Повикај М Заради Убиство

Повикај М заради убиство е прв филм на Алфред Хичкок од серијата на филмови снимени со Грејс Кели.

„Dial M for Murder“
Повикај М Заради Убиство
РежисерАлфред Хичкок
ПродуцентАлфред Хичкок
Главни улогиРеј Миланд
Грејс Кели
Роберт Камингс
Џон Вилиамс
Ентони Давсон
МузикаДимитри Тиомкин
КинематографијаРоберт Баркс
МонтажаРуди Фер
ДистрибутерWarner Bros.
Премиерамај 29 1954 (1954-05-29)
Времетраење105 минути
ЗемјаПовикај М Заради Убиство САД
ЈазикАнглиски
Буџет$1,400.00
Бруто заработка$6,000.000

Улогата на Тони Вендис требало да му биде доделена на глумецот Кери Грант, кој кај публиката е познат по тоа што игра улоги на чесен дури и наивен лик. Од претпоставки дека не би можел да глуми лик на убиец на својата сопруга, шефовите на студиото на Варнер Брос во договор со режисерот на филмот Алфред Хичкок, главната машка улога му ја доделиле на Реј Миланд.

Дејство

Тони Вендис (Реј Миланд) е поранешен професионален тенисер кој живее во брак со богата сопруга Маргот (Грејс Кели). Откако се повлекува од активното играње тенис, започнува бизнис. Маргот е незадоволна од неговата презафатеност и честото отсуство од дома и започнува врска со Марк Халидеј (Роберт Камингс) познат американски писател на криминални приказни. Тони ја открива нивната врска од писмата што Маргот ги добива од Марк. Решава да ја убие Маргот, воедно и да го наследи целото нејзино богатство.

Марк е во посета на Лондон, се среќава со Маргот во нивниот стан, каде се запознава со Тони. Организирана е вечера во ресторан, но Тони им ги дава резервациите и "жали дека не може да дојде со нив бидејќи има професионални обврски со бизнисот". Откако го испраќа заљубениот пар на забава, го повикува дома својот соученик од колеџот С.А. Сван (Ентони Давсон) кој во меѓувреме станал криминалец, му нуди 1000 фунти во готово и му го образложува планот за убиството на Маргот. Сван иако не се согласува, прифаќа да го изврши убиството под уценувачкиот притисок од Тони дека ќе биде пријавен во полиција заради неговите криминални дела.

Планот е следен: Тони оди на машка забава во Грандон хотел со пријатели, го зема со себа и Марк, а Маргот останува сама дома. Клучот на Маргот од влезната врата, претходно украден од нејзината чанта, е скриен под теписонот од петтиот скалник. Со тој клуч Сван би влегол во станот и би се скрил зад завесата зад бирото на Тони, каде стои и телефонот. Кога Тони ќе се ѕвони дома на телефон, Маргот би се јавила, во тој момент Сван би излегол од зад завесата и би ја задавил Маргот. Сван клучот би го вратил под теписонот од петтиот скалник и би заминал. Кога Тони и Марк ќе се вратат од забавата, Тони би го отклучил станот со својот клуч, со Марк ќе го видат мртвото тело на Маргот и Тони на полицијата ќе им даде алиби дека "непознат сторител влегол низ балконската врата и ја убил Маргот".

Тој ден, средувајќи ги сликите од својот албум, Маргот заборава да ги прибере ножиците кои остануваат на бирото.

Сè се одвива според планот. Сван влегува во договорениот термин во станот, но го враќа клучот на место, се крие зад завесата. Тони се јавува дома и Маргот одговара на повикот. Додека Сван се обидува да ја задави, Маргот ги дофаќа ножиците и смртно го ранува. Сван умира, а Маргот вознемирена на телефон инсистира Тони да дојде дома. Доаѓајки дома, Тони ја испраќа Маргот на спиење и повикува полиција. Додека полицијата е на пат Тони зема клуч од мантилот на Сван и го става во чантата на Маргот.

Нема траги дека Сван насилно влегол во станот, очигледно е од трагите на неговите чевли дека влегол низ влезната врата која Маргот му ја отклучила. Ниту пак има траги од Сван дека сакал нешто да краде. Сите истраги на полицијата тврдат дека Маргот извршила убиство со умисла: Маргот е уапсена, задржана во полициска станица и е осудена на смрт. Нејзините аргументи за одбрана се неодрживи, Тони успева во своите намери Маргот да биде ликвидирана, на овој или оној начин.

Повикај М Заради Убиство 
Грејс Кели во улога на Маргот Мери Вендис

Марк Халидеј е повеќе од убеден дека Маргот не е виновна. Составува "своја верзија на настанот" и оди во посета на Тони и му вели да признае дека со Сван го договорил убиството на Маргот, така Тони би добил само неколку години затворска казна што е премал влог за животот на Маргот. Дури и се згрозува од тоа колку Тони е рамнодушен што жена му ќе биде погубена, без оглед на наследството што веќе и онака го ужива. Во истата "детективска приказна" на Марк верува и полицискиот инспектор Хубард (Џон Вилиамс).

