Прво Бугарско Царство

Првото Бугарско Царство или Дунавска Бугарија (нарекувано уште Прва Бугарска Држава) — ханство, а од крунисувањето на Симеон I Велики за цар, и царство, на Прабугарите и Словените, кое постоело на Балканскиот Полуостров и неговите гранични делови од Југоисточна Европа од 681 до 971 година.

Нејзин основач е ханот Аспарух, којшто по распаѓањето на Стара Велика Бугарија доведува дел од прабугарските племиња во денешна Бесарабија и Добруџа, ги потчинува месните словенски племиња и ја принудува Византија да му плаќа данок во 681 година. Во прво време, главниот град е во Онг'ла, понатака се востановува во Плиска, а кон крајот на 9 век во Велики Преслав.

Прво Бугарско Царство
Първо българско царство
Прво Бугарско Царство
 
Прво Бугарско Царство
681 – 1018 Прво Бугарско Царство
 
Прво Бугарско Царство
Прво Бугарско Царство
Местоположба на Бугарија
Бугарија во време на владеењето на Симеон I Велики, X век
Главен град Плиска
(681–893)
Преслав
(893–968/972)
Скопје, Охрид, Битола
(до 971)
Јазици Прабугарски, Прасловенски, Средновековен грчки
(681–893)
Старословенски
(893–971)
Вероисповед Тенгризам & Словенски паганство
(681–864)
Православие
(864–971)
Уредување Апсолутна монархија
Хан, Цар (Император)
 -  681–700 Аспарух (прв)
 -  971 Роман (последен)
Историски период среден век
 -  Аспарух 681
 -  Христијанизација 864
 -  Симеон I 893
 -  Распад 1018
Површина
 -  9 век 400 000 км²
Население
 -  9 век 1 000 000 
     Густина Грешка во изразот: Неочекуван број жит/км²

Најголемото територијално проширување Првата Бугарска Држава го достигнува во IX век, кога кон првоначалните територии по Долен Дунав се присоединети области во Тракија и Македонија, делови од денешните Албанија, Србија и Романија, а исто така и дел од северното црноморие (до река Днепар). Во текот на истиот период настапува централизација на државното управување, таа е придружена со процес на асимилација и консолидирање на разнородните етнички групи од населението во средновековната бугарска народност, чијшто јазик се развива врз основата на словенскиот. Во текот на 864-866 година, за време на Борис I, христијанството станува државна религија, што води до значителни промени во културниот живот на државата и таканаречениот Златен век на цар Симеон. Кај истиот владетел Бугарите праваат продолжителни, но безуспешни обиди да завладеат со главниот град на Византија Цариград.

Византиско-бугарските војни, заедно со инвазиите на Унгарците (Маѓарите), Печенезите и Русите, водат до ослабување на бугарската држава и паѓање на главниот град Преслав под византиска власт во 971 година.

Почетокот

Прво Бугарско Царство 
Базиликата во Плиска е симбол на моќта на Првата Бугарска Држава, како и нејзин културен центар.
Прво Бугарско Царство 
Бугарското Царство од 680-803 год.

Во 632 година ханот Кубрат успева да ги обедини прабугарските племиња, кои се наоѓаат под власта на Западнотуркискиот Каганат, во сопствена држава, наречена од византиските историчари Стара Велика Бугарија. Со помошта на оскудните записи на ерменски и византиски летописци, се востановени приближно границите на таа држава: долното поречие на Дунав на запад, Црно и Азовското Море на југ, реката Кубањ на исток и реката Дон на север. Скоро по своето образување, Голема Бугарија води војни со Хазарите, кои завршуваат во почетокот на 70-тите години на VII век. До тогаш Хазарите ги имаат заземено териториите источно од Днепар.

Во 680 година Прабугарите, обединети со седумте словенски племиња и Северите, водат војна со Византија кај месноста Онг'л, и по поразот, Византија потпишува мировен договор со Бугарија во 681 година, со тоа што се задолжува да и плаќа годишен данок. По војната Бугарија ги опфаќа земјите од северното црноморие и реките Днепар и Днестар на исток до река Морава на запад, и од северните склонови на Стара Планина на југ до јужните склонови на Карпатите на север. Од југ сосед и била моќната Византија, од запад - Аварскиот каганат, од исток - Хазарите, кои ги заземале териториите на Кубратова Бугарија. Главен град станала словенската крепост Плиска.

