Второ Послание До Тимотеј

Второто послание на апостол Павле до Тимотеј е книга од Новиот завет.

Традиционално се смета дека била напишана од страна на апостол Павле, во времето кога престојувал во Македонија. Посланието е упатено до Тимотеј, соработник на Павле, кој тогаш се наоѓал во Ефес.

Содржина

Посланието започнува така што апостолот Павле си спомнува за силната вера на Тимотеј, за разлика од другите соработници, како Фигел и Ермоген, кои се откажале од верата. Исто така, апостолот искажува благодарност до Онисифор за укажаната голема помош за време на престојот во Ефес. Во продолжение, тој го повикува Тимотеј да продолжи верно да го проповеда Евангелието, следејќи го примерот на апостолот, кој страдал поради својата дејност, како и да се бори против учењата на Иминеј и Филит, кои проповедале дека воскресението веќе настапило. Покрај тоа, апостолот го советува Тимотеј да ги избегнува младешките желби и да се стреми кон вера, правда, љубов и мир со христијанските верници, да биде кроток и да не влегува во непотребни расправии. Тој го опоменува Тимотеј да биде внимателен, зашто во последните денови луѓето ќе станат лоши и ќе се појават измамници кои ќе проповедаат лажни учења така што е потребно да остане верен на Павловото учење и да се присети на неговите страдања во името на верата. Притоа, апостолот Павле кажува дека е свесен дека неговиот пат полека привршува и дека наскоро ќе го напушти светот. Најпосле, апостолот го повикува Тимотеј да му се придружи, заедно со Марко, а посланието завршува со размена на поздрави.

Цитати

не се срамувај од сведоштвото за нашиот Господ и од мене, затвореникот за Него, туку страдај и ти со мене за Евангелието, според силата на Бога
Веродостојно е словото: „Ако умревме со Него, со Него и ќе живееме; Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас;
проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука. Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки

Tags:

Апостол ПавлеЕфесМакедонијаНовиот заветТимотеј Ефески

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЧасовникФудбалска репрезентација на КолумбијаПрочкаЗаграчаниПеперугиИталијаОпштина КривогаштаниЦрна ГораОпштина СтругаСписок на македонски писателиЕвропаОпштини во МакедонијаМеѓународни празнициМакедонска револуционерна организацијаСписок на македонски филмовиНепалИгор ЏамбазовДонтов методКорошиштаСкопјеФилиз АхметЅвезда од КутлешИлијадаЈужна АмерикаЧленконогиПридавкаЛионел МесиЛибијаОпштина ЧаирБрод (пловило)Електричен отпорДајреАлександар III МакедонскиГерманијаЛасерМакедонски народни песниЗнаме на МакедонијаМатичен млечДраслајцаСолиФК Манчестер СитиБакарЕврејски празнициЦветнициМавровоДванаесет АпостолиБалканска приказна (ТВ-серија)ГамеланДевојка со бисерна обеткаОпштина КончеСписок на држави по населениеКорупцијаЦрни и жолтиСедум смртни гревовиСреден векПреспански договорПоумСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаКактусиGmailПроста реченицаМејозаДраган МијалковскиСписок на држави и територии во ЕвропаЏек ЛондонАпозиција во македонскиот јазикОхридско ЕзероМаксим ДимитриевскиЕтанолАјкулаВагинален исцедокОпштина Кисела ВодаСтрујно колоОпштина Ново СелоОпштина Шуто ОризариМоливСтојан АндовАутизамМарков манастир🡆 More