Атентат Врз Велимир Прелиќ

Атентатот врз Велимир Прелиќ бил извршен на 13 јануари 1928 година во Скопје на мостот на Вардар, тој од страна на ВМРО се сметал за одговорен за судењето на членовите на Младата македонска тајна револуционерна организација.

За извршувањето на атентатот била задолжена тетовчанката Мара Бунева .

Хронологија

Атентат Врз Велимир Прелиќ 

По судскиот процес во Скопје против членовите на ММТРО, кај Бунева се родила желба за одмазда против српските власти во Македонија. За таа цел таа ја напуштила Софија и се упатила во Свети Врач каде што се сретнала со Иван Михајлов и од него побарала лично таа да го изврши атентатот врз Прелиќа.

Веројатно во договор со раководството на ВМРО била донесена одлука Мара Бунева да замине во Скопје, во Вардарска Македонија под српска власт и таму да отвори шапкарски дуќан. За кратко време Бунева во својот дуќан започнала да изработува женски шапки, коишто во целата област важеле за последна мода. Дамите од високото друштво во тогашно Скопје започнале да купуваат само кај Мара Бунева. На тој начин атентаторката се запознала со многу угледни личности од владеачката српска гарнитура во Македонија, а преку неговата жена, која исто така купувала шапки во нејзиниот дуќан, и со Велимир Прелиќ.

Така биле постигнати две цели, од една страна сигурно се "плетела" конспиративната мрежа околу Прелиќ, а од друга страна со парите на српските дами се полнела касата на ВМРО. На денот на извршувањето на атентатот, на пладне, Мара Бунева според тогашните српски обичаи го затворила дуќанот и тргнала кон мостот на реката Вардар. Во тој момент низ него поминувал Велимир Прелиќ, при што атентаторката истрелала три куршуми во него од кои жртвата веднаш починала. Со четвртиот куршум од револверот, Мара Бунева си го одзела животот. По извршениот атентат, според некои верзии, се обидела да се самоубие со тоа што скокнала во реката Вардар, но на повредите подлегнала во болница.

Извори

Tags:

13 јануари1928ВардарКамен мост (Скопје)Мара БуневаМлада македонска тајна револуционерна организацијаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВласиСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Демографија на МакедонијаКандидАпозиција во македонскиот јазикЈапонијаБиблијаМихаил БулгаковОпштина ВаландовоТранслитерација на македонското писмоЧинови на Армијата на МакедонијаСписок на македонски писателиКалендарГрадЕндоскопМаслинкаЗвукМакедонски ораПетроградски расказиТурска култураЛеброн ЏејмсХиндуизамСидГрчиштеБајкаМакедонски месециКомунизамКалендар на Велигденски датумиСобриМухамедРоднински односиДесет Божји заповедиПиреј (роман)Али АхметиХороскопски знациОсновни SI-единициМануил I КомнинМалтаМозочен ударЦрнила (драма)Изборна единица 5Масовни медиумиЕпително ткивоНезависна Држава МакедонијаМакедонија во Втората светска војнаСилаИзборна единица 2Прехранбена индустријаАнемијаЦрква „Св. Спас“ - СкопјеСписок на македонски зборови од турско потеклоСкопјеКоскаНародна Република КинаСписок на птици во МакедонијаМаратонГрузијаМарфанов синдромОптичка мамкаСтудена војнаПетре М. АндреевскиЧукотски автономен округЛазар Ристовски (глумец)ЈудаизамБранко ЦрвенковскиИсторија на ЕвреитеКамилиПретседателски избори во САД (2016)УкраинаСписок на земјите по БДП (номинален)Бескрајна приказнаСјогренов синдромСвета ЛуцијаСрцеЈане СанданскиСлаткаристика🡆 More