Филип Ѓорѓевиќ

Филип Ѓорѓевиќ (роден на 28 септември 1987 година) е српски фудбалер кој игра на позицијата како напаѓач.

Ѓорѓевиќ за Србија одиграл 14 натпревари и постигнал 4 гола во периодот од 2012 до 2014 година.

Клупска кариера

Почетна кариера

Филип Ѓорѓевиќ ја започнал својата кариера во неговиот роден град во клубот Црвена ѕвезда од Белград, каде што поминал осум години. Одредено време минал и во тимот на Рад како позајмен играч. За Црвена ѕвезда настапил само на осум првенствени натпревари пред да се пресели во Франција.

Нант

Откако бил позајмен од Лига 2 за тимот на Нант и им помогнал да се квалификуваат во Лига 1 по сезоната 2007-08, клубот на Нант се согласил да го потпише трајно четиригодишниот договор. Во враќањето на клубот во Лига 1, Ѓорѓевиќ настапил на 19 првенствени натпревари и постигнал вкупно два гола. Тоа се случило во сезоната 2008-09, кога и екипата на Нант повторно заминала да се натпреварува во Лига 2. Во следната сезона 2009-2010, тој има речиси идентична статистика како претходната сезона. Клубот на Нант останал да се натпреварува во Лига 2. Конечно, Ѓорѓевиќ развил поголема конзистентност во сезоната 2010-11 и настапил на 36 лигашки натпревари, притоа постигнувајќи вкупно 12 гола и асистирајќи во пет наврати. Во сезоната 2011–12 со клубот на Нант, кој сѐ уште бил во Лига 2, Ѓорѓевиќ одиграл 28 првенствени натпревари, постигнал шест гола и асистирал пет пати.

Од сезоната 2012-13, Ѓорѓевиќ експлодирал во својата форма и директно придонел за промоција во првата лига на екипата на Нант на крајот од сезоната. На 34 првенствени натпревари, тој постигнал 20 гола и бил најдобар стрелец во Лига 2 на крајот од сезоната. На 16 август 2013 година, екипата на Лион понудила помеѓу 3-5 милиони евра за услугите на Ѓорѓевиќ, иако тој и Нант го одбиле трансферот. По враќањето на клубот во Лига 1, Ѓорѓевиќ постигнал седум гола во првите 12 натпревари, конкурирајќи им на Радамел Фалкао и Златан Ибрахимовиќ за првото место на листата на најдобри стрелци во Лигата.

Лацио

На 19 март 2014 година, Ѓорѓевиќ објавил дека ќе замине од Нант во италијанската Серија А во тимот наЛацио од Рим. Тој потпишал преддоговор со екипата на Лацио откако влегол во последните шест месеци од договорот со екипата на Нант. На Лацио му се приклучил на 1 јули 2014 година. Првите голови на Ѓорѓевиќ за Лацио биле постигнати на 29 септември 2014 година, постигнувајќи хет-трик кога неговиот клуб го поразил тимот на Палермо со 4:0. Во тој момент Лацио се наоѓал во горниот дел од табелата во Серија А. Тој повторно постигнал гол во следниот натпревар на клубот, и тоа шутирајќи со глава по нафлената топка на Антонио Кандрева во 25та минута. На овој натпревар екипата на Лацио победила со резултат од 3:2 на домашен терен над клубот на Сасуоло.

Киево

На 13 јуни 2018 година, составот на Киево официјално потврдило дека ќе потпише со Ѓорѓевиќ кога неговиот договор ќе истече со клубот на Лацио на 30 јуни. Договорот што го потпишал Србинот ќе трае три години со можност за продолжување за една година.

Репрезентација

Ѓорѓевиќ бил повикан во државната репрезентација на Србија на 24 ноември 2007 година на квалификацискиот натпревар од групата А за ЕВРО 2008 на домашен терен против репрезентацијата на Казахстан. На тој натпревар не се појавил во игра. Пет години по неговиот прв повик, на 14 ноември 2012 година селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ го избрал за егзибицискиот натпревар против репрезентацијата на Чиле. Тој постигнал гол две минути по влегувањето на теренот како замена. По квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2014 година против репрезентацијата на Македонија на 15 октомври 2013 година, излегла слика на целосно голиот Ѓорѓевиќ, придружуван од соиграчите Ненад Томовиќ и Александар Коларов. Оваа фотографија наводно ја направил еден гледач кој случајно влегол во соблекувалната.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

