Фондација На Обединетите Нации

Фондацијата на Обединетите Нации е основана во 1998 година со финансиска помош од Тед Тарнер со цел да им помогне на Обединетите Нации во спроведување на своите програми низ целиот свет.

Создавањето на Фондацијата имало за цел да ги охрабри другите добротворци да ги поддржат Обединетите Нации во своите активности. Главните области на кои Фондацијата обрнува внимание се здравјето, климатските програми и енергијата, одржлив развој, технологија, жени и население и поддршка на Обединетите Нации.

Фондацијата на Обединетите нации била вклучена и во некои од најголемите глобални кампањи, како што се: Nothing but Nets (кампања за борба против маларијата), the Measles Initiative (кампања за намалување на смртноста на малите сипаници), Better World Campaign (кампања за подобар свет), Climate Change (кампања за климатските промени) и многу други. Тие исто така се ангажираат за работа со млади и за обнова на Хаити.

Историја

Првичната цел на Фондацијата на ОН била да помогне за обединување на нациите и поединците и да се осигура дека САД ги почитува сите обврски кон Обединетите нации. Уште од своето основање Фондацијата на ОН и Кампањата за подобар свет (Better World Campaign) обезбедиле средства, со цел ОН подобро да ги исполнува своите цели низ светот. Фондацијата на ОН престставува најголемиот извор за приватно финансирање на ОН.

Фондацијата на ОН има собрано повеќе од 125 милиони долари од други извори, како и од други фондации, корпорации, невладини организации и поединци. Таа исто така соработува со партнери од ОН, со цел да се обезбедат препораки за политиките и предлози за проекти. Тековната буџетска анализа на Фондацијата на ОН е 82.6 милиони долари кои се трошат за програмски сервиси, 6.9 милиони долари за собирање финансиски средства и 5.6 милиони долари за управување и административни трошоци.

Изборот на Тарнер за неговата донација

Тед Тарнер, сопственик на корпорацијата ‘‘Тајм Варнер‘‘ (Time Warner), која имаше вредност од 3.2 милијарди долари, во 1996 година одлучи да даде придонес од 1 милијарда долари на Обединетите Нации. Тој претходно донирал во слични цели и целосно ги поддржал целите на ОН. Пред да го даде овој голем придонес на ОН, Тарнер бил поборник за заштита на животната средина, особено учествувал во програмите против глобалното затоплување. Тарнер сметал дека неговата донација од 100 милиони долари годишно за период од 10 години, ќе помогне во раководењрто на ОН. Тој со оваа донација се обидел да ги поттикне останатите богати членови на општеството финансиски да придонесат за работата на ОН.

водство

Фондација На Обединетите Нации 
Мухамед Јунис, еден од почесните членови на одборот на директори

Со Фондацијата на ОН раководи претседателот и главен изршен директор, Кети Келвин. Пред да стане извршен директор на Фондацијата на ОН, таа била претседател на корпорацијата ‘‘АОЛ Тајм Варнер‘‘ (AOL Time Warner). Претседател на Фондацијата во периодот од 1998 до 2013 година бил Тимоти Вирт, поранешен Конгерсмен на САД, Американски сенатор, и првиот потсекретар за глобални прашања за време на мандатот на американскиот претседател Бил Клинтон. Други позначајни членови на одборот се: кралицата Ранија Ал-Абдула од Јордан, Кофи Анан, Гро Харлен Брунтланд и Мухамед Јунис.

Историја на односот меѓу Фондацијата и ОН

Кога Фондацијата била основана, единствена нејзина цел била да им помогне на ОН во решавањето на разни проблеми, посебно фокусирајќи се на проблемите и од модерното време. Фондацијата сакала да му помогне на тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан во проблемот со реформирањето на ОН. Исто така нејзин приоритет бил да го зајакне воспоставувањето на програмите кои се покажале како успешни, односно програмите за здравјето на децата, управување со населението, прашања за животната средина и мини. Еден од главните приоритети бил да соработува со приватниот сектор за да се соберат повеќе финансиски средства за ОН. Фондацијата исто така имала намера да ја подигне свеста на ОН и програмите кои тие ги спроведувале меѓу американското население. Од самиот почеток Фондацијата воспоставила блиски односи со ОН и нивното раководство, за да се постават цели и да се обезбеди финансирање за одредени програми.

