Тенисер Џејмс Блејк

Џејмс Рајли Блејк (роден на 28 декември 1979 година) е американски поранешен професионален тенисер.

Џејмс Блејк
Тенисер Џејмс Блејк
ЗемјаТенисер Џејмс Блејк САД
Место на живеењеВестпорт, САД
Роден на28 декември 1979(1979-12-28)(44 г.)
Роден воЈонкерс, САД
СпортТенисер Џејмс Блејк Тенис
Висина&100000000000001850000001,85 м
Професионалец1999
Пензинониран(а)29 август 2013
Игра со• десна рака
• еднорачен бекхенд
Тренер(и)САД Брајан Баркер (1995-2009)
САД Кели Џонс (2009-2011)
Заработка$17,981,882
Поединечно
Победи-порази366–256
Титули10
Највисок пласманБр. 4 (20 ноември 2006)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенЧФ (2008)
Ролан Гарос3К (2006)
Вимблдон3К (2006, 2007)
УС ОпенЧФ (2005, 2006)
Други турнири
Мастерс купФ (2006)
Олимписки игриПФ – 4. место (2008)
Во двојки
Победи-порази132-121
Титули7
Највисок пласманБр. 31 (31 март 2003)
Сегашен пласманБр. 2081 (26 јуни 2023)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенЧФ (2005)
Ролан Гарос2К (2002)
ВимблдонПФ (2009)
УС Опен2К (2000, 2001)
Ажурирано на: 10 јули 2023.

Во својата кариера во поединечна конкуренција, тој освоил 10 титули на АТП турнејата (од 24 одиграни финалиња), и го достигнал 4-тото место на АТП листата како негово највисоко рангирање во кариерата во октомври 2006 година. Најдобрите моменти во неговата кариера вклучуваат достигнување до финалето на Тенис Мастерс куп 2006, полуфинале на Олимписките игри во Пекинг 2008 (победувајќи го светскиот бр. 1 Роџер Федерер на патот до таму), четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија 2008 и Отвореното првенство на САД 2005 и 2006, две титули на Хопман купот (во 2003 и 2004) и станувајќи американски број 1 во машка поединечна конкуренција. Тој, исто така, бил клучен играч во победничкиот состав на САД во Дејвис купот 2007, победувајќи ги двата негови натпревари во сингл во финалето на натпреваувањето против Русија.

Во 2004 година, Блејк скршил пршлен во несреќа додека тренирал. Тој целосно се опоравил, а во 2005 година му била врачена наградата Повратник на годината за неговото враќање на турнејата. Во 2008 година, тој бил прогласен за хуманитарец на годината. Во јули 2007 година, излегла во печат автобиографијата на Блејк, позната под името „Breaking Back: How I Lost Everything and Won Back My Life“, напишана заедно со Ендрју Фридман, зборува за неговото враќање по неговата сезона во 2004 година.

Блејк се повлекол од професионалниот тенис по Отвореното првенство на САД 2013, на кое загубил во пет сета од Иво Карловиќ во поединечна конкуренција и во три сета во машки двојки.

Ран живот и образование

Блејк е роден во Јонкерс, од татко Афроамериканец Томас Рејнолдс Блејк и мајка Британка, Бети. Неговиот брат Томас, исто така, бил професионален тенисер, а покрај него има и тројца постари полубраќа: Џејсон, Кристофер и Хауард, и полусестра Мишел.

Блејк почнал да игра тенис на петгодишна возраст покрај неговиот постар брат Томас. Кога имал 13 години, му била дијагностицирана тешка сколиоза и пет години како тинејџер бил принуден да носи целосна протеза за грб 18 часа дневно, иако не додека играл тенис.

Семејството Блејк се преселило во Ферфилд, Конектикат кога работата на таткото на Блејк со продажба на хируршки материјали го однела од Њујорк во Хартфорд, Конектикат. Блејк посетувал настава во Гимназијата во Ферфилд, каде што школски другар и пријател од детството му бил идниот музичар Џон Мајер. Блејк бил инспириран да се занимава со тенис откако го слушнал неговиот идол Артур Еш како зборува за јуниорската тениска програма Харлем. Брајан Баркер бил неговиот прв (и долгогодишен) тренер. Блејк го напуштил Унивзерзитето Харвард, каде што бил член на А.Д. Клуб, по неговата втора година да продолжи кариера во професионалниот тенис. Во 2018 година, тој бил избран во Колеџ куќата на славните на ИТА.

