Бесланска Заложничка Криза

Бесланската заложничка криза, исто така позната и како опсада на бесланското училиште или бесланскиот масакар, се случил на почетокот на септември 2004 година во градот Беслан, Северна Осетија-Аланија во Русија, кога биле киднапирани околу 1.100 заложници од кои на крајот од драмата повеќе од 380 биле убиени.

Заложничката криза започнала кога група на вооружени бунтовници по потекло главно од Ингушетија и Чеченија киднапирале повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи 777 деца во бесланското училиште на 1 септември. Киднапирањето на заложниците било спроведено од групата Ријадус-Салихин, и била испратена од страна на чеченскиот сепаратистички водач Шамил Басаев. По заземањето на училиштето Басаев издал барање до руските власти во кое се барало повлекување на руските сили од Чеченија и крај на Втората чеченска војна. По три дена неуспешни преговори, руските сили биле принудени да влезат во зградата по неколкуте експлозии кои се случиле внатре во училиштето. При акцијата за влегување во објектот бил искористен тенк за влез во близина на галеријата на училиштето и други тешки оружја. На крајот од драмата загинале 334 заложници од кои 186 деца а стотици други биле повредени или се водат за исчезнати. Руските специјални сили изгубиле 21 војници за време на акцијата.

Бесланска заложничка криза
Бесланска Заложничка Криза
од горе и лево во правец на стрелките на часовникот: Полуразрушената зграда на училиштето бр. 1 во Беслан во 2008 година; православен крст истакнат во спортска сала во спомен на загинатите; „Дрво на жалта“ на меморијалните гробишта во Беслан; алманах со фотографии на загинатите заложници.
МестоБеслан, Северна Осетија-Аланија (Русија)
Датум1 септември 2004 (UTC+03:00)
ЦелУчилиште број 1
Вид нападЗаложничка криза
Мртвинајмалку 385
Повредениоколу 783
СторителиРијадус-Салихин

Трагедијата довела до политички последици во Русија, особено по реформите за консолидирање на моќта на Московски Кремљ и зајакнување на овластувањата на претседателот на Русија. До 2011 година биле расветлени голем број на аспекти од кризата, вклучувајќи ги терористите кои биле вклучени, како и нивните подготовки и прашањето околу тоа дали некој од нив успеал да побегне. Прашањата поврзани околу кризата и владата и денес се тема на дискусија, главно од страна на медиумите, опишувајќи ги преговорите со бунтовниците, одговорноста од крвавите последици и употребата на можеби прекумерната сила при нападот

Избор на локација

Училиштето во Беслан, град со околу 35,000 жители во Северна Осетија-Аланија било едно од седумте во градот. Во училиштето, кое се наоѓа веднаш до полициската локална полиција, имало околу 60 наставници и повеќе од 800 ученици. Според некои извештаи, терористите имале скриено оружје и експлозиви во училиштето уште во текот на јули 2004 година, но од страна на руските служби ова било негирано.

Терористичкиот напад во Беслан бил планиран многу прецизно и професионално. Во текот на подготовката биле земани предвид грешките кои биле направени при терористичкиот напад во Дубровка во Москва, во 2002 година. Тогаш сите заложници се наоѓале во една просторија, вентилацијата била на ниско ниво а пуштениот гас делувал над сите во театрот. Затоа при оваа заложничка драма, самите експлозиви кои биле поставени, можеле да се активираат преку притискање на копче. Директен контакт меѓу заложниците и терористите скоро и немало, а една жена самоубиец била поставена меѓу киднаперите.

Училиштето Број 1 било избрано од страна на терористите бидејќи на него учеле голем број на ученици. Ова било најстарото училиште во градот кое било изградено во 1889 годиная. Во текот на својата историја, училиштето на неколкупати било проширувано, кое во текот на кризата се покажало многу тешко за акција на руските служби ако се знае дека во училиштето имало голем број на училници, ходници и лавиринти. Освен овие податоци, оваа училиште било избрано и поради тоа што останатите имале многу поедноставен распоред, и од страна на терористите би било невозможно да се одржи одбраната на високо ниво или пак нападот. Дополнителна предност на училиштето било тоа што поседувало голем училиштен двор, кое овозможило на напаѓачите со мал напор да ги блокираат излезните патишта за време на нападот.

Други фактори кои влијаеле за да биде избран градот Беслан било тоа што градот се наоѓа во близина на границата со Ингушетија, каде бил поставен и терористичкиот камп од кој на 1 септември во раните утрински часови заминале терористите кон градот од селото Пседак, кое се наоѓа на 30 километри оддалеченост од градот Беслан. Освен ова, градот Беслан има релативно мал број на население, па според овој податок имал и послаб безбедносен систем и ограничено воено присуство со споредба со други поголеми градови во Северна Осетија како Владикавказ на пример.

Ставовите во врска со претходното складирање на оружје во училиштето се различни. Застапниците на оваа теорија тврдат дека оружјето во училиштето било пренесено за време на неговото летно реновирање. Но од друга страна, во самото реновирање биле вклучени и дел од семејствата на учениците кои школувале во училиштето. Денеска не постојат точни информации околу тоа дали во училиштето навистина се наоѓало огромно количество на оружје пред да започне нападот.

Формирање на групата

Конечниот состав и број на вооружените сепаратисти бил дефиниран кон крајот на август и истиот бил формиран под раководство на Аслан Масхадов, Шамил Басаев и Абу Џеитов. Во случај на неуспешна акција, последниот подготвил дополнителна група од 11 милитанти кои требало да го заземат средното училиште во Нестеровскаја во Ингушетија.

Составот на групата терористи кои го зазеле училиштето во Беслан претходно биле членови на криминални банди, како и на нелегални вооружени групи. Голем дел од нив учествувале во борбите во Чеченија и Дагестан и постојано биле осудувани за различни кривични дела, но набргу по нивното апсење биле пуштани на слобода.

Предводник на групата бил родениот во селото Галашки во Ингушетија, Руслан Хучбаров наречен полковникот. Во Чеченија се приклучил во групата на командантот Ибрахимов, а подоцна учествувал во групата на Арби Барајев, за да на крајот се приклучи кон групата на Басајев. Како дел од овие групи учествувал во неколку терористички акции како нападот на една полициска колона во мај 2000 година, бомбардирањето на зградата на ФСБ во 2003 и учествувал во подготовката во нападот на театрот Дубровка во Москва и бомбашкиот напад на Црвениот плоштад.

