Велешко Горно Оризари: село во Општина Велес

Горно Оризари (Велешко) е село кое се наоѓа во западниот дел на Општина Велес во долното сливно подрачје на реката Тополка, во околината на градот Велес.

Горно Оризари
Горно Оризари во рамките на Македонија
Велешко Горно Оризари: Географија и местоположба, Историја, Население
Горно Оризари
Местоположба на Горно Оризари во Македонија
Горно Оризари на карта
Координати 41°41′8″N 21°44′0″E / 41.68556° СГШ; 21.73333° ИГД / 41.68556; 21.73333
Регион Велешко Горно Оризари: Географија и местоположба, Историја, Население Вардарски
Општина Велес
Население 1.723 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1408
Шифра на КО 29053
Горно Оризари на општинската карта
Велешко Горно Оризари: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Горно Оризари во рамките на општината
Велешко Горно Оризари: Географија и местоположба, Историја, Население Горно Оризари на Ризницата

Географија и местоположба

Селото е рамничарско на надморска височина од 310 метри, а од градот Велес е оддалечено 8 километри. Селото има полјоделско-сточарски карактер меѓутоа голем дел од населението учествува во дневните индустриски миграции. Во селото има осумгодишно основно училиште, амбуланта, пошта, продавници и угостителски објекти и урбанистички план.

Историја

Во XIX век, Горно Оризари било село во Велешката каза на Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.030—    
19531.232+19.6%
19611.888+53.2%
19711.795−4.9%
19811.999+11.4%
ГодинаНас.±%
19912.230+11.6%
19942.023−9.3%
20022.262+11.8%
20211.723−23.8%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци 100 Македонци.

Горно Оризари до 1953 година било во најголем дел (90,6  %) населено со Турци, кои масовно се иселувале во Турција, а на нивно место се доселувале Бошњаци (Муслимани) од областа Санџак во Србија.

Во 1961 година селото броело 1.888 жители, од кои 394 биле Македонци, 6 Албанци, 1.363 Турци и 48 останати, додека во 1994 година бројот на населението се зголемило на 2.023 жители, од кои 25 биле Македонци, 55 Албанци, 19 Турци, 1 Ром, 20 Срби и 1.903 останати.

Според пописот од 2002 година, селото има 2.262 жители и претставува една од најголемите села во Велешко.

Последниве години поради големата невработеност значајна е емиграцијата на Бошњаците во Австрија, а Македонците се населуваат обично во Велес.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.723 жители, од кои 63 Македонци, 36 Албанци, 14 Турци, 1 Ром, 2 Срби, 1.474 Бошњаци, 2 останати и 131 лице без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.030
1953 108 2 1.117 2 ... 3 1.232
1961 394 6 1.363 ... ... 77 ... 48 1.888
1971 94 81 544 ... 45 ... 1.031 1.795
1981 42 65 8 38 ... 1.846 1.999
1991 24 28 13 23 ... 2.142 2.230
1994 25 55 19 1 20 ... 1.903 2.023
2002 113 66 15 1 22 2.032 13 2.262
2002 63 36 14 1 2 1.474 2 131 1.723

Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.

Родови

Горно Оризари е мешано село.

Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се

Бошњачки

  • Бошњаците во селото се најмногубројни. Тие се доселени во селото од областа Санџак, поделена помеѓу Србија и Црна Гора. Највеќе домаќинства се доселени од околината на Сјеница (160 куќи). Потоа следуваат доселениците од околината на Нови Пазар (80 куќи), Тутин (60 куќи), Рожае (10 куќи) и од Пријепоље (10 куќи).

Албански

Турски

  • Турците биле меѓу постарите жители на ова село. Но со пропаста на Османлиското Царство, тие почнале да се иселуваат во Турција, а во селото останало само домаќинството на Асан Усеинов (1 куќа).

Ромски - православни

  • Стојадин (1 куќа), Стојадин 2 (1 куќа), Владо (1 куќа), Душан (1 куќа), Душан 2 (1 куќа), Благоја (1 куќа), Новица (1 куќа) и Бошко (1 куќа). Овие православни ромски домаќинства во селото се доселени од околината на Гнилане во Косово и Метохија.

Македонски

Бугарски

  • Гоневи (1 куќа), Миланови (1 куќа) и Василови (1 куќа) доселени се од селото Т’лмино кај Босилеград во Србија.

Општествени установи

Во Горно Оризари има прва во Македонија диспензирана Општинска канцеларија, каде што граѓаните имаат непосреден контакт за добивање на голем број прашања и информации што се однесуват на локалната власт. Во склоп на канцеларија работи и бесплатна интернет пристапна точка, каде им дава бесплатен интернет на граѓаните на Горно Оризари.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постјат избирачкото место бр. 2209, 2210 и 2210/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 2.167 гласачи.

Редовни настани

Во Горно Оризари секоја година на лето се одржуваа културната манифестација „Бошњачки средби“.

Личности

    Родени
    Починати

Иселеништво

Во минатото ова село било чисто турско село, а кои се се помалубројни. По Втората светска војна во селото почнало да се населува и бошњачко население, кое население е најбројно во селото. Сепак преку ова село се имаат иселено преку 100 бошњачки семејства во Турција. Бошњачкото и турското население иселено во Турција се наоѓа во градовите Истанбул и Измир.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Велешко Горно Оризари Географија и местоположбаВелешко Горно Оризари ИсторијаВелешко Горно Оризари НаселениеВелешко Горно Оризари Општествени установиВелешко Горно Оризари Самоуправа и политикаВелешко Горно Оризари Редовни настаниВелешко Горно Оризари ЛичностиВелешко Горно Оризари ИселеништвоВелешко Горно Оризари НаводиВелешко Горно Оризари Надворешни врскиВелешко Горно ОризариВелесОпштина ВелесТополка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Марио ЛеминаКавказГлаголицаСтале ПоповИзборни единици во МакедонијаЗлатоСписок на реки во МакедонијаНаум НаумовскиСрцеНационален парк МавровоСамоилово ЦарствоГоце ДелчевБлаговештениеЛимфоцитГрб на МакедонијаРомантизамШтипЈан Амос КоменскиОпштина КичевоЕмре БејЛазар Ристовски (глумец)Илинденско востаниеКоличникЈугославијаМакедонски народни инструментиРоднински односиЗаграчаниАнална фисураОпштина Ново СелоЕлектричен отпорИндустријаСписок на држави во светотКрал МаркоОмов законМалтаЕвгениј ОнегинБранко ЦрвенковскиВенко ФилипчеДесница (политика)Морфологија на македонскиот јазикМакедонијаЖабаПсоријазаФилиз АхметЕндометриозаКамено времеДаунов синдромКоле ЧашулеОпштина БеровоДен на независноста на МакедонијаАлжирРајко ЖинзифовЈустинијан IГлаголски прирокЛеополд I (Свето Римско Царство)ЗанаетДемократска ДесницаСкржавецот (Плавт)Њутнови закониСкратеници во македонскиот јазикРадождаДислексијаНезависна Држава МакедонијаЗемја (планета)Големата вода (роман)ТешкотоИталијаЛевица (политичка партија)ХипотензијаБолести и аномалии на очитеБилјана ВанковскаЛазар ЛиченоскиОпштина ДолнениКралот ЛирМбутска митологијаПланетаStaphylococcus aureus🡆 More