Хан Аспарух починал веројатно некаде околу 700 година во битка со Хазарите од исток. Го наследил син му, хан Тервел, кој востановил директни политички односи со византиската власт, со тоа што неколкупати му помогнал на паднатиот император Јустинијан II да си го врати престолот. Заради таа помош ханот ја добил богатата и важна област Загоре, на југ од Стара Планина. Нај-големиот успех на хан Тервел е победата над Арапите, кои го опсадиле Цариград во 717 година, што им ставило конечен крај на нивните обиди да проникнат во Европа преку Балканот. Неговата победа се споредува со постигнатата, многу години подоцна, победа над Арапите на Карл Мартел при Поатје.

По смртта на ханот Тервел, Бугарија навлегла во политичка криза, хановите се менувале речиси секоја година преку преврати и интриги, а врв на сето тоа е управувањето на ханот Умор - само 46 денови. Положбата се стабилизирала кон крајот на 8 и почетокот на 9 век, кога престолот го зазел ханот Крум. Од тој силен и енергичен бугарски хан започнува династијата на најсилно изјавените владетели на Првата Бугарска Држава, кои ја управувале речиси до самиот нејзин крај.

Крум и Омуртаг

Прво Бугарско Царство 
Ханот Крум го победил византискиот император Никифор I во битката кај Врбишкиот премин, Манасиева хроника

Бидејќи претходникот на Крум, ханот Кардам, успеал да се оттргне од византиските шпиони во Бугарија, тој најпосле имал можност да се зафати со офанзива на југ. Но пред тоа ги разбил остатоците од Аварскиот каганат, кој попаднал под ударите на Франкската Империја на Карло Велики. Во териториите на Бугарија биле вклучени богатите солници на Трансилванија, што и дозволило да се вклучи во напредокот на европската економија. Во 808 година Крум започнува походи по река Струма, а во 809 година ја презема важната крепост Средец (денешна Софија). Во 811 година император Никифор I започнува поход против Бугарија, стига до нејзиниот главен град, Плиска, ја презема и ја опожарува. Сметајќи дека тоа е крајот на проблемите со Бугарите, се вратил назад за Цариград. Но утрината на 26 јули 811 година, за време на ноќевањето на армијата и императорот кај Врбишкиот проход, вооружената бугарска војска изненадно ги нападнала, ги исклала повеќето, и дури самиот император ја дочекал таму смртта. За прославувањето на победата Крум употребил чаша, направена од черепот на императорот Никифор, обкован со злато и сребро.

Две години подоцна, во 813 година, Крум подготвил невиден дотогаш поход кон Цариград. Меѓутоа, неговата смрт на 13 април 813 година го спречило замисленото дело. Крум влложил големи усилби за закрепување на државата. Присоединил важни територии кон државата и наложил заеднички закони за сите поданици, за да осигури внатрешна стабилност. Законите биле строги и не правеле разлика меѓу Прабугари, Словени и други. Тоа била првата стапка кон обединувањето во една народност на различните по бит и култура етноси.

Неговиот наследник, Омуртаг, склучил 30-годишен мировен договор со Византија, и се зафатил со внатрешната ситуација на државата. Започнал со повторно изградување на главниот град, кој бил опожарен за време на походот на Никифор, изградил и укрепил редица градови. Ја зацврстил бугарската власт на северозапад, каде што Франките се обиделе да одделат 3 словенски племиња од Бугарија.

Борис I

Прво Бугарско Царство 
Минијатура која го прикажува Борис I.

Кај неговите наследници, Маламир (831-836) и Пресијан (836-852), продолжило проширувањето на југ и југозапад, при што кон Бугарија влегле Западна Тракија и цела Македонија со исклучок на Солун. Во почетокот на управувањето на кнез Борис (852-889) Бугарија води неуспешни војни против Византија и Германското кралство. Борис решава да го прифати христијанството како официјална религија за Бугарија, и по редица спорови и политички настани го прави тоа преку византиското духовенство во периодот 863-865. Актот на покрстувањето предизвикува пагански реакции и се стигнува до бунт, во кој педесет и два аристократски рода си заминуваат од главниот град, но се разбиени и казнети, убиени се сите членови на родот. По покрстувањето, Борис ја прима титулата кнез, како и името на својот крстител византискиот цар Михаил. По доаѓањето на учениците на Кирил и Методиј во Бугарија, кои ја донесуваат словенската писменост, Борис го прогонува византиското духовенство и започнуваат проповеди на старословенски јазик, кој станува официјален во државата.

