Виталиј Гинзбург

Виталиј Гинзбург — член на Кралското друштво (руски: Вита́лий Ла́заревич Ги́нзбург, 4 октомври 1916 – 8 ноември 2009) — советски и руски теориски физичар, астрофизичар, добитник на Нобелова награда за физика, член на Советската и Руската академија на науките и еден од татковците на советската водородна бомба.

Тој бил наследникот на Игор Там како раководител на одделот за теориска физика при Лебедевиот физички институт на Руската академија на науките, и истакнат атеист.

Виталиј Гинзбург
Виталиј Гинзбург
Роден(а)Виталиј Гинзбург
4 октомври 1916(1916-10-04)
Москва, Руска Империја
Починал(а)8 ноември 2009(2009-11-08) (возр. 93)
Москва, Русија
Националнострусин
ПолињаТеориска физика
УстановиЛебедев физички институт
ОбразованиеМосковски државен универзитет
Докторски менторИгор Там
ДокторандиВјачеслав Муханов
Познат поСуперпроводливост, плазми, суперфлуидност, фероелектрицитет
Поважни наградиНобелова награда за физика (2003)
Волфова награда за физика (1994/95)
Ломоносов златен медал (1995)
СопружникОлга Замша Гинзбург (1937-1946, разведен, 1 дете)
Нина Јермаков Гинзбург (о. 1946 година)

Животопис

Тој се родил во еврејско семејство во Москава во 1916 година,како син на инженерот Лазар Јефимович Гинзбург и и докторкта Августа Фелгенауер, и дипшломирал на Московскиот државен универзитет во 1938 година. Ја одбранил својата кандидатска дисертација во 1940 година, и докторската дисертација во 1942 година. Во 1944 година, станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Меѓу неговите успеси се делумно феноменолоишката теорија за суперпроводливост, како и Гинзбург-Ландаовата теорија, развиена заедно со Лав Ландау во 1950 година теоријата за електромагнетни бранови движењето на плазмата (на пример, во јоносферата), како и теорија за потеклото на космичкото зрачење. Тој е исто така познат меѓу биолозите како дел од групата на научници кои помогнале да се отстрани политички поврзаниот против менделов агроном Трофим Лисенко, со што се овозможил современо продирање на генетската наука во СССР.

Во 1937 година, Гинзбург се оженил со Олга Замша.

Во 1946 година се оженил со неговата втора жена, Нина Гинзбург (моминско Јермакова), која минала повеќе од една година во притвор со фалсификувани обвиненија дека планирала да изврши атентат на советскиот водач Јозеф Сталин.

Гинзбург бил главен уредник на научното списание Uspekhi Fizicheskikh Nauk. Тој исто така раководел со академскиот оддел за физилки и астрофизички проблеми, оддел основан од Гинзбург при Московскиот институт за физика и технологија во 1968 година.

Гинзбург се идентификувал како секуларен евреин, и по падот на комунизмот во поранешниот Советски Сојуз, бил мошне активен во еврејскиот живот, особено во Русија, каде служел во одборот на директори на Рускиот еврејски конгрес. Тој е исто така познат и по борбата против антисемитизмот и ја поддржувал израелската држава.

Во 2000-ите Гинзбург бил и политички активен, поддржувајќи ја руската либерална опозиција и движењето за човекови права. Ги бранел Игор Сутјагин и Валентин Данилов за обвинијата за шпионажа. На 2 април 2009, во интервју на Радио слобода Гинзбург објавил дека ФБС е институција штетна за Русија и повторното ширење на авторитаризмот како повраток кон сталинизам.

Гинзбург работел во Лебедевиот физички институт при Советската и Руската академија на науките во Москва од 1940 година. Руската академија на науките е важна институцијакаде повеќето добитници на Нобелова награда за физика ги извршиле и извршуваат нивните студии или истражувачки работи.

Ставот кон религијата

Гинзбург бил заколнат атеист, како под воената советска влада, така и во посткомунистичка Русија, кога религијата започнала да заживува. Тој го критикувал свештенството во печатот и напишал неколку книги за прашањата поврзани со религијата и атеизмот. Поради ова, некои православни христијански групи го критикувале и рекле дека ниту една награда може да ги изземе вербалните напади на Руската православна црква. Тој бил еден од потпишувачите на отвореното писмо до претседателот Владимир Путин од членовите на Руската академија на науките против свештенството во Русија.

