Битката кај Нил во 47 година п.н.е.
била битка на римската и египетската армија, при што победиле Јулиј Цезар и Клеопатра VII, против соперничката кралица Арсиное IV и кралот Птоломеј XIII, и го обезбедиле престолот во Египет.
Следејќи го Помпеј до Египет, Цезар, неодамна победник во граѓанската војна, се замешал во граѓанската војна во Египет, откако Помпеј бил убиен од кралот Птоломеј XIII во обид да го привлече Цезар на своја страна.
Од септември 48 г. п.н.е. до јануари 47 г. п.н.е., Цезар бил под опсада во Александрија, Египет со околу 4.000 војници. Тој се обидувал да ја реши египетската граѓанска војна помеѓу Птоломеј XIII и неговата сестра Клеопатра. Кога станало јасно дека Цезар бил на страна на Клеопатра, Птоломеј прво бил заробен, па потоа ослободен од Цезар. Птоломеј ја собрал својата војска и ја направил опсадата на Римјаните во мала област на Александрија.
До јануари, Египќаните почнале да добиваат предност во нивните обиди да ги отсечат Римјаните од помошните трупи и храната. Цезар побарал помошни трупи од неговиот сојузник, Митридат Пергамски, кој тргнал по копно од Мала Азија за да му помогне. Пристигнувајќи до речната делта на Нил во јануари, Митридат ја поразил египетската сила која била испратена да го запре. Цезар, добивајќи порака дека неговите сојузници се блиску, оставил мал гарнизон во Александрија и побрзал да ги пречека. Комбинираната сила од околу 20.000 војници, се сретнала со Египќаните во февруари 47 година п.н.е. во Битката кај Нил. Египетската армија, опремена на грчки начин, веројатно била со иста големина.
Цезар, знаејќи за силната египетска позиција, ја започнал битката со тоа што легиите предводени од Римјаните уништиле Птоломејска тврдина за да се обидат да ги намамат Египќаните од ридот. Меѓутоа, кога Египќаните останале на своите позиции, римската војска ги нападнала египетските сили на ридот, што резултирало во жестоки борби меѓу двете сили. Потоа, неколку римски кохорти се обиделе да ги привлечат Египќаните, но само претрпеле големи загуби откако Египќаните ги стрелале од нивните бродови. Потоа се појавил отвор во египетската линија која што римскиот контингент успеал да го искористи и да ги нападне Египќаните од задниот дел, предизвикувајќи пораз на египетската армија и бегство од бојното поле. При повлекувањето бил и Птоломеј, кој се удавил кога неговиот брод се превртел. Египет сега бил во рацете на Цезар, кој потоа ја укинал опсадата на Александрија и ја поставил Клеопатра на престолот со уште еден нејзин брат, Птоломеј XIV. Потоа тој некарактеристично се задржал во Египет до април, уживајќи во врска со младата кралица.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Битка кај Нил (47 г. п.н.е.), which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.