Додека Маргот е во затвор и се чека извршувањето на смртната казна, инспекторот Хубард оди чекор понатаму во истрагата. Чешлајки низ станот го наоѓа клучот под теписонот на петтиот скалник. Неколку дена подоцна, посетувајќи го Тони, Хубард го зема неговиот клуч од станот и го заменува со некој друг клуч. Истовремено му вели на Тони да дојде во станицата и да ги земе остатоците од предметите на Маргот. Откако Тони заминува од дома, Хубард се јавува во полициската станица за Маргот во придружба на инспектори да дојде дома. Притоа со клучот од својата чанта Маргот не може да ја отклучи влезната врата и влегува низ балконската. Тоа кажува дека критичната вечер додека Маргот била заклучена во станот, не можела да го остави клучот надвор под теписонот од петтиот скалник. Ако пак знаела дека таму има клуч од станот, зошто не го употребила сега, туку влегла низ балконската врата? Чантата на Маргот исто така е вратена во полициската станица.

Тони доаѓа дома, со "својот" клуч не може да отклучи (неговиот мантил сосе оригиналниот клуч му беше заменет од инспекторот), не може да отклучи ниту со клучот од чантата на Маргот која штотуку ја зеде од полициската станица, таму самиот Тони врати погрешен клуч кој му припаѓал лично на Сван. Размислувајќи како да влезе и размислувајќи каде би можел да е клучот од Маргот, се сети да го побара под теписонот од петтиот скалник, место за кое знаеле само тој и Сван. Отклучувајќи ја вратата се шокира, во станот се Маргот, Марк и Хубард. Сакајќи да побегне, на вратата му се испречи детективот Вилијамс (Џорџ Ли). Тони ја сфати грешката што ја направил и честитајќи му на Хубард за последен пат им понуди појалок на Маргот и Марк: "Вие инспекторе, се надевам дека не пиете додека сте на должност".

Улоги

Податотека:Dial M.jpg
Камингс, Кели и Миланд
  • Реј Миланд како Тони Вендис
  • Грејс Кели како Маргот Мери Вендис
  • Роберт Камингс како Марк Халидеј
  • Џон Вилијамс како главен инспектор Хубард
  • Ентони Давсон како Каптен Лезгејт односно С.А. Сван
  • Џорџ Ли како детектив Вилијамс

Друго

Податотека:Alfred Hitchcock cameo (1954) Dial M for Murder.jpg
Камео на Алфред Хичкок

Како во најголемиот број од своите филмови, Алфред Хичкок и во овој има свој камео. Во неколку наврати во филмот може да се види сликата од веселбата на студентите од колеџот како седи на маса со главните улоги во филмот Реј Миланд (Тони Вендис) и Ентони Давсон (С.А. Сван).

Надворешни врски

Tags:

Повикај М Заради Убиство ДејствоПовикај М Заради Убиство УлогиПовикај М Заради Убиство ДругоПовикај М Заради Убиство Надворешни врскиПовикај М Заради УбиствоАлфред ХичкокГрејс Кели

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Референдум во Македонија (2018)Црна ГораСлуз-цедење во грлотоАлшарОбединето КралствоОпштина СарајОпштина Желино27 априлИзборна единица 3Парите се отепувачкаКрвен притисокДржавни празници во МакедонијаВенко ФилипчеСреден клеточен волуменСтојанче АнгеловДуховденТуризам во РусијаСифилисВооружена престрелка во Куманово (2015)МијациСписок на реки во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2002)ЕстрогенЛозје (книга)Географија на ГрцијаСписок на градови во МакедонијаМРСАПрва балканска војнаСебороичен дерматитМогорчеМаргарет ТачерЉубчо ГеоргиевскиСердаротСоцијалдемократијаМакпетролШар ПланинаЛимфомСписок на македонски филмовиСписок на македонски народни поговоркиПиреј (роман)ЧешкаЧетврта влада на Никола ГруевскиИзбориГемиџииАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаФјодор Михајлович ДостоевскиГипсРак на панкреасотДУИМакедонски претседателски избори, 1999Скопски аквадуктПитом пелинОпштина ДолнениАвтоимуна болестАлберт АјнштајнВасил ИљоскиМакедонски парламентарни избори (1990)Список на претседатели на САДГрб на МакедонијаОвчи сипанициСобрание на МакедонијаГрупа МаестроНадбубрежна жлездаЈордан КамчевМакедонски претседателски избори (1999)Ајфелова кулаИзборна единица 9Гоце ДелчевХороскопски знациМакедонски претседателски избори, 1994ТуберкулозаДесница (политика)Велко НеделковскиЕпилепсијаДаме ГруевИзборна единица 2🡆 More