Филм Арго

Арго (англиски: Argo) е историски филм од 2012 година, режиран од Бен Афлек.

Автор на сценариото е Крис Терио, а тоа е засновано врз книгата Господар на маските, напишана од агентот на ЦИА Тони Мендес, како и според статијата на Џошуа Бергман, Големото бегство, во која се раскажува како Мендес го предводел американскиот тим во мисијата близу Техеран, во која требало да ги ослободат американските дипломати од „Иранската заложничка криза“ (1979).

„Арго“
Филм Арго
Филмскиот плакат
РежисерБен Афлек
ПродуцентГрант Хеслов
Бен Афлек
Џорџ Клуни
Главни улогиБен Афлек
Брајан Кранстон
Алан Аркин
Џон Гудман
МузикаАлександар Депла
КинематографијаРодриго Прието
МонтажаВилијам Голденберг
СтудиоГК Филмови
Smokehouse Pictures
ДистрибутерВорнер Брос
Премиераавгуст 31 2012 (2012-08-31) (Филмскиот фестивал Telluride)
октомври 12 2012 (2012-10-12) (САД)
Времетраење120 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
персиски
Буџет$44.5 милиони
Бруто заработка$229,369,150

Ликот на Мендес го глуми Бен Афлек, додека во останатите улоги се појавуваат: Брајан Кранстон, Алан Аркин и Џон Гудман. Премиерата на филмот во Северна Америка била на 12 октомври 2012 година, а ова остварување добило поволни оценки од страна на филмските критичари. Продуценти на проектот се Грент Хеслов, Бен Афлек и Џорџ Клуни. Приказната за ослободувањето била предмет и на документарната програма Бегство од Иран: Канадскиот скок, режирана од Ламонт Џонсон.

По прикажувањето низ светските кино сали, Арго ги освоил симпатиите на пошироката јавност, а освен тоа добил неколку номинации за престижните филмски награди. Така, филмот бил номиниран за „Оскар“ во седум категории, од кои победил во три: „најдобар филм“, „најдобро сценарио“ и „најдобра монтажа“. На церемонијата „Златен глобус“, филмот освоил пет признанија, вклучувајќи ги и оние за „најдобар филм“ „најдобра режија“ и „најдобра машка споредна улога“ за глумецот Алан Аркин. Исто така, филмот победил во три категории на Британските филмски награди (БАФТА), и тоа: најдобар филм, најдобра монтажа и најдобар режисер.

Содржина

Филмот е снимен според вистинити настани и ја прикажува ризичната тајна операција за спасување на шестмина Американци, која се одвивала зад сцената за време на иранската заложничка криза, а која со децении останала непозната за јавнота. Лажно претставувајќи се како холивудски продуцент кој бара локација за снимање на научно-фантастичен филм, тајниот агент на ЦИА, Тони Мендез, ја почнува опасната операција за спасување на шестемина Американци, кои се скриени во домот на канадскиот амбасадор во Техеран, во 1980 година.

Улоги

Глумци Ликови
Бен Афлек Тони Мендес
Брајан Кранстон Џек О′ Донел
Алан Аркин Лестер Сигел
Џон Гудман Џон Чејмберс
Тејт Донован Роберт Андерс
Клеа Дувал Кора Лијек
Кристофер Денам Марк Лијек
Скот МекНејри Џо Стефорд
Кери Бише Кејти Стефорд

Наводи

Надворешни врски

Филм Арго 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }}

Tags:

Филм Арго СодржинаФилм Арго УлогиФилм Арго НаводиФилм Арго Надворешни врскиФилм Арго2012АнглискиБен АфлекДипломатијаИсториски филмКнигаСценариоТехеранЦИА

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Анастас КоцаревКирил ПејчиновиќКружење на водатаПериоден систем на елементитеБлаговештениеСписок на држави по населениеХектарВодаНемања ГудељАнафораЛазар Манчевски - ПинџурИсландСеверна АмерикаЕлениКоле НеделковскиРепродуктивен системНатриумСолиНародна Република КинаСтара скопска чаршијаКочаниЕкологијаКонтрацепцијаПретседател на МакедонијаМухамедЉубовКонтрабасВенко АндоновскиРоманКарлес ПуџдемонЕрусалимДаме ГруевЅвездена нуклеосинтезаВтора светска војнаЈапонофилијаМеталЗевсСекула ПупиновскиЛазарова саботаАдолф ХитлерФудбалска репрезентација на МакедонијаГравитацијаРокселанаДесет Божји заповедиГрад СкопјеПрва балканска војнаСтарогрчка митологијаИнфективна мононуклеозаНегушко востаниеИфтарДислексијаПубертетВиолинаФудбалска репрезентација на Србија и Црна ГораКумановоПодземни водиПрво заседание на АСНОМКоличникСпоменка (книга)Повикувачки броеви во МакедонијаDNKВелко НеделковскиВелигденМитологијаСтар векШехзаде Џихангир (син на Сулејман I)ПневмонијаПрост бројДрамаРак (болест)Бела мечкаСузана ГавазоваЖирафаСолунска афераОливера НиколоваНатриум хидроксидИлинденско востаниеЈужна Америка🡆 More