Најверојатно, поголемиот дел од терористите биле етнички Чеченци. Имало и терористи со потекло од Ингушетија, Осетија, Арапи и другите етнички групи. Најверојатно терористите имале и соучесници надвор од објектот кои го следеле развојот на настаните и кои можеби биле помеѓу месното население кое се наоѓало пред училиштето, но за тоа не постои доказ.

Тек на кризата

1 септември

На 1 септември 2004 година, група на вооружени лица пристигнале во зградата на училиштето Број 1 во градот Беслан со "Газ-66" и "ВАЗ-2107". Првиот училиштен ден во училиштето започнал кога народот бил собран и терористите наеднаш започнеле најпрвин да пукаат во воздух, по кое следувало зазимањето на училишната зграда заедно со уште 1,100 луѓев Во моментот на нападот во училиштето се одржувала свеченост по повод првиот училиштен ден. така, биле киднапирани деца, нивните родители и персоналот на училиштето. Дел од децата и родителите успеале да побегнат. Според различни проценки овој број бил меѓу 50 до 150 главно ученици кои успеале да побегнат уште кога се наоѓале во дворот.

Во почетната фаза биле убиени двајца мажи. Од страна на полицискиот мајор, од обезбедувањето на јавниот ред немало скоро никаков отпор бидејќи тие биле невооружени. Поголемиот дел од заложниците веднаш биле одведени во спортската сала, а останатите биле однесени во трпезаријата и други делови од зградата. Терористите многу прецизно го имале направено планот кое им овозможило толку бргу да насоберат толкава голема толпа од народ за само неколку минути. Водејќи ги кон заложничките места, терористите ги зеле и ги скршиле сите мобилни кои се наоѓале кај заложниците. Надвор од училиштето биле поставени камери за надзор, а од "Газ-66" била извадена муницијата, тешкото оружје и експлозивот. Оружјето на терористите се состоело од најмалку 22 автоматски пушки калашникови од различни модификации, вклучувајќи и ракетни гранати, митралези, два модернизирани митралези, две противтенковски гранати и слично. Исто така терористите имале маскии опрема за медицинска помош.

Следниот чекор на терористите било правење на барикада околу училиштето. За таа цел околу 20 терористи, вклучувајќи и уште неколку средношколци биле присилени голем дел од масите и столовите да ги фрлат надвор од прозорците. Прозорците во училиштето биле разбиени, главно поради фактот што во претходниот напад во Московскиот театар, место каде бил користен гас за заспивање, целиот простор бил затворен. За разлика од таму, едниственото место каде прозорците биле добро затворени била салата. Во близина на влезовите и низ скоро сите ходници биле поставени експлозивни направи. Во салата, експлозовите биле поставени околу столиците и бил опфатен целиот објект, а експлозивот се спуштал преку кошаркарскиот обрач. Исто така во училиштето биле поставени и противпешадиски мини од типот "OZM-72". Монтирањето на експлозивниот воз во салата и монтирањето на експлозивите во другите простории од училиштето биле планирани однапред, како што покажала и подоцнешната истрага, односно се знаело колку метри ќе бидат доволни за да се блокира училиштето со жица.

На заложниците им било наредено да зборуваат само на руски, и најмалите отстапки предизвикувале големо предупредување. Еден татко на две деца се обидел да ги смири своите деца на осетски јазик, и тој веднаш бил застрелан пред сите присутни заложници. Друг заложник исто така бил сериозно повреден, а подоцна и починал кога одбил наредба да клекне на колена. Во еден друг момент, кога започнале неколку заложници да плачат, терористите започнале да пукат во тавнот и извлекле еден дел од заложниците, без оглед на возраста и полот, и им се заканиле дека ќе ги убијат доколку не престанат. Таквите видови на напади и заплашувања биле користени во текот на целата криза, заедно со малтретирањата и злоупотребата.

Опсада

Во 10:30 во близина на училиштето бил формиран кризен штаб на чело со претседателот на Северна Осетија-Аланија, Александар Џасоков. Во овој момент, тој де факто бил заменик на шефот на ФСБ во Северна Осетија-Аланија, Валериј Андреев бидејќи официјалната одлука за именувањето на Андреев за началник на Генералштабот била објавена следниот ден. Во времето на нападот бил известен и претседателот Владимир Путин, кој ја откажал планираната посета на Карачаево-Черкезија и веднаш заминал за Москва на итен состанок со безбедносните агенции. Оперативниот штаб наредил евакуација на жителите од околните куќи, формирање на кризна зона околу училиштето, котрола на звучните бранови, отстранување на околните возила и блокирање на сообраќајот во градот, како и железничката линија Беслан-Владикавказ.

Првите барања на терористите биле изјавени од страна на заложникот Лариса Мамитова, во 11:05 часот5 која била ослободена. Во белешката која била предадена, терористите барале преговорите да се водат со Мурат Зјазиков (претседателот на Ингушетија), Владимир Рушајло и Александар Засохов Телефонска врска во текот на денот не била обезбедена, па оперативниот штаб се обидел да организира преговори со терористите со помош на микрофон, барајќи да не бидат користени вакви методи. Освен ова бил донесен и муфтијата на Северна Осетија-Аланија, Руслан Волгасов, но како одговор на неговиот обид да се направи каков било контакт милитантите отвориле оган.

По ова се слушнала втора експлозија во училишната зграда. Се дознало дека експлозијата дошла од еден заложник на кој имало бомба. Експлозијата била предизвикана од страна на женски бомбашки самоубиец која ја активирала направата. Во експлозијата биле сериозно повредени неколку заложници а еден маж починал. Според една од верзиите, експлозијата била предизвикана од страна на полковникот, односно од водачот на групата кој ја активирал бомбата со далечински управувач за да ги убие оние кои отворено не се согласувале за детските заложници. Заложниците од таа група, кои сè уште биле живи им било наредено да легнат. Од сите нив, во овој случај бил убиен еден заложник. Милитантите по ова ги присилиле на дел од заложниците да ги фрлаат телата на загинатите надвор од зградата и да ја измијат крвта од подот. Еден заложник кој бил принуден да ги фрла телата, успеал сам да се фрли низ прозорец.

Во вечерашните часови во Беслан пристигнал докторот Рошал, кој учествувал во преговорите во текот на терористичкиот напад во Дубровка во 2002 година. Терористите очекувале дека ќе пристигне всушност Владимир Рушајло, и одбиле да му дозволат на лекарот да влезе во училиштето.

