Јосифово: село во Општина Валандово

Јосифово (порано: Калучково) — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Јосифово
Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Воздушен поглед на селото

Јосифово во рамките на Македонија
Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Јосифово
Местоположба на Јосифово во Македонија
Јосифово на карта
Координати 41°19′54″N 22°28′31″E / 41.33167° СГШ; 22.47528° ИГД / 41.33167; 22.47528
Регион Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Вардарски
Општина Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Валандово
Област Бојмија
Население 1.651 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2462
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04011
Надм. вис. 68 м
Јосифово на општинската карта
Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Јосифово во рамките на општината
Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Јосифово на Ризницата

Во атарот на селото се наоѓаат селата Горна Маала и Калково, кои биле прогласени за самостојни населби во 2014 година, но катастарски сѐ уште припаѓаат на Јосифово и поради тоа за нив нема никакви податоци за број на население, односно истите се сметаат во селото Јосифово.

Потекло и значење на името

Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“ со дел од селото

Името на селото потекнува од личното име Јосиф, што е библиско име, и додавката -ово. Според поново именување, името на селото е дадено по народниот херој од НОБ, Јосиф Јосифовски-Свештарот.

За време на бугарската управа селото го носело името Крумово, додека за време на српската управа било именувано како Караѓорѓевац.

Географија и местоположба

Ова големо село се наоѓа во областа Бојмија, во западниот дел на територијата на Општина Валандово, на патот Валандово-Удово, чиј атар на тесен дел со допира со Гевгелиското Поле, односно со територијата на Општина Гевгелија. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 68 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 9 километри.

Покрај селото поминува регионалниот пат 1105, кој го поврзува гевгелиското село Миравци со граничниот премин „Дојран“.

Селото се наоѓа во близина на течението на реката Вардар. Јосифово е ново и современо населено место. Селото традиционално било поделено на две маала, Горно и Долно Маало, кои се меѓусебно раздалечени. Поголемо по површина и побројно по население е Долното Маало. Во 2014 година, Горна Маала е одвоена и прогласена за самостојно село.

Со белези на руралност, сепак може да се истакне дека селото е урбанизирано, со изградена канализација, две медицински установи (амбуланти), основно училиште, пошта, бензинска пумпа, културен дом, голем и мал спортски терен, маркети, земјоделски аптеки, медицинска аптека како и други погодности кои треба да ги ужива денешниот човек, особено во селска средина. На ова село е надоврзано селото Калково, кое се наоѓа на северната страна од Јосифово и е населено со Турци.

Историја

Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Дел од селото во 1931 година

Во селото преовладува македонско население, а во него живеат и значителен број Срби. Првично, потесната област во која се наоѓа Јосифово, може да се сретне и под името Калучково. Инаку, историјата сведочи дека селото најпрво било колонизирано со српско население, во време на српската окупација, кога областа влегува во склоп на Србија, по Втората балканска војна. Во тоа време, на Србите им биле поделени најплодните земјоделски површини, а селото се викало Караѓорѓевац, во чест на српската кралска династија Караѓорѓевиќ.

Токму во времето на српската окупација, поточно во 1931 година, Јосифово (тогашен Караѓорѓевац) го зафатил силен земјотрес, кога селото целосно било срамнето со земја. Тогаш, во посета на околината, па и на самото Јосифово пристигнал кралот на стара Југославија, Александар Караѓорѓевиќ.

Во 1941 година, селото влегува во состав на Бугарија и името му е променето во Крумово, по бугарскиот хан Крум. По Втората светска војна, селото го добива сегашното име по познатиот комунистички народен херој од Гевгелија Јосиф Јосифовски - Свештарот. Во дворот на селската амбуланта на Јосифово има поставено спомен обележје во сеќавање на херојот кој е патрон на селото.

Стопанство

Јосифово: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Продавница во селото

Атарот на селото зафаќа површина од 19 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 809 хектари, на пасиштата отпаѓаат 476 хектари, а на шумите 390 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат продавници и други услужни објекти.

Земјоделските култури отсекогаш биле извор на издршка за поголемиот дел од граѓаните на Јосифово. Интересен е фактот дека почвата во јосифовскиот атар е една од трите најплодни почви во Македонија.

Во минатото, но и денес, полето околу селото изобилува со плодни услови за најразлични земјоделски култури. За време на поранешната СФРЈ, пласманот на земјоделските производи се обезбедувал полесно преку земјоделската задруга „Црвена Ѕвезда-Јосифово“.

