Рафаел Надал: Шпански тенисер

Рафаел Рафа Надал Парера шпански изговор: ; роден на 3 јуни 1986) е шпански професионален тенисер моментално рангиран на 2.

место на АТП листата. Тој е познат како најдобриот играч на земјена подлога во историјата и поради тоа е именуван како "Крал на Земјината подлога." Покрај земјата, тој е подеднакво добар и на останатите подлоги, и поради тоа се смета за еден од најдобрите сестрани играчи во историјата на тенисот, и според многумина – вклучувајќи го и поранешниот Светски бр. 1. Андре Агаси – најдобар тенисер на сите времиња.

Рафаел Надал Парера
Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва
Рафаел Надал на Отвореното првенство на Франција 2014
ЗемјаРафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва Шпанија
Место на живеењеМанакор, Балеарски Острови, Шпанија
Роден на3 јуни 1986(1986-06-03)(37 г.)
Роден воМанакор, Балеарски Острови, Шпанија
СпортРафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва Тенис
Висина&100000000000001850000001,85 м
Професионалец2001
Игра со• лева рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Тони Надал
(1990—) Карлос Моја (2017-)
Заработка$ 100,564,598
Веб-сајтrafaelnadal.com
Поединечно
Победи-порази903-187
Титули79
Највисок пласманБр. 1 (18 август 2008)
Сегашен пласманБр. 2 (14 јуни 2018)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенW (2009)
Ролан ГаросW (2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2017, 2018)
ВимблдонW (2008, 2010)
УС ОпенW (2010, 2013, 2017)
Други турнири
Мастерс купF (2010, 2013)
Олимписки игриРафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва Златен медал (2008)
Во двојки
Победи-порази116–67
Титули9
Највисок пласманБр. 26 (8 август 2005)
Сегашен пласман-
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен3R (2004, 2005)
Вимблдон2R (2005)
УС ОпенSF (2004)
Ажурирано на: 18 јуни 2018.
Олимписки медали
Натпреварувач за Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва Шпанија
Машки Тенис
Златен медал - прво место 2008 Пекинг поединечно

Надал има освоено 17 Гренд слем титули, олимписко злато во поединечна конкуренција, рекордни 27 титули од АТП Мастерс 1000 серијата и рекордни 15 титули од АТП 500 серијата. Тој исто така бил дел од победничкиот шпански дејвис куп тим во 2004, 2008, 2009 и 2011. Во 2010, тој станал седмиот тенисер во историјата и најмладиот од четворицата во Опен ерата кој ги освоил сите четири Гренд слем турнири. Тој е вториот тенисер, по Андре Агаси, кој успеал да стигне до златен слем во кариерата. Во 2011, Надал ја добил наградата светски спортист на годината.

Надал и Матс Виландер се единствените двајца играчи во историјата кои освоиле барем две Гренд слем титули на три подлоги - тврда, земја и трева. Со освојувањето на Отвореното првенство на Франција 2014, Надал станал единствениот тенисер кој на еден Гренд слем турнир успеал да освои девет титули и првиот кој десет години по ред освоил барем една титула, со што го соборил рекордот од осум години на Бјорн Борг, Пит Сампрас, и Роџер Федерер. Исто така тој се израмнил со бројот на освоени Гренд слем титули со Пит Сампрас на второто место зад Роџер Федерер кој има освоено 20 титули. Тој го држи рекордот и за најмногу освоени титули на еден турнир, осум на Мастерсот во Монте Карло.

Детство и почетоци

Рафаел Надал е роден во Манакор, Балеарските Острови, Шпанија, како дете на Себастијан Надал, стопанственик кој поседува компанија за осигурување, компанија за стакло и прозорци и раководи свој ресторан. Неговата мајка, Ана Марија Парера е домаќинка. Тој има помлада сестра која се вика Марија Изабел. Неговиот чичко, Мигел Анхел Надал, е пензиониран поранешен фудбалер, кој играл за Мајорка, Барселона, и за сениорскиот тим на Шпанија. Надал е навивач на Реал Мадрид и на Мајорка. Во светот на тенисот, Рафаел бил внесен на тригодишна возраст од страна на неговиот друг чичко, Тони Надал, поранешен професионален тенисер, кој го забележал неговиот талент.

На осумгодишна возраст, Надал го освоил регионалното тениско првенство до 12 години а истовремено играл и фудбал. Неговиот чичко кој го тренирал интензивно, го охрабрил Надал да игра со левата рака поради предност на тенискиот терен, откако забележал дека Надал форхенд ударите ги игра со две раце. Тони сметал дека неговиот бекхенд удар ќе има корист од неговата силна десна рака. Тој игра со левата рака, а пишува со десната.

Кога Надал имал 12 години, тој освојувал разни јуниорски титули во Шпанија и Европа во својата возрасна категорија и истовремено играл фудбал и бил напаѓач кој ветува. Меѓутоа, неговиот татко му кажал дека мора да бира помеѓу тенисот и фудбалот, за да не трпи неговото образование. Надал го избрал тенисот.

Две години подоцна, тениската федерација на Шпанија инсистирала Надал да ја напушти Мајорка и да се пресели во Барселона каде би можел повеќе да тренира и да напредува. Семејството на Надал ја одбило оваа понуда, поради тоа што мислеле дека тоа ќе го назадува образованието на Надал, и поради тоа што Тони Надал изјавил: "Не мислам дека треба да отидеш во Америка, или на друго место за да станеш добар спортист. Тоа можеш да го сториш и од дома." Одлуката да остане дома значела дека Надал ќе добива помалку финаниски средства од федерацијата, па така таткото Себастијан морал да ги покрива сите трошоци. Во мај 2001, во егзибиционен натпревар на земја, Надал го победил поранешниот Гренд слем шампион, Пет Кеш.

Надал станал професионалец на 15 годишна возраст, а како јуниор настапил на само два ИТФ турнири, од кои едниот бил Вимблдон во јуниорска конкуренција на кој успеал да стигне до полуфиналето.

