Форинт (ознака: Ft; код: HUF) — валута на Унгарија.
На почетокот била поделена на 100 филери, но филерите (fillér) како монети повеќе не се во употреба. Воведувањето на форинтот на 1 август 1946 година бил клучен чекор во стабилизацијата на унгарската економија по Втората светска војна и валутата останала релативно стабилна сè до 1980-тите години. Преминувањето кон пазарна економија на почетокот од 1990-тите неповолно влијаело врз вредноста на форинтот; инфлацијата се искачила до 35% во 1991 година. Од 2001 година, инфлацијата е во едноцифрена вредност и форинтот се смета како целосто конвертибилен конвертибилен. Како член на Европска Унија, долготрајна цел на владата на Унгарија е замена на форинтот со евро, но тоа веројатно нема да се случи до 2020-тите.
Унгарски форинт | |
---|---|
Magyar forint (унгарски) | |
Банкнота од 5000 унгарски форинти | |
ISO 4217 | |
Код | HUF |
Број | 384 |
Показател | 2 |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | филер (укината) |
Множина | форинток (само номинатив) |
Симбол | Ft |
Банкноти | 500 Ft, 1.000 Ft, 2.000 Ft, 5.000 Ft, 10.000 Ft, 20.000 Ft |
Монети | 5 Ft, 10 Ft, 20 Ft, 50 Ft, 100 Ft, 200 Ft |
Демографија | |
Воведена | 1 август 1946 |
Корисник/ци | Унгарија |
Издавач | |
Централна банка | Народна банка на Унгарија |
Мреж. место | mnb.hu |
Печатар | Pénzjegynyomda Zrt. Budapest |
Мреж. место | penzjegynyomda.hu |
Ковачница | Hungarian Mint Ltd. |
Мреж. место | penzvero.hu |
Вредност | |
Инфлација | 2,8% (2018) |
Извор | Trading Economics |
Името на форинтот потекнува од градот Фиренца, каде што биле ковани златници од 1252 година и биле наречени fiorino d'oro. Во Унгарија, флорентин (florentinus) (подоцна форинт (forint)), исто така монети создадени од злато, биле употребувани од 1325 година од Charles Robert и неколку други земји го следеле нивниот пример.[се бара извор]
Меѓу 1868 и 1892 година форинт било име употребувано во Унгарски за парите од Австроунгарското Царство, познат на германски како гулден од флорин. Тој бил поделен на 100 krajczár (крајцери (krajcár) на модерен унгарски orthography).
Форинтот бил повторно вратен во употреба на 1 август 1946 година, кога пенго речиси целосно ја загубил вредноста од огромната хиперинфлација во 1945–46 година: највисока било кога забележана. Процесон бил спроведен од Унгарската Комунистичка Партија, која ги имала владеачките места во владата. Успехот на форинтот бил употребуван за политички придобивки, и придонел кон преземање на целата власт од страна на Комунистите во 1948–49 година. Форинтот го заменил пенго (pengő) со курс од 1 форинт (forint) = 4×1029 пенго (pengő) — со кратење на 29 нули од старата валута. Всушност, ова била имагинарна стапка на замена. Со најголемата банкнота од 100 милиони B. pengő (1020 pengő), вкупната количина на пенго (pengő) во оптек имала вредност од помалку од 0.1 филер (fillér). (The "B" stood for an old-style "billion", i.e. a million million.) Од поголема важност била стапката на замена на адопенго (adópengő) од 1 форинт = 200 милиони адопенго (adópengő).[се бара извор]
Во минатото форинтот бил поделен на 100 филери (fillér) (во споредбена вредност како пени), иако монетите на филерите биле сметани за безвредни заради инфлацијата и не се во оптек од 1999 година. (Од 2000 година, еден форинт имал вредност од околу половина САД цент или нешто помалку.) Унгарска кратенка за форинт е Ft, која се пишува по бројот со празно место меѓу нив. Името филер, помалиот дел на сите унгарски валути од 1925 година, потекнува од германски збор Heller. Кратенката за филер била f, исто така пишувана по бројот со празно место меѓу нив.[се бара извор]
Во 1946 година, САД доларот имал вредност од 11.7 форинти.
По неговото воведување во 1946 година, форинтот останал стабилен во тек на следните две децении, но почнал да ја губи својата платежна моќ како што социјалистичкиот економски систем на државата (Планска економија) ја загубил својата компетитивност за време на 1970-тите и 1980-тите. По демократската промена во 1989–90 година, форинтот забележал годишна инфлација од околу 35% во тек на следните три години, но големи реформи на економијата помогнале тој да биде стабилизиран.
