Правило Во Монетарната Политика

Правило за монетарната политика (англиски: Monetary policy rule) претставува алгебарски, бројчен или графички опис на начинот (процесот) според кој се носат одлуките за промена на инструментите на монетарната политика (монетарната база или каматните стапки) како одговор на промената на економскитe променливи (инфлацијата, производството итн.)

Дефиниција на правилата

Џон Тејлор (John Taylor) го дефинира правилото како опис - изразен алгебарски, бројчено или графички - за тоа како инструментите на политиката (монетарната база или каматните стапки) се менуваат како одговор на економските променливи.

Дефиницијата на Алан Мелцер за правилата е "систематски процес на одлучување кој ги употребува информациите на доследен и предвидлив начин. Според Бенет МекКалум (Bennett T. McCallum), правилото е тековна имплементација на некоја формула, која е избрана така што е применлива за бесконечно голем број на периоди на одлучување. Може да се заклучи дека правилото е формула која инструментот на монетарната политика го насочува кон одржување на таргетираната променлива блиску до нејзината посакувана вредност. Во општа смисла, правилото е претставено преку формулата:

Правило Во Монетарната Политика 

каде r е инструментот на монетарната политика, додека x е таргетираната променлива.

Во основа, правилата се делат на количински и ценовни: првите се однесуваат на некој монетарен агрегат, а вторите на некоја цена како:девизниот курс, златото, општото ниво на цените или каматните стапки. Свенсон ги дели правилата во две широки класи:

  • правила на инструментитe(instrument rules)
  • и правила на таргетирање (targeting rules).

Првите се правила кај кои инструментот на монетарната политика (на пример, кусорочните каматни стапки или примарните пари) реагира на одредени променливи, т.е. инструментот на монетарната политика се менува механички според промена на некоја од променливите. Вторите правила значат дека монетарната политика реагира на отстапувањето на некоја крајна цел или интермедијарен таргет (intermediary target) од нивната таргетирана вредност. Иако, оваа поделба инсистира на терминолошка прецизност, сепак таа не е пошироко прифатена, така што под поимот правило се подразбира она кое се однесува на начинот на реагирање на инструментот на политиката.

Одлики на доброто правило се:

  1. Ефикасност - доброто правило треба да обезбеди минимална варијабилност на цените и производството при различни претпоставени макроекономски модели,
  2. Едноставност -во изразувањето на правилото, кое треба да биде лесно разбирливо;
  3. Прецизност - правилото да биде јасно поставено, т.е. квантифицирано, а не да биде воопштено со зборови како "да се обезбеди стабилност на цените на долг рок";
  4. Одговорност - правилото да овозможува оценка на перформансите на централната банка, т.е. да може лесно да се утврди, дали таа се придржува кон него или го прекршува.

Улогата на правилата во монетарната политика

За надминување на ограничувањата на монетарната политика клучно е поставување прецизни и строги правила според кои би се водела монетарната политика. Притоа, постојат економски и политички аргументи за прифаќање на правилата во водењето на монетарната политика. Економските аргументи произлегуваат од анализата на временската неконзистентност, додека политичките аргументи се состојат во заштитата на монетарната политика од злоупотреба од страна на политичарите. Но, наспроти големата популарност што ја уживаат правилата во монетарната теорија, во реалниот живот не постои случај на водење на монетарната политика според однапред пропишано квантитативно правило.

Иако дебатата "за и против правилата" е доста стара, сепак таа доби остар пресврт со анализата на проблемот на временската неконзистентност на дискреционата политика. Анализата на Кидланд (Finn E. Kydland) и на Прескот (Edward C. Prescott) директно сугерира дека економската политика треба да се води според конституционални правила, кои нема да се менуваат, освен во исклучителни состојби. Движејќи се во истата рамка, и Баро (Robert J. Barro) и Гордон (David B. Gordon) покажуваат дека правилата водат кон подобри економски перформанси во споредба со дискреционата политика, дури и кога монетарната политика е добронамерна, т.е. настојува да ја максимизира благосостојбата на општеството. Тие го потврдуваат правилото е супериорно во однос на дискрецијата, но тие покажуваат дека идеалното правило за нулта инфлација не е применливо заради искушението да се прекрши правилото и придобивките кои произлегуваат од тоа. Според нив, применливите правила подразбираат некоја позитивна стапка на инфлација.

Конкретни правила во монетарната политика

Најпознатото правило, кое побудува голем интерес не само во теоријата, туку и во практичното водење на монетарната политика, е Тејлоровото правило (Taylor rule), кое е претставено во следнава општа форма:

    Правило Во Монетарната Политика 

каде што R го претставува инструментот на монетарната политика, т.е. номиналната каматна стапка на централната банка; π е посакуваната стапка на инфлација на долг рок; y е разликата помеѓу тековниот и потенцијалниот производ (т.н. јаз во производството- output gap ); it и i* се тековната и таргетираната инфлација, содветно; и ṝ е рамнотежната каматна стапка. Tеоретските модели и историските симулации покажуваат дека h > 1 е потребен услов за водење на стабилизационата политика, т.е. при отстапување на тековната инфлација од таргетот, централната банка треба да реагира со натпропорционално зголемување на номиналнитe каматни стапки, што пак имплицира пораст на ex post реалните каматни стапки.

