Ветуница: село во Општина Ранковце

Ветуница — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Ветуница
Ветуница во рамките на Македонија
Ветуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Ветуница
Местоположба на Ветуница во Македонија
Ветуница на карта
Координати 42°9′11″N 22°5′3″E / 42.15306° СГШ; 22.08417° ИГД / 42.15306; 22.08417
Регион Ветуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Североисточен
Општина Ветуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Ранковце
Население 29 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15005
Ветуница на општинската карта
Ветуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Ветуница во рамките на општината
Ветуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Ветуница на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Ранковце. Сместено е на десната страна на Крива Река, а низ селото поминува и Ветуничка Река. Претставува село од растурен маалски тип.

Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 3 километри од општинското средиште Ранковце и 23,5 километри југозападно од Крива Паланка. Во близина на селото се наоѓа и автобуска станица.

Историја

Се верува дека постоела населба од доцното античко време на местото на денешното село.

Стопанство

Во селото не постојат стопански и услужни објекти, а самото население главно се занимава со полјоделство и сточарство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948168—    
1953209+24.4%
1961250+19.6%
1971221−11.6%
1981189−14.5%
ГодинаНас.±%
199183−56.1%
199473−12.0%
200257−21.9%
202129−49.1%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според податоците од пописот во 2002 година во Ветуница живеат 57 жители сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 88 168 209 250 221 189 83 73 57 29

Родови

Ветуница е македонско село.

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се

  • Богојевци (9 к.), Пуцкини (8 к.), Стајкови (6 к.) и Шилкови (5 к.) овде живеат од турско време. Сите потекнуваат од доселени предци. Родовите Богојевци и Стајкови се доселени од селото Отошница. Додека останатите два рода се доселени со непознато потекло. Гаџорци (6 к.) доселени се после 1918 година од селото Гулинци.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Пуцкинци (6 к.), Шиљковци (6 к.), Богојци (3 к.), Еребинци (5 к.)
  • Со непознато потекло: Деда-Бошко (1 к.)
  • Доселеници: Стајковци (7 к.) доселени се околу 1890 година од селото Отошница; Вучковци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Мала Црцорија.

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Ветуница се наоѓале и селата Вржогрнци, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ветуница Географија и местоположбаВетуница ИсторијаВетуница СтопанствоВетуница НаселениеВетуница Самоуправа и политикаВетуница НаводиВетуница Надворешни врскиВетуницаКрива ПаланкаОпштина РанковцеСлавиште

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ОксидС’ботскоАвстријаЈугославијаБитолаВитамин Б6Општини во МакедонијаИлинденско востаниеКралство ЈугославијаМакедонски јазикКоле АнгеловскиЕпилепсијаВојскаАнте ПоповскиАлгиГлицеролХерпесРимМикеланџело БуонаротиСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСостојба на материјатаСписок на главни градови во ЕвропаСузан АкбелгеСрпска кирилична азбукаБалкански ПолуостровТетовоЈаспер де БејстТашко ГеоргиевскиРак на белите дробовиСвети Климент ОхридскиГеографска картаБрзина на светлинатаИфтарМесечинаГраматички категории на именките во македонскиот јазикМојсејРасказСлавко ЈаневскиИлијадаРаички манастирОпштина Сарај‘Рбетен столбПарадоксот на ДиогенПиту ГулиМакедонски парламентарни избори, 2014РимаТурцијаСложена реченицаТашмаруништаДемир ХисарЧума (појаснување)Кристофер КолумбоЕвропаПневмонијаСтудена војнаСтрујно колоКатица ЌулавковаДенес над МакедонијаПотенцијална енергијаМатичен млечТриаголникЗбаждиАна ФранкКрвЃомлезеЗнаме на МакедонијаЛидија ДимковскаПеколот (Божествена комедија)Национален парк МавровоЧасовен појасЛасерЧовекови праваРимско ЦарствоАдам и ЕваСтранствувањето на Чајлд ХаролдМечкин КаменРазловечко востание🡆 More