Википедија е мрежна енциклопедија, па во таа насока, е мрежна заедница на лица кои се заинтересирани за создавање на квалитетна енциклопедија во духот на заемно почитување.
Според тоа, постојат некои работи кои не можат да бидат на Википедија.
Втора светска војна Втората светска војна беше најраспространетиот и најскапиот вооружен конфликт во историјата на светот ... 1 Причини Повеќе за оваа тема ќе најдете на: Причини за Втората светска војна. Воената репарација бараше од Германија по Првата светска војна ... 2 Пред војната Повеќе за оваа тема ќе најдете на: Настани кои претходеле на Втората светска војна во Европа. Последиците од Првата светска војна се одразиле на Вајмарската Република ... |
Википедија не е хартиена енциклопедија (види и: -{Wiki is not a paper encyclopedia}-). Тоа во пракса значи дека не постои ограничување во бројот на темите кои можат да се опфатат, освен проверливоста на податоците и некои други, наведени на оваа страница.
Постои некој вид на прегледно ограничување на големината на поединечните статии, што има големо влијание на преземањето за модемските (-{dialup}-) читатели и обзирноста кон читливоста, воопшто (види и: -{Wiki: Article size}-). По разработката на еден дел од некоја обемна тема во една статија, поделбата на повеќе други (поголеми или помали) статии е природен тек на развивање на таа тема. На пример, види ја шемата десно. Додека хартиените енциклопедии имаат кратки статии, фактот што Вики не е хартија ни дозволува на статиите на им дадеме потемелен третман. Така, статиите можат да содржат внатрешни или надворешни врски, да бидат поажурни, постојано да се дообработуваат итн.
Википедија не е речник (види -{Wiki is not a dictionary}-). Таа не е ни речник на жаргони, ни генеолошки или уште помалку - биографски речник. Постои друг Википроект за речник - Викиречник.
Википедија не е трибина, ниту пак говорница од било кој вид (види и: -{Wiki is not a soapbox}-), а не е ни разговорен форум или средство за пропаганда и рекламирање. Затоа, википедиските статии не се:
Википедија не е ни огледало, ни магацин за врски, слики или мултимедијални датотеки. Сите содржини додадени на Википедија можеби ќе мора да бидат немилосрдно преправани со цел да се приклучат кон енциклопедијата. Со самото предавање на текстот (или сликата), Вие прифаќате дека ја давате содржината за слободна употреба по ГНУ Општа Јавна Лиценца. Википедиините статии не се:
Википедија е општа енциклопедија која опишува поими, случки и лица од општо енциклопедиско значење. Секако дека на Википедија на македонски јазик, темите кои се значајни за сите простори каде што се говори македонскиот јазик најверојатно ќе бидат повеќе покриени, бидејќи за нив најверојатно се заинтересирани поголем број на корисници, а тоа е во ред. Но тоа не значи дека ваквите теми овде се привилегирани или предодредени за поширока обработка во споредба со другите теми од светот. Сите теми за обработка се од еднакво значење на секое јазично издание на Википедија. Секоја Википедија е географски и национално неутрална. Ова посебно важи за статии кои се занимаваат со посебен поглед на „македонското“ население — таквите статии не смеат да бидат фаворизирани, форсирани или прикажувани како апсолутна точност — неутралната точка на гледање е апсолутна. Според ова, не постои смисла во истакнувањето на знамиња или симболи на македонската држава или народ во навигацијата на сајтот, посебни врски до македонски теми во статии од општо значење или пропагирање на содржините поврзани со Македонија со тоа што ќе се направат повидливи врски до нив во споредба со останатите теми.
Не можете да поставите свое мрежно место, блог или Вики на Википедија. Доколку сакате да користите Вики технологија за организирање на соработка на нешто друго, макар и да е тоа една единствена страница, постојат многу мрежни места кои обезбедуваат Вики вдомување, бесплатно или со пари (некои од нив се PeanutButterWiki, Wikicities, SeedWiki, Emergency Digital, Memebot, Riters.com). Исто така можете да вопоставите википрограм на својот опслужувач. Страниците на википедија не се:
Википедија не е експеримент за демократија или каков било друг политички систем. Нејзиниот основен метод на одлучување на консензус е преку уредување и дискусија, не преку гласање. Иако уредувачите понекогаш користат анкети со гласање во обид да тестираат за консензус, анкетите и гласањата понекогаш и штетат наместо да ѝ користат на дискусијата. Тие треба да се користат со внимание и се помалку врзувачки од какво било решение за консензус.
Напомена 1 Иако намената на оваа страница е да посочи цврсто поставена политика, таа продолжува да се развива. Доколку сакате да ја цитирате во разговор, бидете сигурни дека сте ја прочитале најновата верзија.
|
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Википедија:Што не е Википедија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.