2 Октомври: датум

2 октомври — 275-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (276-и во престапна година).

Остануваат 90 денови до крајот на годината.

<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

Настани:

1187  Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна.
1535  Пловејќи низводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада.
1608  Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Липерсхеј го демонстрира првиот употреблив телескоп. Познатиот Галилеј првиот вков далекуглед го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.
1935  Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка.
1944  Нацистите го задушуваат Варшавското востание.
1990  Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица
1991  Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.
1992  Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.

Родени:

1452  Ричард IIIанглиски крал.
1847  Паул фон Хинденбурггермански офицер и политичар.
1852  Вилијам Ремзи — шкотски хемичар.
1869  Махатма Гандииндиски национален водач.
1890  Граучо Маркс — американски глумец.
1904  Греам Грин — британски писател.
1913  Карл Милер — германски фудбалер.
1924  Хиџет Рамадани — македонски и југословенски правник и политичар.
1935  Омар Сивори — аргентински фудбалер.
1943  Паул ван Химст — белгиски фудбалер.
1944  Абдулах Сидран — босански поет и сценарист.
1949  Ричард Хел — американски рок-музичар.
1951  Стинг — британски рок-музичар и глумец.
1967  Томас Мустер — австриски тенисер.
1967  Френки Фредерикс — намибиски атлетичар.
1968  Јана Новотна — чешка тенисерка.
1980  Горан Богдан — хрватски глумец.
1984  Горан Попов — македонски фудбалер.
1986  Мичел Докер — австралиски велосипедист.
1987  Матијас Кардасио — уругвајски фудбалер.
1988  Иван Зајцев — италијански одбојкар.
1991  Роберто Фирмино — бразилски фудбалер.
1992  Алисон — бразилски фудбалски голман.
1997  Тами Абрахам — англиски фудбалер.

Починале:

1629  Антонио Цифра — италијански композитор
1264  Папа Урбан IVримски папа.
1804  Никола Кињо — француски изумител, конструктор на првото самоодно парно возило.
1850  Сара Бифен — англиски уметник.
1927  Сванте Арениус — шведски физичар.
1962  Борис Ј. Букреев — руски математичар.
1965  Оскар Ланге — полски економист.
1968  марсел Дишан — француско-американски сликар и писател.
1973  Паво Нурмифински атлетичар.
1985  Рок Хадсон — американски глумец.
1991  Димитријцариградски патријарх.
2001  Франц Библ — германски композитор
2007  Катерина — грчка принцеза.
2017  Том Пети — американски рок-музичар.


Tags:

Грегоријански календарПрестапна година

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски претседателски избори, 2009Свети Наум (манастир)Римска култураСписок на главни градови во светотСиндром на стекнат имунолошки дефицитМакедонски претседателски избори (2009)Мртво МореЕвропаОливера ТрајковскаБојаДебрцаЏек ЛондонЏо БајденСпоменка (книга)Нина Атанасова-ШкрињариќГемиџииМонокотиледониТумор на мозокОпштина ЧашкаБРИКСДемографија на МакедонијаОпштина ДолнениДафина СтојаноскаОливера НиколоваПоштенски броеви во МакедонијаМакедонска азбукаМајка ТерезаДудукСвети Кирил и МетодијМакедонски претседателски избори (2014)Грегоријански календарПолитика на МакедонијаЦрни и жолтиЦар СамоилФранческо ПетраркаВоен конфликт во Македонија, 2001Загадување на воздухотСрцева слабостКриптовалутаКалиопиДимитар АпасиевКичевоТелефонМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаХристијанствоАутизамГлас за МакедонијаМамутчевоВладимир ГлигоровКрсте Петков МисирковМарокоЃорче ПетровВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Македонски јазикАлшарМакедонија во Втората светска војнаОслободителна Народна АрмијаПоткастЗоран ЗаевМедузаПирамида (геометрија)Изборна единица 2Јулијански календар‘Рбетен столбКомуњарУд (македонски)Радмила ШекеринскаКрал МаркоСамоилово ЦарствоМакедонија (регион)TrackBackВладо БучковскиАна ФранкТрета влада на Никола ГруевскиДенес над Македонија🡆 More