Call Me When You're Sober

„Call Me When You're Sober“ e песна од американската рок група Evanescence.

Оваа песна е првиот сингл од вториот студиски албум на групата The Open Door која се појавила на 25 септември 2006. Напишана е од Ејми Ли и Тери Балсамо и во неа се зборува за поранешното момче на Ејми, Шон Морган - член на групата Seether. Сестрите на Ејми - Кери и Лори, се појавуваат како следечки вокали. Песната стана втор најуспешен сингл на бендот заземајќи го 10. место на Билборд хот 100 листата. Го зазеде 10. место на Билборд хот 100 листата и 4. место на списокот на Алтернативни песни.

„Call Me When You're Sober“
Call Me When You're Sober
Сингл од Evanescence
од албумот The Open Door
Издаден 25 септември 2006
15 август 2006 (Дигитално спуштање)
Формат ЦД сингл, дигитален доунлоуд
Снимен 2006
Жанр Алтернативен метал,
Должина 3:36
Издавачка куќа Wind-up
Композитор Ејми Ли и Тери Балсамо
Продуцент Дејв Фортман
Хронологија на синглови на Evanescence
Everybody's Fool
(2004)
Call Me When You're Sober
(2006)
Lithium
(2007)

Издавање

Песната е пуштена на радио на 30 јули 2006, со што неколку радио станици ја пуштиле песната порано. Песната можела да се спушти дигитално на 15 август, а официјално е издадена како сингл на 25 септември.

Наскоро почнале озборувања дека Wind-up одбрале да ја издадат песната како сингл самите, што Ејми Ли го негирала во нејзината порака на Evboards:

Wind up не го одбра синглот - јас го направив тоа и морав да се борам за тоа. Јас ја сакам оваа песна. Исто така тие не сменија ништо во неа. Ова е начинот на кој ние ја направивме.

Песната се искачила на #10 на VH1 „Топ 40 од 2006.“ Исто така се искачила на #77 на табелата на крајот на годината на Билборд, пониска позиција отколку претгодните синглови на бендот, „Bring Me to Life“ и „My Immortal.“ Се искачил и на #5 на списокот за најсвирени песни во 2007 на ARIA. Добил Платинска сертификација од RIAA на 17 февруари 2009, со продадени повеќе од 1 милион копии.

Позадина

Песната е една од последните напишани за албумот The Open Door.

Во песната се работи за поранешното момче на Ејми Ли, Шон Морган, главниот вокал на групата Seether, и се работи за неговата „љубов“ кон алкохолот. Ли ја објаснила темата на песната во интервју за VH1:

Многу е очигледно за кого се зборува во песната. Знаев дека луѓето ќе читаа меѓу редови и ќе знаеа дека е за моето бившо момче Шон Морган, од Seether, но сакав да се знае дека се работи токму за тоа. Ми требаше да кажам што чувствувам веќе толку долго. Музиката е терапија за мене. Тоа е лек за секоја негативна работа низ која поминав.

Музичко видео

Музичкото видео за песната е режиран од Марк Веб и беше прикажуван на MTV, MTV2, VH1 и Fuse. Спотот е заснован на приказната за Црвенкапа. Во интервју зад сцените на спотот, режисерот сакал Ејми Ли да му ги расчекорува нозете на својот „поранешен љубовник“ во видеото, но таа одбила да го прави тоа.

Во спотот се прикажани Ејми Ли и нејзиното „поранешно момче“ кое го глуми британскиот глумец Оливер Гудвил како седат на маса поставена со јадење. Бендот и Ејми се прикажани како ја изведуваат песната.

Отпрвин било испланирано видеото да биде снимано кон крајот на јуни, но било одложено бидејќи сè уште не било почнато да се снима дури до втората недела од јули. Премиерата на видеото била на 7 августо, 2006, на MTV2 во САД, и на MuchOnDemand во Канада. Се искачило на #1 на TRL на MTV.

Список на песни

ЦД еден:

Бр. Наслов Траење
1. „Call Me When You're Sober“ (Албум верзија) 3:34
2. „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија) 3:37

ЦД два:

Бр. Наслов Траење
1. „Call Me When You're Sober“ (Албум верзија) 3:34
2. „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија) 3:37
3. „Правењето на видеото“ (Видео клип) 5:20
4. „Call Me When You're Sober“ (Музичко видео) 3:33
  • Винил сингл издаден во септември 2006
Бр. Наслов Траење
1. „Call Me When You're Sober“ (Албум верзија) 3:34
2. „Call Me When You're Sober“ (Акустична верзија) 3:37

Табели

Табела (2006) Највисока
позиција
САД Билборд Хот 100 10
САД Билборд Поп 100 10
САД Билборд Хот Мејнстрим Рок Песни 5
САД Билборд Хот Модерни Рок Песни 4
САД Билборд Adult Топ 40 8
Австралија ARIA Top 50 Синглови 5
Канадски Топ 100 Airplay 3
Табела (2006) Највисока
позиција
Франција Топ 100 Синглови 20
Германија Топ 100 Синглови 13
Ирска Топ 50 Синглови 13
Италија Топ 50 Синглови 3
Нов Зеланд RIANZ Топ 40 Синглови 3
ОК Топ 75 Синглови 4

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Call Me When You're Sober ИздавањеCall Me When You're Sober ПозадинаCall Me When You're Sober Музичко видеоCall Me When You're Sober Список на песниCall Me When You're Sober ТабелиCall Me When You're Sober НаводиCall Me When You're Sober Надворешни врскиCall Me When You're Sober200625 септемвриEvanescenceThe Open DoorЕјми ЛиРок музикаТери Балсамо

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонци-муслиманиОхридско ЕзероВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоСловенијаШвајцаријаФудбалХајди (роман)Омов законИзвори на енергијаМултипла склерозаДаунов синдромСинонимСтрујно колоСветлана Ражнатовиќ-ЦецаБитолаSARS-CoV-2ЗлатоАмерикаБактерииЛабуништаКонтинентКрушевска РепубликаГрб на МакедонијаБукурешки договор (1913)МакедонциСоединети Американски ДржавиДренок (Струшко)Солунски атентатиСписок на македонски народни и староградски песниПотенцијална енергијаСписок на градови во МакедонијаМРП вакцинаРечник на стари македонски зборовиСтар заветЃорче ПетровТрапезЛоковГлаголи во македонскиот јазикЗатемнување на СонцетоИвона ТалевскаАвантурите на ПинокиоСписок на пеперутки во МакедонијаЦирозаПридавки во македонскиот јазикСтобиВладимир ПутинПридавкаБудизамЕкосистемМојсејЗНАМРобинзон КрусоАмазонВодаИсус ХристосПетар ПанПеколот (Божествена комедија)ГлаголНаталитетСтруен удар‘Рбетен столбРак на дојкаЛозје (книга)Македонски хумористични народни приказни (книга)ГетеборгПипи Долгиот ЧорапДијана (принцеза од Велс)Максим ДимитриевскиТетовоТемператураМакедонски парламентарни избори (2020)Филиз АхметНова алтернативаВевчаниГолеми и мали (роман)🡆 More