2011 Попис На Населението Во Македонија

Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија — статистичка операција на територијата на државата, планирана да започне на 1 октомври и да заврши на 15 октомври 2011 година.

На 10 октомври пописот бил стопиран со поднесување на колективна и неотповиклива отставка на пописната комисија.

Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија

← 2002 1 октомври 2011 2021 →

2011 Попис На Населението Во Македонија
2011 Попис На Населението Во Македонија
Општи информации
ДржаваМакедонија Македонија
УправаДржавна пописна комисија
Мрежно местоПопис 2011 — ДЗС (архивирано)
Резултати
Статуспрекинат

Позадина

Првичните подготовки за пописот биле направени уште во текот на 2008 година. Според тогашниот план, пописот во земјата требало да започне на 1 април 2011 година, поради распуштањето на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори во Македонија, кои се одржале на 5 јуни како и поради проблемите предизвикани од поделбите во Државната пописна комисија во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници.

По формирањето на новиот парламент, подготовките за попис продолжиле. Подготовката и реализацијата на пописот на населението, домаќинствата и становите го следи Еуростат. Тимот што ја врши експертската проценка го предводи Жан Мишел Дур, меѓународно признат експерт за пописи, кој претходно работел за Унитед Натионалс Статистицал Дивисион. Преку експертската проценка, Еуростат ќе образложи независно експертско мислење за тоа дали пописот е спроведен во согласност со меѓународните препораки за спроведување попис посочени од страна на УНЕЦЕ/Еуростат и прифатени од страна на Конференцијата на европските статистичари како принципи и препораки за пописот на населението и домаќинствата.

Пред започнувањето на пописот, на 30 септември претседателот на Државната пописна комисија Весна Јаневска поднела оставка По оставката, Пописната комисија одржала седница на која ја назначила Слободанка Гиевска за нов претседател на Комисијата. На местото на Беџети кој исто така си поднел оставка, како нов потпретседател на Комисијата бил избран Бујар Османи.

Според некои претпоставки, пописот е предвидено да чини околу 15 милиони евра, а првичните резултати од пописот треба да се добијат по два месеца.

Тек

На 2 октомври 2011 година, член на тетовската пописна комисија и државен инструктор се обиделе физички да се пресметаат во просториите на тетовската пописна комисија. Подоцна, истите биле повикани на испитување во полицијата.

На 10 октомври 2011 година пописот бил прекинат со поднесување на колективна неотповиклива отставка на пописната комисија. Според нив:

Државната пописна комисија на вечерашната седница констатираше дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на пописот. Во најголема мера ова се однесува на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со ЕУРОСТАТ во делот кој го разработува членот 6, став 3, членот 40 и членот 42 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година. Државната пописна комисија од овие причини констатираше дека врз основа на погоре наведеното пописот не може да резултира со релевантни податоци врз основа на што комисијата не може понатаму да ги исполнува своите законски обврски. Поради тоа сите членови на Државната пописна комисија си поднесоа неотповиклива оставка. Со оглед на горенаведеното препорачуваме сите учесници во пописот 2011 да ги сопрат сите идни активности поврзани со пописот.

Организација

За извршување на попишувањето, територијата на Република Македонија е поделена на пописни кругови, а еден пописен круг во просек опфаќа од 50 до 100 домаќинства, во зависност од типот на населеното место. За секој пописен круг има по двајца овластени попишувачи. Пописот го организира и го спроведува Државната пописна комисија во соработка со Државниот завод за статистика. Како учесници во спроведувањето на Пописот на терен учествуваат:

  • Комисиите за пописните реони;
  • Државните инструктори;
  • Реонските инструктори;
  • Попишувачите

Пописни реони

Според законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, за организационите потреби на пописот, се определени 44 пописни реони и нивни седишта, врз основа на бројот на населението во општините според Пописот на населението, домаќинствата и становите 2002 година и според комуникациските врски меѓу општините.

Резултати

Пописот бил прекинат поради неправилности.

Наводи

Поврзано

Tags:

2011 Попис На Населението Во Македонија Позадина2011 Попис На Населението Во Македонија Тек2011 Попис На Населението Во Македонија Организација2011 Попис На Населението Во Македонија Пописни реони2011 Попис На Населението Во Македонија Резултати2011 Попис На Населението Во Македонија Наводи2011 Попис На Населението Во Македонија Поврзано2011 Попис На Населението Во Македонија1 октомври15 октомври2011

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТриаголникВласиКоле НеделковскиДен на независноста на МакедонијаМакедонија во Втората светска војнаРак на грлоСлезинаДомашно говедоСрцева слабостМинистерство за животна средина и просторно планирањеИсламПоштенски броеви во МакедонијаРобинзон КрусоГајдаМакедонска радио-телевизијаБојаИзборна единица 5МејозаГорјан ПетревскиЖолто МореЧир на желудникотЛиберално-демократска партијаВикипедијаПопис на населението во Македонија (2021)Општина ЛипковоОпштина Старо НагоричанеТито ПетковскиЛимфомВитамин Б6Надреден знакВлада на Талат ЏафериТалофитВојдан ЧернодринскиАбортусМакедонски претседателски избори (2024)Општина БитолаЛатвијаКрал МаркоЅвезда од КутлешЃорѓија ПулевскиИзборна единица 8Никола Димитров (дипломат)Влада на Димитар КовачевскиХристијан МицкоскиНафтен танкерМакедонски претседателски избори, 2009Бедија БеговскаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиКафеИзборна единица 7Северна АмерикаИнтернетОпштини во МакедонијаГлавна страницаСтрумицаВелко НеделковскиАнална фисураВтора влада на Бранко ЦрвенковскиСамоилово ЦарствоОвулацијаГордана Силјановска-ДавковаСписок на политички партии во МакедонијаЗвукБегалкаПолитички спектарОпштина Кисела ВодаЦрни и жолтиЛокални избори во Македонија (2017)Општина РанковцеОксидационо-редукциона реакцијаОпштина Чучер-СандевоВтора светска војна🡆 More