Кариера

Рана кариера

2001

На 21-годишна возраст, Блејк го имал својот прв настап во Дејвис купот во 2001 година против Индија и станал трета личност од Афроамериканско потекло што играл за Дејвис куп репрезентацијата на САД (по Артур Еш и МалиВај Вашингтон). Рангиран како бр. 120 во светот, Блејк прифатил вајлд-карта за настап на АТП Мастерсот во Синсинати. Тој победил квалификант и Арно Клеман за да стигне до осминафиналето, каде што се сретнал со Патрик Рафтер. Блејк бил блиску до освојување на првиот сет (паднал во тај-брејк), а откако го испуштил вториот сет, Рафтер, според автобиографијата на Блејк, му дал комплимент на мрежата и неизмерно ја зголемил неговата самодоверба велејќи: „Сега веруваш ли дека можеш да победиш некој како мене, па дури и мене?". Името на Блејк станало попрепознатливо ширум светот меѓу тениските фанови откако тој играл натпревар во пет сета со подоцнежниот шампион на Отвореното првенство на САД, Лејтон Хјуит.

2002

Во јануари 2002 година, Блејк победил на УСТА Ваиколоа Челенџерот на Хаваи. Еден месец подоцна во Мемфис ја забележал својата прва победа над топ-10 противник, совладувајќи го Томи Хас, кој тогаш бил рангиран како бр. 5, и стигнал до финалето, каде загубил од Енди Родик. Тој стигнал до четвртфиналето на турнирот од АТП Мастерс серијата во Рим во мај и до финалето во Њупорт во јули. Во август, во Синсинати, тој ја освоил својата прва титула на АТП турнејата во кариерата и првата титула на некој од турнирите од АТП Мастерс серијата: таа дошла во двојки со Тод Мартин, со што Блејк станал првиот афроамериканец кој освои титула од секаков вид во 101-годишната историја на Синсинати. Тој, исто така, бил првиот Афроамериканец кој стигнал до финале во Синсинати од 1969 година, кога Артур Еш стигнал до финалето во двојки со Чарли Пасарел. Следната недела во Вашингтон, тој ја освоил својата прва титула на АТП турнејата во сингл, победувајќи го Андре Агаси во полуфиналето и Парадорн Сричафан во финалето. На Отвореното првенство на САД, тој стигнал до третото коло, каде повторно се соочил со првиот носител и светски рекет број еден Лејтон Хјуит, во реприза од претходната година Блејк повторно бил поразен во пет сета.

2003

Во 2003 година, неговите најдобри резултати биле настапот во четвртфиналето на Индијан Велс; осминафинале на Австралијан Опен, Синсинати и Мајами. Покрај тоа, стигнал до полуфиналето во Сан Хосе и финалето во Лонг Ајленд, каде загубил од Сричафан. На Отвореното првенство на САД, Блејк бил елиминиран во 3. коло од Роџер Федерер.

2004

Следната 2004, била тешка година за Блејк. Во мај, додека тренирал со Роби Џинепри за Мастерсот во Рим, тој го скршил вратот откако се лизнал на земјата и се судрил со стативата од мрежата. Блејк го скршил седмиот пршлен, но не претрпел никакво оштетување на нервите и на крајот можел целосно да се опорави од повредата. Во јули, неговиот татко починал од рак на желудникот. Во исто време, Блејк развил зостер, што привремено го парализирало половина од неговото лице и му го заматило видот.

Најдобрите години во кариерата (2005-2008)

2005

Повредите и личните проблеми на Блејк предизвикале тој да има релативно лоши резултати во првата половина од 2005 година. До април неговиот ренкинг бил 210-то место. Тој одлучил да игра на турнирите од Челинџер турнејата, турнир од „понизок ранг“ во тенисот, со цел да ја врати самодовербата и да добие повеќе натпревари. Во мај, тој настапил на турнирите во Туника (Мисисипи) и Форест Хилс (Њујорк), и ги освоил двете. Тој повторно се приклучил на АТП турнејата и во август стигнал до финалето на турнирот од International серијата во Вашингтон, каде што загубил од Родик. Тој добил вајлд-карта за Синсинати, но немал среќа со ждрепката извлекувајќи го Федерер во првото коло. Потоа, тој го освоил турнирот во Њу Хејвен, Конектикат, победувајќи го Фелисијано Лопес во финалето, со што стигнал до својата втора АТП титула во кариерата, после повеќе од три години откако ја освоил својта прва во Вашингтон. По Њу Хејвен, тој бил рангиран на 49-тото место на АТП листата.