Со само 17 години, тој го победил Роџер Федерер на нивниот прв меѓусебен натпревар и станал најмладиот тенисер кој стигнал до третото коло на Вимблдон по Борис Бекер. На 19 годишна возраст, Надал сензационално го освоил Отвореното првенство на Франција, уште на својот прв настап во Париз. Тој успешно ја одбранил титулата и во наредните четири години. Во 2003, тој ја добил АТП наградата за најдобар млад играч. Уште во почетокот на својата кариера, Надал станал познат по својата навика да ги гризе титулите кои ги освоил.

Тениска кариера

2002–2004

Во април 2002, на возраст од 15 години и 10 месеци, рангиран на 762. место на АТП листата, Надал ја забележал својата прва победа на АТП натпревар, победувајќи го Рамон Делгадо, со што станал само деветтиот играч во Опен ерата кој тоа го сторил пред шеснаесеттата година. Следната година, Надал освоил два челинџер турнири и годината ја завршил во најдобрите 50. На својот прв настап на Вимблдон во 2003, Надал станал најмладиот играч кој стигнал до третото коло на турнирот по Борис Бекер во 1984.

Во 2004, Надал стигнал до третото коло на Отвореното првенство на Австралија каде во три сета бил поразен од Лејтон Хјуит. Интересно, доколку победел, тој во второто коло за противник ќе го имал Роџер Федерер. Подоцна во годината, Надал го одиграл својот прв натпревар против Светскиот бр. 1 Роџер Федерер на Мастерсот во Мајами, и победил во два сета, а потоа во следното коло бил поразен од Фернандо Гонсалес. Тој бил еден од шесте играчи кои го победиле Федерер во годината (заедно со Тим Хенман, Алберт Коста, Густаво Куертен, Доминик Хрбати, и Томаш Бердих). Тој го пропуштил поголемиот дел од сезоната на земја, вклучувајќи го и Отвореното првенство на Франција, поради напукнување на зглобот на левата нога.

Надал, на 18 години и 6 месеци, станал најмладиот играч кој забележал победа во финалето на Дејвис Купот за победничката држава. Со победата над Светскиот бр. 2 Енди Родик, тој помогнал Шпанија да ја освои титулата во Дејвис Купот во 2004 со вкупна победа од 3–2 над тимот на САД. Тој ја завршил годината рангиран на 51. место на АТП листата.

2005: Прва Гренд слем титула

На Отвореното првенство на Австралија, Надал како и минатата година бил поразен од Лејтон Хјуит кој овојпат стигнал до финалето. Два месеци подоцна, Надал стигнал до финалето на Мастерсот во Мајами, но и покрај тоа што бил на само два бода од победа во три сета, тој на крајот во пет сета загубил од Роџер Федерер. Овие два настапи биле клучни за пробивот на Надал.

Тој бил доминантен во пролетната сезона на Земјина подлога и остварил 24 победи по ред, со што го соборил рекордот на Андре Агаси во победи по ред од страна на тинејџер. Надал го освоил турнирот во Барселона и го победил Гуљелмо Корија во финалињата на Мастерс турнирите во Монте Карло и Рим. Со овие победи, тој се искачил на 5. место на АТП листата и станал еден од најголемите фаворити на престојното Отворено првенство на Франција. На неговиот 19. роденден, во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција, Надал го победил Федерер и го обезбедил своето прво Гренд слем финале во кариерата. Тој бил еден од четирите играчи кои успеале да го победат Федерер годината (останатите се Марат Сафин, Ришар Гаске, и Давид Налбандијан). Два дена подоцна, тој го победил Маријано Пуерта во финалето, и станал вториот играч по Матс Виландер кој триумфирал уште на првиот настап. Тој исто така станал првиот тинејџер кој освоил Гренд слем титула по Пит Сампрас кој тоа го сторил на Отвореното првенство на САД во 1990 на 19 години. Со освојувањето на својата прва Гренд слем титула, тој се искачил на 3. место на АТП листата.

Три дена по неговата победа во Париз, неговата серија од 24 победи по ред била прекината на турнирот во Хале на тревна подлога, каде тој бил поразен од германецот Александар Васке. На Вимблдон, тој уште во второто коло бил поразен од Жил Милер.

Веднаш по Вимблдон, Надал го освоил турнирот во Баштад победувајќи го во финалето Томаш Бердих. Следната недела, Надал повторно освоил титула, остварувајќи победа над Гастон Гаудио во финалето на Отвореното првенство на Штутгарт. Тој ја зголемил својата победничка низа на 16 натпревари и ја освоил титулата на следниот турнир на кој настапил, на Роџерс Купот во Монтреал, каде во финалето бил подобар од Андре Агаси. Со освоените три титули, тој се искачил на 2. место на АТП листата.

Надал не успеал да дојде и до четвртата титула по ред, и на следниот турнир, на Мастерсот во Синсинати загубил уште во првото коло од Томаш Бердих. На Отвореното првенство на САД, Надал бил втор носител, но бил изненаден во третото коло од Џејмс Блејк во четири сета.

Во септември, Надал бил подобар од Корија во финалето на Отвореното првенство на Кина и победил на двата свои натпревари во Девис Купот против Италија. Следниот месец, тој стигнал до четвртата АТП Мастерс титула во годината, победувајќи го Иван Љубичиќ во финалето на Мастерсот во Мадрид. Тој го повредил стапалото на ногата и бил приморан да се откаже од последниот турнир во сезоната, Тенискиот Мастерс Куп.

Надал исто како Федерер освоил единаесет титули од кои четири на Мастерс турнирите во годината. Надал го соборил претходниот тинејџерски рекорд на Матс Виландер од девет титули во 1983. Осум тиули тој освоил на земја, а останатите три на тврда подлога. Во сезоната тој имал вкупно 79 победи, две помалку од Федерер. Тој ја освоил наградата „Golden Bagel“ за најмногу добиени сетови без изгубен гем, вкупно единаесет. Исто така, тој станал најдобро пласираниот шпански тенисер на крајот на една сезона и ја добил АТП наградата за играч со најголем напредок.