2 септември

Бесланска Заложничка Криза 
Поглед кон училиштето по нападот
Бесланска Заложничка Криза 
Поглед кон една од училниците по нападот

На итен состанок на Советот за безбедност на ООН, кој се одржал ноќта помеѓу 1 и 2 септември во Москва, членовите на советот го осудиле чинот на земање на заложниците и побарале нивно итно и безусловно ослободување. Барањата биле игнорирани. Во раните утрински часови, заложниците дале можност на некои заложници да зборуваат по телефон со нивните семејства, принудувајќи ги да соопштат до полицијата да не се врши никоков напад врз училиштето. Познатиот стопанственик од Ингушетија, Михаил Гуцериев понудил пари на терористите, нивно безбедно патување надвор од Осетија, но истиот предлог бил одбиен.

Утрото на 2 септември одредени медиуми објавиле дека бројот е заробени е 354 луѓе. Овој факт во следниот период станал извор на контроверзии и дебати. Исто така оваа бројка на заложници била потврдена и од страна на руските власти, која изјава наводно ги разлутила киднапираните за понатамошно малтретирање на заложниците. Неколку функционери исто така изјавиле дека станува збор за само 15 до 20 милитанти во училиштето.. Кризата од страна на претседателот Владимир Путин била проследена речиси во молк, како и од остатокот на големите политички водачи во Русија.. Путин дал само една изјава кога кажал дека главна цел на Русија била да се спасат животите на сите заложници. Тоа била единствената изјава на Путин до крајот на кризата. Во знак на протест, неколку луѓе на местото на настанот започнале да вадат транспаренти и да извикуваат пароли од типот на: „Премиере Путин, исполни ги нивните барања“ и „Путин! Постојат најмалку 800 заложници!“ Месното население исто така изјавило дека нема да дозволи нивните деца да бидат труени како во случајот со московскиот театар Дубровка..

Во околу 11 часот, Александар Ѕасохов телефонирал со Ахмед Закајев, кој пак бил во потрага на Аслан Масхадов. Александар Ѕасохов побарал од Закајев да оди кај Масхадов кој пак би ги започнал преговорите со терористите. Претходно новинарката Ана Политковскаја побарала Масхадов да посредува во преговорите за ослободување на заложниците Исто така, било побарано и од страна на Тајмураз Мамсуров, премиерот на Северна Осетија, да се вклучи во преговорите, чии две деца исто така се наоѓале во училиштето како заложници.

Во 16 часот, поранешниот претседател на Ингушетија, Руслан Аушев, пристигнал во Беслан и станал единствениот кој успеал да преговара со терористите лице во лице. Аушев донел на заложниците храна и вода, но терористичкиот водач рекол дека заложниците доброволно одбивале да јадат, и штрајкувале со глад. По ова тие се согласиле да бидат ослободени 24 луѓе, мајки со нивните деца. Исто така, терористите му предале една видео снимка која била направена во училиштето и барањата на нивниот наводен водач Шамил Басаев. Ова видео на Басаев се чувало во тајност од страна на руските власти и тоа било прогласено од страна на јавноста за лажно. Во белешката пишувало дека главните барања биле повлекување на руските сили од Чеченија и било понудено примиеје по принцип независност во замена за безбедност. Авторот на таа порака исто така барал и признавање на Чечската република и почитување на верските слободи во Русија, со ветување дека во име на сите руски муслимани. ќе биде откажано секакво делување или вооружена акција против Руската Федерација за најмалку десет до 15 години. Руслан Аушев подоцна изјавил дека бил шокиран од салата која била преполна со жени, деца и стари луѓе кои седеле, лежеле. Просторијата била доста затоплена, а децата биле голи. Според негова проценка, во училиштето се наоѓале најмалку 1000 заложници.

Во текот на 2 септември пропаднале и преговорите меѓу Рошал и терористите, кои одбиле да им се овозможи храна, вода и лекови на киднапираните лица, а телата на мртвите да бидат отстранети од училиштето. Во текот на денот, голем дел од заложниците започнале да пребледуваат од умор и жед. Поради условите во салата, кога следниот ден настапила експлозијата и започнала конечната престелка, голем дел од преживеаните деца биле толку уморни што едвај можеле да побегнат од масакрот.

Првиот заменик директор на ФСБ, генерал полковник Владимир Проничев покажал декрет потпишан од страна на премиерот на Русија, Михаил Фрадков, според кој Валериј Андреев бил именуван за шеф на оперативниот штаб.

3 септември

Бесланска Заложничка Криза 
Поглед кон салата на училиштето

На 3 септември, заложниците биле исцрпени до таа мера што дури не одговарале на терористичките налози и закани. Голем дел од луѓето, особено децата и болните од дијабетис се онесвестиле, додека други доживеале халуцинација. Терористите повторно ги поврзале експлозовните синџири, и го подместиле своите снајперисти од подот кон ѕидот испукувајќи неколку ракетни гранати на околината при што бил повреден еден полицаец.

Во 11:00, Михаил Гуцериев се согласил со терористите за евакуација на телата на мажите кои биле фрлени од прозорците на првиот ден. Милитантите дале предуслов до зградата да се приближи отворен автомобил по кое операциониот штаб дал согласност да се подготви транспортот. Така, во 12:40 автомобил се приближил до училишната зграда по кое од страна на спасувачките екипи под надзор на милитантите започнало да се евакуираат мртвите трупови..

Во 13:05 во салата се слушнале две големи експлозии во времетраење од половина минута. Веднаш по експлозијата, терористите отвориле оган врз спасувачите. Дмитриј Кормилин бил убиен на самото место, Валериј Замараев бил сериозно повреден и подоцна починал поради загуба на крв, а уште двајца други биле полесно повредени. Од втората експлозија настанало рушење на покривот, при што наводно загинале околу 160 заложници, повеќе од половината од целиот број на жртвите од заложничката криза. Дел од заложниците започнале да скокаат низ прозорците и преку влезната врата во дворот на училиштето. Терористите започнале да пукаат со автоматско оружје и гранати, при што наводно загинале 29 луѓе.

