Андреас Шлитер: германски барокен архитект и вајар

Андреас Шлитер (германски: Andreas Schlüter; 13 јули 1659 – 23 јуни 1714) — германски барокен вајар и архитект кој работел во Светото Римско Царство, Полско-литванската Државна Заедница и Царска Русија.

Андреас Шлитер: Животопис, Дела, Наводи
Портрет на Шлитер од Хамбуршкиот градски дом.
Андреас Шлитер: Животопис, Дела, Наводи
Крашињскиевиот дворец
Андреас Шлитер: Животопис, Дела, Наводи
Оружарницата во Берлин.
Андреас Шлитер: Животопис, Дела, Наводи
Споменик на Големиот Изборник.
Андреас Шлитер: Животопис, Дела, Наводи
Килибарната соба

Животопис

Роден е во Гдањск (тогаш Данциг) или во Хамбург. Неговиот ран живот е недоволно јасен бидејќи во тефтерите постојат барем три различни лица со тоа име. Во записите на црквата „Св. Михаил“ во Хамбург стои дека извесен Андреас Шлитер, син вајарот Герхарт Шлитер, е покрстен во неа на 22 мај 1664 г. Во документи од Данциг/Гдањск се вели дека Андреас Шлитер (постариот) од 1640 до 1652 г. работел на улицата „Јопенгасе“ во Данџиг (денешната Пивна улица). Веројатно роден во 1640 г. извесен Андрес Шлитер (Andres Schliter) е заведен како чирак на 9 мај 1656 г. од ѕидарскиот еснаф. Други извори велат дека е роден во 1659 година.

Веројатно провел неколку години во странство како калфа. Веројатно неговото прво (но непотврдено) дело се епитафите на војводите Самбор и Мстивој во куполата на Пелплинскиот манастир, изработено во 1675 г.

Првото познато дело на Шлитер се украсите на фасадата на Кралската капела во Данциг, кои ги изработил во 1681 г. Подоцна направил статуи за Виланувскиот дворец на кралот Јан III Собјески во Варшава и гробни скулптури во Жовква. Во 1689 г. се преселил во Варшава и ги направил фронтонските релјефи и вајарските дела на Крашињскиевиот дворец.

Во 1694 г. бил поканет во Берлин од Еберхард фон Данкелман за да биде дворски вајар на Оружарницата (Zeughaus) за изборникот кнез Фридрих III. Овие извајани украси се сметаат за ремек-дело на барокниот израз и патос. Иако позабележливите релјефи однадвор ја чествувале борбеноста, статуите на борци на умирање во внатрешноста ја осудуваат војната и ги одразуваат неговите пацифистички верски убедувања (се верува дека бил менонит). Патвајќи низ Италија во 1696 г. ги изучувал делата на мајсторите како Микеланџело Буонароти and Џан Лоренцо Бернини.

Шлитер работел и како архитект и изградил доста државни зданија во Берлин во неговата улога на дворски архитект (Hofbaumeister), но бил сменет кога се покажало дека една од кулите имала лабави темели. Директорувал со Пруската академија на уметностите од 1702 до 1704 г. а потоа повторно му се предал на вајарството, овојпат како дворски вајар (Hofbildhauer). Неговата најважна коњичка статуа го величи „Големот Изборник“, Фридрих Вилхелм Бранденбуршки и излеана е во 1708 г. а потоа ставена на Долгиот мост кај Градскиот дворец во Берлин. Денес е преместена во почесниот двор пред дворецот Шарлотенбург.

Градскиот дворец во Берлин, како и многу од неговите дела, настрадале од бомбардирање во Втората светска војна и во рацете на комунистичкиот режим кој уследил. Слична судбина доживеала и Килибарната соба (изработена од 1701 до 1709 г.) — неговото најславно архитектонско дело.

Поради добриот глас, во 1713 г. Шлитер бил поканет од рускиот цар Петар Велики во Санкт Петербург и изработил разни проекти. Заедно со Јохан Фридрих Браунштајн, ги осмислил Големиот дворец и дворецот Монплезир во комплексот на Петерхоф. Му се припишува и најстарата трајна градба во градот, наречена „Кинини палати“, како и релјефите на Летниот дворец. Со ова, станал важна личност во развојот на петробарокот.