2006: Втора титула на Ролан Гарос и финале на Вимблдон

На почетокот на сезоната, Надал го пропуштил Отвореното првенство на Австралија поради повреда на стапалото. Во февруари, тој стигнал до полуфиналето на својот прв турнир во сезоната, турнирот во Марсеј. Две недели подоцна, тој му го нанел првиот пораз на Федерер во сезоната, во финалето на турнирот во Дубаи (во 2006, Надал и Енди Мари биле единствените кои го победиле Федерер). Надал пролетната сезона на тврда подлога ја завршил на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами. На првиот, бил поразен во полуфиналето од Џејмс Блејк, а во Мајами уште на стартот бил изненаден од Карлос Моја.

Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва 
Надал со пехарот на Отвореното првенство на Франција

На европската земја, Надал ги освоил сите четири турнири на кои настапил, победувајќи на вкупно 24 натпревари по ред. Тој го победил Федерер во финалето на Мастерсот во Монте Карло во четири сета. Следната недела, тој забележал победа над Томи Робредо во финалето на Отвореното првенство на Барселона. По една недела пауза, Надал го освоил Мастерсот во Рим, победувајќи го Федерер во пет сета, во натпревар во кој спасил две меч топки. Со оваа титула, тој се изедначил со тинејџерскиот рекорд на Бјорн Борг од 16 освоени титули. Надал го соборил 29 години стариот рекорд на Гуљелмо Вилас од 53 победи по ред на земја со победата во првото коло на Отвореното првенство на Франција. Надал повторно стигнал до финалето во Париз но овојпат за противник го имал Роџер Федерер. Надал успеал да ја освои својата втора Гренд слем титула на Отвореното првенство на Франција и станал првиот играч кој го победил Федерер во финале на Гренд слем.

Надал го повредил рамото во четвртфиналниот натпревар против Лејтон Хјуит на турнирот во Квинс, Лондон на трева. Тој не можел да продолжи во натпреварот, и со тоа ја завршил победничката низа која траела 26 натпревари. Надал бил втор носител на Вимблдон, но бил на само два бода од пораз од квалификантот Роберт Кендрик во второто коло пред да се врати во натпреварот и да победи во пет сета. Во третото коло, Надал бил подобар од Андре Агаси, за кој овој Вимблдон бил последен во неговата кариера. Во следните три натпревари Надал забележал максимални победи во три сета и се пласирал во финалето, во кое за противник го имал трикратниот победник на Вимблдон, Роџер Федерер. Тој бил првиот шпанец кој заиграл во финалето на Вимблдон по Мануел Сантана во 1966, но сепак бил поразен од Федерер, кој успеал да ја освои четвртата последователна титула на Вимблдон.

Следен турнир за Надал бил Роџерс Купот, каде во третото коло бил поразен од Томаш Бердих. Потоа тој играл на Мастерсот во Синсинати, но во два тај брејк сета бил поразен од Хуан Карлос Фереро во четвртфиналето. Надал бил назначен за втор носител на Отвореното првенство на САД, но бил елиминиран во четвртфиналето од Михаил Јужни.

До крајот на годината Надал одиграл уште три турнири. Јоаким Јохансон, рангиран на 690. место на АТП листата, го изненадил Надал, победувајќи го во второто коло на Отвореното првенство на Стокхолм. Следната недела, на Мастерсот во Мадрид, Надал во четвртфиналето бил поразен од Томаш Бердих. Последен турнир за Надал во сезоната бил Тенискиот Мастерс Куп. Тој групната фаза ја започнал со поразот од Џејмс Блејк, но потоа нанижал две победи над Томи Робредо и Николај Давиденко и се пласирал во полуфиналето, во кое загубил од Федерер.

Шпанецот годината ја завршил на 2. место на АТП листата втора последователна година.

2007: Трета титула на Ролан Гарос и финале на Вимблдон

Надал ја започнал годината играјќи на шест турнири на тврда подлога. На своите први два турнири, тој бил поразен во полуфиналето и првото коло редоследно, а потоа на Отвореното првенство на Австралија во четвртфиналето бил поразен од финалистот Фернандо Гонсалес. На турнирот во Дубаи, тој во четвртфиналето бил запрен од Михаил Јужни, но една недела подоцна успеал да ја освои титулата на Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. На последниот турнир на тврда подлога, на Мастерсот во Мајами, Надал не успеал вторпат во две недели да триумфира над Ѓоќовиќ, и бил поразен од него во два сета.

Како и вообичаено, Надал бил многу посупешен на европските турнири на земја. Тој ги освоил титулите на Мастерсот во Монте Карло, Отвореното првенство на Барселона и на Мастерсот во Рим, пред да биде поразен од Роџер Федерер во финалето на Мастерсот во Хамбург. Овој пораз ја завршил рекордната победничка серија на Надал од 81 победа по ред на земја. Надал трети пат во кариерата успеал да ја освои Гренд слем титулата на Отвореното првенство на Франција, повторно победувајќи го Федерер во финалето

Во меѓувреме, Надал го победил Федерер во егзибиционен натпревар во Мајорка, каде половина терен бил трева а половина земја.

Надал заиграл на терените на Квинс Клуб Првенствоот и овојпат успеал да стигне до четвртфиналето, во кое загубил од Николас Мау. Надал повторно бил назначен за втор носител на Вимблдон, и откако во третото и четвртото коло преживеал натпревари во пет сета, стигнал до финалето во кое и вторпат по ред бил поразен од Федерер, но овојпат во пет сета.

