Старков Заб

Старков Заб — планински врв на Ниџе, во јужниот дел на Република Македонија.

Старков Заб
Старков Заб
Поглед врвот Старков Заб со зимзелената борова шума на Ниџе од северозапад
Висина &100000000000022230000002.223 м
Место Македонија Македонија
ВенецНиџе
Прво освојувањенепознато

Тој е составен дел на планината Ниџе и неговата височина е 2.223 метри.

Местоположба и одлики

Старков Заб е планински врв висок 2.223 метри на главниот срт на протегање и на главното било на планината Ниџе, на самата македонско-грчка државна граница. Се наоѓа на 2,8 км западно од највисокиот врв Кајмакчалан, високо над долината на реката Коњарка во Мариово, југоисточно од Битола. Наоѓајќи се на самата линија на познатиот Солунски (Македонски) фронт, врвот Старков Заб бил сцена односно место на големо боиште на Солунскиот фронт во Првата светска војна, со голема артилериска битка во 1916 година. Од врвот се отвора прекрасна глетка кон Кајмакчалан на исток, шумовитата падина и долина во Мариово кон север, пространaта рамина на Сариѓол со Островското и Петерското Езеро на југ и Пелагонија кон запад. Особена природна забележителност е огромното пространство на природна зимзелена иглолисна шума на македонската падина на Ниџе, со што воедно таа е единствена македонска планина каде што мнозинството од шумската растителност е од зимзелените иглолисни дрјва - црн и бел бор меѓу кои и моликата и ела (60%). Главниот срт на Ниџе кој се спушта кон запад со истоимениот врв и превој Старков Гроб, а продолжува да се издигнува кон Кајмакчалан на исток бил дел и од делницата на трасата на Јужната македонска трансверзала (ЈМТ).

Искачување

  • Патека на движење: манастир Св. Архангел Михаил над с. Скочивир (чешма) – Рудина – Смилова Глава / Кофчегот – Вртешка (1272 м.) – Шипково (разрушена караула) – Старков Гроб – караула – Орнички Ливади - Сива Стена – Старков Заб (2233 м.) и назад по истата патека
  • Должина: 30 километри
  • Времетраење: 12 часа
  • Висинска разлика: 2096 метри

Наводи

Tags:

НиџеРепублика Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Цистична фиброзаДеделиДијафрагмаХороскопски знациЧестер А. АртурРадово (Струмичко)Оливера ТрајковскаСписок на реки во МакедонијаЛозје (книга)Светско првенство во фудбал 2022 - нокаут фазаКир ВеликиМајка ТерезаБиполарен споен транзисторОпшта теорија за релативностаОптичко влакноУнгарија во Втората светска војнаЛиберално-демократска партијаКлеопатраЕпително ткивоГоце ДелчевНовогодишна ноќПелистерХерпесСилаПартија за движење на Турците во МакедонијаИстанбулЕндоскопПравило на десна ракаИсламВиножитоБакарЦрно семе (роман)Поштенски броеви во МакедонијаОпштина БосиловоРазловечко востаниеИфтарЕкологијаЃорѓи АбаџиевДемографија на МакедонијаБолестБитолаПоезијаХартијаОптичка мамкаАпозиција во македонскиот јазикМорска водаЕлектрицитетМалтаЖарулкаГлаголМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаЗаушкиСтар РимШтипМануил I КомнинАлијанса за АлбанцитеЕл-ФатихаБик (хороскопски знак)Ефто ПупиновскиРак на грло на маткаКратовоСреден векСинонимСјогренов синдромОпсада на Ерусалим (1187)ЛемносСтарецот и моретоЕрекцијаПолицијаXIII векДевојкаНезависна Држава МакедонијаТурска култураИнфективна мононуклеозаБели дробовиСкопски маратонФилозофијаАнемијаВторична структура на нуклеинските киселини🡆 More