Answer

Love Yourself: Answer (стилизирано како LOVE YOURSELF 結 'Answer') ― третиот компилациски албум на корејски јазик од јужнокорејскиот бенд BTS.

Издаден од страна на Big Hit Entertainment на 24 август 2018 година, достапен е во четири различни верзии: S, E, L и F. Албумот содржи дваесет и пет песни ( односно дваесет и шест за дигитална верзија), вклучувајќи и седум нови песни. Главен синг претставува песната ,,Idol". Повеќето од останатите песни песни се од албуми Love Yourself: Her и Love Yourself: Tear, вклучувајќи и некои ремикси. Албумот стана вториот албум на BTS на врвот на топ листите на пазарот во Соединетите Држави, дебитирајќи на прво место во Јужна Кореја, Канада, Јапонија и Соединетите Држави.

„Love Yourself: Answer“
компилациски албум од BTS
Издаден24 август 2018 (2018-08-24)
Снимен2016–18
Жанр
Траење1:39:51 (физички)
1:44:11 (дигитален)
ЈазикКорејски
Издавачка куќа
  • Big Hit
  • iriver
ПродуцентPdogg
BTS — Хронологија
Love Yourself: Tear
(2018)
Map of the Soul: Persona
(2019)

На 7 ноември 2019 година, Love Yourself: Answer станал првиот корејски албум кој поминал една година на табелите на Билборд 200. На 9 ноември, тој станал првиот корејски албум кој добил златна сертификација во Соединетите Држави. Продадени се 60.000 копии во Обединетото Кралство, со што BTS станал првиот азиски уметнички состав кој имал сребро-сертифициран албум во земјата.

Почнувајќи од јуни 2021 година, албумот останал на врвот 100 непоследователни недели на списокот на главни албуми на Билборд 100, правејќи го првиот и моментално единствен корејски албум кој го има направено тоа.

Позадина и издавање

Love Yourself: Answer бил прв пат најавен на 16 јули 2018 година, како и со најавата дека следниот ден албумот ќе содржи седум нови песни. Албумот бил дизајниран како завршница на серијалот Love Yourself, која ја поврзал приказната за краткиот филм Love Yourself 起 Wonder , EP Love Yourself 承 „Her“ и студискиот албум Love Yourself 轉 „Tear“ образувајќи го „起承轉結 (기승전결) (Кишотенкецу-ската)“ раскажувачка композиција.

На 6 август, Big Hit Entertainment ја објавил белешката Најубавиот момент во животот , како дел од серијалот фикционални белешки кои се однесуваат на концептот на албумите на BTS, започнувајќи со проширеното издание од 2015 година, The Most Beautiful Moment in Life, Part 1. Белешката, напишана од самиот членот на BTS, Џин, зборува за пронаоѓањето на тетратка напишана од неговиот татко. Книгата зборувала за неуспесите на неговиот татко. На 9 август, три дена подоцна било објавено најавното видео за албумот, вклучувајќи ја и нова песна со наслов „Epiphany“. Солото, кое Тамар Херман од Билборд го објаснува како „основна градбена поп-рок мелодија“, било изведено од Џин, зборувајќи за пронаоѓање љубов кон себеси како основниот облик на љубовта. Песната служи како една од песните за албумот. Најавното видео било режирано од Јонг-сеок Чој (Лумпенс), и прикажува повеќе верзии на Џин во соба, кажувајќи за едно лично патување. Филип Мерил од Академијата за снимање го опишал видеото како да дава „чувство за одење назад и напред, низ времето, низ различни верзии на сопственото јас“. Разговарајќи за изведбата на видеото на Џин, Хонг Хје-мин од The Korea Times изјавил дека тоа било добро одглумено и емотивно, со „ожалостен, слободен глас“ на Џин кој се истакнувал.

Промотивни концептни фотографии кои претставуваат четири различни теми биле објавени на 13 август за верзиите на албумот „S“ и „E“, и на 16 август за верзиите „L“ и „F“. Верзијата „S“ содржела елементи вдахнати од новиот романтизам, во која BTS во светло црвени кутии опкружени со камери, очи, раце и засилувачи. Концептната верзија „Е“ содржела светли пастели, со членовите на BTS во меурчиња исполнети со фантазиски елементи на природата. Вториот сет на задевачки видеа, односно верзиите „L“ и „F“, биле посветли, каде членовите на BTS носат мешавина на ретро улична облека комбинирана со „блејзер“ одела и костуми. Покрај тоа, верзијата „L“ содржела црно-бели слики, колажирани со контрастни светли фотографии. Службениот список на песни бил издаден на 20 август, откривајќи дека ќе биде компилациски албум содржејќи песни од Love Yourself: Her и Love Yourself: Tear, заедно дваесет и пет песни. Во списокот на песни исто така најавил ремиксирани верзии од претходните синглови на BTS, „DNA“, „Mic Drop“ и „Fake Love“. На 22 август 2018 година било издадено задевното видео за „Idol“. На 24 август, два часа пред издавањето на самиот албум Love Yourself: Answer, Big Hit Entertainment најавиле дека една алтернативна верзија на „Idol“ со Ники Минаж ќе биде вклучена во дигиталната верзија на албумот. Отпосле, албумот бил издаден, заедно со спотот за „Idol“. Музичко видео за алтернативната верзија на „Idol“ со Ники Минаж, подоцна било издадено на 6 септември 2018 година.