Блејк добил вајлд карта за учество на Отвореното првенство на САД. Откако го победил светскиот рекет бр. 2 Рафаел Надал во осминафиналето, Блејк го победил Томи Робредо во четири сета и стигнал до четвртфиналето каде што се соочил со сонародникот Андре Агаси. Натпреварот во доцните вечерни часови се смета за еден од најголемите класици во историјата на турнирот. Блејк имал два сета и брејк предност во третиот, кога Агаси го започнал своето враќање и на крајот победил во тај-брејк во петтиот сет. По мечот Агаси рекол: „Не бев јас победник, тенисот беше“. Подоцна, во завршницата на сезоната во октомври, Блејк ја освоил својата трета титула на АТП турнејата во Стокхолм, победувајќи го Сричафан во финалето. Блејк ја завршил 2005 година на 22. место во светот.

2006

На почетокот на 2006 година, Блејк ја освоил титулата во Сиднеј, освојувајќи ја својата четврта АТП титула, победувајќи го Русинот Игор Андреев во финалето. На Австралијан Опен тој бил 20-ти носител, и покрај поразот во третото коло од шпанецот Томи Робредо, тој се пробил во топ 20 за прв пат во неговата кариера. Во март, тој дошол до неговата петта АТП титула во кариерата и втора во 2006 година, победувајќи го Лејтон Хјуит во финалето на турнирот во Лас Вегас. На првиот турнир од АТП Мастерс серијата за оваа година, Мастерсот во Индијан Велс, Блејк му се реванширал на Робредо совладувајќи го во третото коло, а потоа го добил и светскиот рекет број 2, Рафаел Надал во полуфиналето, стигнувајќи до своето прво финале во кариерата на некој од турнирите од АТП Мастерс серијата; сепак, во финалето бил убедливо поразен од светскиот рекет број 1, Федерер со 3-0 во сетови (последниот сет дури го загубил со 0). Со пласманот во финалето, Блејк станал првиот Афроамериканец по Артур Еш што стигнал до најдобрите 10 во светот.

На Ролан Гарос го победил шпанецот Николас Алмагро во четири сета во второто коло, со што станал последниот преостанат Американец во жребот, а потоа бил елиминиран од французинот Гаел Монфис во пет сета. Сезоната на трева ја започнал во Квинс, каде го победил Енди Родик во полуфиналето, а потоа загубил во финалето од Хјуит. На Вимблдон, како осми носител тој изненадувачки бил елиминиран во третото коло од Макс Мирни од Белорусија во пет сета, и покрај водството од 2-1 во сетови. Во месец јули, тој го освоил турнирот од УС Опен серијата во Индијанаполис, совладувајќи го Родик во финалето со 4–6, 6–4, 7–6(7–5), со што се пробил на петтото место на АТП листата од следниот ден. Откако разочарал на двата Мастерси во пресрет на Отвореното првенство на САД, губејќи во второто коло и во Торонто и во Синсинати, Блејк пристигнал во Њујорк со цел да го подобри одличниот резултат од претходната година. Откако со одлична игра, резултатски убедливо, ги добил првите четири натпревари губејќи притоа само еден сет (во третата рунда од Карлос Моја), тој се пласирал во четвртфиналето, во кое повторно, по трет пат во годината, бил поразен од Федерер. Сепак, за разлика од претходните нивни дуели, овојпат Блејк понудил поголема борба и успеал да го освои својот прв сет во дуелите со швајцарецот, откако триумфирал во тајбрејкот од третиот сет со 11-9.