Постојат неколку широко спротивставени верзии за изворот и природата на експлозовите:

  • Според првата теорија, причината за експлозијата била сосема случајна. Оваа теза е застапувана од страна на Асламбек Аслаканов и Руслан Аушев
    • според почетната официјална верзија, една од бомбите која била врзена со селотејп паднала на подот и експлодирала.. Сепак, овој настан скоро никој не го видел или потврдил.
    • Според Игор Сенин, во училишната зграда некој ја употребил рачната граната, и тоа било сосема случајно по кое терористите одлучиле да отворат оган сметајќи дека се нападнати.
  • Според извештај од Станислав Кесајев, дел од очевидците тврделе дека снајперски истрел го погодил еден од терористите па по неговото паѓање на подот била активирана првата експлозија.. Сепак, оваа верзија била отфрлена.
  • Официјалната верзија од 2006 година кажува дека самите терористи ја започнале детонацијата на експлизивите меѓу заложниците. Според истиот извештај, оваа драма била планирана како самоубиствен напад уште од почетокот и дека училиштето било предвремено подготвено за заложничката драма.

Напад

Бесланска Заложничка Криза 
Поглед кон салата на училиштето

Дел од ѕидовите од спортската сала бил срушен од страна на експлозијата, дозволувајќи им на заложниците да избегат. Локалната полиција отворила оган на кое милитантите возвратиле. Голем дел од заложниците биле убиени во оваа престелка, бидејќи самите заложници се нашле во центарот на огнот Руските власти за ова изјавиле дека милитантите започнале да ги убиваат заложниците кои започнале да бегаат на кое морале да реагираат и руските единици. Владата тврдела дека откако започнала акцијата, војниците немале друг избор освен да упаднат во зградата. Сепак, изјавите на некои очевидци се спротивставени на официјалната верзија на настаните.

Полицискиот потполковник Елбрус Ногајев, чија сопруга и ќерка загинале во училиштето изјавил дека најпрвин ја слушнал командата за да се сопре со пукањето, за да останатите војници продолжат со пукањето. Откако започнал нападот, преговарачот Михаил Гуцериев им телефонирал на киднаперите на кое тие му одговориле дека вината целата вина била негова и на Кремљ.

Хаотичната битка започнала откако специјалните сили започнале да се борат за влез во училиштето. Во нападот учествувале силите на ФСБ, придружувани од војници на руската армија и Министерството за внатрешни работи, поддржани од голем број на Т-72 тенкови од 58-ма руска армија, оклопни транспортери од типот БТР-80, хеликоптери вклучувајќи најмалку едеб Ми-24. Многу месни жители исто така се приклучиле кон хаотичната битка, донесувајќи ги своите оружја со себе. Барем еден од овие вооружени волонтери е познато дека е убиен. Во исто време, еден редовен војник наводно избегал од местото на настанот кога започнала акцијата. Цивилните сведоци тврделе дека голема паника постоела и меѓу локалната полиција

Според Воениот обвинител, оклопното возило БТР се приближило до училиштето и отворило оган од својот митралез со 14,5×114 мм, и тоа на вториот спрат од училиштето. Голем дел од очевидците, меѓу кои и Тортони и Кесајев виделе два Т-72 тенкови, и според нив барем еден од нив бил употребен во акцијата. Употребата на тенкови и оклопни возила на крајот било примено од страна на генерал-полковник Виктор Соболев, командант на 58-та армија.. Голем дел од заложниците најпрвин биле однесени во други делови од училиштето од страна на терористите, особено во кафетеријата, каде биле принудени да застанат на прозорците. Многу од заложниците биле убиени кога застанале на прозорците од страна на руските сили, а дел биле убиени бидејќи истите биле користени како жив штит,. Савелјев проценува дека од 106 до 110 заложници биле убиени откако биле пренесени во кафетеријата..

Во 15:00, два часа по почетокот на акцијата, руските сили изјавиле дека ја имаат контролата врз поголемиот дел од училиштето. Сепак, борбата продолжила и понатаму со оглед на тоа што група на милитанти држеле заложници во подрумот на училиштето. За време на битката, група од околу 13 милитанти се пробиле и се верува дека дел од нив влегле во една двокатна зграда, која била уништена од тенковите.. Друга група на милитанти се појавиле на железничката линија, и тие биле гоенти со хеликоптери по градот.

Пожарникарите, кои биле повикани од страна на Андрејев два часа по пожарот, не биле подготвени да се борат со пожарот што беснеел во гимназија. Еден камион пристигнал по два часа на сопствена иницијатива, но со само 200 литри вода и не можел да се поврзе со блиските хидранти, и првата вода била фрлена речиси два и пол часа по почетокот на огнот во 15:28 Неколку амбулантни возила биле достапни за транспорт на стотици повредени жртви, а останатите главно биле пренесени до болницата со приватни автомобили.. Еден осомничен милитант бил линчуван на местото на настанот од страна на толпа цивили, настан снимен од страна на Sky News, а невооружен милитант бил фатен жив од единиците на ОМОН додека се обидувал да се скрие под камион.

Споредни експлозии и престрелки продолжиле во текот на ноќта и покрај извештаите дека милитантите биле совладани, до околу 12 часа по првата експлозија. Рано следниот ден Путин наредил на границите на Северна Осетија да бидат затворени.

Последици

По крајот на кризата, голем дел од повредените починале во болницата во Беслан, која според многумина не била сосема доволно подготвена за да се справат со повредените, па голем дел од пациентите биле испратени во Владикавказ. Освен тоа, немало доволно кревети, лекови и опрема од страна на болницата. На роднините не им било дозволено да ги посетат болниците, а на докторите не им било дозволено да ги користат своите мобилни телефони.

Еден ден по крајот на кризата, булдожерите започнале да ги собираат остатоците од зградата, вклучувајќи ги и делови од телата на жртвите. Првите погреби на починатите биле спроведени на 4 септември. Биле погребани 120 луѓе. Локалните гробишта биле премали и морале да бидат проширени во соседните парцели. По три дена од опсадата, 180 луѓе сè уште се воделе како исчезнати. Голем дел од преживеаните останале сериозно трауматизирани и најмалку еден женски заложник извршил самоубиство по враќањето во својот дом.

Рускиот претседател Владимир Путин се појавил во јавноста за време на својата посета во болницата во Беслан во раните утрински часови на 4 септември за да види дел од повредените жртви. По враќањето на претседателот во Москва, тој наредил во земјата да се прогласи дводневен ден на жалост. На вториот ден на жалоста во Русија, околу 135,000 луѓе се приклучиле кон митингот организиран од владата против тероризмот на Црвениот плоштад во Москва.. Митинг бил организиран и во Санкт Петербург, каде присуствувале околу 40,000 луѓе.