Во јули, Надал ја освоил титулата на турнирот во Штутгарт, која била последна за него во годината. Тој играл три важни турнири за време на северноамериканската летна турнеја на тврда подлога. Тој бил полуфиналист на Роџерс Купот во Монтреал а потоа го загубил својот прв натпревар на Мастерсот во Синсинати од Хуан Монако. Тој бил назначен за втор носител и на Отвореното првенство на САД, но во четвртото коло бил поразен од Давид Ферер.

По пауза од еден месец, Надал се вратил на терените и заиграл на Мастерс турнирите во Мадрид и Париз. И на двата турнири, најпрво во четвртфиналето во Мадрид, а потоа и во финалето во Париз, Надал бил поразен од Давид Налбандијан. На крајот на годината, на Тенискиот Мастерс Куп во Шангај, во групната фаза Надал ги добил натпреварите против Ришар Гаске и Новак Ѓоковиќ и се пласирал во полуфиналето, во кое како и во минатата година бил совладан од Федерер.

За време на втората половина од годината, Надал пател од повреда на коленото здобиена во финалето на Вимблдон. На крајот на годината се појавиле гласини дека се е тоа последица на недоволно залечената повреда на стапалото здобиена во 2005. Претставникот на Надал за јавноста ова го негирал, а и самиот Надал приказната ја нарекол "тотална лага".

2008: Титули на Ролан Гарос и Вимблдон и олимписко злато

Надал ја започнал годината играјќи во Индија, каде бил поразен од Михаил Јужни во финалето на Отвореното првенство на Ченај. На Отвореното првенство на Австралија, тој стигнал до полуфиналето за првпат во својата кариера, но таму бил поразен од Жо-Вилфрид Цонга. До полуфинале тој успеал да стигне и на Мастерсот во Индијан Велс, но овојпат бил поразен од Новак Ѓоковиќ кој бил во одлична форма откако претходно успеал да ја освои својата прва Гренд слем титула, на Отвореното првенство на Австралија. Две недели подоцна, на Мастерсот во Мајами, Надал заиграл подобро и стигнал до финалето, во кое во два сета загубил од Николај Давиденко.

Сезоната на земјена подлога Надал ја одиграл одлично освојувајќи четири титули и победувајќи го Роџер Федерер во три финалиња. Тој во два сета го победил Федерер на Мастерсот во Монте Карло со што успеал по четврти последователен пат да ја освои титулата. Една недела подоцна, тој стигнал по четврти последователен пат и до титулата на турнирот во Барселона победувајќи го Давид Ферер во финалето. Надал за првпат во кариерата успеал да ја освои титулата на Мастерсот во Хамбург победувајќи го Федерер во три сета. Одличните резултати тој ги продолжил освојувајќи го Отвореното првенство на Франција, со што станал петтиот тенисер во Опен ерата кој освоил Гренд слем без да изгуби ниту еден сет. Тој третпат последователно го победил Федерер во финалето, но ова бил еден од нивните наједнострани натпревари, бидејќи Федерер добил само четири гема и за првпат по 1999 година загубил сет со 6–0. Ова била четврта последователна титула на Надал во Париз, изедначувајќи го рекордот на Бјорн Борг.

Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва 
Надал против Андреас Бек во првото коло на Вимблдон 2008

Надал и Федерер се сретнале во финалето на Вимблдон трета последователна година во натпревар кој бил однапред предвиден. Надал влегол во финалето со серија од 23 натпревари без пораз, вклучувајќи ја и првата титула во кариерата на трева на турнирот Квинс во Лондон одигран пред Вимблдон. Од друга страна, Федерер влегол во финалето без да загуби сет, а пред Вимблдон успеал да дојде и до петтата рекордна титула на турнирот во Хале. За разлика од нивните две претходни финалиња, овојпат Федерер не бил изразит фаворит, и според аналитичарите Надал имал големи шанси во двобојот. Тие го одиграле најдолгиот финален натпревар во историјата на Вимблдон во поглед на времето, и поради прекините поради дожд, Надал го освоил петтиот одлучувачки сет со 9–7 во речиси мрак. Натпреварот беше нашироко пофален како најдобро Вимблдон финале на сите времиња, а според многу тениски критичари и како најдобар тениски натпревар на сите времиња.

Со освојувањето на првата титула на Вимблдон, Надал станал третиот тенисер во Опен ерата кој ги освоил Отвореното првенство на Франција и Вимблдон во иста година, по Род Лејвер во 1969, и Борг во 1978–80, како и вториот шпанец кој го освоил Вимблдон. Тој исто така ја завршил рекордната серија на Федерер од пет последователни титули на Вимблдон и 65 последователни победи на трева.

По Вимблдон, Надал ја продолжил својата победничка серија на рекордни во кариерата 32 натпревари. Тој ја освоил својата втора титула на Роџерс Купот во Торонто, а потоа стигнал и до полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, во кое загубил од Новак Ѓоковиќ. Поради слабите резултати на Федерер на овие два турнири, Надал конечно станал светски Бр. 1 на 18 август, завршувајќи ја серијата на Федерер од четири и пол години на врвот на АТП листата.

На Летните олимписки игри во Пекинг, Надал забележал победи над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето и над Фернандо Гонсалес во финалето освојувајќи го своето прво олимписко злато. Тој станал првиот тенисер рангиран во првите пет кој успеал да освои златен олимписки медал.

На Отвореното првенство на САД, Надал за првпат бил прв носител на Гренд слем турнир. Тој не изгубил сет во првите три кола, победувајќи квалификанти во првото и второто коло и Виктор Троицки во третото коло. Потоа во четвртото коло и во четвртфиналето тој загубил по еден сет од американците Сем Квери и Марди Фиш за во полуфиналето да биде поразен од Енди Мари. Две недели подоцна, во полуфиналето на Дејвис купот, Надал остварил победи над Сем Квери и Енди Родик со што Шпанија го елиминирала тимот на САД и се пласирала во финалето.