Во поново време, традиција стана одгледувањето на зелка. Освен тоа, во Јосифово се огледува винова лоза, бостан, компир, домати, краставици, пиперки и други култури на помали површини. Доста застапени се и овошните насади. Особено карактеристичен белег за Валандовската општина, па и за Јосифово се јапонските јаболки, кои можат да се сретнат на значителни површини. Кивите исто така успеваат на ова поднебје. Освен тоа, во Јосифово се среќаваат и насади на маслинки.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948865—    
1953905+4.6%
1961951+5.1%
19711.199+26.1%
19811.552+29.4%
ГодинаНас.±%
19911.733+11.7%
19941.721−0.7%
20021.730+0.5%
20211.651−4.6%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 170 домаќинства со 445 жители муслимани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јосифово живееле 800 жители, сите Турци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.

Јосифово е големо село, коешто во 1961 година броело 951 жител, од кои 628 биле Македонци, 248 Срби, 46 Црногорци, 22 Турци и седум жители Хрвати, а во 1994 година двојно повеќе односно 1.721 жител, од кои 1.276 биле Македонци, 241 Турчин и 185 Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Јосифово имало 1.730 жители, од кои 1.266 Македонци, 274 Турци, 174 Срби и 16 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.651 жител, од кои 1.116 Македонци, 2 Албанци, 376 Турци, 3 Роми, 97 Срби, 9 останати и 48 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Дуф:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 865
1953 559 0 32 0 256 58 905
1961 628 0 22 248 53 951
1971 888 0 35 0 202 74 1.199
1981 1.109 0 176 0 197 70 1.552
1991 1.255 0 260 0 161 57 1.733
1994 1.276 0 241 0 185 19 1.721
2002 1.266 0 274 0 174 16 1.730
2021 1.116 2 376 3 97 9 48 1.651

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во XIX век, ова било турско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Јосифово се наоѓале селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Јосифово, во која влегувале селата Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0287, 0288 и 0289 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште, амбулантата и продавницата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.207 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.209 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Џамии
  • Во минатото во селото постоела џамија
    Споменици
    Острови

Личности

    Родени во или по потекло од Јосифово

Култура и спорт

КУД „Младост“ од Јосифово е едно од најмладите културно-уметнички друштва во Валандовската општина. Создадено е зимата 1989-1990 година од група активисти, граѓани на Јосифово. Во негов состав работат фолклорната, пејачката, драмскатата и ликовната секција, како и секција за плетење, везење и ткаење. Опфаќа голем број на деца и млади. За кратко време од своето постоење стана главен носител на културно-забавниот живот во Јосифово и пошироко. Во изминативе години ова друштво има учествувано на фолклорни фестивали во земјата и странство.

Традиција за Јосифово е турнирот во мал фудбал „Јосифовско лето“, кој се одигрува на малиот фудбалски терен во дворот на училиштето. На него земаат учество фудбалски екипи од цела Македонија. Турнирот се одржува во текот на август.

Младите го препознаваат Јосифово и по меморијалниот рок хепенинг „Цале“, кој се одржува секоја година кон крајот на месец август. Учество на овој настан земаат голем број музички рок состави од цела Македонија и пошироко.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Јосифово Потекло и значење на иметоЈосифово Географија и местоположбаЈосифово ИсторијаЈосифово СтопанствоЈосифово НаселениеЈосифово Општествени установиЈосифово Самоуправа и политикаЈосифово Културни и природни знаменитостиЈосифово ЛичностиЈосифово Култура и спортЈосифово ГалеријаЈосифово ПоврзаноЈосифово НаводиЈосифово Надворешни врскиЈосифовоБојмијаВаландовоОпштина Валандово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Марио ЛеминаЦветнициАмазонСписок на пеперутки во МакедонијаРадолиштаПоумСложена реченицаОпштина Шуто ОризариСмртна казнаБолести и аномалии на очитеКрвКирхофови закони за струјното колоЈужна АмерикаИлијадаСолиМарокоДесет Божји заповедиНиколај Римски-КорсаковОпштина ИлинденРеал БетисЉубовСветлана Ражнатовиќ-ЦецаАли АхметиЖичени инструментиЖивотниЛозје (книга)Рак на панкреасотОпштина КратовоБилјана ВанковскаСврзникБајкаКаролина Гочева‘Рбетен столбМолскавициЕпилепсијаИнфективна мононуклеозаОпштина ЛозовоГеографија на МакедонијаПожарЕнтерококиМакедонска граматикаSARS-CoV-2Тешкото (песна)Државни празници во БугаријаХеродотГај Јулиј ЦезарСкопско КалеИзбори во МакедонијаРелигијаМислешевоПМГ колективРоманијаЏастин БиберХидроксидОпштини во МакедонијаАцо ШоповТемператураТутунГригор ПрличевКилаСтарецот и моретоБезовоРобинзон КрусоОрхан (книга)Марко ЦепенковДланкаСолунски атентатиЧума (појаснување)Македонски народни приказни (ТВ-серија)Северна АмерикаБраќа МиладиновциПертусисКуранОпштина СарајВоздушен коридорЕвропска УнијаФудбалска репрезентација на Колумбија🡆 More