Во својот дебитантски настап на Отвореното првенство на Тајланд во Бангкок, Блејк ја освоил својата седма титула во сингл во кариерата, победувајќи ги Јарко Ниеминен во четвртфиналето, Марат Сафин во полуфиналето, и Иван Љубичиќ (за прв пат во кариерата) во финалето. Две недели подоцна, Блејк стигнува и до петтата титула во 2006 година, успевајќи да го одбрани насловот од претходната година во Стокхолм со победа над Јарко Ниеминен во финалето. Одличната година му носи квалификација на тенискиот Мастерс куп во Шангај, за прв пат во неговата кариера. Тој забележа скор од 2–1 во златната група, победувајќи ги Надал и Николај Давиденко, додека загубил само од Томи Робредо, што му било доволно да се квалификува во полуфиналето. Таму, тој го совладал Давид Налбандијан, пред да загуби уште еднаш од Федерер во финалето.

Годината 2006, била најдобрата за Блејк во кариерата, завршувајќи ја со скор од 59 победи и 25 порази. Тој освоил пет титули (изедначен со Надал и Давиденко) во годината, што бил втор најдобар резултат, единствено, светскиот рекет број 1 Федерер, со 12 титули ја завршил годината со повеќе од него. Исто така, тој ја завршил годината на четвртото место на АТП листата, што воедно било и неговиот најдобар пласман во кариерата.

2007

Во 2007 година, Блејк победил на турнирот во Сиднеј втора година по ред. Сепак, потоа тој претрпел разочарувачки пораз во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, губејќи од десеттиот носител и подоцнежен финалист Фернандо Гонсалес. Во февруари, Блејк стигнал до финалето на турнирот во Делреј Бич, но го загубил тоа финале од Белгиецот Ксавиер Малис во три тесни сета.

На Tennis Channel Open 2007 во Лас Вегас, како бранител на титулата, тој бил вклучен во длабока контроверзија. Тоа бил еден од неколкуте турнири на кои АТП експериментирале со новиот формат на играње по Бергеров систем. Блејк го загубил својот прв натпревар во групата од Евгениј Королев. Королев потоа го загубил неговиот втор натпревар од Хуан Мартин дел Потро, па за да се пласира во четвртфиналето, Блејк морал да го победи Дел Потро во два сета во кој би загубил само пет гема или помалку. Тоа би резултирало со изедначен број на победи и порази помеѓу тројцата играчи, при што Блејк би имал најмалку загубени гемови и би се пласирал во четвртфиналето. Иако се одело одлично за Блејк и тој бил на пат да го оствари потребниот резултат водејќи со 6-1 и 3-1, работите се закомплицирале кога Дел Потро одлучил да го предаде мечот; со тоа Дел Потро останал надвор од игра, бидејќи не успеал да заврши еден од своите натпревари. Како резултат на тоа што резултатите на Дел Потро не бил земени в предвид, Королев бил играчот кој се пласирал во следната рунда, бидејќи го победил Блејк во нивниот директен дуел. Набргу потоа, организаторите ги отфрлиле упатствата на турнирот, давајќи му на Блејк место во четвртфиналето. Следното утро, сепак, тие уште еднаш ја промениле одлуката и како резултат на тоа, Королев повторно се пласирал во четвртфиналето, додека Блејк бил елиминиран. Набргу по овој инцидент, АТП одлучил да го откаже форматот со Бергеров систем, враќајќи ги сите турнири планирани да се играат на таков начин во стандардната единечна елиминација.

За време на летната сезона на турнири на тврда подлога, тој се пласирал во своето второ финале во кариерата на турнирите од АТП Мастерс серијата. Тоа се случило на Мастерсот во Синсинати, каде тој ги победил Алехандро Фаља, Николас Кифер, Хуан Карлос Фереро, Сем Квери и Николај Давиденко на патот до финалето пред да падне по седми пат во кариерата од Роџер Федерер. Покрај тоа, тој ја освоил титулата во Њу Хејвен и стигнал до финалето во Лос Анџелес, каде загубил од Радек Штепанек во три сета откако имал три сет-топки во првиот сет. Во второто коло на УС Опен 2007, тој го добил својот прв меч во кариерата во пет сета против Фабрис Санторо. Блејк стигнал до четвртото коло, каде што загубил од светскиот бр. 10 Томи Хас во пет сета, и покрај тоа што имал меч топки во петтиот сет. Во септември Блејк и остатокот од тимот на САД ја поразиле Шведска за да стигнат до финалето на Дејвис купот против Русија.