Во следниот период по градовите во Русија биле зголемени безбедносните мерки. Повеќе од 10,000 луѓе биле уапсени бидејќи немале соодветни документи од страна на полицијата. Според анкета спроведена во текот на септември 2004 година, 58% од руските граѓани поддржале построги мерки и воведување на построги терористички напади, вклучвајќи и смртна казна за тероризам, додека 33% поддржале иницијатива чеченските граѓани да не влегуваат во руските градови.

Жртви

Жртви
Заложници 334
Други 10
Специјални сили 10 +
Киднапери 31
Вкупно 385 +
Повредени
Специјални сили 55
други 728
Влупно 783

Најмалку 396 луѓе, претежно заложници, биле убиени за време на кризата. Од 7 септември 2004 година, руските официјални лица го ревидира бројот на жртвите до 334, вклучувајќи 156 деца, но 200 луѓе останале исчезнати или неидентификуван. Се зборувало од страна на месното население дека над 200 од пронајдените мртви тела се наоѓале во изгореници а стотина изгореле за време на акцијата на руските сили.

Рускиот министер за здравство и социјални реформи Михаил Зурабов изјавил дека вкупниот број на луѓе кои биле повредени во кризата ја надминал бројката од 1.200 луѓе. Точниот број на луѓето кои добиле мдицинска помош веднаш по кризата не е познат, но се смета дека бил околу 700 (753 во согласност со ОН). Московскиот воен аналитичар Павел Фелгенхауер тврди дела 90% од преживеаните претрпиле големи повреди на здравјето. Најмалку 437 лица, вклучќувајќи у 221 дете биле хоспитализирани. 197 деца биле однесени во детската клиничка болница во Владикавказ. Уште најмалку 150 луѓе биле префрлени во Ургентниот медицински центар во Владикавказ. 62 лица, вклучувајќи 12 деца биле на медицински третман во Беслан, додека шест деца со тешки повреди биле пренесени во Москва за специјалистичко лекување. Голем дел од преживеаните исто така имале големи изгореници, прострелни рани предизвикани од експлозивите. По еден месец од нападот, 240 луѓе сè уште биле под медицински третман во болниците во Владикавказ и Беслан. Преживеаните деца и родители добиле психолошки третман во центарот за рехабилитација во Владикавказ.

Не е познато колку членови на елитата од специјалните сили на Русија загинале во борбите, но официјалните бројки се движат од 11 до 12 или до 16 to more than 20 На меморијалниот споменик во Беслан се напишани имињата на само десет припадници на руските специјалци, Најмалку 30 командоси претрпеле сериозни повреди.

Идентитет на киднаперите, мотиви и одговорност

Одговорност

Бесланска Заложничка Криза 
Меморијален споменик во Московска област
Бесланска Заложничка Криза 
Путин во посета на болницата во Беслан

Првично, идентитетите и потеклото на наоаѓачите не биле познати. Уште на почетокот од кризата се претпоставувало дека станува зброр за сепараристи од околината на Чеченија. Асламбек Аслаканов тоа го негирал изјавувајќи дека кога започнал да преговара, тие одговориле дека не го разбираат што зборува, па му рекле да зборува на руски јазик. Ослободените заложници изјавиле дека киднаперите зборувале на руски јазик со типичен кавкаски акцент

За разлика од минатото кога рускиот претседател Владимир Путин директно ги обвинувал чеченските сепаратистички организации, овој пат поголемо внимание во своите изјави дал кон вмешаноста и интервенцијата на меѓународниот тероризам, избегнувајќи го прашањето за Втората чеченска војна. Првично, од страна на руските власти било објавено дека девет членови на групата биле со арапско потекло а еден со африканско иако подоцна се утврдило дека само двајца биле со арапско потекло. Независни аналитичари како Андреј Пионтковски, изјавиле дека во овој случај Путин се обидел да го минимизира чеченскиот напад, како што било во минатото Gurazhev escaped after reaching the town and went to the district police department to inform that his duty handgun and badge were taken away., објавувајќи му војна на тероризмот но во исто време обвинувајќи го западот дека ги препушта терористите.

На 17 септември 2004 година, радикалниот чеченски герилски командант Шамил Басаев издал соопштение во кое потврдил дека е одговорен за кризата во училиштето во Беслан, карактеризирајќи ги како слични на заложничките кризи во Будјоновск и Дубровка. Басајев изјавил дека Ријадус-Салихин го извршил нападот, а исто така ја презел и одговорноста на серијата од терористички напади недели пред Бесланската криза. Тој изјавил дека првично било планирано да се искористи барем едно училиште во Москва и Санкт Петербург, но недостигот од финансиски средства го принудиле да се сврти кон Северна Осетија. Тој исто така ја обвинил руската држава за ужасната трагедија во Беслан. и дека не бил воодушевен од она што се случило таму но исто така потврдил дека планира нови операции од типот на Беслан бидејќи самиот тој бил принуден на тоа. Овој терористички акт бил последен до 2009 година.

Чеченскиот сепаратистички водач Аслан Масхадов веднаш негирал дека неговите сили биле вклучени во опсадата.. Тој сторителите во Беслан ги нарекол лудаци, осудувајќи ја акцијата за напад врз невиното цвилно население. Подоцна, тој исто така ги повикал на западните сили да иницираат мировни преговори меѓу Чеченија и Русија. Како одговор на ова, Путин изјавил дека не сака да преговара со деца-убијци и ставил 10 милиони долари награда на Масхадов кој бил убиен од страна на руските командоси во Чеченија на 8 март 2005 година и закопан во непозната локација.

Набргу по кризата, од страна на руските владини институции било објавено дека напаѓачите биле дел од меѓународна група која требало да биде предводена од самиот Басајев и во која биле вклучени голем број на Арапи кои имале врска цо Ал-Каеда, и изјавиле дека тие имале телефонски разговори на арапски од училиштето кон Саудиска Арабија и во уште една непозната земја во арапскиот свет..

Така, главни и одговорни според изворите на руската влада биле:

  • Шамил Басајев, чеченски бунтовнички водач кој ја презел одговорноста за нападот. Тој починал во 2006 година под мистериозни околнисти
  • Камел Рабат Бурала, британско-алжирски државјанин, осомничен за организација на нападот. Тој бил притворен во Чеченија во септември 2004 година
  • Абу Омар ал-Саиф, главен финансиер на кризата,, убиен во Дагестан во 2005 година.
  • Абу Заид ал-Кувајити, организатор кон починал во Ингушетија во 2005 година

Во ноември 2004 година, 28-годипниот Ахмед Мерзојев и 16-годишната Марина Коригова биле уапсени од страна на руските власти поради учество во организирањето на заложничката криза. Мерзојев бил обвинет поради обезбедување на храна и опрема на киднапираните.

