Битка Кај Плиска

Битката кај Плиска се одвила на 26 јули 811 година во близина на Плиска, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија.

Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите и убиство на византискиот цар Никифор I.

Битка кај Плиска
Дел од Византиско-бугарски војни
Битка Кај Плиска
Плиска
Датум 26 јули 811
Место Плиска
Исход бугарска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Крум Никифор I 
Сила
62,000 (uncertain) 60,000–80,000 (estimated)
Жртви и загуби
непознато целата армија, вклучувајќи го царот

Позадина

Во периодот 808-809 година хан Крум го поддржал бунтот на Прабугарите во долината на реката Струма, приклучувајќи им ги земјите кон својата држава. Во 809 година бугарските војски предводени од хан Крум, ја зазеле византиската тврдина Сердика. Одговорот на византискиот цар не задоцнил кога во почетокот на 811 година Никифор I организирал воен поход кон Плиска, главниот град на бугарските ханови.

Кан Крум презел дипломатски мерки за мир, но Никифор го отфрлил неговиот преедлог "поради сопствените злонамери и поради едномислието на своите советници". Царот лично ги повел тагмите по Стара Планина и на бугарска територија влегол на 20 јули 811 година. Во наредните три дена, Никифор пристигнал пред портите на бугарската престолнина Плиска и започнал со нејзина опсада.

Византискиот воен поход се одликувал со невидени злосторства над месното население, кое било подложено на колење без разлика на пол и возраст. Крум повторно се обратил кон него со следниве зборови: "Ете, ти победи. И затоа, земи, што ти е потребно, и оди си со мир". На тој начин Крум сакал да ја заштити земјата од понатамошни злосторства и разрушување. Но, византискиот цар опседнат од успесите, не сакал да слушне за мир.

Подготовка

Откако византискиот цар ја ограбил и уништил резиденцијата на Крум, заминал кон Цариград како победник. Додека византискиот цар бил зафатен со целосната пропаст и уништување на Плиска, Крум ги мобилизирал сите расположливи сили и се подготвил за одмазда. Тој бил разгневен, како од одбивањето на царот да склучи мир, така и од невидените злосторства, грабежи и самоволие од византиските сили. Бугарите ги опколиле влезовите и излезите на планинските премини со дрвени бедеми и направиле заседи во тесните грла.

Кога Никифор научил дека патот за повлекување е отсечен започнал очајнички да зборува: „Дури и да бевме крилести, никој да не се надева дека ќе побегне од пропаста.“ Крум ја собрал војската и во текот на ноќта спроти сабота, 26 јули 811, ги нападнал византиските војници.

Битка

Во теснините на Врбишкиот превој се случило страшно колење. Рано наутро, Бугарите се нафрлиле врз шаторот на Никифор, каде што тој бил убиен. Во нападот освен царот загинале многу истакнати големци и војводи, како патрициј Теодосиј Саливара, стратегот на источните војски патрициј Роман и стратегот на Тракија. Многу офицери и безброј многу војници загинале во планинските теснини. Летописецот Теофан забележил: "Целата христијанска убавина загина!". Ставракиј, синот на Никифор, тешко ранет во грбот, успеал да избега жив и во големи страдања пристигнал во Адријанопол (Едрене). По неколку недели починал во Цариград.

Поразот на цар Никифор во Врбишкиот превој на 26 јули 811 година ја избавило Бугарија од страшна опасност. Бугарите успеале да ја зацврстат својата територија на запад, заедно со Сердика и се обезбедиле од идни напади од страна на Византија.

Последици

Бугарскиот хан се прославил како победник над византискиот цар. Битката претставувала спектакуларна воена и политичка победа, бидејќи Никифор I бил вториот византиски цар, по Валенс 400 години порано, во целата десетвековна византиска историја, еден цар да биде убиен во битка. Последниот цар Константин XI исто така загинал од непријателското оружје, но тоа се случило при падот на главниот град Цариград во 1453 година, кога судбината на некогашната империја веќе била решена.

Според летописот, кога била отсечена главата на Никифор, Крум го исчистил неговиот череп и со гордост наздравувал со него кога пиел со неговите советници.

Поразот на Византија во Битката кај Плиска имало големи последици. Угледот на византискиот цар бил намален а за имеријата следувале тешки години. По славната победа на Крум, Бугарската империја започнала да има голема улога во југоисточниот дел на Европа.

Наводи

Литература

  • Theophanes the Confessor, Chronicle, Ed. Carl de Boor, Leipzig.
  • John Skylitzes, Synopsis Historion, translated by Paul Stephenson.
  • Nikephoros Patriarch of Constantinople, Short History, C. Mango, ed., Dumbarton Oaks Texts 10, 1990.
  • Васил Н. Златарски, История на българската държава през средните векове, Част I, II изд., Наука и изкуство, София 1970.

Tags:

Битка Кај Плиска ПозадинаБитка Кај Плиска ПодготовкаБитка Кај Плиска БиткаБитка Кај Плиска ПоследициБитка Кај Плиска НаводиБитка Кај Плиска ЛитератураБитка Кај Плиска26 јули811БугариБугаријаВизантиско-бугарски војниВизантиското ЦарствоНикифор IПлискаПрво Бугарско Царство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Даниела ТемелковскаМачкаИстанбулБистра вода (серија)Град СкопјеКожлеПоградецИсак ЊутнЗоран ВитановТурцијаРомиБубрежна инфекцијаПелинцеРаштакГрадови во ШвајцаријаПрва балканска војнаЗаменки во македонскиот јазикВиолинаМозокМакедонски парламентарни избори (2016)Максим ДимитриевскиАнална фисураПет струмички студентиРефет АбазиКозјак (езеро)КиткаСписок на реки во МакедонијаГерманијаМоскваРоманијаШизофренијаАмонијакАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаДоста ДимовскаИталијаЕвропаНАТОФК Брајтон енд Хоув АлбионБродец (Скопско)ДеменцијаТетовоМакедонско-римски војниВтора светска војнаПолжавиСмрдлива ВодаМилениумски крстГрузијаНикола ГруевскиБубрежна слабостКучковоКаролина ГочеваМладост (езеро)Мечкин КаменКатастарски општини во МакедонијаЖивотниШтипСлезинаЕвроЏеј РамадановскиЗнаме на МакедонијаКалендар на Велигденски датумиЗбогум Румелија (ТВ-серија)Општина Маврово и РостушеЕстрогенСвети Кипријан СлепченскиДенес над МакедонијаСмрчкаДебело цревоХектарСлепченски манастир (Демирхисарско)Исус ХристосПридавкаНационален парк МавровоЦапариФудбалска федерација на МакедонијаЗагадување на воздухот🡆 More