На Мастерсот во Мадрид, Надал стигнал до полуфиналето во кое загубил од Жил Симон. Сепак, со овој резултат тој го обезбедил првото место на АТП списокот на крајот на годината и станал првиот шпанец на кој тоа му успеало. На 24 октомври во театарот Кампоамор во Овиедо, Шпанија, Надал бил одликуван со наградата на Принцот на Астурија во категоријата спорт, како признание за неговите успеси во тенисот. На последниот турнир во годината, на Мастерсот во Париз, Надал стигнал до четвртфиналето каде за противник го имал Николај Давиденко. Надал го загубил првиот сет со 6–1, а потоа го предал натпреварот поради повреда на коленото. Следната недела, Надал го откажал учеството од завршниот Тениски Мастерс куп во Шангај, наведувајќи поради воспаление на тетивата на коленото. На 10 ноември, тој го откажал учеството и од финалето на Дејвис купот против Аргентина, поради тоа што неговото колено не било сè уште заздравено.

2009: Титула на Отвореното првенство на Австралија

Прв турнир за Надал во годината бил турнирот во Доха, Катар. По победата во првото коло над Фабрис Санторо, на Надал му била доделена наградата за најдобар играч за 2008 година од страна на АТП. Два дена подоцна, тој бил поразен во четвртфиналето од Гаел Монфилс. Надал решил да настапи на турнирот и во двојки и заедно со Марк Лопес, ја освоил титулата победувајќи ги во финалето бр. 1 пар во светот Даниел Нестор и Ненад Зимоњиќ.

На Отвореното првенство на Австралија, Надал своите први пет натпревари ги добил без да загуби сет, а во полуфиналето во пет сета го совладал Фернандо Вердаско во натпревар кој траел 5 часа и 14 минути. Со оваа победа тој закажал прво Гренд слем финале против Роџер Федерер на тврда подлога. Надал успеал да го победи швајцарецот во пет сета и да дојде до својата прва Гренд слем титула на тврда подлога, со што станал првиот шпанец победник на Отвореното првенство на Австралија и четврти тенисер по Џими Конорс, Матс Виландер, и Андре Агаси кој освоил Гренд слем титули на три разлини подлоги. Со оваа победа тој станал првиот тенисер во историјата кој поседувал три Гренд слем титули на три различни подлоги во исто време.

Следен турнир за Надал бил турнирот во Ротердам каде тој стигнал до самото финале во кое бил поразен од Енди Мари во три сета. За време на финалето, Надал се пожалил на проблем со тетивата на десното колено, кој најверојатно влијаел на неговата игра во последниот сет. Поради оваа повреда, тој го откажал учеството од турнирот во Дубаи.

Во март, Надал и помогнал на Шпанија во победата над Србија во првото коло од светската група во Дејвис купот остварувајќи победи над Јанко Типсаревиќ и Новак Ѓоковиќ. Со победата над Ѓоковиќ, шпанецот стигнал до својата дванаесетта последователна победа во Дејвис купот притоа зголемувајќи го својот биланс на победи-порази против Ѓоковиќ на 11–4, како и 6–0 на земја.

На Мастерсот во Индијан Велс, Надал ја освоил својата тринаесетта АТП Мастерс 1000 титула. Во четвртото коло, Надал спасувал пет меч топки, пред да забележи победа над Давид Налбандијан за првпат. Во четвртфиналето, Надал бил подобар од Хуан Мартин дел Потро а во полуфиналето забележал победа и над Енди Родик. Во финалето тој лесно го совладал Енди Мари со 6–1, 6–2. Следен турнир за Надал бил Мастерсот во Мајами. Тој во четвртото коло остварил победа над Станислас Вавринка во два тајбрејк сета, но во четвртфиналето за првпат во кариерата бил поразен од Дел Потро.

Сезоната на земја, Надал ја започнал на Мастерсот во Монте Карло каде ја освоил својата петта последователна титула тука, победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Тој станал прв тенисер во историјата кој еден мастерс турнир го освоил пет пати последователно.

Следен турнир за Надал бил турнирот во Барселона. Во реприза на финалето од минатата година, Надал повторно забележал победа над Давид Ферер и ја освоил својата петта последователна титула во Барселона. На Мастерсот во Рим, Надал заиграл во финалето без загубен сет на турнирот и забележал победа над Новак Ѓоковиќ во два сета. Тој станал првиот тенисер со четири титули во Рим.

Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва 
Надал на Мастерсот во Мајами

По освојувањето на двете мастерс титули на земја, Надал заиграл на Мастерсот во Мадрид исто така на земјена подлога. Тој забележал победи над Јирген Мелцер, Филип Колшрајбер, Фернандо Вердаско и Новак Ѓоковиќ редоследно и се пласирал во финалето во кое бил поразен од Роџер Федерер. Оваа победа за Федерер била прва над шпанецот по победата во полуфиналето на Тенискиот мастерс куп во 2007.

Со победата над Лејтон Хјуит во третото коло на Отвореното првенство на Франција, Надал поставил рекорд од 31 последователна победа во Париз, соборувајќи го претходниот рекорд од 28 победи на Бјорн Борг. Оваа серија на Надал била запрена на 31 мај 2009, кога шпанецот бил изненадувачки поразен од Робин Седерлинг во четвртото коло. Овој пораз на Надал бил прв, и досега, негов единствен пораз на францускиот Гренд слем.

По изненадувачкиот пораз на Ролан Гарос, Надал го откажал учеството на турнирот Квинс на трева. Подоцна било потврдено дека Надал има запаление на тетивите на двете колена. На 19 јуни, Надал го откажал учеството на Вимблдон, наведувајќи повреда на колената. Тој бил прв победник кој не ја бранел титулата по Горан Иванишевиќ во 2001. Роџер Федерер успеал да ја освои титулата и со тоа се вратил на врвот на АТП листата.