Во завршницата од сезоната, Блејк загубил во третото коло на Мастерсот во Париз од Ришар Гаске и на тој начин завршил надвор од најдобрите осум играчи на годишната АТП листа, губејќи ја својата шанса да ги одбрани бодовите што ги стекнал како финалист на Мастерс купот 2006, што пак резултирало со негово испаѓање од топ 10 на главната АТП листа, завршувајќи ја годината како светски рекет бр. 13. Во финалето на Дејвис купот 2007 Блејк го добил својот прв натпревар против Михаил Јужни, што се случило откако Енди Родик го победил Дмитриј Турсунов во првиот сингл натпревар. Следниот ден Боб и Мајк Брајан победиле во двојки против Игор Андреев и Николај Давиденко, запечатувајќи ја победата на САД во Дејвис купот. Блејк, исто така, го победил Турсунов во последниот натпревар од финалето и му донел победа на тимот на САД со 4–1.

2008

На Австралијан Опен, Блејк го победил својот противник во првото коло, чилеанецот Николас Масу со 6-3, 6-2, 6-2. Со истиот резултат тој бил подобар и од сонардоникот Мајкл Расел во втората рунда, а во третата морал да се опорави од два сета негатива за да го победи за првпат во кариерата францускиот ветеран Себастиен Грожан, по трите порази во исто толку одиграни претходни средби со него. Во четвртото коло, Блејк го победил Марин Чилиќ во три сета за да се пласира во четвртфиналето. Во четвртфиналето, Блејк се соочил повторно со светскиот рекет број 1, Роџер Федерер, и загубил со 3-0 во сетови 7-5, 7-6(7–5), 6-4. И покрај елиминацијата од Австралијан опен, Блејк повторно скокнал во топ 10 до местото бр. 9 на АТП рангирањето по неговиот најдобар настап на првиот грендслем дотогаш во кариерата.

Во Делреј Бич, Блејк стигнал до финалето втора последователна година, но таму неочекувано загубил од 244-то рангираниот Кеи Нишикори од Јапонија во три сета 6-3, 1-6, 4-6. На Мастерсите во Индијан Велс и Мајами тој стигнал до четвртфиналето каде и во двата случаи загубил од Рафаел Надал во три сета. Потоа, Блејк ја започнал сезоната на земјени терени на турнирот во Хјустон, Тексас. Во неговото второ финале на АТП турнирите за оваа година и неговото прво финале во кариерата на земјена подлога, Блејк паднал во рацете на шпанецот Марсел Гранолерс, кој славел во три сета.

Во август 2008 година, Блејк го претставувал САД како еден од нивните тројца машки тенисери во поединечна конкуренција на Олимписките игри во Пекинг. Во четвртфиналето, тој остварил една од најголемите победи во неговата кариерата совладувајќи го за првпат во кариерата Роџер Федерер со 6–4, 7–6. Со оглед на фактот дека Федерер бил светски рекет бр. 1, со самото тоа Блејк стигнал и до првата и единствена во кариерата победа над играч рангиран на првото место на АТП листата. Во полуфиналето тој играл против Фернандо Гонсалес, бронзен медалист од Олимписките игри 2004 во Атина. Блејк имал три врзани меч топки во последниот сет, но на крајот загубил со 11–9. Потоа, тој го загубил и мечот за бронзениот медал од србинот Новак Ѓоковиќ.

На Отвореното првенство на САД, Блејк морал да мине низ трилер од 5 сета против американскиот тинејџер Доналд Јанг во првото коло. Потоа лесно го добил својот меч од второто коло откако Стив Дарсис се повлекол, а потоа загубил од својот добар пријател и сонародник Марди Фиш во третото коло со 3-0 во сетови. Годината ја завршил рангиран во топ 10, на последното 10 место.

Подоцнежна кариера

2009

Блејк го победил Франк Данчевиќ во првото коло на Австралијан Опен. Неговите успеси продолжиле и во второто коло откако тој го совладал французинот Себастиен де Шонак во меч преполн со бучава од трибните и лоши судиски одлуки. Во продолжение тој се соочил со 18-тиот носител, Игор Андреев од Русија, во третото коло и остварил уште една победа иако го загубил првиот сет на турнирот, славејќи со 6-3, 6-2, 3-6, 6-1. Неговиот пат на австралискиот грендслем завршил во четвртото коло, кога со 3-0 во сетови загубил од вицешампионот од 2008 година, Жо-Вилфред Цонга.

