X-Хромозом

Х хромозомот (се чита икс хромозом) е еден од двата полови хромозоми кај луѓето и повеќето животни (другиот е Y хромозомот).

Половите хромозоми формираат еден од 23 пара на човечки хромозоми во секоја клетка. Х хромозомот поседува околу 155 милиони базни парови (градбените делови на ДНК) и претставува околу 5% од вкупната ДНК во клетката.

X-Хромозом
Х хромозомот со обележани генски локуси.

Секоја здрава единка поседува еден пар на полови хромозоми во секоја клетка. Женките имаат два Х хромозома како полов пар на хромозоми, додека мажјаците имаат еден Х и еден Y хромозом како полови хромозоми. Рано во ембрионалниот развиток кај женките, еден од двата Х хромозома е случајно и трајно онеспособен во соматските (телесни) клетки (за разлика од половите клетки). Овој феномен е познат како Х-инактивација или лионизација. Со овој процес и женските единки (како и машките) добиваат само по еден функционален Х хромозом во секоја телесна клетка. Бидејќи Х-инактивацијата е случајна и произволна, кај здравите женски единки се среќаваат два типа на клетки - едни со активен Х хромозом наследен од мајката и други со активен Х хромозом наследен од таткото.

Некои гени на Х хромозомот не подлежат на Х-инактивацијата. Овие гени се наоѓаат на врвот од краткиот (р) крак на Х хромозомот, во област позната како псевдоавтозомен регион. Иако многу гени се единствени за Х или Y хромозомот, гените во псевдоавтозомниот регион се присутни и на двата полови хромозоми. Поради ова, мажите и жените имаат по две функционални копии од овие гени. Многу гени во псевдоавтозомниот регион се есенцијални за нормалниот развиток.

Х хромозомот најверојатно содржи помеѓу 900 и 1400 гени. Гените кои се наоѓаат на Х хромозомот се околу 20000 до 25000 од вкупниот број на гени во човечкиот геном. Генетските заболувања кои се поврзани со Х хромозомот се Клинефелтеров синдром, Троен Х синдром, Тарнеров синдром, како и неколку други генетски нарушувања.

Tags:

Y хромозомДНКЖивотниКлеткаХромозом

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БелгијаПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеХомеопатијаДемократи (политичка партија)СердаротРак на дојкаЧарлс IIIHTMLМакедонска револуционерна организацијаМакедонски претседателски избори (2004)ОкситоцинАјфелова кулаМајка ТерезаЈаболковинаИзборна единица 9Меѓународен аеродром СкопјеЉупчо ГеоргиевскиПовикувачки броеви во МакедонијаКрушевоРадмила ШекеринскаРастенијаИндијаАлександар Митевски (пејач)Сашо ОрдановскиАлександар III МакедонскиПиринска МакедонијаСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Адријана АлачкиНова алтернативаЉубомир ФрчкоскиБубамариИзборна единица 1Локални избори во Македонија (2000)Историја на Македонија (1991 - денес)Павле ТрајановОпштини во МакедонијаНародна Република КинаМакпетролЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеСтрумицаГрипЈаглехидратРоманијаЕлизабета ЃоргиевскаСписок на претседатели на САДИшијасЗаушкиОпштина ДојранАзотБозелВасил ИљоскиАнална фисураБлагој ДавковОпштина СопиштеДискус хернијаИзборна единица 6Влада на Македонија од 1992Бета-таласемијаМакедонски парламентарни избори (2008)СветлинаМакедонски претседателски избори (2019)КрвУпад во Собранието на Македонија (2017)ЛеукемијаГраѓанска опција за МакедонијаСкорпија (хороскопски знак)РадовишДимитар МиладиновГодинаИзборна единица 5Партија за движење на Турците во МакедонијаИстанбулВанчо ШехтанскиТоме АрсовскиОпштина БитолаСписок на македонски зборови од турско потеклоСилвио ПиколоминиОдбојка🡆 More