Јонче Христовски: македонски пејач и композитор

Јонче Христовски (Битола, 1931 — Скопје, 15 април 2000) — истакнат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет.

Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните. Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.

Јонче Христовски
Јонче Христовски: македонски пејач и композитор
Роден 1931
Битола, Македонија
Починал 15 април 2000
Скопје, Македонија
Националност Македонец

Се прославил со својата песнаМакедонско девојче“ (1964), чии препеани верзии се појавиле на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик. Впечатливи му биле и изведбите на песните: „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“ и многу други во извонредно богатиот репертоар. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни кои сè до денес се своевидни химни меѓу македонскиот народ, со огромна популарност се песните „Едно име имаме“, „Ако умрам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, И ние сме деца на Македонија“', „Мој роден крај“, Куќа имам на Пелистер и многу други. Член бил на ансамблот „Танец“ (пејач и играорец), каде како кореограф изработил и создал кореографии за неколку ора, меѓу кои и Калајџиското Оро. Како одговорен за народната музика во ТВ Скопје, ја иницирал серијата „Распеани градови“ (1974), еден од најзначајните проекти на ТВС.

Јонче Христовски бил женет и татко на две ќерки. Неговата сопруга трагично го загубила животот во катастрофалниот Скопски земјотрес 1963 година и токму на неа и за љубовта кон неа, Јонче Христовски ја посветил и напишал една од своите најпознати песни „Животе мој“. Во 2002 година во Скопје е основан ансамбл за народни песни и игри кој го носи неговото име, a македонско културно уметничко друштво со неговото име постои и во Германија.

Творештво

Јонче Христовски напишал голем број песни, кои ги изведувале бројни пејачи:

Наводи

Надворешни врски

Tags:

15 април19312000БитолаКомпозиторМакедонијаПеснаПејачСкопјеТекстописец

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Изборни единици во МакедонијаРак на грлоПовикот на дивинатаОпштина ТетовоМакедонски претседателски избори (1994)Менструален циклусМуса ЏафериГордана Силјановска-ДавковаФранцијаДневникот на Ана ФранкПанкреасМасакр кај ВејцеГлаголицаГраѓанска опција за МакедонијаПоткастДекамеронСвети Кирил и МетодијОзонска обвивкаОпштина СопиштеИскра ГешоскаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеНикола КљусевСрпска пропаганда во МакедонијаОпштина КумановоШпанијаЈохан ТарчуловскиСтобиТалофитЃорче ПетровВилијам ШекспирШтипМакедонски парламентарни избори (2020)Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаНикола ПопоскиПоделба на властаМитЛила СтојановскаДискус хернијаБегалкаАрбен ЏафериСветско населениеТелевизијаИнфективна мононуклеозаВиртуелна машинаГлаголи во македонскиот јазикСтругаЕлизабета ЃоргиевскаМртво МореБели мугриДемографија на МакедонијаКрива ПаланкаЖолто МореМаја ИвановаПартија за движење на Турците во МакедонијаЕгипетСкопско КалеПавле АрсоскиИлијадаХераклеја ЛинкестисДекларацијаКафеава мечкаВојдан ЧернодринскиМакедонски парламентарни избори, 2002Талат ЏафериКоле ЧашулеВМРО-ДПМНЕМакедонски претседателски избори, 1994Али АхметиМакедонски ораТеута АрифиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Собрание на МакедонијаЦветнициПодметВлада на Димитар КовачевскиДанела АрсовскаАмди БајрамАнтони ПешевВила Водно🡆 More