Ангстрем: единица за должина

ангстрем (шведски: ångström, симб.

Å) — единица за должина еднаква на 10-10 м (десетмилијардити дел од метарот) или 0,1 нм. Единицата е наречена во чест на шведскиот физичар Андерс Јонас Ангстрем (1814–1874).

ангстрем
Единица задолжина (L)
ОзнакаÅ 
Именувана поАндерс Јонас Ангстрем
Претворање на единици
1 ангстрем во ...... е еднакво на ...
   метри   10-10 м (m)
   сантиметри   10-8 см (cm)
   микрометри   10-4 µм (µm)
   нанометри   0,1 нм (nm)
   пикометри   100 пм (pm)
Ангстрем: Примена, Историја, Поврзано
Андерс Јонас Ангстрем

Во природните науки и техниката, ангстремот често се користи за изразување на големината на атомите, молекулите, микроскопските биолошки стуктури, должината на хемиските врски, распоредот на атомите во кристапи, бранова должина на електромагнетното зрачење и димензии на деловите на интегралното коло. Атомите на фосфорот, сулфурот и хлорот имаат ковалентен полупречник од 1 Å, додека пак атомот на водородот е со полупречник од 0,25 Å.

Примена

Единицата наоѓа широка примена во кристалографијата, физиката на тврдите тела и хемијата како единица за d-растојанија, ќелијни параметри, меѓуатомско растојание и рендгенски бранови должини. Сите овие имаат вредност помеѓу 1 и 10 Å.

Историја

Андерс Јонас Ангстрем е пионер на полето на спектроскопијата, познат и по проучувањата од областа на астрофизиката, пренесувањето на топлината, Земјиниот магнетизам и поларната светлина.

Во своето дело „Оптички проучувања“ (Optiska undersökningar, 1852) го поставува законот за впивање (апсорпција), подоцна изменет и наречен Кирхофов закон за топлинското зрачење.

Во 1868 г. Ангстрем направил шема на спектарот на сончевото зрачење во кој брановите должини на зрачењето се изразени во кратна на десетмилионити дел од милиметарот (10-7 мм) Бидејќи човечкото око е чувствително на бранови должини од 4.000 до 7.000 Å (видлива светлина), единицата изразува доволно точни вредности без да има потреба од дропки. Подоцна ангстремот се проширил во други научни области кои работат во атомски размери.

Иако е предвиден да соодветствува на 10-10 метри, практичната спектрална анализа наложила поуточнето дефинирање на ангстремот. Сè до 1960 г. за појдовна основа се земал метарскиот еталон во облик на прачка и поради тоа ангстремот отстапувал за 16000.

Во 1907 г. Меѓународниот астрономски сојуз го утврдил меѓународниот ангстрем како брановата должина на црвена линија од кадмиум во воздухот еднаква на 6438,46963 меѓународни ангстреми. Во 1927 г. оваа дефиниција е прифатена од Меѓународното биро за тегови и мерки. Од 1927 до 1960 г. ангстремот останал споредна мерна единица во спектроскопијата, дефиниран независно од метарот. Во 1960 г. самиот метар бил предефиниран на спектроскопски начин, па со тоа ангстремот бил утврден на точно 0,1 нанометри.

Иако ужива меѓународно признание, ангстремот формално не е дел од Меѓународениот систем на мерни единици (SI). Најблиската единица од овој систем е нанометарот (10-9 м). Меѓунраодниот одбор за тегови и мерки официјално препорачува ангстремот да не се користи, и затоа не е вклучен во каталогот на мерни единици на ЕУ за употреба во внатрешниот пазар.

Поврзано

Наводи

Tags:

Ангстрем ПрименаАнгстрем ИсторијаАнгстрем ПоврзаноАнгстрем НаводиАнгстремАндерс Јонас АнгстремДолжинаМерна единицаМетарНанометарФизичарШведскаШведски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на планини во МакедонијаБигорски манастирВенециско биенале за архитектураДанте АлигиериЛарингитисБожествена комедијаНикола ГруевскиБиблијаХазби ЛикаСписок на политички партии во МакедонијаБалкански рисГлас за МакедонијаГранична проверкаСписок на држави и територии во ЕвропаКонстантин МиладиновМакедонски парламентарни избори (2014)ГлаголицаМакедонски претседателски избори, 2009СрбијаБелградУрологијаЗоран ЗаевБорислав КрмовПремиер на МакедонијаИнфрацрвена спектроскопијаШтипНационален парк ГаличицаНикола КаревДемократска алтернативаМакедонски парламентарни избори (1994)Хајди (роман)Петар ГошевНационален парк МавровоОпштина СтуденичаниОпштина ЧашкаГерманијаМачкаШар ПланинаЛокални избори во Македонија (2000)РастенијаДимитар МиладиновФудбалПрва влада на Зоран ЗаевНадбубрежна жлездаПапратМакедонски парламентарни избори (2008)Драган Павловиќ ЛатасТЕЦ „Неготино“Римско ЦарствоИнтернетАбортусОпштина Ѓорче ПетровЗа наша МакедонијаФлуконазолПоткастАлександар Митевски (пејач)Антибиотик со широк спектар на дејствоМеѓународен ден на трудотАзијаr9bf6Слуз-цедење во грлотоПрва влада на Никола ГруевскиОксидационо-редукциона реакцијаЗијадин СелаЕритематозни дерматозиАвстралијаАлександар III МакедонскиСтојан АндовМолдавијаОпштина ГостиварВладо БучковскиЗагрозен видКирил ПејчиновиќЛимфомЛокални избори во Македонија (2013)ХипотироидизамБелгијаОхридски рамковен договорДемократска партија на Албанците🡆 More