Во 869-870 Четвртиот вселенски собор решава да ги исклучи бугарските епархии од Цариградската црква, и на тој начин се создава независна (автокефална) Бугарска архиепископија. По напуштањето на световната власт, Борис Михаил оди во манастир, од каде го продолжува црковното дело. Меѓутоа, неговиот син Владимир Расате кој бил паган решил да го укине христијанството и да го врати паганството. Свикал народен собор во 893 година, на кој се решило за кнез на Бугарите да биде избран Симеон, а главниот град да се премести од Плиска во Преслав.

Симеон I и Петар I

Прво Бугарско Царство 
Бугарија за време на цар Симеон I.

Симеон I го продолжува црковното и просветителното дело на својот татко Борис I, со тоа што засилено го помага книжевното дело во главниот град, основа книжевни центри во целата држава и сам пишува за просветителската заедница во Преслав. На надворешна сцена постигнува множество на воени успеси, со тоа што успева да ја рашири територијата на Бугарија на југ скоро до Коринт, а на запад ги достигнува земјите на денешна Албанија. На југоисток териториите достигнуваат до Одринското поле, опфаќајќи го и северниот дел на Дарданелскиот премин. Симеон си поставува за цел создавање на Бугарско-византиско Царство, која откако не успева да ја постигне преку дипломатски начини (морало да биде објавен за регент (василиопатор) на малолетниот император на Византија, но царицата-мајка го спречила договорот), се обидува со војна. Води преговори со Арапите за военоморска помош при напад против Цариград, но првиот пат делегацијата била одвлечена од пирати и продадена како робови во Цариград, а вториот пат не се доаѓа до ништо суштествено.

Симеон умира ненадејно на 27 мај 927 година во разгор на подготвувањата за опсада на Цариград. Пред својата смрт, тој се објавува за "Цар самодржец на сите Бугари и Ромеи", се титлува со титулата "цар", која била еднаква на императорската, и го објавува бугарскиот црковен поглавар за патријарх - највисокиот ранг во Источната православна црква.

По неговата смрт на престолот седнува син му, Петар I. Тој склучува мир со Византија, кој официјално му ја признава царската титула и патријаршкиот ранг на Бугарската црква. За време на управувањето на Петар, Бугарија навлегува во криза, најмногу заради нападите на Руси и Унгарци од север. Започнува распространувањето на ереси, најпозната од која била богомилството, по името на својот водач - поп Богомил. Тоа станува основа и на албигојството, кое се појавило подоцна во јужна Франција, како и на катарството.

Бугарското Царство било уништено 971 година кога било приклучено во рамките на Византија.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Прво Бугарско Царство ПочетокотПрво Бугарско Царство Крум и ОмуртагПрво Бугарско Царство Борис IПрво Бугарско Царство Симеон I и Петар IПрво Бугарско Царство ПоврзаноПрво Бугарско Царство НаводиПрво Бугарско Царство Надворешни врскиПрво Бугарско ЦарствоЈугоисточна ЕвропаАспарухБалкански ПолуостровБесарабијаВелики ПреславВизантијаДобруџаПлемеПлискаПрабугариСимеон IСтара Велика БугаријаСтари Словени

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КиселинаПридавки во македонскиот јазикНационален парк Шар ПланинаФарски ОстровиГенералот на мртвата војскаДен на сесловенските просветителиСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаМултипла склерозаВодоземциКирил ПејчиновиќЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаТелевизијаСолунски атентатиГеографија на МакедонијаХерпесДамјан МанчевскиПивара СкопјеМагнетна резонанцијаВашингтонЖелкиАлжирДенес над МакедонијаОлимписки боговиВелигденСкриеносеменициСтрептококен фарингитисОпштина Кисела ВодаВоен конфликт во Македонија (2001)Вагинален исцедокПариска мировна конференција (1919)МРП вакцинаАвстралијаФигура (стилистика)Општина БутелБРИКСРобинзон КрусоБранко ЦрвенковскиСкопско КалеПанонски легендиБуџетСтевчо ЈакимовскиГлуварчеНова МакедонијаЕврејски календарЖелезоЛимонска киселинаМарков манастирПараштитна жлездаМакедонија во Првата светска војнаЛеукемијаПатологијаБугаријаИсак ЊутнФотосинтезаАвантурите на ПинокиоОхридСимболи на МакедонијаРоберто КавалиЈаглехидратКвадарБор (дрво)Општини во МакедонијаДемократски сојузХипотироидизамКочаниЗабРамностран триаголникЦрно семе (филм)Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаМакедонски пиваРак на желудникИзборна единица 1Кронова болестТартифБозелЃорче ПетровУстав на МакедонијаКомунизам🡆 More