Починал во 1714 г. во Санкт Петербург по извесен период боледување. Неговиот живот е овековечен во филмот Андреас Шлитер од 1942 г. во режија на Херберт Мајш, каде улогата на Шлитер ја толкува Хајнрих Георге.

Дела

  • фасада на Кралската капела во Гдањск, 1681 г.
  • скулптури на фасадата на Виланувскиот дворец, Вашава, по 1681 г.
  • скулптури на фронтонот на Крашињскиев дворец, Варшава, 1682–3, 1689–93 г.
  • епитаф на Адам Зигмунт Конарски, катедрала „Успение на пресв. Богородица“, Фромборк кај Гдањск, по 1683 г.
  • олтар и распетие во црквата на Венгрув кај Варшава, 1688–90 г.
  • скуплтури на гробницата на династијата Собјески, Жовква кај Лавов, 1692–93 г.
  • олтар на црквата во Черњакувската црква, Варшава, 1690 г.
  • портрет на епископот Јан Малаховски во Вавелската катедрала, Краков, 1693 г.
  • коњичка статуа на изборниот кнез Фридрих Вилхелм, двориште на дворецот Шарлотенбург, Берлин, 1689–1703, со копија во Берлин, музеј „Боде“
  • Килибарна соба (денес реконструирана) во Катеринскиот дворец во Царское Село кај Санкт Петербург, 1701 г.
  • проповедница, „Св. Марија“, Берлин, 1703 г.
  • саркофази на прускиот крал Фридрих I и кралицата Софија Шарлота во Берлинската катедрала

Наводи

Надворешни врски

  • Андреас Шлитер: Животопис, Дела, Наводи  Schluter, Andreas (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.
  • Николај, Бернд (2007) "Шлитер, Андреас ". Нова германска биографија (NDB). 23. Berlin: Duncker & Humblot. стр. 111–113. (цел текст)
  • Bruck, Robert (1910), „Andreas Schlüter“, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB) (германски), 55, Leipzig: Duncker & Humblot, стр. 184–194
  • Биографија на Андреас Шлитер од Хајнц Ладендорф, 1935 г.
  • Напис за Шлитер во Моргенпост
  • Биографија на Шлитер — dhm.de

Tags:

Андреас Шлитер ЖивотописАндреас Шлитер ДелаАндреас Шлитер НаводиАндреас Шлитер Надворешни врскиАндреас Шлитер13 јули1659171423 јуниАрхитектБарокВајарГермански јазикПолско-литванска Државна ЗаедницаСвето Римско ЦарствоЦарство Русија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Браќа МиладиновциСоцијализамАбортусЗемји членки на Европската УнијаОпштина Ѓорче ПетровВодаМоликаКафеСашо ОрдановскиСтрептококен фарингитисТимчо МуцунскиПопулизамЖивотниСтевчо ЈакимовскиВикипедија на македонски јазикАнтибиотикПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеДемократска партија на Србите во МакедонијаМозокПресметување на датумот на ВелигденРечник на стари македонски зборовиУкраинаНаселениеОпштина РанковцеСкопско КалеАнтибиотик со широк спектар на дејствоОхридско ЕзероЧир на желудникотДвижење БесаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБојан ЈовановскиЃорѓија ПулевскиНационален парк ПелистерОпштествено уредувањеОпштина ДојранДржавни празници во БугаријаТапаниМитозаХипертензијаСписок на птици во МакедонијаБобан ТрајковскиМагнетна резонанцијаДржавна изборна комисијаФилип ПетровскиОпштина НовациСкриеносеменициСолунПустина (роман)Војдан ЧернодринскиПовикот на дивинатаДржавни празници во МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2014Список на дипломатски претставништва на МакедонијаОрелДијалекти на македонскиот јазикЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарИзборна единица 9Тумор на мозокБели мугриОпштини во МакедонијаЉупчо ЈордановскиАвтобиографија (Григор Прличев)Македонски претседателски избори (1994)Масакр во СребреницаВлада на Македонија од 1992Четврта влада на Никола ГруевскиПетар ПанВолфганг Амадеус МоцартПридавки во македонскиот јазикКандидУд (македонски)Сојузни држави на САДРомантизамРисСтрујно коло🡆 More