Археологија

Археологија — наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување.

Иако оваа наука вообичаено се поврзува со „старите работи“, односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па сè до нашето современие.

Археологија
Археолошко наоѓалиште во Кносос, на Крит (Грција), Минојска палата

Регистрирањето и собирањето на овие наоди се прави со помош на теренски истражувања (рекогносцирање и ископување на материјалните остатоци зарди собирање на материјал и формирање на археолошка документација), после кои следат обработка, систематизација, документација на наодите и нивна анализа и интерпретација. Обемот и содржината на сите етапи од археолошкото истражување зависат непосредно од целта на истото, односно од пристапот кој е одбран како адекватен на таа цел.

Цели на археологијата се да го документира и објасни потеклото и развојот на човечката култура, човечка историја, културна револуција, и човечко однесување и екологија. Таа е единствената дисциплина што на располагање има своја методологија и теорија за собирање и толкување на информации врзани за незапишаното човечко минато, и исто така може да донесе критички придонес во нашето разбирање на документираните општества.

Основата на името археологија доаѓа од грчките зборови αρχαίος = прастар и λόγος = збор/говор. Со оглед на огромниот временски дијапазон опфатен со археолошки истражувања, утврдена е поделбата на повеќе археолошки периоди. Праисториската археологија, на пример, го проучува временскиот период од најстарите регистрирани материјални остатоци, односно култури, до појавата на првите пишани документи во одредени култури. Во Европа, праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, бакарното време (енеолитот), бронзеното и железното време.

Протоисториска археологија, исто така, се занимава со проучување на археолошки документирани култури за кои нема директни пишани траги, туку се спомнуваат во историските документи од истовремените култури или содржат елементи на контакт со тие култури (бронзено време и железно време).

Како последица на географската распространетост на остатоците од материјалната култура од разни периоди, се создала потреба да се издвојат посебни географски области на проучување (на пр. африканска, азиска, австралиска) и др.

Археологијата како тема во уметноста

Наводи

Надворешни врски

  • Археологија  Археологија на Ризницата ?
  • Јакимовски, Антонио (2020). Вовед во археологија (PDF). Скопје: Филозофски факултет, УКИМ.

Tags:

ВремеМинатоНаукаПросторЧовек

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина Чешиново-ОблешевоНилБРИКСХарфаМарков манастирНова алтернативаСтарословенска азбукаОпштина СопиштеЗаздравување на ранаМалиот принцЦар СамоилЛасерБлагој ДавковСоцијалдемократска унијаСтара скопска чаршијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаБојан ЈовановскиОхридска пастрмкаМенструален циклусАндреј ПетровСДСМДанела АрсовскаПере ТошевКалиопиНова социјалдемократска партијаАнтоан де Сент ЕгзипериНационализамФашизамЛДПМакедонски претседателски избори (2014)Македонски парламентарни избори (2006)Општина ЛипковоБубрежна инфекцијаТегавецПартија за демократски просперитетПретседател на Собранието на МакедонијаГрб на МакедонијаВласите во АлбанијаБилјана ВанковскаПрва влада на Никола ГруевскиПрирокВМРО-ДПМНЕХрватскаМакедонски парламентарни избори, 2011ПутурусМавровоИзборна единица 1ПерунСтале ПоповЗијадин СелаПравопис и правоговор на македонскиот јазикОпштина СарајПравоаголникПиперАрбен ЏафериКиро ГлигоровЗНАМПропорционална застапеностБошко СмаќоскиМакедонски парламентарни избори, 1998Список на македонски народни и староградски песниРоднински односиРадмила ШекеринскаУкраинаДржавна изборна комисијаДождВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ВелигденДанте АлигиериПавле АрсоскиИмер СелманиВртоглавицаМуса ЏафериКичевоХолокаустОпштина ГостиварЦрвена Вода (Скопско)Љубомир Гајдов🡆 More