел од телото) и стомак (вентрален дел од телото); затоа тие имаат и лева и десна страна на телото.

Ова е голема група на животински организми и ги вклучуваат мнозинството на познати животински колена, освен сунѓерите, реброносците, плочкестите животни, и жаркарите. Ембрионите на двостраните животни се триплобластични (трослојни), и имаат три герминативни слоеви: ендодерм, мезодерм и ектодерм. Речиси сите се двострано симетрични, а единствен исклучок се иглокожите, кои како возрасни се радијално симетрични, но нивните ларви се двострано симетрични.

Освен неколку колена (на пример, сплесканите црви и Gnathostomulida), двостраните животни имаат целосен дигестивен систем со посебни уста и анус. Кај некои двостраните животни недостасуваат телесни празнини (ацеломати, во кои спаѓаат сплесканите црви, мешестотрепчестите црви и Gnathostomulida), додека други имаат примарни телесни празнини (кои произлегуваат од бластоцелот, како псевдоцеломи) или секундарни телесни празнини (кои се појавуваат de novo, на пример целомот).

Телесна градба

Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 
План на телото на идеализирано црволико двострано животно.

Најраните двострани животни биле црволики животни, а нивното тело може да се сфати како цилиндар со желудочна цевка (црево) во средината, која има два отвора - уста и анус. Околу желудочната цевка (стомакот) се наоѓа внатрешната телесна празнина, која може да биде целом или псевдоцелом. Животните со двострана симетричност имаат глава (преден крај) и опашка (заден крај), како и грб (дорзална страна) и стомак (вентрална страна); од овде произлегува дека тие исто така имаат лева страна и десна страна.

Бидејќи овие животни имаат преден крај на телото, тоа значи дека овој дел од телото ќе биде најизложен на стимули, што од своја страна поттикнува цефализација, односно развој на глава со сетилни органи и уста. Многу двострани животни имаат комбинација од циркуларни (кружни) мускули, кои го стеснуваат телото, што предизвикува издолжување, и надолжни мускули, кои го скратуваат телото; оваа комбинација им овозможува на животните со меки тела да се движат со перисталтика. Тие, исто така, имаат и црево, кое се протега низ цилиндричното тело од устата до анусот. Многу колена на двострани животни имаат примарни ларви, кои пливаат со помош на трепки, и имаат апикален орган кој содржи сетилни клетки. Сепак, постојат исклучоци за секоја од овие одлики; на пример, возрасните иглокожи се радијално симетрични (за разлика од нивните ларви), а одредени паразитски црви имаат исклучително упростена градба на телото.

Еволуција

Хипотетичкиот најскорешен древен заеднички предок на сите двострани животни е наречен „прадвострано (урбилатерално) животно“. Природата на ова најрано двострано животно сѐ уште е тема на дебата. Една група на научници сметале дека ацеломатите се предци на сите други групи на двострани животни (планулоидна-ацелоидна хипотеза на Лудвиг фон Граф, Иљја Мечников, Либи Химан и Луитфрид фон Салвини-Плавен), додека друга група на научници сметале дека првото двострано животно било целомат, а ацеломатите (сплесканите црви и мешестотрепчестите црви) секундарно ги изгубиле телесните празнини (архицеломатна хипотеза и нејзини варијации, како што се Gastrea на Ернст Хекел и Адам Сеџвик, Bilaterosgastrea на Карл Густав Јегерстен, и Trochaea на Нилсен).

Постојат фосилни остатоци на двострани животни од едиакариумот, а првиот bona fide фосил на двострано животно е Kimberella, за кој е одредено дека потекнува пред 555 милиони години. Постарите фосили се контроверзни; фосилот Vernanimalcula може да претставува најраното познато двострано животно, но, исто така, може да претставува меур. Познати се фосилни ембриони од времето на Vernanimalcula (580 милиони години), но ниту еден нема двострани афинитети. Во Такуари формацијата, во Уругвај, пронајдени се мали јамички за кои се верува дека се стари најмалку 585 милиони години, а се верува дека нив ги направиле примитивни двострани животни со риење во песокот.