Мотиви и барања

Руските преговарачи изјавиле дека бесланските милитанти никогаш експлицитно не ги навеле нивните барања, иако на еден лаптоп во училиштето биле наведени независноста на Чеченија и повлекување на руските сили. Освен овие барања, тие барале присуството во училиштето на Александар Ѕасоков (претседател на Северна Осетија), Мурарт Зјазиков (претседател на Ингушетија), Руслан Аушев (поранешен претседател на Ингушетија), Леонид Рошал (педијатар). Алтернативно, наместо Рошал и Аушев, киднаперите ги побарале Владимир Рушалио и Алу алханов, прорускиот претседател на Чеченија.

Ѕасоков и Зјазиков не дошле до Беслан. Ѕасоков подоцна тврдел дека насилно бил сопрен од страна на многу висок генерал на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација, кој му рекол дека ќе биде уапсен доколку се обиде да оди во Беслан. Наводната причина зошто Зјазиков не дошол е дека во тоа време тој бил болен. Руслан Аушев, кој поднел оставка од функцијата претседател на Ингушетија во 2002 година, успеал да влезе во училиштето и да ги наговори киднаперите да ослободат 26 заложници.

Аслаканов изјавил дека киднаперите исто така барале ослободување на околу 30 осомничени кои биле притворени во акција по бунтовничките напади во Ингушетија истата година во месец јуни.

На 1 септември во 11:00 било испратено писмо до јавноста:

8-928-738-33-374 Бараме претседателот на република Ингушетија Зјазиков и лекарот Рашило да дојдат на преговори. Доколку некој од нас биде убиен, ние ќе пукаме врз 50 луѓе. Доколку некој од нас биде ранет, ние ќе убиеме 20 луѓе. Ако 5 од нашите бидат убиени, че ја кренеме во воздух зградата. Ако светлината или комуникацијата бидат отсечени за една минута, ќе бидат убиени 10 луѓе

.

На 2 септември во 16:45 едно писмо било испратено по Руслан Аушев во кое се вели:

Од робот на Алах до претседателот Путин. Владимир Путин, не беше ти тој кој ја започна оваа војна. Но, можете да јазавршите доколку имате доволно храброст и одлучност како Де Гол. Ние ви нудиме разумен мир врз основа на заемна корист од принципот за независност во замена за безбедност. Во случај на повлекување на војниците и признавање на Чеченска Република Ичкерија, ние сме должни да не направиме ниту еден политички, воен или економски договор со никого против Русија, да не се воспостават странски бази на нашата територија, дури и привремено, да не финанситаме или поддржуваме групи кои вршат борбени дејствија против Руската Федерација, да влеземе во ЗНД. Исто така, спремни сме да потпишеме договор за неутрален статус на земјата, кој договор би бил прифатлив за нас. Ние исто така ќе ја гарантираме безбедноста на Русија од сите муслимани за најмалку 10 до 15 години под услов да се почитува слободата на религијата. Ние сме поврзани со станбените бомбашки напади во Москва и Владикавказ, но одговорноста можеме да ја преземаме на поприфатлив начин. Чеченскиот народ е водечки во национално-ослободителната борба за својата слобода и независност, за самозаштита, а не за уништување на или понижување на Русија. Ние ви нудиме мир, но изборот е ваш.

Идентитет

Според официјалната верзија на настаните, 32 милитанти учествувале директно во нападот, од кој еден се спасил, додека останатите биле убиени при нападот на руските сили. Бројот и идентитетот на милитантите останува контроверзна тема, поткрепена со честите контрадикторни владини изјави и официјални документи. На 3 септември владата изјавила дека 26 до 27 милитанти биле убиени за време на опсадата.

Голем дел од преживеаните заложници и очевидци тврдат дека бројот на киднаперите бил многу поголем, а некои од нив избегале. Исто така, првично се тврдело дека три од киднаперите биле фатени живи, заедно со водачот Владимир Ходов и две жени. Според извештајот на Кесајев од 2005 година, бројот на бунтовниците бил околу 50 луѓе. Според извештајот на Савелјев од 2006, нивниот број бил од 58 до 78 и голем дел од нив успеале да побегнат. Според извештајот на Торшин од декамври 2006 година, бројот на милитантите бил 34 од кои 32 влегле во училиштето и 31 умреле пре нападот на руските сили, а два од учесниците останале на слобода, од кои еден бил телохранителот на Басајев, Според извештајот на Басајев, 33 муџахедини учествувале во нападот. Двајца од напаѓачите биле жени. Во групата имало 14 луѓе од Чеченија, 12 мажи и 2 жени, потоа, 9 биле од Ингушетија, 3 биле Руси, 2 биле Арапи и Осетијци, и по еден Татар, Кабардинец и Курд.

Критика

Неодговорност и права

Бесланска Заложничка Криза 
Путин на состанок со организацијата Мајките од Беслан

Поставувањето на опсадата од страна на администрацијата на Владимир Путин била критикувана од страна на голем број на набљудувачи и локални организации, меѓу нив и организацијата на мајките од Беслан и Гласот на Беслан. Наскоро по кризата, независниот пратеник Владимир Рижков го обвинил врвот на раководството на Русија. Во почетокот, Европската Унија исто така ја критикувала опсадата и нападот.

Критиката, вклучувајќи ги и жителите на Беслан, заедно со преживеаните и роднините на жртвите била доста голема, наведувајќи го употребата на тешко оружје и тенкови. Павел Фелгенхауер ја обвинил владата дека употребила оружје од МИ-24 хелокоптери, и истото обвинение било негирано од страна на руските власти. Некои активисти за човекови права тврдат дека најмалку 80% од заложниците биле убиени од страна на руските сили.. Самиот Фулгенхауер изјавил дека операцијата била насеочена кон ликвидација на терористите, а не кон спасување на заложниците. Дејвид Сатер од Хадсонскиот институт изјавил дека индидентот претставува застрашувачка слика на руското раководство и негово целосно непочитување на човековите права.

