Странствувањето На Чајлд Харолд

Странствувањето на Чајлд Харолд — дело на Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824), напишано во текот на неговото патување по Средоземното Море((Шпанија, Албанија, Грција, Турција) (1812-1818), а кое по враќањето дома му носи неочекувана и мигновена слава.

Тоа е поема, составена од четири дела. Насловот го добила по поимот childe (се изговара чајлд), средновековна титула за младите благородници кои претендирале да станат витези.

Странствувањето На Чајлд Харолд
Првото издание од поемата (1825)

За поемата

„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е роман без заплет, драма без дејствие. Чајлд Харолд патува поради патување. Впечатоците кои јунакот ги проживува во разни земји и мислите предизвикани од нив, ја сочинуваат целата содржина на поемата. За минатото на Чајлд Харолд, малку знаеме, но бидејќи романтизмот е главно поезија на богатата аристократска класа, Бајрон му ги придава тие одлики на својот јунак.

Чајлд Харолд, патувајќи низ непознати земји, доаѓа под ѕидините на Цариград, го минува Екваторот, и како крајна цел на неговото патување се јавува Индија. Изборот на овие „непознати земји“ не е случаен, бидејќи интересот за Индија и учењето за нирвана е карактеристично за романтизмот. Незадоволни од реалноста, романтичарите скитале барајќи го идеалот и мислеле дека ќе го најдат во помалку познати земји.

Чајлд Харолд во Шпанија се разочарал од реалноста и исто како и Бајрон, не сфаќа дека времето на витези нема да се врати. Поетот ги повикува „синовите на Шпанија“ во борба за ослободување, а тоа е всушност тагата дека витештвото нема да се врати.

Во Грција, Чајлд Харолд ги предизвикува старите сенки (одамна заспаните херои), за да го разбуди ентузијазмот со зборови кои ништо не му значат на новото човештво.

Чајлд Харолд е типичен романтичарски јунак, чии карактерни црти се всушност и одликите на романтизмот како уметничко движење. Овој лик ќе биде причина за појава на поимот бајронизам, книжевно движење во чии трудови главните протагонисти ќе ја поседуваат истата психолошка конструкција. Нивни идеали ќе претставуваат култ кон слободата, желба за патување во далечни и егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување кое преминува во светска тага, величање на славното минато (античко и витешко) и недопрената природа.

Наводи

Надворешни врски

Странствувањето На Чајлд Харолд 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Tags:

Џорџ Гордон БајронАлбанијаВитезГрцијаСредновековнаСредоземно МореТурцијаШпанија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Војо СтојановскиМомче во пижами со риги (филм)Младост (езеро)Грб на МакедонијаДимитар КовачевскиОпштина Маврово и РостушеВртоглавицаАрсо ЛоквичкиКамени КуклиМакедонска азбукаИгор ЈаневГаличникДепресија (расположение)РимВаландовоАбортусСписок на езера во МакедонијаНовак ЃоковиќСвети Јоаким ОсоговскиГрадови во ШвајцаријаЕстрогенАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаПланинарски дом „Караџица“Бубрежна инфекцијаВодаОсоговски манастирУмаВасил ЗафирчевДен на Жените МироносициАнтониа ГиговскаРечник на стари македонски зборовиАнална фисураПанкреасДискус хернијаГорица (Албанија)ФудбалСтудени нозеБудимпештаМечкин КаменСписок на држави и територии во ЕвропаКамен мост (Скопје)ГулабНационален парк ПелистерСтале ПоповМарков манастирБлага ПетрескаЛепа БренаКралица ВикторијаВрањеСлобода или смртЗаседа Лисец (2001)ФК Реал МадридСлавко ЈаневскиБислимска КлисураКамењанеДесет Божји заповедиСписок на македонски зборови од турско потеклоВодолија (хороскопски знак)ЛабуништаЛешочки манастирЗлата МегленскаГрузијаФранцијаСилвија СтојановскаАдријана АцевскаОпштина КумановоЈегермајстерШопиДекарКоле КанинскиМакедонска крвава свадба (филм)ДиазепамОпштина РесенСирма Војвода🡆 More