На АТП Ешторил 2009 Блејк се пласирал во своето прво финале на земјена подлога на европско тло, откако го победи вториот носител и поранешен шампион во Ешторил, Николај Давиденко, во полуфиналето кое било прекинато поради дожд, а потоа било префрлено за следниот ден поради слаба светлина. Така, од како го завршил полуфиналето со Давиденко, подоцна истиот ден Блејк морал да излезе повторно на терен за да го одигра финалето во кое бил поразен од шпанецот Алберт Монтањес, во кое 28-годишниот Монтањес спасил две меч топки при резултат 4-5 во вториот сет и успеал да направи пресврт за да го победи четвртиот носител Блејк за два часа и 14 минути.

Во Квинс, Блејк ги победил Иван Љубичиќ, Сем Квери и Михаил Јужни и се пласирал во полуфиналето. Потоа, стигнал и до финалето откако Енди Родик го предал мечот поради повреда на зглобот при резултат 4-4 во првиот сет. Во финалето тој загубил од Енди Мари во два сета 7-5, 6-4. Откако бил елиминиран во првото коло во поединечна конкуренција, Блејк му бил партнер на сонародникот Марди Фиш во конкуренција на машки двојки на Вимблдон. Американската двојка се пласирала во полуфиналето, каде што загубиле од бранителите на титулата Даниел Нестор и Ненад Зимоњиќ и покрај тоа што ги освоиле првите два сета.

По поразот во 3. коло на УС Опен 2009 од шпанскиот тенисер Томи Робредо, Блејк се разделил со долгогодишниот тренер Брајан Баркер. Тој бил заменет од Кели Џонс.

2010

На Австралијан Опен 2010, Блејк загубил од четвртиот носител и шампион на УС Опен, Хуан Мартин дел Потро во второто коло во пет сета (со 8–10 во одлучувачкиот сет). Потоа тој ја пропуштил сезоната на земјени терени поради повреда на коленото, враќајќи се во акција на Вимблдон, каде што загубил во првото коло од Робин Хасе. Блејк го обвинил коментаторот на ESPN и поранешна тенисерка Пам Шрајвер дека ја попречувала играта поради нејзиниот премногу гласен коментар од боксот каде што се наоѓала над теренот зад него, што довело до вербална расправа меѓу нив двајцата за време на натпреварот. По натпреварот, Блејк изјавил дека доколку не му се смират проблемите со коленото, ќе размислува за пензија. Блејк одбил да земе какви било антиинфламаторни лекови за коленото, па го нарекол неговиот настап „срамен“ и додал „Не можам да ги победам овие момци со 80 проценти“. И покрај овие коментари, Блејк ја одиграл сезоната на тврда подлога во САД и стигнал до третото коло на УС Опен 2010, каде што загубил од финалистот Новак Ѓоковиќ. Блејк ја завршил годината рангиран надвор од Топ 100 за првпат уште од 2000 година.

2011-2013; последните години и пензија

Помеѓу почетокот на 2011-2013 година, Блејк останал рангиран надвор од најдобрите 50 тенисери во светот, поради повторливи повреди и падови во формата. Во текот на трите сезони, тој стигнал до едно полуфинале на АТП турнејата, во Стокхолм 2011. Во 2013 година, Блејк објавил дека ќе се пензионира, после УС Опен. На последниот турнир во неговата кариера, Блејк изгубил уште во првото коло од хрватот Иво Карловиќ и покрај тоа што водел со 2-0 во сетови (7-6, 6-3, 4-6, 6-7, 6-7).

Во 2019 година, тој бил избран во Колеџ куќата на славните.

