Чаир: населба во Скопје

Чаир (турски: Çayır) — високоурбанизирана населба во Скопје која се наоѓа на левата страна на реката Вардар, на 2 км оддалеченост од центарот на градот.

    Оваа статија се однесува на населбата Чаир. За општината, видете Општина Чаир.

Постојат докази дека просторот каде сега се простира населбата бил населен уште пред 7000-8000 години.[се бара извор] Чаир се наоѓа во северниот дел на Скопје и припаѓа кон општина Чаир. На север се граничи со населбата Бутел II, на исток со ридот Гази Баба, на запад со населбата Топанско Поле, а на југ со Центар.

Чаир: населба во Скопје
Улица во Чаир

Чаир била прогласена за посебна општина во 1976 година кога бил донесен Законот за образување општини во градот Скопје и за утврдување на нивните подрачја. Во 2005 година Општина Чаир со територијална поделба добила нови граници, односно во нејзината територија се припиваат населбите „Битпазар“ и „Јаја Паша“, кои претходо биле дел од општина Центар, а се издвојува населбата Бутел со околните села кои заедно формираат нова Општина Бутел.

Историја

Чаир: населба во Скопје 
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Чаир

Денешната Општина Чаир името го добила од Турците, и потекнува од турскиот збор çair што на турски значи ливада. Кога Турците Османлии го зазеле Скопје, голем дел од нив се населиле на левиот брег на реката Вардар. Овој дел од градот бил послабо населен, па затоа Турците тука ги подигнале своите домови. Територијата на денешната населба Чаир во тоа време била речиси ненаселена и била ливада, па од таму новото маало кое почнале да го населуваат Турците го нарекле ливада (Çayır'). Ова маало се протегало од Пајко маало и Карадак маало по течението на реката Серава сè до тогашната периферија на градот, односно до денешна Гази Баба. Со текот на времето, во овој дел почнале да се населуваат и Македонци кои во Скопје се доселувале од разни делови на Македонија. Во Чаир населението претежно живеело во куќи. Преовладувале изолирани одделни куќи со дворови и големи порти кои ја криеле интимната домашна атмосфера, што е карактеристично за муслиманскиот начин на живеење. Османлиите подигнале и неколку згради од кои денес има само остатоци. На самиот крај на населбата Чаир се наоѓале христијански гробишта. Но во 1888 година турските власти им забраниле на христијаните на овие гробишта да ги погребуваат покојниците. Од нив денес нема траги. Главно обележје на Чаир била реката Серава. Секој викенд по течението на Серава се собирале жените, и муслиманки и Македонки, и переле на реката.[се бара извор]

Демографија

Според Пописот од 2002 година, населба Чаир има 39.179 жители.

Националност Број
Македонци 15 861
Албанци 16 912
Турци 2 328
Роми 709
Власи 90
Срби 647
Бошњаци 1 885
други 738

Tags:

Бутел IIВардарВикипедија:Се бара изворГази БабаОпштина ЧаирСкопјеТопанско Поле (Населба Васил Главинов)Турски јазикЦентар (населба во Скопје)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Големата вода (роман)Апозиција во македонскиот јазикГуливеровите патувањаМетодија Андонов-ЧентоКирил ЛазаровТетанусМинато определено несвршено време во македонскиот јазикСтрофаСтојанче АнгеловЏорџ Гордон БајронКамилаПоумStaphylococcus aureusЅвезда од КутлешВикинзиМали сипанициОпштина КрушевоЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеЦијанобактерииСтругаНикола ТеслаМакедонски парламентарни избори (2020)Евгениј ОнегинСвети Кирил и МетодијНиколај ГогољАДХДСтара ГрцијаИвона ТалевскаТешкото (песна)Министерство за животна средина и просторно планирањеОпштина КавадарциМакедонски парламентарни избори, 2011Бигорски манастирЃомлезеЖил ВернОсновен приходЈордан Хаџи Константинов-ЏинотИталијаОктомвриска револуцијаПавле АрсоскиСкратеници во македонскиот јазикСрцева слабостЛоковГерманијаЈане СанданскиПреспанско ЕзероКронова болестВојскаМали ВлајОдбивање (физика)Македонски ВласиПрисовјаниЦирозаМакедонски парламентарни избори (2024)ГамеланУкраинаЦрна ГораПретседател на МакедонијаТодор АлександровБубрежен каменКичевоМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Оче нашИсторија на БугаријаЈугославијаЖивко МукаетовТалат ЏафериЖолчкаСписок на македонски народни поговоркиТашмаруништаВелесХрватскаОпитЛехово (Леринско)РасејувањеЕвропа🡆 More