Шеќерна Приказна

Шеќерна приказна — книга за деца од македонскиот писател Славко Јаневски.

За првпат, книгата била објавена во 1952 година од „Детска радост“, а подоцна има доживеано поголем број изданија. Долго време, таа била дел од задолжителната лектира на учениците во основните училишта во Македонија.

Шеќерна Приказна
Шекерна приказна корица на книгата

Содржина

Книгата се состои од 10 поглавја

  • Чуден настан во градот Негобило: Во Негобило, најмалиот град на светот, живеел стариот слаткар Марко, кој бил многу сакан и почитуван. Една ноќ, тој направил шеќерно дете и, целиот возбуден, отишол да им соопшти на соседите. Кога тие влегле во неговиот дуќан, детето го немало и луѓето го обвиниле слаткарот за непријатната шега. Тој останал во сам во дуќанот и почнал да плаче за шеќерното дете.
  • Лакомото глувче и првата прошетка на шеќерното дете: Во меѓувреме, се случило следново: Кога слаткарот Марко истрчал да ги извести соседите, од една дупка излегло глувче, кое се обидело да го касне шеќерното дете. Тогаш, детето оживеало и избегало на улицата, а потоа, следено од една малечка ѕвезда, го напуштило Негобило.
  • Во шумата во која некогаш сите пееле: Во една шума, сите животни и растенија сложно пееле по цел ден, предводени од славејот. Меѓутоа, еднашво шумата дошле мечката, лисицата и волкот. лисицата го фатила славејот и сакала да го изеде, но волкот предложил да го грабнат и да го однеста во нивната пештера за таму да им пее. Така, по грабнувањето на славејот, во шумата престанала песната. Тогаш, во шумата пристигнало шеќерното дете и нејзините жители го замолиле да го ослободи славејот.
  • Во земјата на бубалките, кај рибите и другите речни жители: Зајакот го однел детето во земјата на бубачките, но тие знаеле како може да се спаси славејот. Тогаш, рибите го посоветувале шеќерното дете да замине по совет во земјата Лагарија.
  • Земјата е тркалезна, од каде да се појде пак таму ќе се стаса: Крапот го однел детето во Лагарија, но и нејзините жители не знаеле како може да му се помогне на славејот. Затоа, тие го упатиле на играчките, кои пак, го посоветувале да ги праша луѓето од градот Негобило. Кога шеќерното дете пристигнало во Негобило, три дечиња почнале да го лижат, а во последен миг го спасил коларот Ване, кој го го зел детето кај себе.
  • Првата караница во градот Негобило и судијата кој никогаш не судел: Слаткарот марко дознал од децата за враќањето на шеќерното дете и побарал Ване да му го врати детето, но тој одбил. Така, меѓу нив дошло до кавга и спорот морал да го решава градскиот судија кој никогаш претходно немал судено. Тој никако не можел да пресуди кому да му припадне детето, па најпосле решиле тоа самото да одлучи. Меѓутоа, кога го побарале детето, него го немало.
  • Во џебот на итриот арамија Црната Шубара: Во меѓувреме, во куќата влегол крадецот Црна Шубара, кој му кажал на шеќерното дете да ископа јама во која ќе ги фати мечката, лисицата и волкот. Потоа, тој го зел шеќерното дете и двајцата заминале од Негобило, а потоа тој го заробил детето.
  • Во крепоста на волшебникот Тарара, кој една минута бил добар а една минута лош: Црна Шубара го наговорил детето да влезе во крепоста на волшебникот Тарара, кој една минута бил добар а една лош. Детето влегло внатре со намера да ја украде старата ламба која имала волшебна моќ, но тогаш се појавил волшебникот. Шеќерното дете му кажало дека дошло по наредба на Црна Шубара кому Тарара наизменично му правел добри и лоши работи. Кога Тарара го претворил Црна Шубара во слон, шеќерното дете се исплашило и ја скршило ламбата. Тогаш исчезнала волшебната моќ на Тарара, кој се претворил во немоќен, сиромашен старец. Тој и Црна Шубара си заминале во различни насоки, а шеќерното дете заминало во шумата во која некогаш се пеело.
  • Мечката, волкот и лисицата паѓаат в јама: Кога пристигнало во шумата, детето им го изложило својот план на жителите. Потоа, сите заедно ископале дупка, а сојката отишла во пештерата за да ги предизвика лисицата, волкот и мечката. Кога дошле во шумата, таму ги чекал зајакот, кој им се заканувал дека ќе ги истепа, а кога тие се затрчале да го фатат, сите паднале во јамата. Жителите на шумата започнале да се веселат, а потоа отишле во пештерата каде бил заробен славејот.
  • Сите пеат, пее дури и буковата пенушка: Во дупката, волкот ја изел лисицата, а него го изела мечката која притоа се задавила и умрела. Жителите на шумата пак почнале сложно да пеат, дури и буковата пенушка, а откако славеле три дена и ноќи, детето се збогувало и заминало во Негобило со намера да ги изучи коларскиот и слаткарскито занает.

Изданија

Издание од 2004

Во 2004 година, „Детска радост“ ја објавила „Шеќерна приказна“ како дел од библиотеката „Лектирни изданија“. Книгата има 56 страници, со обем од 20 сантиметри, а била отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово. Лектурата и коректурата се дело на Кате Ноневска, дизајнот и графичко-ликовното уредување ги направил Жарко Туниќ, додека илустрациите во книгата ги нацртал Ордан Манески. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, а го носи меѓународниот број ISBN 9989-30-572-2. Покрај главниот текст, книгата содржи и белешка за авторот.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Шеќерна Приказна СодржинаШеќерна Приказна ИзданијаШеќерна Приказна НаводиШеќерна Приказна Надворешни врскиШеќерна Приказна1952Детска радостКнигаМакедонијаПисателСлавко ЈаневскиУчилиште

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 2006КамилаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотКалендар на Велигденски датумиАлжирОпштина Гази БабаЧорбаџи ТеодосОпштина ОхридДрамаГенералот на мртвата војскаСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаЦрни и жолтиЦветнициЅвезда од КутлешГордана СилјановскаЃорче ПетровЛавБедија БеговскаЕден на еденСписок на држави по населениеСердаротИсусово воскресениеМакедонска азбукаСтругаДемократска партија на АлбанцитеВооружена престрелка во Куманово (2015)Свети Наум Охридски ЧудотворецГемиџииДекамеронПаркинсонова болестИзбирачко местоГолемата вода (роман)Повикот на дивинатаМакедонски парламентарни избори, 2014Македонски претседателски избори (2014)Мустафа Кемал АтатуркТигарХимна на ВМРОМозокГлавна страницаЃурѓовденМакедонски претседателски избори, 2009Велко НеделковскиСписок на команданти на ОНАПовикувачки броеви во МакедонијаПапратОстеопорозаЃорѓија ПулевскиМерсиха СмаиловиќБитолаИсторија на македонскиот народЗајасРеферендум во Македонија (2004)ДрогаОдбојкаГајдаОпштина Шуто ОризариИзборна единица 3Пиринска МакедонијаХристо УзуновХоландијаТелефонДудукСаво КлимовскиБојаТеатарска претставаКрушевоБожествена комедијаТриаголникИзбори во Република МакедонијаПравоаголникИзборна единица 6ОвулацијаОпштина СтрумицаСкопски аквадуктВила Водно🡆 More