На 4 август, тренерот на Надал, Тони Надал, потврдил дека Надал се враќа на терените на Роџерс купот во Монтреал. Таму, на својот прв турнир по Отвореното првенство на Франција, Надал бил поразен во четвртфиналето од Хуан Мартин дел Потро. Со овој пораз, тој му го препуштил второто место на АТП списокот на Енди Мари, и за првпат по 25 јули 2005 не бил рангиран во првите два на листата. На Отвореното првенство на САД, шпанецот како и минатата сезона стигнал до полуфиналето, но овој пат бил поразен од дел Потро кој подоцна и стигнал до својата прва Гренд слем титула. И покрај поразот, Надал повторно се вратил на 2. то место на АТП листата по раниот пораз на Мари.

Азиската турнеја, Надал ја започнал на Отвореното првенство на Кина во Пекинг каде што стигнал до полуфиналето во кое бил поразен од Марин Чилиќ. Една недела подоцна, Надал направил чекор понапред и заиграл во финалето на Мастерсот во Шангај во кое загубил од Николај Давиденко.

На завршниот Мастерс во годината во О2 арената во Лондон, Надал бил поразен од Робин Седерлинг, Николај Давиденко, и Новак Ѓоковиќ редоследно притоа не освоил ниту еден сет.

Во декември, Надал бил дел од своето второ Дејвис куп финале во кариерата, против Чешка. Тој го победил Томаш Бердих во првиот натпревар и го донел првиот бод за Шпанија во двобојот. Откако Шпанија ја обезбедила својата четврта титула во Дејвис купот, Надал бил подобар од Јан Хајек во натпревар кој немал резултатско значење. Оваа победа за Надал била 14. последователна победа во натпреварите од Дејвис купот (13. на земја).

Надал ја завршил годината на 2. то место на АТП листата четврта година во последните пет години. Тој ја освоил наградата „Golden Bagel“ за најмногу (9) сетови кои ги добил со 6–0.

Соперништва

Надал - Федерер

Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва 
Надал и Федерер во финалето на Вимблдон 2006

Федерер и Надал меѓусебно играат од 2004, и нивното соперништво е значаен дел од нивните кариери. Двајцата ги држеле првите две места на АТП листата од јули 2005 до 14 август 2009, сè до падот на Надал на 3.то место на листата (Енди Мари се искачил на 2. то место). Тие се единствените двајца тенисери кои четири години последователно завршувале на врвот на АТП листата. Надал се искачил на 2. то место во јули 2005 и останал на него рекордни 160 последователни недели, за во август 2008 да се искачи на првото место.

Меѓусебе тие имаат играно 33 пати, при што Надал има позитивен биланс од 23–10 и 9–2 на Гренд слем турнирите. Петнаесет од натпреварите биле одиграни на земја, која за Надал претставува статистички најдобра подлога, а за Федерер најлоша. Надал исто така има позитивен биланс од 9-6 против Федерер на тврда подлога. Федерер има позитивен биланс на трева (2–1) и на тврда подлога во сала (4–1) додека Надал води на тврда подлога на отворено со 8–2 и на земја со 13–2.

Од 33. те меѓусебни двобои, дваесет биле финални натпревари, а 8 биле Гренд слем финалиња. Од 2006 до 2008, тие играле во секое финале на Отвореното првенство на Франција и Вимблдон, а исто така играле за титулата на Отвореното првенство на Австралија во 2009 и на Отвореното првенство на Франција во 2011. Надал бил подобар од Федерер на 6 од 8. те финални двобои, губејќи ги само првите две финалиња на Вимблдон. Три од овие финалиња биле одиграни во пет сета при што финалето на Вимблдон 2008 според многумина е најдобар натпревар на сите времиња.

Надал - Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и Надал досега се имаат сретнато 42 пати (повеќе од било кои други играчи во Опен ерата) и Надал има позитивен биланс од 23–19. Надал води на трева со 2–1 и на земја со 14–4, но Ѓоковиќ е подобар на тврда подлога со биланс од 14–7. Во 2009, ова соперништво било прогласено за трето најголемо во последните 10 години од страна на ATPworldtour.com. Ѓоковиќ и Федерер се единствените играчи кои имаат остварено барем десет победи над Надал, а Ѓоковиќ е единствениот кој го има поразено Надал седум пати последователно и двапати последователно на земја. Двајцата претходно го делеле рекордот за најдолг натпревар во три сета (4 часа и 3 минути) остварен во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид во 2009, пред тој да биде соборен од страна на Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро во полуфиналето на олимпискиот турнир во Лондон, натпревар кој траел 4 часа и 26 минути. Двајцата исто така играле меѓусебно во 12 Мастерс финалиња.

Во финалето на Вимблдон 2011, Ѓоковиќ бил подобар со 3–1 во сетови забележувајќи ја првата победа над Надал во едно Гренд слем финале. Ѓоковиќ исто така го победил Надал и во финалето на Отвореното првенство на САД истата година. Во 2012, Ѓоковиќ го победил Надал во финалето на Отвореното првенство на Австралија остварувајќи трета последователна победа во Гренд слем финалињата. Ова финале било најдолго Гренд слем финале во историјата на Опен ерата траејќи 5 часа и 53 минути. Нивните последни три меѓусебни двобои во 2012 завршиле во корист на Надал кој бил подобар во финалињата на Мастерс туринирте во Монте Карло и Рим, како и на Отвореното првенство на Франција. Во 2013, Ѓоковиќ во два сета славел над Надал во финалето на Мастерсот во Монте Карло, со што ја завршил серијата на Надал од осум последователни победи тука, но Надал се одмаздил освојувајќи го Отвореното првенство на Франција по осми пат победувајќи го србинот во пет сета. Во август 2013, Надал бил подобар од Ѓоковиќ на Роџерс Купот во Монтреал, како и во финалето на Отвореното првенство на САД. Во нивниот трет меѓусебен двобој во 2014, Надал забележал победа во финалето на Отвореното првенство на Франција, освојувајќи ја титулата по рекорден деветти пат.

