Хенри Vii

Хенри VII (28 јануари 1457 - 21 април 1509) — крал на Англија, Ирска (22 август 1485 - 21 април 1509).

Роден е како Хенри Тјудор, и ја основал династијата на Тјудорите. Тој бил единствениот син на Едмунд Тјудор и Маргарeт Бофорт. Во 1486 година се оженил за Елизабета Јоршка од која имал четири деца: Артур, Хенри, Маргарита и Марија. Починал во 1509 година.

Хенри VII
Хенри Vii
Портрет на Хенри VII
Крал на Англија
На престол22 август 1485 – 21 април 1509
Крунисување30 октомври 1485
ПретходникРичард III
НаследникХенри VIII
Ерл од Ричмонд
(спорен)
ПретходникЕдмунд Тјудор
Почивалиште
СопругаЕлизабета од Јорк (починала во февруари 1503)
ДецаАртур
Маргарита
Хенри VIII
Марија Тјудор
ДинастијаДинастија Тјудор
ТаткоЕдмунд Тјудор, 1. ерл од Ричмонд
МајкаМаргарита Бофорт
ПотписХенри VII's signature

Хенри е роден во дворецот Пемброук, во велшкото семејство Тјудори. Неговите родители биле наследници на династија Ланкастер. Неговиот татко, Едмонд Тјудор, починал 3 месеци пред Хенри да се роди. Кога престолот во Кралство Англија го презела династијата Јорк на чело со Едвард IV од Англија, бил под закана да заврши во лондонската Кула како претедент на престолот, во 1461 година бил принуден да побегне во Бретанија заедно со неколку свои приврзаници каде се задржал до својата осумнаесетгодишна возраст.

По смртта на Хенри VI и неговиот син Едвард, тој станал главен кандидат од династија Ланкастер кој претендирал за англискиот престол. Во времето кога на престолот се наоѓал Ричард III, Хенри се обидел да го симне од власт со помош на Франсоа II, војвода од Бретанија но во тоа не успеал. Ричард III успеал да склучи договор со Франсоа па така тој бил присилен да побегне во Франција. Со помош на француската војска, тој тргнал кон втора инвазија во Англија. Тој успеал со армија од 5.000 војници да се префрли во Англија и да му нанесе тежок пораз на Ричард III, а на самото бојно поле бил убиен и кралот. По ова Хенри се прогласил за крал под името Хенри VII од Англија. Во 1486 година се оженил со ќерката на Едвард IV, Елизабета Јоршка. По ова голем дел од приврзаниците на династија Јорк преминале на страната на новиот крал. Овој настан го означил обединувањето на двете династии. Двете рози, белата и црвената биле споени во т.н. Тјудорска роза. Во историјата на Англија бил започнал нов период, познат како Тјудорски период.

По стабилизирање на неговата власт, тој започнал да води една многу лукава и итра политика. Тој се заложил да ги зацврсти англиските граници. По договорот со Шпанија, тој договорил брак на својот најстар син Артур со Катерина Арагонска. Маргарита ја омажил за шкотскиот крал Јаков IV, а склучил сојуз и со светиот римски цар Максимилијан I како и со папата Инокентиј VIII.

Сојузот со Шпанија бил на стаклени нозе кога во 1502 година по само неколку месеци брак со шпанската инфанта Катерина Арагонска, починал неговиот син Артур, наследникот на престолот. Хенри VII, во обид да ја спаси својата врска со Шпанија, набрзо го жени својот помлад син наредниот англиски крал, Хенри VIII за Катерина Арагонска.

Наводи

Tags:

145714851486150921 април22 август28 јануариЕдмунд ТјудорЕлизабета ЈоршкаИрскаКрал на АнглијаТјудори

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Национален парк ГаличицаЕвропаСердаротМакедонска револуционерна организацијаРастенијаБела мечкаОслободителна Народна АрмијаТалат ЏафериЗагадување на воздухотОксидационо-редукциона реакцијаПавле АрсоскиСкратеници во македонскиот јазикДрогаДемографија на МакедонијаДунавГенералот на мртвата војскаЗнаме на МакедонијаПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаДневникот на Ана ФранкСписок на команданти на ОНАБубрежен каменЏезКомунизамХераклеја ЛинкестисГригор ПрличевСтрумицаСоцијалдемократска унијаУд (македонски)БиблијаОпштина ОхридАна ФранкНеологизамАндреј ПетровЃорге ИвановГраѓанска опција за МакедонијаПенис (човек)Броеви во македонскиот јазикДемократска обнова на МакедонијаДоктор Офболиgr7cmМакедонски парламентарни избори, 1990Мојот звукИзборна единица 6ВиолинаМагнетна резонанцијаМакедонски парламентарни избори (2002)Изборна единица 8Ристиќева палатаОзонска обвивкаОслободителна војска на КосовоОхридска пастрмкаАфрикаВооружена престрелка во Куманово (2015)ХипотироидизамЕдинствена МакедонијаСрцев ударСистемски лупус еритематозусКисел дождМакедонски месециГостиварБугаријаОвулацијаМетодија Андонов-ЧентоКанадаМакедонски парламентарни избори (2020)ЕкологијаБолести и аномалии на очитеСтевчо ЈакимовскиРелигија во МакедонијаСтефан БогоевЛевица (политика)Општина ДојранСојузни држави на САДРимско ЦарствоМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ШпанијаУстав на МакедонијаМалиот принцВелигденски јајца🡆 More