Бенјамин Нетанјаху: израелски политичар

Бенјамин Нетанјаху (хебрејски: בנימין נתניהו, ⓘ) — израелски политичар и сегашен премиер на Израел од 2022 година, а претходно бил на истата должност од 1996 до 1999 година и од 2009 до 2021 година.

Тој е претседател на израелската конзервативна политичка партија Ликуд од 2005 година. Нетанјаху е првиот израелски премиер кој е роден во Израел. Тој е и премиер на Израел со најдолг стаж, надминувајќи го првиот премиер на државата Давид Бен-Гурион.

Бенјамин Нетанјаху
Бенјамин Нетанјаху: Рани години, Воена кариера, Политичка кариера
Премиер на Израел
На должноста
31 март 2009 – 13 јуни 2021
Претседател Шимон Перес
Реувен Ривлин
Претходник Ехуд Олмерт
Наследник Нафтали Бенет
На должноста
18 јуни 1996 – 6 јули 1999
Претседател Езер Вајцман
Претходник Шимон Перес
Наследник Ехуд Барак
Лични податоци
Роден(а) 21 октомври 1949(1949-10-21)(74 г.)
Тел Авив, Бенјамин Нетанјаху: Рани години, Воена кариера, Политичка кариера Израел
Партија Ликуд
Сопружник
  • Мириам Вајцман (в. 1972; раз. 1978)
  • Флор Кејтс (в. 1981; раз. 1984)
  • Сара Бен-Арци (в. 1991)
Установа Масачусетски институт за технологија, Универзитет Харвард
Портал www.netanyahu.org.il

Рани години

Бенјамин Нетанјаху е роден во Тел Авив во 1949 година, во секуларно еврејско семејство, од мајка Цила Сегал и татко Бенцион Нетанјаху, родум од Варшава. Бенјамин има сефардско потекло. Тој израснал во Ерусалим, каде што го завршил основното образование. Неговото семејство во две наврати во неговите детски и тинејџерски години живеело во Филаделфија, САД, каде Бенјамин во 1967 година го завршил средното образование. Истата година се вратил во Израел и се приклучил на Израелските одбранбени сили.

Бенјамин Нетанјаху: Рани години, Воена кариера, Политичка кариера 
Нетанјаху со војник со доживотен инвалидитет здобиен во операцијата „Ентебе“

Во 1972 година заминал за САД за да студира архитектура на Масачусетскиот институт за технологија, но следната година одново се вратил во Израел и се вклучил во израелската војска за да учествува во Октомвриската војна. По завршувањето на МИТ се вработил како економски советник во светска консултантска фирма. Во 1978 година повторно се вратил во Израел. Бенјамин го основал Противтерористичкиот институт „Јонатан Нетанјаху“, именуван по неговиот брат кој загинал во операцијата Ентебе.

Воена кариера

Откако влегол во Израелските одбранбени сили кратко по Шестдневната војна во 1967 година, Нетанјаху останал на воена служба пет години. Тој бил водач на тим во специјалната разузнавачка единица Сајерет Маткал. Поважни воени операции во кои учествувал се операциите Инферно и Подарок кои биле извршени во 1968 година, а во 1972 година Нетанјаху бил дел од тимот командоси кој во рамките на операцијата Изотоп го ослободил Летот 571 на Сабена, киднапиран од припадници на палестинската организација Црн септември. Во оваа операција Нетанјаху бил повреден од негов колега кој намерил да стрела во еден од напаѓачите, но куршумот завршил во бицепсот на Бенјамин. Во воената кариера Нетанјаху бил на фронтот на Војната на исцрпување и Јомкипурската војна, учествувал во рации долж Суецкиот Канал и предводел командо офанзиви длабоко во територијата на Сирија. Нетанјаху ја напуштил војската со чин капетан.

Политичка кариера

Бенјамин Нетанјаху: Рани години, Воена кариера, Политичка кариера 
Првата средба на Нетанјаху со палестинскиот претседател Јасер Арафат на граничен пункт, 1996 г.

Во 1984 година Нетанјаху бил назначен на функцијата постојан претставник на Израел во Обединетите Нации и истата функција ја извршувал до 1988 година. Нетанјаху станал претседател на десничарската политичка партија Ликуд во 1993 година.

По три години како претседател на партијата, Нетанјаху победил на општите избори во Израел во 1996 година и со тоа станал најмладиот премиер на Израел. Тој бил на премиерската функција од јуни 1996 до јули 1999 година. Откако загубил на изборите во 1999 година, Нетанјаху се повлекол во приватниот сектор, но се вратил во политиката во 2002 година, прво како министер за надворешни работи до 2003 година, а потоа бил министер за финансии од 2003 до 2005 година. Нетанјаху се повлекол од владата на Ариел Шарон поради несогласувањата кои ги имал со планот за повлекување од Појасот Газа, согласно кој израелската војска го напуштила појасот и израелските населби во областа биле уништени и евакуирани. Како министер за финансии, Бенјамин учествувал во голема реформа на израелската економија која значително ги подобрила подоцнежните економски резултати на државата.