Локалната влада и полиција биле критикувани од страна на месното население поради тоа што не го обезбедиле реонот околу Беслан. Многумина обвиниле за корупција. Милитантите поткупиле дел од управата за да дојдат до контролните пунктови. Исто така, полицијата наводно знаела за времето и местото на планираниот напад. Согласно документите, внатрешната полиција знаела четири часа најмалку пред да се случи настанот. Според Басајев, патот кон Беслан бил ослободен од блокади на патиштата бидејќи ФСБ верувала дека нападот на бунтовниците ќе биде на парламентот во Северна Осетија во Владикавказ.

Критичарите исто така обвиниле дека властите не ја организирале опсадата правилно и не успеале да го обезбедат влезот на училиштето, додека службите за итни случаи не биле подготвени во текот на сите 52 часа од кризата во една депонија која се наоѓала на периферијата од градот Беслан. Ова откритие предизвикал дополнителен бес кај народот. Исто така имало обвиненија дека федералните власти се обиделе неискрено да преговараат со терористите, вклучувајќи ја и наводната закана од Москва на за апсење на Ѕасоков доколку дојде да преговања.

Независни извештаи

Според извештајот на Јуриј Савелјев, еден од водечките истражувачи во Русија, одговорноста за пследниот масакр треба да се бара кај руските сили и највисоките функционери во сојузната влада. Според овој извештај од 2006 година, во кој извештај се состои од 280 и има доста пишувано за првата експлозија, се заклучува дека властите одлучиле дека училиштето треба да одекне, но сакале да создадат впечаток дека тие започнале со операцијата како одговор на преземаните активности од страна на теороистите. Јуриј Савелјев го обвинил Торшин за фалсификување на вистината.

Жалба пред Европскиот суд

Бесланска Заложничка Криза 
Мајка пред гробот на своја роднина во Беслан
Бесланска Заложничка Криза 
Поглед кон гробиштата на починатите

На 26 јуни 2007 година, 89 роднини на жртвите поднеле заедничка тужба против Русија пред Европскиот суд за човекови права. Тужителите изјавиле дека нивните права биле повредени за време на заложничката драма.. Во самиот суд пристигнале голем број на поплаки против Русија, а голем дел од истите се од Чеченија. Human Rights Watch, судот го нарекол последна надеж за жртвите.

Теорија на заговор

Убиениот Александар Литвиненко изјавил дека руските тајни служби морале да имаат сознанија за акцијата уште пред да се нападне училиштето. Пред неговата смрт, Литвиненко тврдел дека дел од киднаперите претходно биле уапсени од ФСБ и лежеле во притвор за извршување на терористички напади, кое било незамисливо дека по нивнито ослободување тие нема да се вратат на својата стара задача и покрај тоа што ФСБ изјавила дека тие ќе бидат под нејзин строг режим и надзор, оневозможувајќи го нивното делување во Беслан. Од организацијата Мајките од Беслан, исто така се тврди дека земањето на зложниците било внатрешна работа, наведувајќи го како доказ фактот што милитантите користеле оружје кое се наоѓало во училиштето уште пред инцидентот. Еља Кесајева исто така го привлекла вниманието на јавноста кога изјавила дека голем дел од киднаперите биле ослободени од притвор непосредно пред нападот.

Дезинформации и лажни информации

Според анкетата која била спроведена една недела по кризата во Беслан, 83% од анкетираните Руси веруваат дека владата крие барем еден дел од вистината за настаните.

Од страна на медиумите, кризата не била емитувана во живо од страна на трите најголеми државни телевизии. Двете главни државни телевизии, Канал 1 и Росија, дури не ја ни прикинале својата редовна програма кога настапила кризата.. Според анкетата на радио Ехо Москва, 92% од испитаниците верувале дека руските телевизиски канали сокриле од јавноста голем дел на информации.

Руската државна телевизија само ја објавила официјалната информација за бројот на заложниците во текот на кризата. Изјавата дека станува збор за само 354 заложници ја замислила јавноста. Се смета дека оваа дадена лажна бројка предизвикала тешки последици за заложниците, каде киднаперите започнале со малтретирање. Киднаперите наводно изјавиле дека можеби би требало да се убие доволно луѓе за да ги изброите заложниците, по кое следувал штрајкот со глад. Владините дезинформации исто така предизвикале и инциденти на насилство од страна на месните жители, свесни за реалните бројки на заложниците..

На 8 септември 2004 година, неколку водечки руски и меѓународни организации за човекови права, како Amnesty International, Human Rights Watch, Memorial и Moscow Helsinki Group, излегле со заедничка изјава во која ја посочиле одговорноста на руските власти во ширењето на лажни информации.

Инциденти врз новинари

Дел од новинарите, како Андреј Бабицки ги нападнале на руските власти дека не им било дозволено да дојдат во Беслан и да известуваат. Самиот тој бил обвинет за хулиганство во една тепачка која се случила во Москва и тој бил осуден на 15 дена притвор. Новинарката Ана Политковскаја, која преговарала во текот на кризата во Москва, на двапати била спречена од страна на властите да дојде во Беслан. Кога на крајот успеала, таа паднала во кома во авионот.. Американскиот новинар Лариса Александровна во една сурова изјава сугерира дека Политковската можеби подоцна била убиена во Москва, бидејќи таа пронашла докази за соучество на руската влада во Бесланската заложничка криза.

Според извештајот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа, неколку дописници биле уапсени или на друг начин малтретирани, вклучувајќи ги Ана Горбатова, Оксана Семјонова, Мадина Шавлокова, Елена Милашина, Симон Островски. Исто така неколку странски новинари биле накратко уапсени. Екипажот на Рустави 2 бил уапсен, а грузискиот министер за здравство рекол дека дописникот Нана Лежава била чувана пет дена во притвор и отруена со опасни дроги, а еден дописник од Грузија бил насилно протеран од Беслан.

Раф Шакиров, главен уредник на рускиот весник Известие, бил принуден да поднесе оставка по критиката која му била упатена од страна на акционерите на весникот. За разлика од останатите руски весници, Известие подготвувал големи слики од мртвите тела и од повредените заложници. Тоа исто така, изразило сомневање за верзијата на владата.

Тајни видеоматеријали

Видеоснимката која била дадена од страна на киднаперите на Руслан Аушев на вториот ден, од страна на многумина била прогласена за лажна, иако видеото било прикажано од страна на руската телевизија ХТВ неколку дена по кризата. Друг дел од видеото било покажано на медиумите во јануари 2005 година. Aushev himself did not watch the tape before he handed it to government agents.