АТП финалиња во кариерата

Поединечно: 24 (10 титули, 14 финалист)

Легенда
Гренд слем турнири (0–0)
АТП финале (0–1)
АТП Мастерс 1000 (0–2)
АТП серија 500 (1–1)
АТП серија 250 (9–10)
Финалиња по подлога
Тврда (10–9)
Земја (0–2)
Трева (0–3)
Тепих (0–3)
Резултат П/И Турнир Година Подлога Противник Резултат
пораз 0-1 АТП Мемфис, Мемфис, САД 2002 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Енди Родик 4–6, 6–3, 5–7
пораз 0-2 АТП Њупорт, Њупорт, САД 2002 трева Тенисер Џејмс Блејк  Тејлор Дент 1–6, 6–4, 4–6
победа 1-2 АТП Вашингтон, Вашингтон, САД 2002 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Парадорн Сричафан 1–6, 7–6(7–5), 6–4
пораз 1-3 АТП Лонг Ајленд, Лонг Ајленд, САД 2003 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Парадорн Сричафан 2–6, 4–6
пораз 1-4 АТП Вашингтон, Вашингтон, САД 2005 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Енди Родик 5–7, 3–6
победа 2-4 АТП Њу Хејвен, Њу Хејвен, САД 2005 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Фелисијано Лопес 3–6, 7–5, 6–1
победа 3-4 АТП Стокхолм, Стокхолм, Шведска 2005 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Парадорн Сричафан 6–1, 7–6(8–6)
победа 4-4 АТП Сиднеј, Сиднеј, Австралија 2006 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Игор Андреев 6–2, 3–6, 7–6(7–3)
победа 5-4 АТП Лас Вегас, Лас Вегас, САД 2006 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Лејтон Хјуит 7–5, 2–6, 6–3
пораз 5-5 Мастерс Индијан Велс, Индијан Велс, САД 2006 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Роџер Федерер 5–7, 3–6, 0–6
пораз 5-6 АТП Квинс, Лондон, Велика Британија 2006 трева Тенисер Џејмс Блејк  Лејтон Хјуит 4–6, 4–6
победа 6-6 АТП Индијанаполис, Индијанаполис, САД 2006 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Енди Родик 4–6, 6–4, 7–6(7–5)
победа 7-6 АТП Бангкок, Бангкок, Тајланд 2006 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Иван Љубичиќ 6–3, 6–1
победа 8-6 АТП Стокхолм, Стокхолм, Шведска (2) 2006 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Јарко Ниеминен 6–4, 6–2
пораз 8-7 Мастерс куп, Шангај, Кина 2006 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Роџер Федерер 0–6, 3–6, 4–6
победа 9-7 АТП Сиднеј, Сиднеј, Австралија (2) 2007 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Карлос Моја 6–3, 5–7, 6–1
пораз 9-8 АТП Делреј Бич, Делреј Бич, САД 2007 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Ксавиер Малис 7–5, 4–6, 4–6
пораз 9-9 АТП Лос Анџелес, Лос Анџелес, САД 2007 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Радек Штепанек 6–7(7–9), 7–5, 2–6
пораз 9-10 Мастерс Синсинати, Синсинати, САД 2007 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Роџер Федерер 1–6, 4–6
победа 10-10 АТП Њу Хејвен, Њу Хејвен, САД (2) 2007 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Марди Фиш 7–5, 6–4
пораз 10-11 АТП Делреј Бич, Делреј Бич, САД 2008 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Кеи Нишикори 6–3, 1–6, 4–6
пораз 10-12 АТП Хјустон, Хјустон, САД 2008 земја Тенисер Џејмс Блејк  Марсел Гранољерс 4–6, 6–1, 5–7
пораз 10-13 АТП Ешторил, Ешторил, Португалија 2009 земја Тенисер Џејмс Блејк  Алберт Монтањес 7–5, 6–7(6–8), 0–6
пораз 10-14 АТП Квинс, Лондон, Велика Британија (2) 2009 Трева Тенисер Џејмс Блејк  Енди Мари 5–7, 4–6

Двојки: 10 (7 титули, 3 финалист)

