Pistacia Lentiscus

Pistacia lentiscus (или мастика ) е дводомна зимзелена грмушка или мало дрво од родот Pistacia што вирее во медитеранскиот басен.

Расте до 4 метри во висина и се одгледува поради неговата ароматична смола, главно на грчкиот остров Хиос и околу турскиот град Чешме.

Опис

Pistacia Lentiscus 
Листови од мастика

Растението е зимзелено, од 1 до 5 метри високо, со силен мирис на смола, расте во суви и карпести области во Северна Африка и Медитеранска Европа. Отпорно е на благи до тешки мразови, но претпочита поблаги зими и расте на сите видови почви, а може добро да расте во варовнички области, па дури и во солени средини, што го прави позастапено во близина на морето. Го има и во шумите, на речиси обезшумените пасишта, во дабовите шуми од видот прнар, пошумените области во кои доминираат други дабови, во клисури, кањони и карпести ридови на целото медитеранско подрачје. Во соодветни области, кога е дозволено да расте слободно и да старее, често станува дрво до 7 метри. Сепак, сечата, пасењето и пожарите често го спречуваат ваквиот раст.

Pistacia lentiscus е поврзан со Pistacia terebinthus (смрдлика), со кој често живее во заедница во контактните зони. На западниот брег на Медитеранот, Канарските Острови и Блискиот Исток, може да се помешаат со Pistacia atlantica.

Pistacia Lentiscus 
Смолата

Употреба како лек

Луѓето во медитеранскиот регион користат мастика како лек за гастроинтестинални заболувања веќе неколку илјади години. Грчкиот лекар и ботаничар од првиот век Диоскорид напишал за лековитите својства на мастиката во неговата класична расправа За медицинските супстанции. Неколку векови подоцна, Маркелос Емпеирикос и Павлос Егинитис исто така го забележале ефектот на мастиката врз дигестивниот систем.

Маслото од мастика има антибактериски и антигабични својства, и како такво е широко користено во подготовката на масти за кожни заболувања.

Наводи

Литература

 

Tags:

Pistacia Lentiscus ОписPistacia Lentiscus НаводиPistacia Lentiscus ЛитератураPistacia LentiscusГрцијаЗемјоделствоТурски јазикХиос

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Горан СтефановскиЛазар КолишевскиКумановоЈагодаГорно КоличаниВојдан ЧернодринскиБорис ЧоревскиУран (планета)ДропкаМурат IIIТегавецКанадаНационален парк ПелистерМакедонско ракописно писмоЦркваСкопска Црна ГораФиренцаПеколот (Божествена комедија)ПченицаКрал МаркоВанчо ПетрушевскиВикипедија на македонски јазикЕтанолСтрептококен фарингитисСлуз-цедење во грлотоДедо Иљо МалешевскиМакедонски парламентарни избори (2020)Мечкин лукРефет АбазиВиолинаПешнаПовикувачки броеви во МакедонијаМарихуанаХипотироидизамСнежана (бајка)Список на езера во МакедонијаСелим IIКрвИсторија на македонскиот народВоденФК Реал МадридЖолчкаСирма ВојводаЛеринПетре М. АндреевскиЗа македонцките работиМакедонска азбукаГихтБугарија1 мајКичевоЗоран ВитановСписок на македонски народни и староградски песниОпштина РесенОпштина ГостиварОпштина Македонски БродПлаошникСмрдлива ВодаСвети Кипријан СлепченскиИнсектиСмрчкаПрва влада на Никола ГруевскиЗабГлаголА1-телевизијаХристијанствоРаштакМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаГрб на МакедонијаФК ТетексМариовциЗафир ХаџимановОхридска пастрмкаРанченциКирил ПејчиновиќДванаесет Апостоли🡆 More