Филогенија

Постојат две главни гранки, натколена, на двострани животни — второусни (деутеростоми, Второусни) и првоусни (протостоми, Protostomia). Во второусните спаѓаат иглокожите, полухордовите животни, хордовите животни и неколку помали колена. Во првоусните спаѓаат членконогите, прстенестите црви, мекотелите, сплесканите црви и многу други колена. Постојат неколку значајни разлики помеѓу овие две натколена, а најголемата е начинот на кој им се развива ембрионот. Имено, кај првоусните, првиот отвор кој се формира на ембрионот се развива понатаму во уста, додека кај второусните првиот отвор се развива понатаму во анус. Во денешната таксономија признаени се најмалку две други натколена во склоп на првоусните, Ecdysozoa (преслекувачи) и Spiralia. Стреловидните црви (Chaetognatha) е клад кој досега бил најтежок за класификација, но неодамнешните студии го вклучуваат во Gnathifera.

Подолу е прикажано најновото (2011 година) филогенетско дрво на двостраните животни, иако позициите на одредени кладови сѐ уште се контроверзни (испрекинати линии). Знакот Mya означува милиони години, времето кое било потребно да одредени кладови дивергираат во други кладови.

Planulozoa

Cnidaria Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 


Bilateria

†Proarticulata


Xenacoelomorpha

Xenoturbellida Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 


Acoelomorpha

Nemertodermatida



Acoela Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 




Бубрежни
Второусни
Chordata

Cephalochordata Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 


Olfactores

Urochordata Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Craniata/Vertebrata Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 




Ambulacraria

Echinodermata Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Hemichordata Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



†Cambroernida





Saccorhytus coronarius




†Vetulocystids



†Vetulicolians Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 





Protostomia
Ecdysozoa

Nematoida

Nematoda Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Nematomorpha Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 





Loricifera Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 


Panarthropoda

Onychophora Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 


Tactopoda

Tardigrada Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Arthropoda Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 






Scalidophora

Priapulida Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Kinorhyncha Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 




Spiralia
Gnathifera

Rotifera Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Chaetognatha Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Platytrochozoa

Platyhelminthes Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 


Lophotrochozoa

Mollusca Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 



Annelida Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 






†Kimberella Двострани Животни: Телесна градба, Еволуција, Филогенија 






Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Двострани Животни Телесна градбаДвострани Животни ЕволуцијаДвострани Животни ФилогенијаДвострани Животни ПоврзаноДвострани Животни НаводиДвострани Животни Надворешни врскиДвострани Животни

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Локални избори во Македонија (2000)Магнетна резонанцијаОвулацијаОпштина Демир ХисарГаличицаАцо ШоповМакедонски БродВласиЕгипетОпштина ЛипковоОпштина КавадарциОпштина НовациАнтичка МакедонијаДеменцијаВанчо НиколескиРадовишХристијан МицкоскиПрометејКафеава мечкаКостадин КостадиновСписок на македонски народни и староградски песниПрилепМакедонски јазикПравоаголен триаголникЗНАМСинонимЦрни и жолтиМалиот принцСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаОпштина БитолаДемократски сојузАртан ГрубиДоситеј ОбрадовиќПолитика на МакедонијаЈордан МијалковСолунIP-адресаЗборник на МиладиновциОпштина ОхридБелото ЦиганчеВилијам ШекспирВлада на Димитар КовачевскиКанадаМакедонија во металното времеПневмонијаМеталКафеИзборна единица 7Момче во пижами со риги (филм)Општина ТетовоМејозаОпштина Гази БабаВлада на Македонија од 1992Муса ЏафериЉубомир ФрчкоскиЗевсКомунизамАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаВикипедијаМаја ИвановаДемохристијанствоБитолаОВКИсламизацијата во МакедонијаХазби ЛикаАндреј ПетровПролетГалебот Џонатан ЛивингстонМакедонски претседателски избори, 2004Крушевска РепубликаОНАМарко ЦепенковНАТОМакедонски парламентарни избори (2011)Кисел дождШар ПланинаЗурла (македонска)Антибиотик со широк спектар на дејствоШпанија🡆 More