Легенда
Гренд слем турнири (0–0)
АТП финале (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–0)
АТП серија 500 (0–2)
АТП серија 250 (6–1)
Финалиња по подлога
Тврда (4–2)
Земја (3–0)
Трева (0–0)
Тепих (0–1)
Резултат Бр. Турнир Година Подлога Партнер Противници Резултат
победа 1-0 Мастерс Синсинати, Синсинати, САД 2002 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Тод Мартин Тенисер Џејмс Блејк  Махеш Бупати
Тенисер Џејмс Блејк  Макс Мирни
7–5, 6–3
победа 2-0 АТП Скотсдејл, Скотсдејл, САД 2003 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Марк Мерклајн Тенисер Џејмс Блејк  Марк Филипусис
Тенисер Џејмс Блејк  Лејтон Хјуит
6–4, 6–7(2–7), 7–6(7–5)
победа 3-0 АТП Сан Хозе, Сан Хозе, САД 2004 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Марди Фиш Тенисер Џејмс Блејк  Рик Лич
Тенисер Џејмс Блејк  Брајан МекФи
6–2, 7–5
победа 4-0 АТП Хјустон, Хјустон, САД 2004 земја Тенисер Џејмс Блејк  Марди Фиш Тенисер Џејмс Блејк  Рик Лич
Тенисер Џејмс Блејк  Брајан МекФи
6–3, 6–4
победа 5-0 АТП Минхен, Минхен, Германија 2004 земја Тенисер Џејмс Блејк  Марк Мерклајн Тенисер Џејмс Блејк  Јулијан Ноул
Тенисер Џејмс Блејк  Ненад Зимоњиќ
6–2, 6–4
пораз 5-1 АТП Мемфис, Мемфис, САД 2006 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Марди Фиш Тенисер Џејмс Блејк  Крис Хагард
Тенисер Џејмс Блејк  Иво Карловиќ
6–0, 5–7, [5–10]
пораз 5-2 АТП Базел, Базел, Швајцарија 2007 тепих Тенисер Џејмс Блејк  Марк Ноулс Тенисер Џејмс Блејк  Боб Брајан
Тенисер Џејмс Блејк  Мајк Брајан
1–6, 1–6
победа 6-2 АТП Хјустон, Хјустон, САД 2012 земја Тенисер Џејмс Блејк  Сем Квери Тенисер Џејмс Блејк  Трет Конрад Хјуи
Тенисер Џејмс Блејк  Доминик Инглот
7–6(16–14), 6–4
пораз 6-3 АТП Мемфис, Мемфис, САД 2013 тврда (с) Тенисер Џејмс Блејк  Џек Сок Тенисер Џејмс Блејк  Боб Брајан
Тенисер Џејмс Блејк  Мајк Брајан
1–6, 2–6
победа 7-3 АТП Делреј Бич, Делреј Бич, САД 2013 тврда Тенисер Џејмс Блејк  Џек Сок Тенисер Џејмс Блејк  Макс Мирни
Тенисер Џејмс Блејк  Орија Текау
6–4, 6–4

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Тенисер Џејмс Блејк Ран живот и образованиеТенисер Џејмс Блејк КариераТенисер Џејмс Блејк АТП финалиња во кариератаТенисер Џејмс Блејк НаводиТенисер Џејмс Блејк Надворешни врскиТенисер Џејмс БлејкТенисер

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АлпразоламДен на сесловенските просветителиГрб на МакедонијаМултипла склерозаСписок на македонски народни и староградски песниХерпесБања БанскоШаховски правилаКоле АнгеловскиСписок на реки во МакедонијаТетовоБистра вода (серија)БудимпештаГрадски парк (Скопје)ЕтанолИсак ЊутнСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваМали сипанициАнтички МакедонциПенис (човек)Филип II МакедонскиРимГеографија на МакедонијаКире КостадиновскиГрадови во ГерманијаХепатитЗемја (планета)ПискавицаМарков манастирГрадови во ИталијаРуса треваИшијасКиро ДоневДарко ПанчевДељадровциЗнаме на ГрцијаЗалив на КоскитеЛимфен системМакедонски ораСвети Климент ОхридскиGСкратеници во македонскиот јазикДиазепамКонопПет струмички студентиСкопска Црна ГораСвети Јоаким ОсоговскиВоденТегавецАвантурите на ПинокиоБалкански ПолуостровГорица (Албанија)МарихуанаСолунски атентатиАмонијакПоградецЖивотниПере ТошевСвети ИлијаАбортусКокошкаВоен конфликт во Македонија, 2001ЛазарополеКолешински ВодопадКирил ПејчиновиќИсторија на автомобилотОкеанГаличникБродец (Скопско)Рак на грлоПланетаЕпилепсијаОпштина СарајАлцхајмерова болестПреспавКалиопиМасакр во ВелесПравоаголен триаголник🡆 More