Народни Носии Од Струшки Дримкол

Јужниот дел на пределот Дримкол, означен како Струшки Дримкол, сосема се разликупа по етничките особини на населението од неговиот северен дел — Дебарски Дримкол, а како највпечатлива е разликата во народната носија.

Народни Носии Од Струшки Дримкол
Преден поглед на празничната носија од Струшки Дримкол

Од десната страна по течението на Дрим, паралелно со претходниот предел, е расположено Струшко Поле. Во времето на турското владеење овие два предела административно припаѓале на Струшката нахија - во рамките на Охридската каза.

Народни Носии Од Струшки Дримкол
Заден поглед на празничната носија

Машката носија

Мажите во струшкиот крај носеле бела волнена фанела, над која се носела бела платнена кошула (од коноп или памук) со широки отворени ракави, која била вовлечена во белите клашнени бечви кои биле украсени со црни гајтани. Над кошулата се носело бел клашнен џамадан (допојасна облека) кој исто така бил украсен со црни гајтани, и бел платнен фустан кој имал ≈50 клинови. Исто така се носело црно клашнено гунче со ракави долги до лактите со правоаголна јака која може да формира ќулавка.

За време на празници се носело бела клашнена долама со долги ракави, која од половината надолу била „дулчена“ со многу „дулци“ (клинови), а долама без дулци била носена од постарите мажи. На нозете се носеле „алени“ црвени волнени чорапи кои биле богато орнаментирани, а после балканските војни се замениле со еднобојни (најчесто црни) чорапи. Исто така носеле клашнени тозлуци (вид подколеници) стегнати со дизги – бели-хоризонтално шарени тесни ленти. До почетокот на ХХ век, на главата носеле фес со пискул, а потоа истиот се заменил со плитка округла црна капа.

Народни Носии Од Струшки Дримкол
Актерката Адриана Будевска-Ганчева облечена во невестинска носија со еднодиплен скутник

Женската носија

Жените во околините села на струга носеле бела платнена кошула, која порано се везувала традиционално, но потоа се појавуваат мотиви од списанија и аплицирани парчиња од индустриски ткаенини.

Народни Носии Од Струшки Дримкол
Жени од с. Калишта со дводиплен скутник во 1909 год.

Над градниот дел од кошулата се носело платнена правоаголна грлинка, порано од домашно, а потоа од индустриско платно украсено со ширити. Под ракавите на кошулата се носеле поманики (догли од китката на раката до лактите, од волна или индустриско-платно со ширити).

Над кошулата се носело елек (допојасна облека) со кадифени ракави и предници украсени со срмен вез, кој бил носен до втората светска војна. Исто така носеле бел клашнен „клашеник“, долг до колената и украсен со црвени гајтани, или з’бун од куповен индустриски материјал со дискретни пруги на сино плава основа, долг до колената и кој бил ѕвонесто проширен од половината надолу. Над клашеникот и з’бунот се опашувало црн појас во вид на гајтан, а тесна богато-орнаментирана препашка која се опашувала околу појасот. Над двете се носело или црвено клашнено невестинко џубе, или бело клашнено џубе со бели и црвени гајтани. Исто така жените носеле еднодиплен пругаст скутник на алена основа со рески на долниот дел (најстар вид), дводиплен скутник со прави шарки и украсен со „пуфки“ во долниот дел, или скутина од бел памучен конец со птичји/цветни форми. Девојките имале квадратен панѕур од свита чоја (12х12cm) закачен на долниот дел од плетенката „прцагот“.

Невестите ги покривале главите со сокај, носено на денот на венчањето со ќулавка на горниот дел, а бил богато извезен на вратниот дел и со реси на долниот дел. Составен дел на сокајот бил гајтан од парче црвена клашна со црни реси кој бил закачен за вратниот дел од клашеникот/џубето со помош на 2 цврсти јадици. Невестите исто така ја покривале главата со марама од црвени копринени/памучни конци.

На нозете жените носеле волнени чорапи орнаментирани на алена основа, а биле заменати со едни орнаментирани на шекерлија основа. Над нив носеле опинци од говедска/свинска кожа, а невестите носеле кондури „роганлии.

Наводи

Поврзано

Tags:

Дебарски ДримколСтрушки Дримкол

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Крсте Петков МисирковПресметување на датумот на ВелигденЕзѓан АлиоскиЏеф БезосКавадарциЈаглехидратСтомакГригор ПрличевРелигија во МакедонијаЛесновски манастирПроизвод (математика)ТапаниАвтоматикаКласицизамБалкански ПолуостровПроста реченицаГоран ПандевГеографија на МакедонијаЕрусалимСветско првенство во ракомет за мажи 2023ПравоаголникКирил ПејчиновиќМасакр во ВаташаАнета МицевскаВитамин Б6Васил ИљоскиПрост бројГраматички категории на именките во македонскиот јазикМакедонски народни носииДесет Божји заповедиСветлана Ражнатовиќ-ЦецаЛасерЈован КотескиСписок на планини во МакедонијаСолунски атентатиХорнаЦветГајдаПингвинМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Славко ЈаневскиКафеава мечкаЛуксембургЈоаким КрчовскиСписок на повикувачки броеви на земјитеБарокМирка ВелиновскаТрета фудбалска лига на Македонија 2020/2021Цистична фиброзаРелигијаЕдгар Алан ПоАлиса во земјата на чудатаПретприемништвоЕндометриозаМоклиште (село)ХектарРак на желудникИндустријаНемања ГудељСистемски лупус еритематозусПјацаЦрква Света Софија (Истанбул)Град СкопјеПочваДрогаМакедонска азбука20000 милји под моретоДиво месо (драма)Хороскопски знациАбортусГравитацијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикМарија АнтоанетаЗлато🡆 More