Ако сте професор или наставник во училиште или на факултет, Ви препорачуваме да ја користете Википедија на вашите часови како пример за слободна содржина која функционира.
Вие не сте првата личност која го прави тоа, и воглавно многу од овие проекти резултираат со унапредување на студентското знаење и зголемување на содржините на Википедија со корисен материјал. Предноста на овој пристап над класичните домашни работи е што студентите треба да се справат со ситуација од реалниот свет, што е поедукативни и позанимливо, и би требало повеќе да ги заитнересира. Покрај тоа, нивните материјали ќе останат достапни на интернет за навод, наместо да се заборават со завршувањето на предметот.
Ве молиме имајте ги предвид следните работи:
Предметот компјутерски апликации се слуша во првиот семестар на сите насоки од додипломските студии на Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во рамките на предметот студентите, како вежба за текст процесорите, студентите имаат задача да напишат биографии на познати личности и нив да ги претстават според шаблоните на Springer Verlag и IEEE. Со оглед на тоа што бројот на студентите кои го следат предметот е над 250, ова беше извонредна можност да се збогати македонската Википедија со мали статии. Биографиите се однесуваат на најпознатите уметници од Македонија, првенствено писатели, поети, сликари и глумци. Се надеваме дека нашиот придонес ќе биде вреден и дека ќе даде поттик за брзо приближување до бројката од 10000 статии, неопходна да влеземе во зоната на значајните јазици.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Википедија:Школски и универзитетски проекти, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.