Надал - Мари

Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва 
Надал и Мари во Токио

Надал и Енди Мари од 2007 до сега се имаат сретнато дваесет пати и Надал води во меѓусебните двобои со 15-5. Надал има биланс од 6–0 на земја, 3–0 на трева и 6–5 на тврда подлога. На Гренд слем турнирите Надал и Мари осум пати имаат играно еден против друг при што Надал води со 6–2 (3–0 на Вимблдон, 1–0 на Отвореното првенство на Франција, 1–1 на Отвореното првенство на Австралија и 1–1 на Отвореното првенство на САД). Седум од овие осум натпревари биле одиграни во четвртфинале или полуфинале, правејќи го соперништвото важен дел од кариерите на двајцата тенисери. Тие досега се немаат сретнато во Гренд слем финале, но сепак Мари води со 2–1 во АТП финалињата.

Во 2011, Надал забележал три полуфинални Гренд слем победи над Мари. Неверојатно е тоа што во 19 поранешни извлечени жрепки на Гренд слем турнирите, Надал и Мари дури 16 пати биле извлечени во иста половина. Последниот меѓусебен двобој Надал и Мари го имале во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2014, каде Надал лесно победил со 3–0 во сетови.

Надвор од терените

Вмешаност во фудбал

Надал е страствен навивач на фудбалскиот клуб Реал Мадрид. На 8 јули 2010, било објавено дека тој станал акционер на локалниот клуб Мајорка, во обид да му помогне на клубот поради долговите кои клубот ги имал. Надал наводно поседува 10 проценти и му било понудено потпретседателското место во клубот кој тој го одбил. Неговиот чичко Мигел Анхел Надал, во сезоната 2010-11 бил помошник тренер на Михаел Лаудруп во клубот.

Набрзо откако пројавил интерес, Надал ја повикал УЕФА за очигледна хипокризија поради исфрлањето на клубот од Европа Лигата во сезоната 2010-11 поради прекумерни долгови, изјавувајќи преку потпаролот на клубот, "Доколку тоа се кристериумите под кои УЕФА работи, тогаш европското натпреварување би требало да се состои од само два или три клубови бидејќи сите останати исто така имаат долгови."

Тој исто така е верен навивач на репрезентацијата на Шпанија, и бил еден од шесте лица на кои им било дозволено да влезат во соблекувалната на Шпанија веднаш по победата на Светското првенство во 2010.

Покер

Во јуни 2012, Надал се приклучил на групата од спортски поддржувачи на онлајн покер собата PokerStars. Во декември 2013, Надал победил на хуманитарен покер турнир на кој учествувал поранешниот бразилски фудбалер Роналдо и четири други натпреварувачи.

Филантропија

Надал земал учество во тајландскиот проект "Милион дрва за Кралот", засадувајќи дрво во чест на Кралот Бумибол Адулјадеџ во неговата посета на Хуа Хин за време на Отвореното првенство на Тајланд во 2010. "За мене претставува чест да бидам дел од овој проект", рекол Надал. "Проектот е многу добар. Сакам да им честитам на тајланѓаните и на Кралот за овој неверојатен ден. Посакувам се најдобро за оваа идеја. Тоа е многу многу убаво."

Фондација Рафаел Надал

Фондацијата Рафел Надал била создадена во ноември 2007, а нејзината официјална презентација се случила во февруари 2008, во тенискиот клуб Манакор во Мајорка. Фондацијата се фокусирала на социјална работа и помош за развој особено на детството и младите. На прашањето зошто решил да отвори фондација, надал рекол "Ова може да биде почеток на мојата иднина, кога ќе се повлечам и ќе имам повеќе време, [...] добро ми оди и сум должен кон општеството, [...] Пред месец и пол бев во Ченај, во Индија. Вистината е дека ние живееме одлично тука....Јас можам да придонесам нешто со мојата слика..." Надал бил инспириран од хуманитарниот натпревар против маларијата кој го организирал заедно со Икер Касиљас. Тој изјавил: "Собравме сума на пари за која не можевме ни да замислиме. Му се заблагодарувам на Икер, мојот партнер во проектот, кој придонесе со сета своја сила, [...] Затоа дојде време да создадам сопствена фондација и да ја одредам намената на парите."

Неговата мајка, Ана Марија Парера, е претседател на фондацијата а неговиот татко Себастијан е потпретседател. Неговиот тренер и чичко Тони Надал како и неговиот агент и поранешен тенисер Карлос Коста исто така се вмешани. И покрај тоа што ситуацијата во Индија силно го погодила, Надал најпрво сакал да им помогне на "луѓето во близина, на Балеарските Острови, во Шпанија, а потоа доколку е можно, и надвор."

На 16 октомври 2010, Надал отворил своја тениска академија за обесправените деца во Анантапур, Индија.

Личен живот

Надал живеел со своите родители и својата помлада сестра Марија Изабел во петсобен стан во родниот град Манакор, Мајорка. Во јуни 2009, шпанскиот весник La Vanguardia, а потоа и The New York Times, објавиле дека неговите родители, Ана Марија и Себастијан, се разделиле. Слабите резултати на Надал во тој период, како и падот од првото место на АТП листата биле директно поврзани со разводот на неговите родители.

Надал за себе вели дека е агностик. Додека бил младо момче, тој од училиште со трчање се враќал дома да го гледа Гоку од анимираната јапонска цртана серија, Змејска топка (Dragon Ball). СНН објавиле статија за детските инспирации на Надал, нарекувајќи го "змејска топка на тенисот" поради неговиот необичен стил на игра "од друга планета."

Покрај тенисот и фудбалот, Надал ужива играјќи голф и покер. Во април 2014, тој одиграл натпревар во покер против прворангираната покерашка во светот Ванеса Селбст во Монако. Автобиографијата на Надал, Рафа (Hyperion, 2012, ISBN 1401310923), напишана со помош од Џон Карлин, била објавена во август 2011.