Нетанјаху повторно го презел раководството на Ликуд во декември 2005 година, откако дотогашниот претседател Шарон ја напуштил партијата и формирал нова партија. Во декември наредната година Нетанјаху официјално станал лидер на опозицијата во Кнесетот. По парламентарните избори во 2009 година, на кои Ликуд завршил на второ место, а десничарските партии го освоиле мнозинството, Нетанјаху формирал коалиција и по втор пат станал премиер. Тој победил и на изборите во 2013 година и со тоа станал втор премиер на Израел избран за трет мандат, што дотогаш го постигнал само основачот и прв премиер на државата Давид Бен-Гурион. Нетанјаху уште еднаш победил на изборите во 2015 година, освојувајќи четврти мандат.

Бенјамин Нетанјаху: Рани години, Воена кариера, Политичка кариера 
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се ракува со Нетанјаху, за време на претставување на план на администрацијата на Трамп за мир на Блискиот Исток

На законодавните избори кои се одржале во месец април 2019 година, партијата на Нетанјаху, Ликуд, и политичката коалиција „Сина и бела“, предводена од Бени Ганц, освоиле по 35 места во парламентот, но ниту една партија не успеала да формира влада, па поради тоа други избори биле одржани во месец септември истата година. На овие избори центристичката коалиција „Сина и бела“ успеала да добие едно пратеничко место повеќе од Ликуд. Сепак, Ганц повторно не успеал да формира влада, па поради тоа го вратил мандатот, со што Нетанјаху останал технички премиер. На 2 март 2020 година биле одржани нови законодавни избори, трети во период од една година.

Кривични истраги

Од декември 2016 година Нетанјаху е под истрага на израелската полиција во неколку случаи. Во еден случај тој е осомничен за добивање вредни подароци и бенефиции од неколку богати познаници на неговото семејство. Во друг случај пак се работи за прислушувани разговори водени меѓу Нетанјаху и Арнон Мозес, издавач на дневниот и еден од најголемите израелски весници Едиот Ахронот. Во овој случај Нетанјаху наводно понудил да помогне во ослабнување на весникот Израел Хајом, конкуренција на Едиот Ахронот, во замена за пододворувачка и попозитивна покриеност на неговата политика од страна на Едиот Ахронот. Нетанјаху индиректно е опфатен и во неколку други случаи. Ваквите обвинувања довеле до протести, но и контрапротести, поддржaни од симпатизери на Нетанјаху и неговата политичка партија Ликуд. Од ноември 2019 година Нетанјаху е обвинет за повреда на доверба, подмитување и измама. Со тоа, тој станал првиот премиер во историјата на Израел кој бил обвинет од суд.

Библиографија

  • Меѓународен тероризам: Предизвик и одговор. Transaction Publishers. 1981. ISBN 978-0878558940.
  • Тероризам:Како западот може да победи. Avon. 1987. ISBN 978-0380703210.
  • Борба со тероризмот: Како демократиите може да го победат домашниот и меѓународниот тероризам. Farrar, Straus and Giroux. 1995. ISBN 978-0374154929.
  • Издржлив мир: Израел и неговото место меѓу нациите. Grand Central Publishing. 1999 [1993]. ISBN 978-0446523066.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Бенјамин Нетанјаху Рани годиниБенјамин Нетанјаху Воена кариераБенјамин Нетанјаху Политичка кариераБенјамин Нетанјаху БиблиографијаБенјамин Нетанјаху НаводиБенјамин Нетанјаху Надворешни врскиБенјамин НетанјахуДавид Бен-ГурионЛикудПодатотека:He-Benjamin Netanyahu.oggПремиер на ИзраелХебрејски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТелефонМалтаКамилаСписок на политички партии во МакедонијаКафеава мечкаЖолчкаКрвЃорѓија СајкоскиНационализамВладо БучковскиМакедонски претседателски избори (1999)Болести и аномалии на очитеАтентат врз Киро ГлигоровЗаушкиМала РечицаСојузни држави на САДМакедонски претседателски избори (2014)Општина КавадарциКирилицаАнтарктикКристина АгилераДен на планетата ЗемјаРомски јазикКорозијаЅвезда од КутлешРаковиБосна и ХерцеговинаПреспански договорКонтинентМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Општина Македонски БродКирил ПејчиновиќОпштина СтрумицаДемократска партија (Македонија)ПретседателСтале ПоповНационален парк МавровоМакедонски денарГенералот на мртвата војскаКамен мост (Скопје)Дафина СтојаноскаПарадоксот на ДиогенГлас за МакедонијаОНАЛокални избори во Македонија (1996)АлбанијаЉубчо ГеоргиевскиЗлосторство и казнаСвети Наум Охридски ЧудотворецВодаОпштина КарбинциМакедонски претседателски избори, 2019РелигијаМакедонски пасошДаниел ДефоБиљал КасамиБогородицаОпштина ДолнениЗа наша МакедонијаЌемане (македонско)Министер за здравство на МакедонијаСписок на држави по населениеПанонска НизинаСојуз на Ромите од МакедонијаМитко ЧавковГолемата вода (роман)Десница (политика)Малиот принцАнгинаОпштина ПрилепСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Александар КирацовскиПартија за целосна еманципација на РомитеВиножитоМакедонска радио-телевизијаИнтернет🡆 More