Вјестоничка Венера

Вјестоничка венера или Венера од Долни Вјестонице (чешки: Věstonická Venuše) — статуетка од типот „палеолитска Венера“ пронајдена на палеолитското наоѓалиште Долни Вјестонице, јужно од Брно во Моравија, Чешка, на подножјето на ридот Дјевин.

Изработена е околу 29.000–25.000 г. пр. н. е. (граветска култура) и претставува најстара досега пронајдена керамичка ракотворба, заедно со неколку други најдени во околината.

Вјестоничка Венера
Вјестоничка Венера
Материјалкерамика
Создаден29.000 – 25.000 п.н.е.
Откриен1925
Сегашна локацијаМоравски музеј, Брно, Чешка

Опис

Статуетката е висока 111 и 43 мм кај колковите глина, изработена од глина печена на релативно ниска температура.

Ја следи општата морфологија на останатите палеолитски Венери: особено големи гради, стомак и колкови како симбол на плодноста, релативно мала глава и малку детаљи на остатокот од телото.

Палеолитската населба Долни Вјестонице во Моравија почнала систематски да се истражува во 1924 г. по идеја на Карел Абсолон. Покрај статуетката, на наоѓалиштето се пронајдени глинени животни (мечка, лав, мамут, коњ, лисица, носорог и був) и преку 2.000 топчиња од печена глина.

Самата Венера е пронајдена на 13 јули 1925 г. во слој од пепел, скрешена на два дела. Порано стоела изложена во Моравскиот музеј во Брно, но денес се чува во заштитени услови и ретко е достапна за јавноста, обично како дел од патувачки изложби низ земјата. Стручните лица повремено ја испитуваат, со цел да дознаат повеќе за луѓето што ја создале. Во 2004 г. е направена томографска снимка, на која е утрден отпечаток на дете од на возраст од 7 до 15 години, кое ја држело во раце пред да биде ставена на печење.

Галерија

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Tags:

Вјестоничка Венера ОписВјестоничка Венера ГалеријаВјестоничка Венера ПоврзаноВјестоничка Венера НаводиВјестоничка Венера ЛитератураВјестоничка Венера Надворешни врскиВјестоничка ВенераБрноКерамикаМоравијаПалеолитПалеолитска ВенераСтатуеткаЧешкаЧешки јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Антички МакедонциГаврило ПринципБродец (Скопско)ПневмонијаРомиФК Брајтон енд Хоув АлбионПочваОлимписки боговиЛисабонПрва светска војнаКарпошСветско населениеНационален парк ГаличицаTime.mkСловенијаЛеринСкопска Црна ГораШопиАутизамСрцев ударРепублика СрпскаОлимпЧовечко телоЦиститГрадови во ИталијаГеографија на МакедонијаЛинуксГевгелијаВенецијаСуданОпштина БутелОпштина Гази БабаЗоран ВитановСирма ВојводаШаховски правилаКиткаДебело цревоКоле НеделковскиСписок на македонски народни и староградски песниДијалекти на македонскиот јазикОтоманско ЦарствоПравопис и правоговор на македонскиот јазикЦирозаНикола Димитров (дипломат)Тројанска војнаОче нашДаниела ТемелковскаЕгипетИстанбулОпштина СарајСкорпија (хороскопски знак)Мирко ПецевЛабуништаВртоглавицаМајка ТерезаХоландијаДропкаДоста ДимовскаРумена ВојводаФиренцаМарија ШерифовиќБајпас операцијаЛарингитисДен на Жените МироносициШенка КолозоваБолести и аномалии на очитеПченицаСолунска ГлаваМарко ЦепенковГликемијаКрвна групаСлепченски манастир (Демирхисарско)Версај (дворец)Исус ХристосБогородицаГаба🡆 More