Министерство За Надворешни Работи На Македонија

Министерството за надворешни работи на Република Македонија е министерство во Владата на Република Македонија задолжено за управување со односите со други земји.

Актуелен министер за надворешни работи е Бујар Османи.

Министерство за надворешни работи
Министерство За Надворешни Работи На Македонија
Лого на МНР
Министерство За Надворешни Работи На Македонија
Зградата на Министерството за надворешни работи
Податоци за органот
Основан 1991
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 453 (2017)
Надлежен министер Бујар Османи
Мрежно место
mfa.gov.mk

Историја

Корените на македонската дипломатска активност, во поширока смисла на зборот, датираат уште од раните фази на борбата за национална афирмација и државност. Тие активности, чии носители се истакнати македонски интелектуалци кои живееле и работеле во светските престолнини, имале за цел пронесување на вистината за Македонија пред меѓународната јавност. Од нив попознати се Димитар Влахов, Димитрија Чуповски, Крсте Петков Мисирков, итн.

Со одлуките на Второто заседание на АСНОМ, во 1944 година, конституирана е македонската држава, како федеративен дел од тогашна Југославија.

На 29 април 1969 година, со Указ потпишан од Претседателот на Собранието на СР Македонија е воспоставен нов орган во состав на тогашниот Извршен совет, под назив „Биро за односи со странство“. Ова тело понатаму ќе доживува трансформации, ќе го менува своето име, ќе го проширува и продлабочува доменот на својата активност. Од ова тело, по осамостојувањето во 1991, под името „Секретаријат за односи со странство“, а подоцна „Министерство за односи со странство“, ќе претставува основа на денешното Министерство за надворешни работи на Република Македонија. По тој повод, во 2007 година, 29 април е прогласен за ден на Министерството за надворешни работи.

Почнувајќи од 2013 г., во состав на министерството работи и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика.

Досегашни министри

Министерство За Надворешни Работи На Македонија 
Детаљ од зградата на министерството

Министри за надворешни работи во Владата на РМ од осамостојувањето во 1991 до денес:

Цели и приоритети на надворешната политика

Република Македонија преку надворешна политика- на билатерален и на мултилатерален план - ги промовира своите национални вредности и интереси. Европската и Трансатланската интеграција е витален интерес за долгорочната стабилност, безбедност и благосостојба на Република Македонија.