Состав

Некои од темите кој ги содржи албумот ја вклучуваат младоста, љубовта и одразот, додека приложените расположенија низ албумот се пречистувачки, живи, уверливи, страсни и копнежливи меѓу многу други работи. Жанрот на албумот содржи различни видови поп.

Во интервју за Билборд, некои од продуцентите кои помогнале со албумот, се навратиле на нивните размислувачки постапки и цели на албумот. Писателката Мелани Фонтана, која работела на „Euphoria“, сакала рефренот да „избувне“ со нешто повеќе скандирачко, но публиката да може лесно да пее. Реј Мајкл Џан Помладиот изјавил дека песната „I'm Fine“ е одговор на една претходна песна што тој помогнал да биде напишана, наречена „Save Me“. Многу тапани и бас влијаеле на „I'm fine“ спојувајќи многу различни звуци за да ја создадат песната. На насловната песна „Idol“, Али Тампоси изјави дека претставникот од Big Hit сакал песната да дава интензивно чувство.

Тематски, Love Yourself: Answer ги сместува заедно песните од серијалот Love Yourself со наративот за почеток, развој, пресврт и заклучок илустрирајќи ја возбудата на љубовта, болките на збогувањето и просветлувањето на љубовта кон себе си.

Промоција

Answer 
Пристигнувањето на BTS на Музичка банка на КБС, за да настапат на 31 август 2018 година.

На 26 август 2018 година, BTS одржале прес-конференција разговарајќи за албумот, како и за BTS World Tour: Love Yourself, што започнала претходниот ден. Тие ја извеле „Idol“ и „I'm Fine“ на различни јужнокорејски музички емисии низ неделата околу 26 август со претходно снимени настапи кој биле емитувани следната недела, меѓу кои M Countdown, Music Bank, Show! Music Core и Inkigayo. Скратена верзија на „Save Me“ од The Most Beautiful Moment in Life: Young Forever служела како воведна песна за време на изведбата на песната „I'm Fine“ за време на M Countdown. BTS ја извеле „Idol“ на Наградите за најдобра корејска музика на Сорибада на 30 август, со „Fake Love" испеана како повторна изведба.

Додека биле во Соединетите Држави за северноамериканска фаза на нивната турнеја Love Yourself, BTS ја извеле „Idol“ на втората полифинална епизода во тринаесеттата сезона на America's Got Talent, емитувана на 12 септември. Бендот ја отпеал „Idol“ на The Tonight Show Starring Jimmy Fallon и Good Morning America на 25 и 26 септември редоследно, како дополнение на седечкото интервју на двете емисии. Бонус изведбата на „I'm Fine“ била исто така објавенана The Tonight Show на нивниот канал на YouTube.

По појавата на вестите BTS треба да се појават во The Grahan Norton Show на БиБиСи на 12 октомври, истите биле потврдени од страна на Big Hit Entertainment пет дена подоцна.

Критички прием

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
SCMP Answer Answer Answer Answer Answer 
AllMusic Answer Answer Answer Answer Answer 
Clash Music 9/10
Billboard favorable

Наводи

Забелешки

Надворешни врски

Tags:

Answer Позадина и издавањеAnswer СоставAnswer ПромоцијаAnswer Критички приемAnswer НаводиAnswer ЗабелешкиAnswer Надворешни врскиAnswerЈапонијаЈужна КорејаКанадаКомпилациски албумКорејски јазикСоединетите Држави

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Државни празници во МакедонијаАбортусОбединети за МакедонијаЉубчо ГеоргиевскиИзраелДен на ослободувањето (Италија)Општина ДолнениМакедонски парламентарни избори, 1998Рак на грло на маткаТапанМакедонски парламентарни избори (2011)КонсензусСашо Мијалковgr7cmАвантурите на ПинокиоСаво КлимовскиМакедонски парламентарни избори, 2014ИменкаВардарВидови аглиСинонимМасакр кај ВејцеАзијаМалтаМакедонски претседателски избори (1999)Даниел ДефоДунавКичевоВевчаниМатка (кањон)Блерим РекаГрегоријански календарНационален парк ГаличицаЛиберална партија на МакедонијаХепатитРелигијаВеројатностИзборна единица 7Илинденско востаниеПросветителствоБлагој ДавковУстав на МакедонијаКафеава мечкаДелчевоГликемијаЕден на еденАдаптација (биологија)Подржи КоњМакедонски парламентарни избори (2024)Елизабета ЃоргиевскаВасил ИљоскиОпштина ВрапчиштеСојуз на комунистите на МакедонијаБорис ТрајковскиКрсте Петков МисирковНезависен политичарДемократски сили на РомитеВооружена престрелка во Куманово (2015)ПопулизамСобрание на МакедонијаМакедонија во Втората светска војнаТелевизијаТоме АрсовскиАлцхајмерова болестДенес над МакедонијаЉупчо ГеоргиевскиМозокИлијадаРепублика МакедонијаЈосип Броз-ТитоДемократски сојузВлада на Љубчо ГеоргиевскиПреспанско ЕзероКомуњарВиолинаПоп-музикаСДСМКисел дождТелефон🡆 More