Герилско Војување

Герилското војување е начин на војување во кој помали воени или паравоени единици користат воени тактики, како заседи, саботажи и други видови борба против поголема и помалку подвижна традиционална војска.

Цел на ваквото војување е да се нанесат човечки загуби и материјална штета со цел да се ослабне и деморализира спротивната страна.

Герилско Војување
Герилско војување за време на Полуостровската војна, од Роке Гамеиро, ја прикажува португалската герилска заседа против француските сили. Терминот „герила“ бил измислен за време на оваа војна, која се одвивала на почетокот од 19 век.

Герилските тактики се фокусираат на избегнување на директни конфронтации со непријателските војски, обично поради пониски оружја или сили, и наместо тоа се впуштаат во ограничени престрелки со цел да ги исцрпат противниците и да ги принудат да се повлечат. Поради ова, герилските тактики ретко се користат за нешто друго освен за одбрана. Организираните герилски групи често зависат од поддршката или од локалното население или од странски поддржувачи кои сочувствуваат со напорите на герилската група.

Историја и етимологија

Герилско Војување 
Шпански герилски отпор против наполеонската француска инвазија на Шпанија во битката кај Валдепењас

Шпанскиот збор герила (guerrilla) е деминутивна форма на зборот војна (guerra). Терминот се популаризирал за време на Полуостровската војна на почетокот од 19 век, кога, по поразот на нивните редовни војски, шпанскиот и португалскиот народ успешно се кренал против Наполеоновата војска и ја поразиле супериорната армија преку користење на герилската стратегија.

Иако терминот „герилско војување“ бил измислен во контекст на Полуостровската војна во 19 век, тактичките методи на герилско војување биле користени долго пред тоа. Во 6 век п.н.е., Сун Цу во Уметноста на војната предложил употреба на герилски тактики. Ова го инспирирало развојот на модерната герилска војна.

Во 3 век п.н.е. римскиот генерал Квинт Фабиј Максимус Верукозус, кој се смета за „татко на герилската војна“,  ја смислил Фабиевата стратегија, која Римската Република успешно ја користела против војската на Ханибал. Оваа стратегија влијаела на герилските тактики од модерната ера.

Герилското војување било користено од различни групации низ историјата и најчесто се поврзува со револуционерните движења и народниот отпор против освојувачките или окупаторските војски.

На почетокот од 20 век, Мајкл Колинс и Том Бери развиле многу тактички одлики на герилско војување за време на герилската фаза од Ирската војна за независност 1919-1921 година.

Алжирската револуција од 1954 година започнала со неколку алжирски герилци. Примитивно вооружени, герилците се бореле со Французите повеќе од осум години. Ова останува прототип за современите бунтови и контрабунтовници, тероризмот, тортурата и асиметричното војување кои денес преовладуваат низ целиот свет. Во Јужна Африка, членовите на Африканскиот национален конгрес (АНЦ) ја проучувале Алжирската војна, пред ослободувањето и апотеозата на Нелсон Мандела; во нивната интифада против Израел, палестинските борци се обиделе да копираат тактиката. Исто така, тактиката на Ал Каеда многу наликува на таа на Алжирците.

Стратегија, тактики и методи

Стратегија

Герилското војување е вид на асиметрична војна: борба меѓу противници со нееднаква сила. Тоа, исто така, е еден вид на нередовно војување: односно, има за цел не само да го порази непријателот кој напаѓа, туку и да добие поддршка од народот и политичко влијание, за сметка на непријателот. Според тоа, герилската стратегија има за цел да го зголеми влијанието на малата, подвижна сила врз поголемата, потешка сила. Ако се успешни, герилците го ослабуваат својот непријател до степен на изнемоштеност, и на крајот го принудуваат да се повлече.

Тактики

Тактички, герилците обично избегнуваат судар со големи единици и формации на непријателските војски, но се трудат да напаѓаат мали групи на непријателски единици и ресурси за постепено да ја исцрпат противничката сила додека истовремено ги минимизираат сопствените загуби. Герилското војување ја цени мобилноста, тајноста и изненадувањето, организирани се во мали единици и го користат теренот кој е тежок за користење за поголеми единици.

Во 20 век, комунистичките водачи, како на пример виетнамскиот Хо Ши Мин, често користеле тактики за герилска војна, што обезбедило модел за нивна употреба на друго место, што довело до појава на кубанската „фокална“ теорија и антисоветските муџахедини во Авганистан.

Фокална теорија

Во 1960-тите, марксистичкиот револуционер Че Гевара, врз база на своите искуства за време на Кубанската револуција од 1959 година во неговата книга Герилско војување ја развил фокалната (шпански: foquismo) теорија на револуција. Оваа теорија, од Режис Дебре била формализирана како „фокализам“. Нејзин основен принцип е дека авангардизмот од страна на кадрите на малите и многу мобилни паравоени групи може да предизвика народното незадоволство да се насочи против режимот, а тоа да доведе до општ бунт.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Герилско Војување Историја и етимологијаГерилско Војување Стратегија, тактики и методиГерилско Војување НаводиГерилско Војување Надворешни врскиГерилско ВојувањеВоена тактикаВојскаСаботажа

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Знаме на МакедонијаПавле ТрајановМакедонијаАзот (област)Партија за движење на Турците во МакедонијаСојуз на комунистите на МакедонијаГаличицаВлада на Димитар КовачевскиМакедонски парламентарни избори (2002)Кирилицаuf2lnВтора влада на Зоран ЗаевЗмијаЉупчо ГеоргиевскиРимско ЦарствоРак на дојкаБојан МиовскиВештачка интелигенцијаАмди БајрамВлада на Љубчо ГеоргиевскиРепублика МакедонијаКрушевска РепубликаМакедонски пасошФилип II МакедонскиСистемски лупус еритематозусСреден клеточен волуменr9bf6Либерална партија на МакедонијаОхридско ЕзероБојан ЈовановскиТоме АрсовскиПрва влада на Никола ГруевскиКанадаАнета МицевскаМалиот принцПросветителствоТромбоцитопенијаБерлинВодаВлада на Талат ЏафериХИВДиво месо (драма)ВиножитоГеографија на МакедонијаЛабуништаВласиБраиловоВолфганг Амадеус МоцартСписок на македонски народни поговоркиМенструален циклусГерманијаИгор КостескиНебо од ванила (филм)Сојуз на Ромите од МакедонијаАвтоимуна болестРесенНикола КаревГлаголицаЛевица (политичка партија)Општина Гази БабаБета-таласемијаМакедонски парламентарни избори, 1994Општина ЧаирСипанициБистрица (Велешко)Морфологија на македонскиот јазикМасакр во СребреницаСписок на држави и територии во ЕвропаВилијам ШекспирМакедонски АлбанциМакедонски претседателски избори, 2014Никола КљусевОпштина АеродромМакедонски парламентарни избори, 2008МакпетролЛиберална партија (Македонија)Општина Охрид🡆 More