Горан Петровиќ

Горан Петровиќ (српски: Горан Петровић, 1 јули 1961 - 26 јануари 2024) — српски писател и академик.

Бил меѓу најзначајните и најчитаните современи српски прозни писатели. Членувал во Српската академија на науките и уметностите (САНУ).

Горан Петровиќ
Горан Петровиќ
Роден 1 јули 1961(1961-07-01)
Краљево, НР Србија
Починал 26 јануари 2024(2024-01-26) (возр. 62)
Белград, Србија
Занимање писател

Животопис

Петровиќ е роден во Краљево, Србија во 1961 година. Студирал на Филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет, на групата за југословенска и српска книжевност. Подолг период работел како библиотекар во градската библиотека во Жича, на педесет метри од манастирот Жича, а работел и како уредник на списанието „Повеља“ при градската библиотека во Краљево. Подоцна се преселил во Белград. На 1 ноември 2012 година бил избран за дописен член на САНУ. Исто така, тој е член на Српското книжевно здружение и на Српскиот ПЕН центар.

Творештво

Петровиќ објавил следниве дела: „Совети за полесен живот“ (куса проза, 1989), „Атлас обиколен со небото“ (роман, 1993), „Остров и околните раскази“ (раскази, 1996), „Опсадата на црквата Свети Спас“ (роман, 1997), роман „Ситничарницата Кај среќната рака“ (роман, 2000), „Ближните“ (раскази, 2002), „Сè што знам за времето“ (кратка проза, 2003), „Скеле“ (драма, 2004), „Разлики“ (раскази, 2006), „Под таванот кој се лупи“ (кино-новела, 2010). Неговите книги се печатени во над 50 изданија, а се објавени на повеќе светски јазици. На македонски јазик се објавени „Ситничарница кај среќната рака“ (издание на СЗМ, Скопје, 2007, во превод на Гордана Јовиќ Стојковска) и „Опсадата на црквата Св. Спас“ (издание на „Гетон“, Скопје, 2014).

За своите книжевни дела, Горан Петровиќ се стекнал со многу значајни книжевни награди, меѓу кои: книжевната стипендија на Фондот „Борислав Пекиќ“, наградата „Просвета“, наградата „Меша Селимовиќ“, наградата „Рачанска повелба“, наградата „Златниот бестселер“, наградата на Народната библиотека на Србија за најчитаната књига, НИН-овата награда (за романот „Ситничарницата Кај среќната рака“, 2001), Октомвриската награда на градот Краљево, наградата „Борисав Станковиќ“, наградата „Иво Андриќ“ и наградата „Лаза Костиќ“.

Дела

  • Савети за лакши живот (1989)
  • Атлас описан небом (1993)
  • Острво и околне приче (1996)
  • Опсада цркве Светог Спаса (1997)
  • Ситничарница Код срећне руке (2000, македонско издание 2007 г.)
  • Ближњи (2002)
  • Све што знам о времену (2003)
  • Скела (2004)
  • Разлике (2006)
  • Претраживач (2007)
  • Испод таванице која се љуспа (2010)
  • Матица (2011)
  • Унутрашње двориште (2018)
  • Папир са воденим знаком (2022)
  • Иконостас (2022)

Наводи

Tags:

Горан Петровиќ ЖивотописГоран Петровиќ ТворештвоГоран Петровиќ ДелаГоран Петровиќ НаводиГоран Петровиќ1 јули1961202426 јануариПисателПрозаСрпска академија на науките и уметноститеСрпски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Џастин БиберИсус ХристосВранаСписок на повикувачки броеви на земјитеРечник на стари македонски зборовиОпштина Маврово и РостушеДишен системТемператураПолитички системДекамеронЧорбаџи ТеодосРак на желудникПротестантствоМакедонски претседателски избори (2024)Прво заседание на АСНОМОхридКанадаЖабаОвчи сипанициОпераБубрегХидроксидКалиштаСтарословенска азбукаКоличникСтранствувањето на Чајлд ХаролдНародна Република КинаСписок на македонски народни и староградски песниПаралелограмЗагребЧасовникИсак ЊутнМакедонциРеал БетисПенис (човек)Македонски парламентарни избори, 2008КултураБакарТетовоПрост бројОпштина Шуто ОризариМаксим ДимитриевскиАнгкор ВатДаунов синдромШтрковиЛимфомЛирикаМојот звукДерматитНаталитетЛидија ДимковскаФлејтаСмртност на доенчињаЛасерДојранско ЕзероПридавкаДесет Божји заповедиЉубовТелефонОбединети нацииПотенцијална енергијаДен на востанието на МакедонијаКинетичка енергијаРаички манастирПериоден систем на елементитеМали сипанициВласиГоран СтефановскиКошаркаЧасовен појасБигорски манастирГуливеровите патувањаНапонБременостСкржавецот (Плавт)Алцхајмерова болестМалиот принцДора Бакојани🡆 More