Посебни кампањи

Грижа за здравјето на децата

Едно од светските прашања на кое Фондацијата на ОН се фокусира е здравјето на децата. Таа соработува со партнери од приватниот сектор и разни агенции на ОН, со цел да се справи со со различни проблеми поврзани со здравјето на децата. Една од нејзините најголеми кампањи се занивава со намалување на бројот на смртни случаи од мали сипаници. ‘‘Иницијативата против мали сипаници, како што е наречена, е партнерство помеѓу Фондацијата на ОН, Американскиот Црвен Крст, УНИЦЕФ, Центарот за контрола на болести и Светската здравствена организација. Нивната цел е да обезбедат вакцини против мали сипаници за децата од африканскиот континент. Во првата година од постоењето на оваа кампања во осум африкански земји биле разделени вакцини и биле вакцинирани повеќе од 21 милион деца. Оваа кампања не се фокусира само на вакцинација на децата туку и на спроведување здравствена инфраструктура и овозможување подобар пристап до здравствената нега низ целиот континент. Фондацијата на ОН исто така ја предводи и кампањата за борба против маларијата низ африканскиот континент, ‘‘ Nothing But Net‘‘. Оваа кампања започна кога уредникот на американското спортско списание ‘‘Sports Illustrated‘‘, Патрик Рејли, објавил статија во кој ги повикува своите читатели да донираат пари за купување на мрежи за комарци кои ќе им бидат од корист на оние кои се заболени од маларија во Африка. Со помош на Фондацијата на ОН, проектот на Патрик Рејли успеа и се овозможија средства за купување на повеќе од 3.5 милиони мрежи против комарци во Африка.

Младински кампањи

Фондацијата на ОН неодамна го претстави новиот Глобален совет на преприемачите, којшто е составен од 10 нови претприемачи на возраст од под 40 години, кои ќе соработуваат со ОН за решавање на глобалноте прашања на 21 век, односно начинот на размислување. Тука спаѓаат поранешниот директор за маркетинг на Facebook, Ренди Цукерберг, извршниот директор на Yahoo!, Мариса Маер, и издавачот на Варајети Магазин (Variety Magazine), Брајан Гот.

Клима и енергија

Еден од најголемите глобални проблеми со кој се занимава Фондацијата на ОН се климатските промени и енергијата. Фондацијата се фокусира на одржлива енергија, како и климатските промени и зачувувањето на биолошлата разновисност. Програмата на Фондацијата за климатски промени и одржлива енергија соработува со партнери од невладиниот сектор, Обединетите нации, влади и приватни корпорации за да пронајде решение и да обезбеде финансии за програми поврзани со ова прашање. Една од овие кампањи која се занимава со прашања за климатските промени и енергијата има за цел да ги обезбеди заедниците низ светот со обновливи извори на енергија со цел да се промовира одржливоста на глобално ниво.

Хаити

Во соработка со музичката група Linkin Park, Фондацијата собираше финансиски средства за инсталирање на светла на сончево напојување во кампови во Хаити. Оваа музичка група тесно соработува со Фондацијата за финансирање на овој проект. Со обезбедување на светла во овие кампови, се намалува бројот на насилства и сулувања врз жените и децата, кои често се случувале навечер поради недостаток на светлина во овие кампови.

Поддршка од ОН за САД

Фондацијата на ОН има навистина блиски односи со Обединетите Нации, бидејќи ОН обезбедува големи финансирања за нејзините програми. Преку спонзорства и финансирања од Кампањата за подобар свет (Better World Campagn), Фондацијата на ОН работи да ги подобри односите со Соединетите Американски Држави и со Обединетите нации. Кампањата за подобар свет се залага на Конгресот со цел да се осигура дека САД ги исполнува своите финансиски обврски кон Обединетите Нации и дека го отплаќа својот долг. Оваа кампања исто така и овозможува на Фондацијата да има директен пристап до законодавните и административните овластувања на САД.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Фондација На Обединетите Нации ИсторијаФондација На Обединетите Нации Посебни кампањиФондација На Обединетите Нации НаводиФондација На Обединетите Нации Надворешни врскиФондација На Обединетите НацииОбединетите Нации

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Граѓанска опција за МакедонијаСветско населениеОпштина СтругаКиро ГлигоровЗијадин СелаВасил ТупурковскиКрива ПаланкаЦирозаЦрн дробГрегоријански календарБитолаЈужна ЕвропаМала РечицаЛокални избори во Македонија (2005)Македонски АлбанциГлаголСкратеници во македонскиот јазикTrackBackКамен мост (Скопје)Ацо ШоповЛокални избори во Македонија (2021)Обединето КралствоГлавна страницаМарко ЦепенковЗлосторство и казнаГзим ОстрениЛарингитисЛила СтојановскаИзборна единица 7Катица ЈаневаIP-адресаВлада на Димитар КовачевскиГустав ШвабРевизор (комедија)Референдум во Македонија (1991)ЈугославијаЛокални избори во Македонија (2009)ВеројатностИталијаВМРО-ДПМНЕМитко ЧавковБошко СмаќоскиМозокМетодија Андонов-ЧентоСојуз на комунистите на МакедонијаГлаголи во македонскиот јазикВелко НеделковскиСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаСердаротСписок на градови во ГерманијаКрпен животБукурешки договор (1913)Андреј ЖерновскиДемократска алтернативаАвстралијаОпштина ОхридЦрква „Св. Софија“ — ОхридКарлес ПуџдемонМајка ТерезаНина Атанасова-ШкрињариќДропкаКалеш АнѓаДимитар МиладиновДаниел ДефоГрадинарствоЈане СанданскиХимна на ВМРОМакедонски парламентарни избори, 2011Еден на еденДијалекти на македонскиот јазикДен на независноста на МакедонијаИзборна единица 9Генералот на мртвата војскаЕкологијаРисЃорѓија ПулевскиМов🡆 More