  • Промоција на Република Македонија како држава кандидат за членство во НАТО, активно учество воспставената институционална рамка – Партнерство за мир. EAPC, имплементација на Акциониот план за членство во НАТО, со цел создавање на услови поканата за членство да се реализира на НАТО Самитот во 2008 г. Членството на Република Македонија во НАТО ќе значи долгорочна стабилност и безбедност не само за Балканот, туку и за Евро-атлантскиот регион во целина и почеток на финализацијата на концептот за Европа, целовита, слободна и во мир.
  • Интензивирање на активностите сврзани со исполнување на неопходните критериуми и нивна презентација со цел донесување на одлука од страна на ЕУ за добивање датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Како земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија во процесот на пристапување гради внатрешно-правни механизми, инструменти и капацитети за хармонизација со правото на ЕУ во оваа област и за остварување активен придонес во развојот на ЗНБП и ЕБОП.
  • Континуирано јакнење на стратешкото партнерство со САД и развивање на сестрани партнерски односи со земјите членки на ЕУ и НАТО, при што Република Македонија посветува особено внимание на односите и соработката и со останатите значајни глумци на меѓународната сцена, пред сè со Руската Федерација и со Народна Република Кина.
  • Република Македонија во односите и соработката со државите од непосредното соседство промовира добрососедство и пријателство и готовност за сестрана соработка во повеќе области од заемен интерес. Добрососедските односи како еден од приоритетите во надворешната политика на Република Македонија претставуваат наша изворна определба, средство за јакнење на меѓусебната доверба и, едновремено, комплементарен фактор на пристапниот пат на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.
  • Градење сестрани односи на соработка меѓу Република Македонија со сите држави од поширокото соседство - како на билатерален план, така и во рамките на регионалните иницијативи и проекти. Република Македонија активно придонесува во градењето на односи на безбедност, стабилност и соработка во Југоисточна Европа, партиципирајќи во постојаните иницијативи за регионална соработка во целиот регион на Југоисточна Европа.
  • Република Македонија континуирано е ангажирана на унапредување и натамошно збогатување на односите со демократски определени држави со кои има во голема мерка традиционално добри и развиени односи.
  • Република Македонија активно учествува во работата на сите значајни меѓународни организации, како на глобално ниво – ОН и специјализираните агенции, СТО, така и во регионалните - ОБСЕ, Советот на Европа и др. , како најефикасен начин за заштита на светскиот мир и безбедност од глобалните закани на денешнината: тероризмот, пролиферацијата на оружје за масовно уништување, организираниот криминал, зачувувањето на здрава животна средина, справувањето со економските и социјални проблеми, (не-) почитување на човековите права и друго.
  • Развивање на активна економска надворешна политика во функција на интензифирање и квалитативно збогатување на билатералните економски односи со државите од регионот, Европа и целата мегународна заедница.
  • Поаѓајќи од значењето на националниот идентитет и вредностите на македонскиот народ за суверенитетот, самостојноста и безбедноста на државата, Република Македонија придава особена важност на промоцијата на националниот, културниот и духовниот идентитет надвор од границите на Република Македонија.
  • Грижа за положбата на македонските заедници кои живеат надвор од државните граници и за подобрување на правниот статус и третманот на Македонското Национално Малцинство во другите држави, согласно меѓународните договори како и склучените билатерални спогодби и договори.
  • Учество во мировни мисии (ОН, НАТО, ЕУ) во поддршка на мир, безбедност и стабилност.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Министерство За Надворешни Работи На Македонија ИсторијаМинистерство За Надворешни Работи На Македонија Досегашни министриМинистерство За Надворешни Работи На Македонија Цели и приоритети на надворешната политикаМинистерство За Надворешни Работи На Македонија ПоврзаноМинистерство За Надворешни Работи На Македонија НаводиМинистерство За Надворешни Работи На Македонија Надворешни врскиМинистерство За Надворешни Работи На МакедонијаБујар ОсманиРепублика Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПечалбариДебрцаПарадоксот на ДиогенДудукИзборна единица 5Македонски БродДоситеј ОбрадовиќКафеава мечкаВлада на Димитар КовачевскиИзвршна властОтоманска МакедонијаЧовечко телоЦар СамоилМртво МореИзбори во Република МакедонијаПат околу светот за 80 денаЗмијаКрвПоштенски броеви во МакедонијаТелефонАна ФранкМинистер за здравство на МакедонијаОпштина Кисела ВодаСвети ГеоргиОпштина ПласницаТеатарска претставаЃорѓија СајкоскиПреспански договорОстеопорозаДрамаМочуриштеПрирокЗамок БранУпад во Собранието на Македонија (2017)Грегоријански календарРадишаниВикипедијаДемократска партија на Србите во МакедонијаОпштина Македонски БродЏезОливер СпасовскиКарлес ПуџдемонМакедонски парламентарни избори, 1998Општина Крива ПаланкаПанонски легендиМаксим ДимитриевскиТоме АрсовскиСојуз на Ромите од МакедонијаПолитичка партијаВМРО-ДПМНЕБела мечкаГрцијаМарокоСобрание на Република МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2020)ГерманијаРечник на стари македонски зборовиПутурусПипи Долгиот ЧорапКанадаКошаркаГарванот (поема)Борис ТрајковскиНикола КаревОпштина АеродромКиро ГлигоровБукурешки договор (1913)Армија на МакедонијаСловенијаЛевица (политичка партија)Јордан КамчевВселенаЈугославијаВојдан ЧернодринскиАбортусПиринска МакедонијаВелики четврток🡆 More