Статистика

Настапи на Гренд слем турнирите

Турнир 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 Тит Поб–Пор Победи %
Отворено првенство на Австралија О 3R 4R О QF SF W QF QF F О F 1 / 9 41–8 83.67
Отворено првенство на Франција О О W W W W 4R W W W W W 9 / 10 66–1 98.50
Вимблдон 3R О 2R F F W О W F 2R 1R 4R 2 / 10 39–8 82.98
Отворено првенство на САД 2R 2R 3R QF 4R SF SF W F О W О 2 / 10 41–8 83.67
Победи-Порази 3–2 3–2 13–3 17–2 20–3 24–2 15–2 25–1 23–3 14–2 14–1 16–2 14 / 39 187–25 88.21
    Финалиња: 20 (14-6)
Исход Година Гренд Слем Подлога Противник Резултат
Победник 2005 Отворено првенство на Франција Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Маријано Пуерта 6–7(6–8), 6–3, 6–1, 7–5
Победник 2006 Отворено првенство на Франција (2) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 1–6, 6–1, 6–4, 7–6(7–4)
Финалист 2006 Вимблдон Трева Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 0–6, 6–7(5–7), 7–6(7–2), 3–6
Победник 2007 Отворено првенство на Франција (3) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 6–3, 4–6, 6–3, 6–4
Финалист 2007 Вимблдон (2) Трева Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 6–7(7–9), 6–4, 6–7(3–7), 6–2, 2–6
Победник 2008 Отворено првенство на Франција (4) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 6–1, 6–3, 6–0
Победник 2008 Вимблдон Трева Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 6–4, 6–4, 6–7(5–7), 6–7(8–10), 9–7
Победник 2009 Отворено првенство на Австралија Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 7–5, 3–6, 7–6(7–3), 3–6, 6–2
Победник 2010 Отворено првенство на Франција (5) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Робин Седерлинг 6–4, 6–2, 6–4
Победник 2010 Вимблдон (2) Трева Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Томаш Бердих 6–3, 7–5, 6–4
Победник 2010 Отворено првенство на САД Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 6–4, 5–7, 6–4, 6–2
Победник 2011 Отворено првенство на Франција (6) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 7–5, 7–6(7–3), 5–7, 6–1
Финалист 2011 Вимблдон (3) Трева Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 4–6, 1–6, 6–1, 3–6
Финалист 2011 Отворено првенство на САД Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 2–6, 4–6, 7–6(7–3), 1–6
Финалист 2012 Отворено првенство на Австралија Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 7–5, 4–6, 2–6, 7–6(7–5), 5–7
Победник 2012 Отворено првенство на Франција (7) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 6–4, 6–3, 2–6, 7–5
Победник 2013 Отворено првенство на Франција (8) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Давид Ферер 6–3, 6–2, 6–3
Победник 2013 Отворено првенство на САД (2) Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 6–2, 3–6, 6–4, 6–1
Финалист 2014 Отворено првенство на Австралија (2) Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Станислас Вавринка 3–6, 2–6, 6–3, 3–6
Победник 2014 Отворено првенство на Франција (9) Земја Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 3–6, 7–5, 6–2, 6–4

АТП завршен Мастерс во годината

    Финалиња: 2 (2 финалист)
Исход Година Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 2010 АТП завршен Мастерс во годината Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Роџер Федерер 3–6, 6–3, 1–6
Финалист 2013 АТП завршен Мастерс во годината (2) Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Новак Ѓоковиќ 3–6, 4–6

Летни олимписки игри

    Финалиња: 1 (1 златен медал)
Исход Година Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 2008 Пекинг Тврда Рафаел Надал: Детство и почетоци, Тениска кариера, Соперништва  Фернандо Гонсалес 6–3, 7–6(7–2), 6–3

Рекорди

Турнирски рекорди на сите времиња

Турнир Почеток Остварен рекорд
Сите турнири 1877 8 последователни титули на еден турнир
Гренд Слем 1877 9 титули на еден Гренд Слем турнир
Монте Карло Мастерс 1897 8 титули
Отворено првенство на Франција 1925 9 титули
Рим Мастерс 1930 7 титули
Отворено првенство на Барселона 1953 8 титули

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Рафаел Надал Детство и почетоциРафаел Надал Тениска кариераРафаел Надал СоперништваРафаел Надал Надвор од теренитеРафаел Надал СтатистикаРафаел Надал НаводиРафаел Надал Надворешни врскиРафаел НадалМФАТенис

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на повикувачки броеви на земјитеЗаконодавна властАвантурите на ПинокиоМакедонски месециТангентен четириаголникДенес над МакедонијаРанко МладеноскиШпанијаДимитар КовачевскиСкопјеЈулијански календарПивоФК ТиквешРеченицаМакедонија (регион)Електрична струјаСоцијалистичка партија на МакедонијаРак на дојкаКрстоносни војниРадмила ШекеринскаАрхимедОпштина КарпошСвети КирилКокино (наоѓалиште)ИсламАнтибиотик со широк спектар на дејствоТромбозаМечкаПолжавиМакедонски парламентарни избори (2008)Крсте Петков МисирковДимитар МиладиновКандидПопис на населението во Македонија (2021)Список на држави по населениеПустинаЕгејска МакедонијаОкеанРисто Никовски’РбетнициБолести и аномалии на очитеКочо РацинБилирубинОбединети Арапски ЕмиратиАнархизамАбдурахман РахманКултураВакцина против тетанусБилјана ВанковскаЛибијаКрушевска РепубликаВиолинаПрилепСтара скопска чаршијаЗагадување на воздухотАтрибут во македонскиот јазикПајак (пејач)Јужна ЕвропаСудска властОхридска пастрмкаПретседателМакедонски парламентарни избори (2014)СинонимТартифЈордан МитевТурска кујнаКсенија ПајчинБитолаСтрујно колоСистем за варењеДискус хернијаПсоријазаЕрменски јазикГостиварНатриум хидроксидСветлана Ражнатовиќ-ЦецаДрогаСписок на градови во Македонија по население🡆 More