Томислав „Тома“ Здравковиќ (Алексинац, 20 ноември 1938 година — Белград, 30 септември 1991 година) — југословенски и српски фолк-пејач, композитор и поет.
Неговите родители, мајката Косара и таткото Душан имале пет деца. Томислав е роден трети по ред, на 20 ноември 1938 година. Кога семејството живеело во Алексинац. Пред почетокот на војната, Душан се вратил со своето семејство во родното село Печењевце, кое се наоѓа во близина на Лесковац. Како многу млад, се преселил во Лесковац поради невработеност. Тој бил боем. Се женел четири пати, имал ќерка Жаклина и син Александар. Иако алкохолот му бил најголемиот непријател на неговото здравје, тој пиел до последниот ден. Долго се борел со карцином на простата, или не постапувал по медицинските совети. Тој имал тројца браќа: Александар, Иван и Новица, кој исто така бил пејач. Тој имал и една сестра, Мирјана.
Последниот концерт и јавен настап го имал во Белград, во ресторанот „Амбасадор“, во мај 1991 година.
Тома Здравковиќ бил човек кој еден ден бил исклучително богат, а другиот ден немал ни залеб и млеко. Се верува дека кога умрел, тој немал пари ниту за погребот, бидејќи наводно потрошил сè на пороци. Починал во понеделник на, 30 септември 1991 година. во Белград, во 53 година од животот. Тој бил погребан на Централните гробишта во Белград.
На дваесетгодишнината од неговата смрт, бил откриен споменик во природна големина во Градскиот парк во Лесковац, и спомен-плоча во селото Печењевце со натпис: „Јас ти ја дадов душата...“. Во 2014 година, отворен е ресторанот „ Томина приказна “ во Пежењевац. Во Белград на 28.09.2016 година, се одржал голем концерт во негова чест.
Пејачката кариера ја започнал најпрво во Лесковац, а потоа во Белград, во кафани. На почетокот, тој имал многу мал успех, но како веќе искусен пејач, тој ја дочекал ерата на масовно производство на плочи и касети, а врвот на својата слава го достигнал во 80-тите години на минатиот век.
Во повеќето од неговите песни, виолината ја дава меланхолична атмосфера. Најчесто самиот ги пишувал текстовите за песните и тие скоро секогаш биле автобиографски. Тоа се кафански, љубовни песни, на кои им дава дополнителен дух неговиот смирувачки глас, во кои најмногу се опејува за невозвратена љубов и страдање.
Зад себе оставил многу песни кои сè уште се одлични хитови: „Дали е можно“, „Еј Бранка, Бранка“, „Данка“, „Го допрев дното на животот“, „Кафана е моја судбина“, „Еве веќе е есен и сè уште не си тука “, „ Проклета недела“, „Тажно лето“, „Ах циганче“, „Свирете вечерва само за неа“, „Останав сам“, „Дожд врнеше“, „За Љиљана“ посветена на глумицата Љиљана Благојевиќ), „Уморен сум од животот“ (го напишал Новица, според сопственото тврдење), „Моите песни“ (напишан од неговиот голем пријател Кемал Монтено).
Неговиот помлад брат Новица Здравковиќ е исто така пејач на народна музика.
Тома Здравковиќ се појавува во улога на пејач во два филма ( Балкан експрес 1983 и Подобро од бегство 1990 ), како и во последната сцена на филмот „Како пропадна рокенролот“ (1989) и две ТВ серии ( Доктор во село 1982 и Подобар живот 1987). Тој исто така имал краток настап во шпица на ТВ-серијата „Топ листа на надреалисти“ (1990).
Во режија на Драган Бјелогрлиќ за животот на Тома Здравковиќ е снимен филмот Тома (2021). Здравковиќ го глуми Милан Мариќ.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Тома Здравковиќ, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.