Во јули 2007 година, организацијата на Мајките од Беслан побарало од ФСБ да се објави оригиналното видео, барајќи да не ги крие тајните од истрагата. Тие не добиле ниту еден официјален одговор на ова барање. Според нив, во едно анонимно видео се гледало како руските безбедносни сили го започнеле масакрот со фрлање на ракетни гранати. Филмот се чувал во тајност од страна на властите речиси три години, пред да биде официјално објавено од страна на органзиацијата на 4 септември 2007 година.

Откази и испитувања

По настанот, три локални политичари ги загубиле своите позиции:

  • Министерот за внатрешни работи на Северна Осетија, Казбек Ѕантијев, кој поднел оставка веднаш по кризата изјавувајќи дека по ова што се случило во Беслан, тој повеќе немал право да биде на таа функција"
  • Шефот на ФСБ за Осетија, Валериј Андрејев, кој исто така поднел оставка наскоро по настанот, Но подоцна тој бил поставен за заменик-ректор во академијата на ФСБ.
  • Претседателот на Осетија, Александар Ѕасоков, поднел оставка од функцијата на 31 мај 2005 година, по серија демонстрации против него во Беслан

Пет полицајци биле судени во локалните судови, но во 2007 година сите биле амнестирани. Заклучно со декември 2009 година, никој од руските федерални власти не претрпел никакви последици во врска цо бесланските настани.

Други инциденти и настани

Други инциденти

Во септември 2005 година, самопрогласениот исцелител Григориј Гробовој изјавил дека може да ги воскресне загинатите деца за голема сума на пари. Тој по ова бил уапсен и обвинет за измама во април 2006 година. Во март 2006 година, помошникот на рускиот водач на опозицијата на партијата на Гари Каспаров бил брутално претепан од страна на неидентификувани напаѓачи во Москва, кои му рекле дека треба да биде внимателен што пишува на своето мрежно место. Во септември 2007 година, Таимураз Чеџемов, адвокат на органзиацијата на Мајките од Беслан ијавил дека се повлекува од случајот поради смртни закани до неговото семејство.

Плановите на рускиот патријарх Алексеј II Московски да изгради православен храм, како дел од споменикот во Беслан предизвикал сериозен конфликт помеѓу Православната црква и раководството на руските муслимани во 2007 година. Повеќе организации сакале урнатините од училиштето да се зачуват, и се спротивставувале на планот да се сруши училиштето.

Меѓународни изјави

Нападот во Беслан од страна на меѓународните организации бил остро осуден. Голем број на земји и доброволни организации од целиот свет донирале средства на семејствата на загинатите. На 1 септември 2005 година, УНИЦЕФ ја одбележал првата година од трагедијата со повик сите возрасни да ги заштитат децата од војните и конфликтите.

Марија Шарапова, заедно со останатите женски руски тенисерки ставиле црни летни на своите дресови во турнирот во САД во 2004 година, во чест на трагедијата.

Во медиумите

    Филмови

Children of Beslan Архивирано на 10 јануари 2010 г. (2005), документарен филм на HBO и BBC, режиеан од Ева Еварт и Лесли Вудхед. Документарецот бил номиниран во три различни категории во 2006 година за „Еми

  • The Beslan Siege (2005), документарен филм на October Films, режиран од Ричард Алвин и продуциран од Лијана Померанзев
  • Return to Beslan (Terug naar Beslan) (2005). Холандски документарен филм продуциран од Netherlands Public Broadcasting. Добитник на „Еми“ во 2005 година
  • Three Days in September (2006), режиран од Џо Халдерман
  • Beslan филм во изработка
    Музика
  • "Living Shields" од After Forever,
  • "Звери" од Алиса
    Книги
  • „Дом на средби“ од Мартин Ејмис.
  • Beslan: The Tragedy of School Number 1 од Тимоти Филипс (ISBN 1862079277)

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Предлошка:Wikinewshas

Слики и видео материјали

43°11′03″N 44°32′27″E / 43.184096° СГШ; 44.540731° ИГД / 43.184096; 44.540731

Бесланска Заложничка Криза  Статијата „Бесланска заложничка криза“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Tags:

Бесланска Заложничка Криза Избор на локацијаБесланска Заложничка Криза Формирање на групатаБесланска Заложничка Криза Тек на кризатаБесланска Заложничка Криза ПоследициБесланска Заложничка Криза ЖртвиБесланска Заложничка Криза Идентитет на киднаперите, мотиви и одговорностБесланска Заложничка Криза КритикаБесланска Заложничка Криза Други инциденти и настаниБесланска Заложничка Криза Во медиумитеБесланска Заложничка Криза ПоврзаноБесланска Заложничка Криза НаводиБесланска Заложничка Криза ЛитератураБесланска Заложничка Криза Надворешни врскиБесланска Заложничка Криза1 септември2004Втората чеченска војнаИнгушетијаРусијаСеверна Осетија-АланијаСептемвриЧеченијаШамил Басаев

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МерилендЧовекови праваАна ФранкАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаХераклеја ЛинкестисГлавна страницаСтрептококен фарингитисХипотироидизам27 мартПиреј (роман)ФотосинтезаМоливМакедонски ораЗевсФилип РикерЦрвен крст на МакедонијаДесет Божји заповедиЧинови на Армијата на МакедонијаЛатински јазикЕлектрична струјаХрватскаДабЦрн дробГоран БреговиќКога тргнав ЦветоТоплинаСписок на културно наследство на МакедонијаКалендар на Велигденски датумиОптичка мамкаЏорџ Гордон БајронВенко ФилипчеРевматоиден артритисПолитички системГлаголски прирокПреспански договорМарко ЦепенковМахидевранХомерСписок на македонски филмовиДоктор ОфболиЛоковОпштина ПласницаХомо (филм од 2020)Споменка (книга)МислешевоГрузијаЛазар Ристовски (глумец)ИнтернетЕлектрична енергијаНапонБактерииШтипСтарогрчка митологијаГрцијаОпштина КочаниМакедонци-муслиманиВардарТрапезДора БакојаниШтрковиТаџикистанОпштина ВрапчиштеВагинален исцедокМакедонски народни носииИзет МеџитиКувајтСпомен-куќа на Мајка ТерезаДелењеСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСкопски земјотрес (1963)Блаже КонескиГлаголицаМакедонскиМатичен млечКокичеРимска кујнаБарешани🡆 More