Во литературата се сретнуваат бројни модификации на Тејлоровото правило. Лоренс Бол (Laurence Ball) го предлага следново правило за водење на монетарната политика во отворена економија:

Правило Во Монетарната Политика 

според кое, инструментот на монетарната политика (комбинација на каматната стапка и девизниот курс) реагира на јазот во производството и комбинацијата на тековната инфлација и девизниот курс во минатиот период, а тоа е долгорочната инфлација која е исчистена од ефектите на транзиторните промени на девизниот курс.

На оваа линија е и правилото на Хендерсон и Мек Кибин:

    Правило Во Монетарната Политика 

т.е. каматната стапка на централната банка е функција на отстапувањето на збирот од инфлацијата и производството од таргетираните вредности. Булард и Шалинг покажуваат дека во присуство на шокови на страната на понудата, Тејлоровото правило треба да се прошири така што монетарната политика ќе реагира не само на факторите на страната на побарувачката (отстапувањето од таргетираната инфлација и јазот во производството), туку и на факторите на страната на понудата. Тоа пак понатаму имплицира реагирање на монетарната политика на промената на стапката на инфлација и јазот во производството од минатиот период:

    Правило Во Монетарната Политика 

Втората група правила кои се сретнуваат во литературата се т.н. ''номинални правила со повратна врска'' (Nominal Feedback Rules - NFR), кои уште се познати како Мек Калумови или адаптивни правила (McCallum rules, adaptive rules). Општата форма на овие правила е :

    Правило Во Монетарната Политика 

Овие правила се состојат од четири елементи:

  • прво, инструментот на монетарната политика (y);
  • второ, таргетираната променлива (h);
  • трето, долгорочниот тренд на движењето на оваа променлива (0);
  • и најпосле, предвидување на односот меѓу инструментот и таргетираната променлива(h - u) заедно со параметарот на повратната врска(1).

Од оваа група, најпознато е правилото на МекКалум, кое се однесува на монетарната база како инструмент на монетарната политика:

Правило Во Монетарната Политика 

Правилото покажува дека кварталната стапка на растеж на примарните пари треба да биде еднаква на посакуваниот растеж на номиналниот БНП, намалена за просечниот растеж на брзината на оптек (velocity) на примарните пари во претходните 16 квартали и коригирана за отстапувањето од таргетот во претходниот квартал.

Естрела и Мишкин (Frederic S. Mishkin) предлагаат правилото на МекКалум да се модификува во:

Правило Во Монетарната Политика 

Значи, наместо да се врши исправка на монетарниот растеж за просечната брзина на оптек на парите во претходните четири години, како во оригиналното правило, исправката се врши само за промената на брзината на оптек на парите во минатиот период.

Во поново време, во литературата се предлагаат итн. правила свртени кон иднината (forward-looking rules), кај кои инструментот на монетарната политика реагира на очекуваните вредности на некои променливи. Голема предност на оваа група правила е тоа што тие експлицитно водат сметка за временските задоцнувања на ефектите на монетарната политика. Исто така, монетарната политика реагира на предвидената инфлација (која е резултат на бројни променливи), а тоа значи дека имлицитно, таа базира врз поширока лепеза на информации, што е голема предност во однос на другите прости правила, кои реагираат на мал број променливи. Така, Халдејн и Батини го нудат правилото:

Правило Во Монетарната Политика 

т.е. ex-ante реалната кусорочна каматна стапка реагира на минатата и рамнотежната каматна стапка, како и на отстапувањето на очекуваната инфлација од таргетот.

Кларида, Гали и Гетлер го предлагаат следново правило:

    Правило Во Монетарната Политика 

каде што монетарната политика реагира на отстапувањето на очекуваната инфлација од таргетираната и на очекуваното отстапување на реалниот производ од потенцијалниот. МекКалум и Нелсон го применуваат истото правило, само со номиналниот доход наместо очекуваната инфлација.

Поради бројните правила споредувањето на одделните правила и изборот на најдоброто помеѓу нив се врши преку симулации во рамките на некој теоретски модел и споредба на добиените резултати со емпириските. Овие симулации даваат различни резултати во поглед на изборот на најдоброто правило.

Дебатата за и против правилата

Стенли Фишер (Stanley Fischer,) смета дека во теоријата правилата го намалуваат задоцнувањето при одлучувањето во монетарната политика, која не губи време, туку реагира автоматски, а исто така, со нив се спречува политиката да реагира премногу или предоцна. Според Вилијам Пул (William Poole) правилата обезбедуваат одговорност и транспарентност на политиката, како и историски запис за да може да се оценува, зошто во минатото политиката правела грешки и, врз таа основа, во иднина да се поправа правилото. За Роберт Лукас (Robert E. Lucas), примената на правила во монетарната политика обезбедува стабилност и безболно реструктурирање на параметрите на однесувањето на економскиот систем.