Во 1946 година, монетите биле воведени во употреба во деноминации од 2, 10, 20 филери (fillér) и 1, 2, 5 форинти (forint). Сребрена монета од 5 форинти биле повторно издадена само следната година, подоцна таа била повлечена од оптек. Монети од 5 и 50 филери биле издадени во 1948 година. Во 1967 година, монета од 5 форинти повторно била пуштена во оптек, следено од монета од 10 форинти во 1971 година и 20 форинти во 1982 година.
Во 1992 година, нови серии на монети биле пуштени во оптек во деноминации од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100 и (нешто различна, 500‰ silver) монета од 200 форинти. Производството на монети од 2 и 5 филери било сопрено во 1992 година, со повлекување од оптек на сите монети од филери во 1999 година. Од 1996 година, биколор монета од 100 форинти била кована како замена за верзијата од 1992 година, бидејќи последната била сметана за премногу голема и грда, и лесно можела да биде измешана со монетата од 20 форинти.
Сребрената монета од 200 форинти била повлечена во 1998 година (бидејќи нејзината номинална вредност била премногу ниска во споредба со нејзината претходна метална замена); монетите од 1 и 2 форинти останале во оптек сè до 29 февруари 2008 година. За платежни цели, вкупната цена сега се заокружува до најблиската вредност од 5 форинти (на 0 или на 5). Новата монета од 200 форинти направена од основна метална легура tбила пувтена во оптек како банкнота од 200 форинти на 15 јуни 2009 година.
Во 1946 година, банкноти од 10 и 100 форинти биле воведени во употреба од Magyar Nemzeti Bank (Народна Банка на Унгарија). Нови серии на банкноти со повисок квалитет (во деноминации од 10-, 20 и 100 форинти) биле пуштени во употреба во 1947 и 1948 година. Банкноти од 50 форинти биле додадени во 1953 година, банкноти од 500 форинти во 1970 година, следени од 1000 форинти во 1983 година, и 5000 форинти во 1991 година.
Целосно редизајнирани нови серии на банкноти во деноминации од 200-, 500-, 1000-, 2000-, 5000-, 10,000 и 20,000 форинти биле пуштени постепено во периодот меѓу 1997 и 2001 година. Секоја банкнота прикажува познат унгарски водач или политичар на аверсот и место или настан поврзан со него на реверсот. Сите банкноти се со воден печат, содржат вградена вертикална безбедносна лента и се соодветни за лица со нарушен вид. Деноминациите од 1000 форинти и повеќе се заштитени со испреплетена холографска безбедносна лента. Банкнотите имаат идентична големина од 154 × 70 mm. Банкнотите се печатени од Корпорацијата за печатење на банкноти на Унгарија (the Hungarian Banknote Printing Corp.) во Будимпешта на хартија произведена од Diósgyőr Papermill во Мишколц (Miskolc).
Неодамна исто така се издадени и комеморативни банкноти: банкноти од 1000 и 2000 форинти за обележување на милениумот (во 2000 година) и банкнота од 500 форинти за обележување на 50-годишницата од револуцијата од 1956 година (во 2006 година).
Фалсификување на банкнотите од форинтите не е забележано во значајни размери. Сепак, фалсификувани банкноти од 20,000 форинти печатени на хартија од банкноти од 2000 форинти по растворувањето на оригиналното мастило може да се појави и тие тешко можат да бидат препознаени. Друга деноминација претпочитана од фалсификаторите е банкнотата од 1000 форинти сè до додавањето на дополнителни безбедносни мерки во 2006 година.
Банкнотите кои претходно биле во оптек се повлечени и рециклирани како материјали за производство на брикети.
Сите банкноти се со големина од 154 × 70 mm.
Тековен девизен курс на HUF | |
---|---|
Од Google Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD |
Од Yahoo! Финансии: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD |
Од XE.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD |
Од OANDA.com: | MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD |
Најтргувани валути (од 31 декември 1990 г.):
Извори: arfolyam.iridium.hu | Валути на соседните држави (од 31 декември 2010 г.):
Sources: arfolyam.iridium.hu |
„Унгарски форинт“ на Ризницата ? |
Претходник: Hungarian pengő Причина: inflation Сооднос: 1 forint = 4×1029 pengő | Валута на Унгарија 1 August 1946 – Заедно со: adópengő until 30 September 1946 | Следбеник: Моментална |
Претходник: Hungarian adópengő Причина: inflation Сооднос: 1 forint = 2×108 adópengő |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Унгарски форинт, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.