    Обновено на 13 мај 2021
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Црвена ѕвезда од Белград 2005–06 1 0 0 0 0 0 1 0
2007–08 7 0 1 0 6 0 14 0
Вкупно 8 0 1 0 6 0 15 0
Рад (како позајмен играч) 2006–07 35 16 35 16
Нант 2007–08 18 7 1 0 0 0 19 7
2008–09 19 2 0 0 1 0 20 2
2009–10 19 2 1 0 0 0 20 2
2010–11 36 12 4 4 1 0 41 16
2011–12 28 6 2 1 1 0 31 7
2012–13 34 20 3 3 1 0 38 23
2013–14 27 10 0 0 2 2 29 12
Вкупно 181 59 11 8 6 2 198 69
Лацио 2014–15 24 8 3 1 27 9
2015–16 27 3 1 0 3 3 1 0 32 6
2016–17 17 0 1 1 18 1
Вкупно 68 11 5 2 3 3 1 0 77 16
Киево 2018–19 13 1 1 0 14 1
2019–20 33 10 1 0 34 10
2020–21 27 4 0 0 27 4
Вкупно 73 15 2 0 0 0 0 0 75 15
Вкупно во кариерата 365 101 19 10 9 3 7 2 400 116

Меѓународна статистика

Србија
Година Натпревари Голови
2012 година 1 1
2013 година 7 2
2014 година 6 1
Вкупно 14 4

Меѓународни голови

    Резултатите 1 (во првата колона) ги прикажува головите на екипата на Србија, а резултатите 2 (во втората колона) ги прикажува головите на играчот за репрезентацијата на Србија.
# Датум Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1. 14 ноември 2012 година АФГ Арена, Сент Гален Филип Ѓорѓевиќ  Чиле 2–0 3–1 Пријателски
2. 10 септември 2013 година Градски стадион Кардиф, Кардиф Филип Ѓорѓевиќ  Велс 1–0 3–0 Квалификации за Светското првенство во ФИФА 2014 година
3. 15 ноември 2013 година Стадион Забел, Дубаи Филип Ѓорѓевиќ  Русија 1–1 1–1 Пријателски
4. 5 март 2014 година Стадион Авива, Даблин Филип Ѓорѓевиќ  Ирска 2–1 2–1 Пријателски

Признанија

    Црвена ѕвезда Белград
  • Освоена е Првата лига на Србија и Црна Гора: 2005–06
  • Освоен е Купот на Србија и Црна Гора: 2005–06
    Рад
  • Најдобар стрелец во Српската Прва лига: 2006-07
    Нант
  • Член во Тимот на деценијата во Нант: 2010-2019
  • Купе де ла Лига: 2013-14 - Полуфиналист
  • Најбрзиот гол во Лига 1 - 2013-14
  • Промоција во Лига 1: 2007–08, 2012–13
    Лацио
    Србија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Филип Ѓорѓевиќ Клупска кариераФилип Ѓорѓевиќ РепрезентацијаФилип Ѓорѓевиќ Статистика во кариератаФилип Ѓорѓевиќ ПризнанијаФилип Ѓорѓевиќ НаводиФилип Ѓорѓевиќ Надворешни врскиФилип ЃорѓевиќНапад (фудбал)СрбијаФудбал

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Човечко телоТри сестриСтево ЦрвенковскиБиљал КасамиГрупа МаестроХепатитМлеко во правПасхаМуса ЏафериЛимфоцитЗнаме на МакедонијаОпштина БрвеницаМухамедСојуз на комунистите на МакедонијаХристијан МицкоскиЗа наша МакедонијаОпштина ДојранВоен конфликт во Македонија, 2001Список на држави по населениеЏина Папас ЏоксиТреска (состојба)ТрстОпштина СтуденичаниСамоилово ЦарствоСписок на градови во Швајцарија‘Рбетен столбВељушки манастирСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаНикуљанеМасакр во ВаташаПразници во мајМехмед IIЉубчо ГеоргиевскиЕвангелиеМакедонска радио-телевизијаВиолетова бојаЗа македонцките работиЕвропска УнијаМакедонци-муслиманиНационализамKлиндамицинКире КостадиновскиБилјана ВанковскаПаркинсонова болестКичевоДоксициклинТито ПетковскиОпштина ЖелиноЈугославијаЈордан Поп Јорданов - ОрцетоМакедонски КонцептОпиумМоликаВенецијаФондација ВикимедијаРеферендум во Македонија (2018)Изборна единица 4Општина ЈегуновцеГ’зим ОстрениБитолски натписЕндометриозаОпштина ДолнениВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанЅвезда од КутлешДебарБрзина на светлинатаСмрдлива ВодаИсус ХристосРобер БадентерАкутен панкреатитСоцијалистичка Република МакедонијаСписок на тегоби и болки на стапалатаГоран МинчевКиро ГлигоровРак на желудникНова алтернативаБиблијаСтарословенски јазик🡆 More