Постојат сериозни забелешки за примената на правилата во монетарната теорија. На теоретски план, се аргументира дека предностите на правилата произлегуваат од теоретските модели кои засноваат врз премногу упростени и нереални претпоставки. Така, придржувањето кон некое правило може да биде контрапродуктивно во зависност од конвенциите кои ги координираат очекувањата и акциите на економските агенти, како и при големи шокови кои ја погаѓаат економијата и во услови на голема неизвесност. Според Баро, недостатокот на правилото е тоа што централната банка добива мотив за лажење, т.е. одвреме-навреме да го прекрши правилото, со што таа создава привремен економски бум. Понатаму, правилата оневозможуваат да се вградат новите сознанија во монетарната политика. Правилата бараат реориентација на целокупниот процес на планирање на политиката, што е тешко изводливо. Исто така, емпириските врски помеѓу економските променливи можат да се променат со тек на време, понекогаш дури и непредвидливо, со што правилото престанува да функционира.

Најголемата слабост на правилата е тоа што не може однапред да се предвидат сите можни состојби во кои ќе западне економијата и соодветно, за секоја состојба да се пропише посебно правило. Се смета дека правилата ја оневозможуваат флексибилноста на монетарната политика, која не е во состојба да ги неутрализира ефектите од неповолните шокови кои ја погаѓаат економијата. Како одговор на овие критики се предлага поставувањето на ''лепеза на правила'' (contingency rules), кои би се активирале во секоја посебна ситуација во која запаѓа економијата. На тој начин, правилото не ја исклучува активистичката политика. Но, овој пристап на Дорнбуш (Rudiger Dornbusch) и Фишер, и МекКалум е применлив ако бројот на можните ситуации во кои може да западне економијата е мал, но во реалноста има голем број такви комбинации, што би водело кон специфицирање многу комплексни правила, кои се тешко применливи. Исто така, овие правила се тешки за верификација, т.е. создаваат поттик за лажење и оправдување на постапките на централната банка со некои објективни околности. Како последица на недостатоците на правилата, во реалниот свет не постои случај на препуштање на монетарната политика на некоја однапред специфицирана формула. Уште повеќе, како што забележува МекКалум, правилата воопшто не се неопходни бидејќи компетентната централна банка може самата да избере да не се однесува инфлаторно без помош на никакви правила. Во тој поглед се наведува примерот на ФЕД во последниве дваесет години, кој исклучително добро ја води монетарната политика без употреба на никакви правила.

Наводи

Tags:

Правило Во Монетарната Политика Дефиниција на правилатаПравило Во Монетарната Политика Улогата на правилата во монетарната политикаПравило Во Монетарната Политика Конкретни правила во монетарната политикаПравило Во Монетарната Политика Дебатата за и против правилатаПравило Во Монетарната Политика НаводиПравило Во Монетарната ПолитикаАлгебраАнглискиИнфлацијаМонетарна политикаПроизводство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Слепо цревоМетронидазолГлас за МакедонијаИстанбулОпштина ДолнениДимитар МиладиновКиро ГлигоровЛибанЛатвијаЗмијаОксидационо-редукциона реакцијаГрад СкопјеПавле ТрајановБерлинСифилисИзборна единица 5СкриеносеменициМарјан БожиновскиАнета МицевскаСобрание на МакедонијаПиреј (роман)МетафораПартија за демократски просперитетuf2lnПрва влада на Никола ГруевскиЗемјотресАртритисСписок на планини во МакедонијаДојранско ЕзероМакедонски претседателски избори, 2009МетотрексатХристијан МицкоскиДијалекти на македонскиот јазикБроеви во македонскиот јазикЧовечко телоШтитна жлездаМакедонски парламентарни избори, 2006Јоаким КрчовскиЕлизабета ЃоргиевскаРомео и ЈулијаПрва влада на Зоран ЗаевБобан ТрајковскиВлада на Македонија од 1992Жичени инструментиКрпен животСоветски СојузÈ (кирилица)Загрозен видСписок на држави по населениеПере ТошевФилипиниОпштина ТетовоВилсонова болестЃорѓија СајкоскиГодина’РбетнициМакедонски претседателски избори (2004)Амди БајрамМарокоДискус хернијаВештачка интелигенцијаКалиум перманганатМакедонски парламентарни избори (1994)Панде ПетровскиАкутен панкреатитРак на панкреасотВтора влада на Зоран ЗаевДекарМакедонски денарОпштина ЈегуновцеО писменехСтрумицаРајко ЖинзифовЈордан Хаџи Константинов-ЏинотБескрајна приказнаКрвна групаТестостерон🡆 More