Смрт

Ирина Пресњакова, портпарол на Руската академија на науките, објави дек Гринзбург починал во Москва на 8 ноември 2009 година од срцев напад. Тој страдал од слабо здравје неколку години, и три години пред неговата смрт изјавил „Воопшто, јас им завидувам на верниците. Јас имам 90 години, и ме преовладува болести. За верниците, е многу полесно да се справат со истите и со останатите животни потешкотии. Но, што може да се стори? Јас не верувам во воскресение по смртта.“

Премиерот на Русија Владимир Путин изразил сочувство на семејството велејќи „Се збогуваме со една неверојатна личност чиј неверојатен талент, исклучително силен карактер и цврстината на убедувањата прдизвикуваа почит меѓу неговите колеги“. Претседателот на Русија Димитриј Медведев, во неговот писмо за сочувство, го опишал Гинзбург „врвен физичар на нашето време чии откритија имаа големо влијание на развојот на националната и светската наука.“

Гинзбург бил погребан на 11 ноември на Новодевичјите гробишта во Москва, местото за почивка на многу познати политичари, писатели и научници од Русија.

Награди и почести

Виталиј Гинзбург 
Гинзбург чита Нобеловото предавање на Московскиот државен универзитет.
  • Сталинова награда во 1953
  • Ленинова награда во 1966
  • Златен медал од Кралското астрономско друштво во 1991
  • Волфова награда за физика во 1994/5
  • Ломоносов златен медал во 1995 - за големи достигнувања во полето на теориската физика и астрофизика
  • Нобелова награда за физика во 2003 година, заедно со Алексеј Абрикосов и Ентони Џејмс Легет за нивните „пионерски придонеси за теоријата на суперповодниците и суперфлуидите“
  • Орден за заслуги за татковината;
    • 1-ва класа (4 октомври 2006) - за голем продонес кон развојот на националната наука им многу години на плодна работа
    • 3-та класа (3 октомври 1996) - за големи научни достигнувања и тренирање на високoквалификуван персонал
  • Орден на Ленин (1954)
  • Орден на црвеното знаме на трудот, двапати (1956, 1986)
  • Орден на значката на трудот, двапати (1954, 1975)

Поврзано

  • Список на еврејски добитници на Нобелова награда

Наводи

Надворешни врски

Виталиј Гинзбург 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Tags:

Виталиј Гинзбург ЖивотописВиталиј Гинзбург Ставот кон религијатаВиталиј Гинзбург СмртВиталиј Гинзбург Награди и почестиВиталиј Гинзбург ПоврзаноВиталиј Гинзбург НаводиВиталиј Гинзбург Надворешни врскиВиталиј Гинзбург191620094 октомври8 ноемвриАстрофизикаАтеизамВодородна бомбаИгор ТамКралско друштвоНобелова награда за физикаРусијаРуска академија на наукитеРуски јазикСССРСоветски СојузТеориска физика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Даниел ДефоДрамаМеѓународни празнициИзборна единица 4Марфанов синдромМагнетно полеМетодија Андонов-ЧентоЈапонијаTrackBackЃорге ИвановХидроксидВторична структура на нуклеинските киселиниМакедонска револуционерна организацијаМалиот принцЗијадин СелаСоединети Американски ДржавиГоран СтефановскиТашко ГеоргиевскиАлександар III МакедонскиКилијан МбапеРамазанФудбалКлеопатраСписок на земјите по БДП (номинален)Северен КипарВирусТатарлиЧорбаџи ТеодосРак (болест)КуранТуберкулозаПодметМариборБеровоМакедонски јазикКичевоСвети Климент ОхридскиФранцуска заедницаКрис ЕвансДискриминацијаИзборна единица 3Претседател на МакедонијаЛарингитисФилозофијаБранко ЦрвенковскиПираваОпштина БосиловоЕгејска МакедонијаКонтинентТаџикистанОпераСписок на повикувачки броеви на земјитеСлаткаристикаКлинесто писмоПере ТошевКрвотокРециклирањеПчелиБалинциМарихуанаКрвРајко ЖинзифовЦицачиСписок на македонски филмовиРевматоиден артритисСтевчо ЈакимовскиОпшта теорија за релативностаДоктор ОфболиНародна банка на Република МакедонијаМакедонски претседателски избори (2014)Оптичко влакноЦар Едип (драма од Софокле)Среден векАврамски религииАтрибут во македонскиот јазикАрхимедУниверзитет „Аристотел“ – СолунМакедонски претседателски избори (2019)Мартинка🡆 More